Грчката полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 12:17:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Грчката полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката полиција трага по нарачателот на убиството на новинарот Карајваз https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-traga-po-narachatelot-na-ubistvoto-na-novinarot-karajvaz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-traga-po-narachatelot-na-ubistvoto-na-novinarot-karajvaz/#respond Tue, 02 May 2023 12:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=829710

Грчката полиција, по уапсените две лица за учество во убиството на новинарот Јоргос Карајваз пред две години, трага по моралниот сторител, односно нарачателот на убиството, според портпаролката на полицијата Константина Димоглиду, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за грчката телевизија ЕРТ, Димоглиду рече дека полицијата истражила над 300 видео снимки за убиството на новинарот, а истрагата продолжува. - Очигледно е дека постоеле и соучесници, но она што ја интересира полицијата е да го пронајде моралниот сторител. Постојат информации за тоа какви контакти имал конкретниот новинар, бидејќи кога еден новинар се занимава со организиран криминал не може да добива информации само од полицијата. Очигледно има контакти и со некои криминалци. Но, мора да има доволно докази за да се обвини некое лице, рече портпаролката на грчката полиција. Таа објасни дека станува збор за кривични дела зад кои стојат професионалци, а сторителите се трудат да не остават никакви траги зад себе и да не направат грешка. - Токму затоа полициската истрага траеше толку долго, истакна Димоглиду. Грчката полиција, како што веќе објави МИА, во петокот уапси две лица за учество во убиството на Карајваз, кој пред две години беше застрелан пред неговиот дом во атинска населба. Од полициската истрага произлегло дека сторителот на убиството на Карајваз заедно со уште едно лице за да побегнат користеле мотор, како и комбе, кое всушност припаѓа на компанија во која одговорен бил еден од уапсените. Дополнително, полицијата открила дека моторот и комбето биле регистрирани претходниот ден на иста релација, во исто време и на истата локација со убиството. Карајваз, кој беше убиен на 9 април 2021 година, беше познат и искусен новинар, кој долги години следеше црна хроника и покриваше теми поврзани со полицијата, криминалот, грчката мафија, за истите теми имаше информативен портал, а паралелно работеше во претпладневна информативна емисија на телевизијата „Стар“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-politsija-traga-po-narachatelot-na-ubistvoto-na-novinarot-karajvaz/feed/ 0
Грчката полиција ја пронајде групата мигранти заглавена на границата со Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-ja-pronajde-grupata-migranti-zaglavena-na-granicata-so-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-ja-pronajde-grupata-migranti-zaglavena-na-granicata-so-turcija/#respond Tue, 16 Aug 2022 08:22:04 +0000 https://kurir.mk/?p=719152

Групата од 38 мигранти кои извесен период беа заглавени на малиот остров во реката Еврос на копнената граница меѓу Грција и Турција, вчера беше лоцирана и спасена од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека по новите информации и деталната истраги, биле пронајдени 22 мажи, девет жени, меѓу кои и една бремена и седум деца, а сите рекле дека се од Сирија. Групата била откриена на околу четири километри јужно од првично пријавените координати пред неколку дена што биле вон грчката територија. Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, денеска ќе го посети Еврос за да се информира за мигрантите, а на Твитер напиша дека биле пронајдени на грчка територија, четири километри јужно од островот и се во добра здравствена состојба, а бремената жена, превентивно била пренесена во болница. Дел од медиумите во Грција во изминатиот период пишуваа дека во групата имало и петгодишно девојче кое починало на островот откако ја каснало скорпија, а целиот случај беше актуелен во земјата, но без да постои официјална потврда. Грчката полиција во неделата соопшти дека по натписите во медиумите за присуството на мигрантите на малиот остров, била спроведена потрага, но без резултат и без да бидат пронајдени лицата, а паралелно додадоа дека добиените координати со локацијата се вон грчка територија. Со ист став беше и надлежниот министер, додека пак ден подоцна, групата беше пронајдена. Паралелно, од опозициската партија СИРИЗА бараат одговори од Владата „како го објаснува ненадејното откривање на луѓето, кога самата преку надлежниот министер и официјални соопштенија од полицијата уверуваше дека на островот не е откриено човечко присуство“, но и дали ќе му се извини на грчкиот народ „за пуштените информации дека присуството на мигрантите на островот е fake news“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-policija-ja-pronajde-grupata-migranti-zaglavena-na-granicata-so-turcija/feed/ 0