грчки композитор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 20:26:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчки композитор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина грчкиот композитор Евангелос Одисеас Папатанасиу – Вангелис https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-grchkiot-kompozitor-evangelos-odiseas-papatanasiu-vangelis/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-grchkiot-kompozitor-evangelos-odiseas-papatanasiu-vangelis/#respond Thu, 19 May 2022 20:26:50 +0000 https://kurir.mk/?p=679222

Грчкиот композитор Евангелос Одисеас Папатанасиу, попознат како Вангелис, почина денеска на 79-годишна возраст, јави денеска Атинската новинска агенција. Повикувајќи се на изјава од канцеларијата на неговиот адвокат, АНА објави дека Вангелис починал во вторникот доцна вечерта, без да ја наведе причината за смртта, пренесе „Ројтерс“. - Advertisements - Евангелос Одисеј Папатанасиј, познат како Вангелис, е роден во Волос на 29 март 1943 година и е еден од најпознатите и најзначајни грчки композитори на сите времиња. Тој е најпознат по неговата оскаровска музика за филмот „Огнени коли“, а има компонирано препознатливи филмски мелодии за многу познати остварувања, како „Блејд Ранер“ и „Александар“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-grchkiot-kompozitor-evangelos-odiseas-papatanasiu-vangelis/feed/ 0
Почина познатиот грчки композитор Микис Теодоракис познат по изјавата: „Македонија е една и грчка“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poznatiot-grchki-kompozitor-mikis-teodorakis-poznat-po-izjavata-makedonija-e-edna-i-grchka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poznatiot-grchki-kompozitor-mikis-teodorakis-poznat-po-izjavata-makedonija-e-edna-i-grchka/#respond Thu, 02 Sep 2021 07:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=558211

На 96-годишна возраст денеска во Атина почина познатиот грчкиот композитор, диригент и политичар Микис Теодоракис, препознатлив по неговото дело, музиката за „Гркот Зорбас“,  јави дописничката на МИА од Атина. Теодоракис и е познат на македонската јавност по концертот одржан во 1997 година во Скопје, но и по неговата поддршка на протестите против Договорот од Преспа и против употребата на терминот „Македонија“ во името на нашата земја. Според грчките медиуми од 90-те години, за време на неговиот престој во Скопје, Теодоракис го посетил и гробот на Георгиос Алексис Зорбас, а на концертот одржан во МОБ, заедно со македонските уметници, го претставил своето музичко дело „Гркот Зорбас“. На концертот присуствувале и претставници на државниот врв меѓу кои и тогашниот претседател Киро Глигоров. Во 2018 година, кога во тек беа преговорите за името, како и една година подоцна по постигнувањето на Договорот од Преспа, а во Солун и Атина се одржуваа протести, Микис Теодоракис даде јавна и отворена поддршка на демонстрантите, неколку пати, преку грчките медиуми го изразуваше неговиот став против решението. На еден од протестите во Атина, на 4 февруари 2018 година, беше еден од централните говорници и им се обрати на демонстрантите, упатувајќи порака дека „Македонија е една и грчка“. Теодоракис е роден на 29 јули 1925 година на грчкиот остров Хиос, а во текот на неговиот живот, освен со музиката, се занимаваше и со политика и во периодот 1990-1992 година беше и министер и пратеник. Членовите на грчкиот Парламент, утрово, на почетокот на денешната седница, со едноминутен молк го „испратија“ Микис Теодоракис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-poznatiot-grchki-kompozitor-mikis-teodorakis-poznat-po-izjavata-makedonija-e-edna-i-grchka/feed/ 0