грчки државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Apr 2023 13:25:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчки државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција испраќа воени авиони во Египет подготвени за евакуација на грчките државјани во Судан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-ispraka-voeni-avioni-vo-egipet-podgotveni-za-evakuatsija-na-grchkite-drzhavjani-vo-sudan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-ispraka-voeni-avioni-vo-egipet-podgotveni-za-evakuatsija-na-grchkite-drzhavjani-vo-sudan/#respond Sun, 23 Apr 2023 13:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=826624

Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис авиони на военото воздухопловство и специјалните сили на Грција ќе се префрлат во Египет во состојба на готовност за евакуација на грчките државјани во Судан, соопшти министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Во изјавата за државната телевизија ЕРТ, шефот на грчката дипломатија повтори дека нивната главна грижа е безбедноста и евакуацијата на грчките граѓани и за таа цел, „Владата останува во континуирана соработка со своите партнери и сојузници“. -Пред малку премиерот одлучи да се преместат во Египет авионите на военото воздухопловство, заедно со припадниците на специјалните сили, подготвени да учествуваат во операцијата за спасување на грчките граѓани, рече Дендиас објаснувајќи дека на списокот со грчки државјани кои треба да бидат евакуирани, вклучени се и граѓани од Република Кипар. Дендиас додаде дека грчкото МНР останува во координација со останатите земји- членки на ЕУ за евентуална операција за евакуација на европските граѓани и посочи дека конкретното прашање ќе го покрене утре на Советот за надворешни работи во Луксембург, „како прашање од апсолутен приоритет“. Паралелно истакна дека во изминатиот период остварил низа комуникации со високи странски претставници за да помогнат во евакуацијата на грчките граѓани и ги спомена телефонските разговори со египетскиот министер за надворешни работи, со високиот претставник на ЕУ, со заменик министерот за надворешни работи на Франција и со американскиот амбасадор во Атина. Заменик- шефот на грчката дипломатија Андреас Кацаниотис во изминатите денови, говорејќи за медиумите во Грција рече дека во Судан има околу 150 грчки државјани. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-ispraka-voeni-avioni-vo-egipet-podgotveni-za-evakuatsija-na-grchkite-drzhavjani-vo-sudan/feed/ 0
Двајца грчки државјани загинаа во близина на границата меѓу Русија и Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-grchki-drzavjani-zaginaa-vo-blizina-na-granicata-megju-rusija-i-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-grchki-drzavjani-zaginaa-vo-blizina-na-granicata-megju-rusija-i-ukraina/#respond Mon, 14 Feb 2022 15:19:09 +0000 https://kurir.mk/?p=631359

Грчкото Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека двајца грчки државјани загинале, а двајца се тешко повредени во инцидент со украински војници во близина на демаркационата линија со проруските сили. Во соопштението на Министерството се наведува дека тројца украински војници се одговорни за смртта и повредите на четворица Грци во селото Хранитнеу во близина на линијата за демаркација, пренесе Ројтерс. Се наведува и дека инцидентот избувнал откако Грците и украинските војници се скарале од „безначајни причини“. Во соопштението не е наведено што прават Грците во областа, но претставник на грчкото министерство изјави дека инцидентот нема никаква врска со актуелниот конфликт во регионот. Претходно денеска Министерството за надворешни работи испрати препорака до грчките граѓани кои се во Украина веднаш да ја напуштат таа земја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dvajca-grchki-drzavjani-zaginaa-vo-blizina-na-granicata-megju-rusija-i-ukraina/feed/ 0