Грчката Влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 11:25:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Грчката Влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се огласи грчката Влада откако маскирана група упадна на изложба на македонскиот уметник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-grchkata-vlada-otkako-maskirana-grupa-upadna-na-izlozhba-na-makedonskiot-umetnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-grchkata-vlada-otkako-maskirana-grupa-upadna-na-izlozhba-na-makedonskiot-umetnik/#respond Thu, 27 Apr 2023 11:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=828286

Грција нама да „толерира беззаконие и заплашување на граѓаните“, изјави портпаролот на грчката Влада, Акис Скерцос на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на упадот на маскирана група од Златна зора на изложбата на македонскиот уметник Сергеј Андреески во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот во галеријата во солунската ошпштина Каламариа, каде што се изложени делата на Андреески, Скерцос рече дека нема толеранција ниту за нацистичките паравоени групи, термин кој во Грција се користи за организираните групи на Златна зора. - Не постои никаква толеранција за т.н. правоени нацистички групи, никаква толранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на грѓаните, кусо одговори Скерцос. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-oglasi-grchkata-vlada-otkako-maskirana-grupa-upadna-na-izlozhba-na-makedonskiot-umetnik/feed/ 0
Иконому: Мицотакис на Самитот на ЕУ ќе повтори дека Европа мора да испрати јасна и обединета порака до енергетските пазари https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-micotakis-na-samitot-na-eu-kje-povtori-deka-evropa-mora-da-isprati-jasna-i-obedineta-poraka-do-energetskite-pazari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-micotakis-na-samitot-na-eu-kje-povtori-deka-evropa-mora-da-isprati-jasna-i-obedineta-poraka-do-energetskite-pazari/#respond Thu, 20 Oct 2022 12:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=748413

Премиерот ќе повтори дека Европа мора да испрати јасна и обединета порака до енергетските пазари дека ќе ги заштити граѓаните и бизнисите од екстремните флуктуации на цените и дека ќе дејствува решително, имајќи во својот арсенал еден механизам кој ќе ги одреди максималните цени на природниот гас, рече портпаролот на грчката Влада, Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на учеството на Кирјакос Мицотакис на Самитот на ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина. Додаде дека се чини дека со самото тоа што дискусијата напредува и во изминатиот период е на маса, „веќе влијаеше на цената на природниот гас, која значително падна“. Објасни дека главната тема на Самитот на кој денеска и утре ќе учествува грчкиот премиер е енергетската криза, односно „трите правци во кои се движи ЕУ: намалување на побарувачката, обезбедување на снабдувањето, но и задржување на цените“. -Важен е фактот што два дена пред почетокот на Самитот, претседателката на Европската комисија достави сеопфатен пакет предлози, за чие формирање нашата земја значително придонесе од март минатата година. Предлозите поднесени од Кирјакос Мицотакис се усвоени во предлогот на претседателот на Европската комисија. Овие предлози се однесуваат на механизмот за корекција на цените во ТТФ и ограничувањето на нестабилноста на пазарите на енергетски деривати, рече Иконому и додаде дека постои и пакет предлози за заедничко снабдување со природен гас. Одговарајќи на новинарско прашање за односите со Турција и можноста за одново да започнат разговорите со Анкара, портпаролот грчката Влада рече дека тие секогаш сакаат дијалог и отворени канали на комуникација, но не отстапуваат од прашањата поврзани со суверенитетот и суверените права, како и од меѓународното право.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ikonomu-micotakis-na-samitot-na-eu-kje-povtori-deka-evropa-mora-da-isprati-jasna-i-obedineta-poraka-do-energetskite-pazari/feed/ 0
Грчката Влада со 115 милиони евра ќе ги поддржи авиопревозниците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-so-115-milioni-evra-kje-gi-poddrzi-avioprevoznicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-so-115-milioni-evra-kje-gi-poddrzi-avioprevoznicite/#respond Thu, 28 May 2020 13:39:20 +0000 https://kurir.mk/?p=351093

Со специјална рамка во висина од околу 115 милиони евра, која содржи пет конкретни мерки, грчката Влада ќе ги поддржи авиопревозниците кои бележат загуби поради пандемијата на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Министерствата за финансии, труд и социјални работи и инфраструктура и транспорт на Грција, преку заедничко соопштение велат дека конкретниот сектор, што е директно поврзан со туризмот, а индиректно со други сектори на економијата (угостителство, забава, трговија во туристичките региони и слично) се однесува на 306 компании и 11.000 вработени. Истакнуваат дека меѓу 82 и 85 отсто од вкупно 18 милијарди евра годишен приход од туризмот, доаѓаат од туристите кои авионски ја посетуваат Грција. Специјалната рамка, соопштена од трите министерства, предвидува вклучување на секторот во хоризонталните мерки за поддршка што се веќе имплементирани во повеќе сектори и кои ќе продолжат и во следните месеци, како што се попуст од 40 отсто за кириите за бизнисите, надомест за вработените. Планирано е вклучување во специјалната програма за периодот 15 јуни – 31 декември 2020 година што предвидува субвенција за сите придонеси за осигурување (на работодавачот и вработениот) за временскиот период во кој вработените принудно не работеа. Третата мерка предвидува посебна стапка од 15 отсто за данокот на приход за членовите на екипажот, што ќе донесе намалување на трошоците на авиопревозниците за исплата на платите и заштеда од 7,7 милиони евра годишно. За редовните летови на кои им била наметната обврска за извршување јавни услуги, ќе им биде исплатен дополнителен надомест, за април и мај во износ од 20 евра по понудено место плус ДДВ. Последната мерка е намалувањето на ДДВ-то од 24 на 13 отсто, кое веќе го соопшти грчкиот премиер минатата седмица и ќе биде во сила од 1 јуни до 31 октомври 2020 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-so-115-milioni-evra-kje-gi-poddrzi-avioprevoznicite/feed/ 0