грчки град – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Jul 2023 13:21:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчки град – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден загинат и осум повредени откако се урна дел од надвозник во близина на грчкиот град Патра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-zaginat-i-osum-povredeni-otkako-se-urna-del-od-nadvoznik-vo-blizina-na-grchkiot-grad-patra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-zaginat-i-osum-povredeni-otkako-se-urna-del-od-nadvoznik-vo-blizina-na-grchkiot-grad-patra/#respond Sun, 23 Jul 2023 13:17:14 +0000 https://kurir.mk/?p=859176

Едно лице го загуби животот, а осум се повредени откако се урна мост, затворен за употреба и сообраќај во близина на грчкиот град Патра, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис информираше дека несреќата се случила кусо пред 13 часот по локално време, а во спасувачката акција учествуваат 35 пожарникари со 12 возила, специјални спасувачки екипи со две кучиња и дронови, а на местото се и пет возила на брзата помош. Соопшти дека едно лице загина, а во двете болници што се во околината се пренесени вкупно осум лица. Паралелно Ватракојанис истакна дека од четвртокот на 20 јули конкретниот надвозник е целосно затворен и е забранет сообраќајот со цел да се за да се урне и одново да се изгради. Засега непознати се причините за уривањето на дел од надвозникот, ниту е познато зошто луѓето биле под мостот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-zaginat-i-osum-povredeni-otkako-se-urna-del-od-nadvoznik-vo-blizina-na-grchkiot-grad-patra/feed/ 0
Грчкиот град Кожани во седумдневен строг карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-grad-kozani-vo-sedumdneven-strog-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-grad-kozani-vo-sedumdneven-strog-karantin/#respond Fri, 18 Dec 2020 18:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=445373

Во грчкиот град Козани во северниот дел на земјата, од утре наутро се воведуваат построги мерки за заштита од дополнително ширење на коронавиурсот, јави дописничката на МИА од Атина. Мерките, што попладнево ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас се идентични како и оние кои денеска стапија во сила во три атински општини. Полицискиот час ќе биде од 18 часот до 5 часот наутро, ќе се затвораат сите продавници за малопродажба што беа отворени за услугата „click away“, како и фризерските салони и берберниците, салоните за маникир и педикир, пазарите, книжарниците, се забранети секаков вид на религиозни ритуали, ќе се спроведуваат тестирања со брзи тестови, но ќе се прават и масовни ПЦР тест на вработените во компаниите во конкретните населби. Паралелно, на денешната редовна прес конференција во Министерството за здравство на Грција, беше презентирана платформа за бесплатно тестирање на граѓаните за Ковид-19, а целта е дневно да се прават по 12.000 брзи тестови. Платформата ќе биде достапна од понеделник, додека првите регистрирани граѓани ќе се тестираат една седмица подоцна. Во цела Грција ќе има 386 пунктови за тестирање и во целиот процес ќе помага и војската. Во изминатите 24-часа во Грција се регистрирани 96 смртни и 916 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на починати се зголеми на 4.044 лица, а на заразени на 129.584 лица. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkiot-grad-kozani-vo-sedumdneven-strog-karantin/feed/ 0
Грчки град ставен на продажба https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/grchki-grad-staven-na-prodazba/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/grchki-grad-staven-na-prodazba/#respond Mon, 28 May 2018 07:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=59085

Грчкиот град Баргилија на турскиот брег се продава за 6,6 милиони евра, наведува британски „Телеграф“. Некогаш под управа на Атина, Баргилија сега се продава поради потребата да се зачува неговото археолошко богатство. Во британскиот музеј се наоѓаат 56 артефакти пронајдени во овој град. Истражувачите сметаат дека градот е основан 200 години пред новата ера, кога македонскиот крал Филип со својата војска на ова место побарал прибежиште за време на Критската војна, наведува британски „Телеграф“. Градот е понуден на продажба и во 2015 година, но тогаш не е продаден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/grchki-grad-staven-na-prodazba/feed/ 0