грчки медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Jun 2022 08:36:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчки медиуми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчки медиуми: Историско сослужување во Фанар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-mediumi-istorisko-sosluzuvanje-vo-fanar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-mediumi-istorisko-sosluzuvanje-vo-fanar/#respond Mon, 13 Jun 2022 08:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=690062

„Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на Охридскиот архиепископ“; „Заедничка литургија на Вселенскиот патријарх со Охридскиот архиепископ“;„Историско сослужување во Фанар со учество на Охридскиот архиепископ по 59 години“; „Вселенскиот патријарх до Охридскиот архиепископ: Вашиот понатамошен тек зависи исклучиво од вашето однесување“; „Покана до Вселенскиот патријарх да го посети Скопје“; „Вселенскиот до Охридскиот: Срдечно доверете ѝ се на вашата Мајка Црква“; „Охридската Архиепископија сослужуваше заедно со Вселенската патријаршија“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната заедничката литургија во Истанбул, јави дописничката на МИА од Атина. Веста во Грција ја проследија како црковните медиуми, така и информативните портали, а главно го пренесуваат соопштението од Вселенската патријаршија под наслов „Историско сослужување во Фанар за Педесетница со учество на Охридскиот архиепископ“. Во опширното и детално соопштение од Птријаршијата пренесени се обраќањата како на Вселенскиот патријарх, така и на Охридскиот архиепископ, но и средбата на Вартоломеј со владината делегација од Северна Македонија, по завршувањето на литургијата. Грчката телевизија „Скај“, преку нејзиниот дописник од Истанбул објави дека вчерашната заедничка литургија траеше пет часа, а присуствуваа, меѓу другото и премиерот Димитар Ковачевски, министри од Владата. -Во Фанар се случи историски настан, бидејќи по 59 години Охридската архиепископија се враќа во Вселенската патријаршија, објави „Скај“ на нејзиниот официјален сајт. Порталот „Ортодоксија – новинска агенција за црковни вести“, коментира дека вчерашната заедничка литургија стави крај на 55 годишната шизма. -Јасна порака до Архиепископот Охридски господин Стефан дека отсега нивниот тек во сеправославниот свет зависи исклучиво од нивното сопствено однесување и нивниот избор испрати Вселенскиот патријарх Вартоломеј при завршувањето на историското сослужување што се одржа во патријаршиската црква Свети Георгиј во Фанар, што во пракса го запечати возобновувањето на литургијата и враќањето во канонско заедништво на црквата која 55 години беше карактеризирана како шизматичка , пишува порталот. Црковниот портал „Еклисија онлајн“ се осврнува на поканата до Вселенскиот патријарх Вартоломеј да го посети Скопје, упатена како од премиерот, така и од Охридскиот архиепископ“. -Во некој момент ќе имам радост и благослов да остварам таква посета, одговори Неговата Светост, објаснувајќи ги причините поради кои се уште не ја посетил земјата, пишува порталот. Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ пишува дека „Вселенскиот патријарх вчерашниот ден го карактеризираше како ден на почеток во кој Охридската црква официјално го зазема своето место во Светото црковно тело“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchki-mediumi-istorisko-sosluzuvanje-vo-fanar/feed/ 0
Грчки медиуми: Казина во Македонија издаваат лажни ковид сертификати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-kazina-vo-makedonija-izdavaat-lazni-kovid-sertifikati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-kazina-vo-makedonija-izdavaat-lazni-kovid-sertifikati/#respond Wed, 05 Jan 2022 11:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=616164

Грчката телевизија Опен објави видео-сторија за казино во Дојран кое наводно издава фалсификувани ковид-сертификати. Се тврди дека извесно казино во близина на граничниот премин Дојран-Дојрани на македонска територија им обезбедува бесплатен лажен негативен тест на своите посетители со кој тие можат безбедно да се вратат во Грција. Онаму каде што се нуди можност за коцкање, алкохол и забава 24 часа на ден, тие даваат и сертификати за негативен брз тест, вака пишуваат грчките медиуми. Според грчката телевизија Опен, случаите биле откриени кога во еден ден од 45 патници на кого им бил направен брз тест на границата, 9 испаднале позитивни. Телевизијата наведува дека некои од казината, на клиентите им го даваат брзиот тест со негативен резултат, многу автентичен документ, без да направат никакво тестирање. Целта на сопственикот на казиното, како што тврди телевизија Опен, била да привлече што поголем број клиенти овозможувајќи им олеснето поминување на граничните контроли. Лажните сертификати за брз тест, според видео-сторијата, се документи од овластен дијагностички центар, во кои без да биде извршено какво и да е тестирање, само се пополнуваат имињата на клиентите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-kazina-vo-makedonija-izdavaat-lazni-kovid-sertifikati/feed/ 0
ЗАЕВ СЕ СПАСИ ВО ПОСЛЕДНАТА МИНУТА: Грчките медиуми за вчерашната седница на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-spasi-vo-poslednata-minuta-grchkite-mediumi-za-vcherashnata-sednica-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-spasi-vo-poslednata-minuta-grchkite-mediumi-za-vcherashnata-sednica-na-sobranieto/#respond Fri, 12 Nov 2021 11:49:37 +0000 https://kurir.mk/?p=594602

„Северна Македонија: Владата на Заев ја преживеа иницијативата за недоверба поради немање кворум во Собранието“, „Пораз за опозицијата во Северна Македонија, која не обезбеди 61 пратеник за да го „турне“ Заев“, „Северна Македонија: Како Заев го надмина предлогот за недоверба“, „С. Македонија: Трилер седница за гласањето недоверба на Заев“, „Северна Македонија – Заев се спаси во последната минута“, „Северна Македонија: Заев го доби облогот“… се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за вчерашната седница на Собранието, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот што го пренесуваат електронските изданија на медиумите, детално пишува за вчерашните случувања, коментирајќи дека поради немање кворум пропадна иницијативата за гласање недоверба на Владата на Зоран Заев, но и дека настана „драма со албански пратеник“. Агенцијата објаснува дека пратеникот Кастриот Реџепи од редовите на БЕСА преку социјалните мрежи соопшти дека нема да присуствува на седницата, а „опозициските партии, вклучувајќи ја и БЕСА, покренаа сомнежи дури и за „киднапирање“ на Кастриот Реџепи, прашувајќи се дали неговиот живот е во опасност“. АНА-МПА ги пренесува и ставовите од ВМРО-ДПМНЕ, но и пишува дека нов предлог за гласање недоверба на Владата може да биде поднесен по три месеци, „освен ако нема поддршка од мнозинството пратеници и во тој случај, предлогот може да се поднесе во секое време“. – Зоран Заев, сепак, веројатно не се чувствува особено „среќен“, со оглед на тоа дека во моментов води малцинска влада. Коалицијата на Социјалдемократската партија (СДСМ) има 43 пратеници, 15 пратеници има албанската партија ДУИ на Али Ахмети и еден Демократска партија на Албанците. Вкупно, партиите од владејачката коалиција имаат само 59 места во парламентот. Опозицијата има 60 пратеници: коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44, коалицијата на албанските партии Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, БЕСА два (тројца со Кастриот Реџепи, но не е јасно кој ќе го биде неговиот став понатаму) и партија Левица два пратеници, пишува грчката новинска агенција. Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ коментира дека опозицијата не успеа да обезбеди 61 пратеник, а „одлуката на пратеникот на малата албанска партија БЕСА Кастриот Реџеп да не ја следи партиската линија за пад на Владата на Заев создаде тензична атмосфера“. Онлајн изданието на весникот „То вима“  пишува дека „продолжува политичкиот трилер во Северна Македонија, а Заев успеа „да остане жив“, бидејќи предлогот на опозицијата за гласање недоверба падна во вода по немањето кворум“. Медиумите кај јужниот сосед со зголемен интерес во изминатиот период ги следеа случувањата во земјава, но и ги поврзуваа со односите со Грција и евентуалните последици за Договорот од Преспа. Официјална Атина, како преку владиниот портпарол, така и преку портпаролот на грчкото МНР го повторуваше цврстиот став дека не ги коментира внатрешните случувања на други земји, но и ставот дека Договорот од Преспа мора да се почитува и да се спроведува. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-spasi-vo-poslednata-minuta-grchkite-mediumi-za-vcherashnata-sednica-na-sobranieto/feed/ 0
Грчките медиуми со нескриено задоволство известуваат за неофицијалните резултати во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-so-neskrieno-zadovolstvo-izvestuvaat-za-neoficijalnite-rezultati-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-so-neskrieno-zadovolstvo-izvestuvaat-za-neoficijalnite-rezultati-vo-makedonija/#respond Thu, 16 Jul 2020 09:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=376970

„С. Македонија: Владејачката партија на Заев победник на парламентарните избори“; „Избори трилер во Скопје“; „С. Македонија: Зоран Заев победник на парламентарните избори“; „Избори во Скопје: Зоран Заев победник со мала разлика“; „Мала предност за партијата на Заев“; „Изборен трилер со мало водство на Заев“, се дел од насловите во грчките медиуми, во текстовите објавени во текот на ноќта и рано утрово, а посветени на изборите кај нас. Грчките медиуми со нескриено задоволство и еуфорија известуваат за првичните резултати во Македонија, исто како и пред зиборите кога заземаа страна и посакуваа победа на Заев и СДСМ заради Преспанскиот договор и неговата натамошна судбина. Медиумите кај јужниот сосед, акцентот го ставаат на тесната битка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на излезноста, за која коментираат дека е мала, но сепак солидна во период на епидемија, ги пренесуваат изјавите на Зоран Заев, а го споменуваат и проблемот со интернет страницата на Државната изборна комисија. Грчката новинска агенција АНА-МПА, во текстот што го преземаа речиси сите онлајн изданија на медиумите, пишува дека СДСМ е победник на изборите, со мала разлика, а според проценките не е можен пресврт во резултатите. Паралелно, го пренесува и распоредот на силите и додава дека во новото Собрание влегуваат и „левичарската партија Левица и Демократската партија на Албанците (ДПА)“. Онлајн изданието на весникот „Прото тема“, освен што го пренесува распоредот на силите, како и изјавата на Зоран Заев, коментира дека „и Атина и Брисел со особен интерес ги очекуваат изборните резултати“ . -Јасно е дека Атина не посакува победа на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа би значело дека земјата одново би го сменила тонот, присвојувајќи националистичка реторика. Но, дури и да загубеше Зоран Заев, поништување на Договорот од Преспа не би било возможно. Дури и да сакаше ВМРО-ДПМНЕ да го измени Уставот во прашањето за името на земјата, освен тоа што тоа го забранува Договорот од Преспа, практично е невозможно поради политичките корелации, пишува „Прото тема“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-so-neskrieno-zadovolstvo-izvestuvaat-za-neoficijalnite-rezultati-vo-makedonija/feed/ 0
Грчките медиуми за притворот на Катица Јанева https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-za-pritvorot-na-katica-janeva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-za-pritvorot-na-katica-janeva/#respond Thu, 22 Aug 2019 10:24:21 +0000 https://kurir.mk/?p=232281

„Скопје: Уапсена специјалната обвинителка за борба против организиран криминал“; „Скандал во Северна Македонија: Уапсена специјалната обвинителка за изнуда“; „Скопје: Уапсена за рекет обвинителката за борба против организиран криминал“, се дел од насловите во грчките медиуми за одредениот 30-дневен притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Како што jави дописничката на МИА од Атина, онлајн изданијата на медиумите во Грција, како и грчките информативни портали го пренесуваат текстот под наслов „Северна Македонија: Уапсена за изнуда специјалната обвинителка за борба против организиран криминал“, објавен синоќа од грчката новинска агенција АНА-МПА. –Катица Јанева поднесе оставка минатиот месец, кога локални медиуми открија нејзина наводна вмешаност во рекетот на бизнисменот Орце Камчев. Таа негира каква било нејзина вмешаност. За истиот случај, уапсени се други двајца осомничени дека наводно зеле вкупно 1,5 милиони евра од Камчев, пишува АНА – МПА. Грчката новинска агенција објаснува дека Специјалното јавно обвинителство за борба против организираниот криминал беше формирано „врз основа на договорот на Северна Македонија со ЕУ во 2015 година, со кој беше прекината тогашната политичка криза во земјата“. Во текстот на АНА-МПА, преземен од дел од грчките медиуми, пренесена е и изјавата на јавниот обвинител Љубомир Јовески од вчерашната прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-za-pritvorot-na-katica-janeva/feed/ 0
Еве што пишуват грчките медиуми за настапот на Тамара Тодевска на Евровизија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-pishuvat-grchkite-mediumi-za-nastapot-na-tamara-todevska-na-evrovizija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-pishuvat-grchkite-mediumi-za-nastapot-na-tamara-todevska-na-evrovizija/#respond Sun, 19 May 2019 11:06:07 +0000 https://kurir.mk/?p=199679

„Не беше меѓу првите 10 на обложувалниците, но направи изненадување“; „Песната може да ја сметаа за аутсајдер, но се покажа дека има динамика“, се дел од коментарите во грчките медиуми по вчерашниот настап на Тамара Тодевска на Евровизија, а насловот што преовладува е дека „Северна Македонија беше големото изненадување на Евровизија“, јави дописничката на МИА од Атина. Високиот пласман на Тамара го предвиде и грчкиот сценарист, актер и водител Јоргос Капуѕидис кој заедно со новинарката Мариа Козаку, го коментираа годинешното издание на Евровизија на грчката државна телевизија ЕРТ. – Ова е песна која во обложувалниците не е меѓу првите 10, но може да направи изненадување и може да има многу висок пласман, рече Капуѕидис веднаш по настапот на Тодевски, на што се надоврза новинарката. – И ќе биде пријатно изненадување бидејќи е убава песна, рече Козаку за време на преносот на ЕРТ, пренесе МИА. Пред настапот на Тодевска, водителот на гледачите им објасни дека името „поранешната југословенска Република Македонија под кое соседите настапуваа од 1998 веќе се замени со Северна Македонија“. – Ново име но не и ново лице, бидејќи Тамара Тодевска по четврти пат доаѓа на Евровизија, но прв пат сама, рече водителот. Коментаторите на Евровизија на државната телевизија ЕРТ, на неколку пати додека траеше гласањето од жирито коментираа дека Тодевска имаше одличен, динамичен и емотивен настап, но и дека „во Скопје живеат историски моменти“. Оналјн изданијата на грчките медиуми, во текстовите за Евровизија, коментираат дека „Северна Македонија беше големото изненадување“. – Можеби песната од Северна Македонија на Евровизија 2019 да се сметаше за аутсајдер, но сепак се покажа дека има динамика. Во гласањето на државните жирија од земјите на Евровизија 2019, 12те поени паѓаа како дожд од земјите, со резултат да биде на втората позиција, за малку губејќи го првото место од Шведска, пишува информативниот портал „Ајефимерида“ и додава дека поради малиот број гласови од публиката, на крајот се најде на осмата позиција. -Пејачката со баладата „Proud“ има секаква причина да се чувствува горда бидејќи изнуди аплаузи од публиката, со резултат да е големо изненадување, пишува сајтот на неделникот „Прото тема“. – Не успеа да стигне на врвот, но настапот на Северна Македонија на Евровизија 2019 се издвои од другите. Баладата на Тамара Тодевска „Proud“ беше големо изненадување, а пејачката доби многу позитивни коментари, пишува информативниот портал „Зугла“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-shto-pishuvat-grchkite-mediumi-za-nastapot-na-tamara-todevska-na-evrovizija/feed/ 0
Грчки медиуми: Ако предлогот на Заев не обезбеди двотретинско мнозинство, земјата веднаш ќе оди на предвремени парламентарни избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-ako-predlogot-na-zaev-ne-obezbedi-dvotretinsko-mnozinstvo-zemjata-vednash-kje-odi-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-ako-predlogot-na-zaev-ne-obezbedi-dvotretinsko-mnozinstvo-zemjata-vednash-kje-odi-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/#respond Tue, 16 Oct 2018 08:10:19 +0000 https://kurir.mk/?p=115479

На пораките од премиерот Зоран Заев, обидот да се најдат 80 пратеници кои би ги поддржале уставните измени и на предвидениот процес во Собранието, го ставаат акцентот грчките медиуми во текстовите посветени на собраниската расправа во Македонија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, новинарите во Грција коментираат дека станува збор за критична расправа со критично гласање, кое ќе биде клучно за иднината на Договорот од Преспа и додаваат дека во случај да не се постигне двотретинско мнозинство во Собранието, тогаш земјата ќе оди на предвремени избори. Грчката новинска агенција АНА-МПА, рано утрово објави текст во кој пишува дека „денес, а веројатно и во следните денови, продолжува расправата на пленарната седница за владиниот предлог за почеток на процесите поврзани со промена на Уставот, врз основа на Договорот од Преспа“. Агенцијата објаснува дека според Деловникот на Собранието расправата може да трае до 10 дена, а ќе заврши со гласање. - Во случај предлогот на Владата да не добие двотретинско мнозинство, тогаш целиот процес автоматски се запира и во овој случај, премиерот на ПЈРМ, како што и самиот има изјавено, ќе предложи распуштање на Собранието и распишување предвремени парламентарни избори. Во овој случај, се споменува дека изборите ќе се одржат на 9 декември, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Весникот „Катимерини“, во текстот објавен на онлајн изданието се повикува на информациите објавени од МИА. Пишува дека македонскиот премиер ги повикал пратениците да гласаат според нивното определување и дека тоа е глас за европска иднина. Собраниската седница се најде и во централните изданија на вестите на грчките телевизии. Државната телевизија „ЕРТ“, преку јавувањето на нивниот дописник од Скопје, детално ги објасни двете сценарија. Првото, доколку се обезбеди двотретинско мнозинство, дека „ќе следуваат следните две фази за уставни измени“, кои според грчкиот новинар ќе траат три до четири месеци и второто „ако предлогот на Владата на Заев не обезбеди двотретинско мнозинство“, според кое земјата веднаш ќе оди на предвремени парламентарни избори. ТВ „Скај“ објави дека Заев испратил порака за помирување до пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, „без да појасни дали станува збор за амнестија“, додека пак ТВ „Антена“ освен изјавите на македонскиот премиер, во истиот прилог ја објавува и пораката на Никос Коѕијас од Луксембург. - „Маслиново гранче“ ѝ понуди Зоран Заев на опозицијата за да обезбеди глас од 80 пратеници кои што се потребни за промена на Уставот и повика на национално помирување и глас според свеста, објави грчката телевизија „Антена“. - Одбројување до првото критично гласање во Собранието во Скопје кое ќе го одреди текот на Договорот од Преспа. Зоран Заев упати повик за помирување до пратениците од ВМРО за она што се случи минатиот април, објави грчката ТВ „Алфа“. Новинарите од грчките телевизии освен што ги пренесоа изјавите на македонскиот премиер, потсетија и на настаните во Собранието од 27 април минатата година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-ako-predlogot-na-zaev-ne-obezbedi-dvotretinsko-mnozinstvo-zemjata-vednash-kje-odi-na-predvremeni-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Грчки медиуми: Филмска драма во Скопје – се ќе биде појасно во вторник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-filmska-drama-vo-skopje-se-kje-bide-pojasno-vo-vtornik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-filmska-drama-vo-skopje-se-kje-bide-pojasno-vo-vtornik/#respond Sun, 14 Oct 2018 18:30:57 +0000 https://kurir.mk/?p=114815

Грците очекуваат филмска драма следниве денови во македонското собранието. Во бомбастични наслови од типот промена на уставот или предвремени избори, грчките медими, заклучуваат дека ситуацијата е конфузна и збунувачка и дека никој не знае дали премиерот Заев успеал да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, објави Сител. Коментираат дека следните два дена ќе се одржи првото критично гласање во парламентот, по што многу работи ќе станат појасни. Но ситуацијата не е јасна ниту во Атина. Прототема пишува дека за утре е закажана средба Ципрас и Каменос, прва по враќањето на министерот за одбрана од Вашингтон каде тој го објави фамозниот план Б кој, според него, би можел да го замени догворот од Преспа. На вчерашниот централен комитет на владеачката Сириза , излетот на Каменос беше остро критикуван. Премиерот Ципрас порача дека преспанскиот договор нема алтернатива и дека владата ќе продолжи по тој курс, па, ако мора, дури и без коалициониот партнер, партијата независни Грци. На состанокот се покрена и прашањето на соработка со анел на наредните избори доколку продолжи нивното несогласување со догворт од Преспа. Од Сириза му забележуваат на Каменос и тоа што на американскиот колега Матис му предложил изградба на нови воени бази во грција и нови Баклански сојузи. Медиумите сега се во очекување на одговорит на Каменос, кој најави дека ќе разјасни се на утрешното интервју за грчката државна телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchki-mediumi-filmska-drama-vo-skopje-se-kje-bide-pojasno-vo-vtornik/feed/ 0
Што пишуваат грчките медиуми за посетата на Матис на Скопје? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-pishuvaat-grchkite-mediumi-za-posetata-na-matis-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-pishuvaat-grchkite-mediumi-za-posetata-na-matis-na-skopje/#respond Tue, 18 Sep 2018 08:05:52 +0000 https://kurir.mk/?p=102395

За американската поддршка на референдумот и на Договорот од Преспа, но и за тврдењата за руско влијание во Македонија, пишуваат грчките медиуми по вчерашната посета на американскиот државен секретар за одбрана, Џејмс Матис и средбите со македонскиот државен врв. Грчката новинска агенција АНА-МПА во текстот под наслов „Поддршката на САД за Договорот од Преспа ја изрази американскиот министер за одбрана Матис“, ги пренесува ставовите и пораките на Матис во Скопје. - Осврнувајќи се на референдумот што ќе се одржи во ПЈРМ на 30 септември, господинот Матиси истакна дека граѓаните на земјата имаат една единствена можност да го искористат референдумот и ги повика масовно да излезат на гласање, пишува АНА-МПА, во текстот преземен од онлајн изданијата на грчките медиуми. Грчката новинска агенција коментира дека посетата на Матис на Скопје е „во рамките на посетите на лидерите и високи претставници на странски земји со цел поддршка на Договорот од Преспа и претстојниот референдум“. - На учество во претстојниот референдум за ратификација на Договорот од Преспа, одбирајќи „за“, повика од Скопје, министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, обвинувајќи за руски обид за вмешување со fake news, пишува весникот „Ефимерида тон синдактон“. Носејќи предупредувања за руска вмешаност во референдумот на 30 септември, во понеделникот, во Скопје, пристигна американскиот министер за одбрана Матис, за да поддржи глас за Договорот од Преспа, пишува сервисот на „Euronews“ на грчки јазик. Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека нема докази за руско влијание во Македонија. Карактеризирајќи ја Русија „пријател на Македонија“, како што пишува „Катимерини“, премиерот Заев не покажа дека ги дели американските и НАТО обвинувањата за руска вмешаност во референдумскиот процес. - Без никакво споменување на обвинувањата за вмешаност на Русија во референдумот во ПЈРМ, по предупредувањата од Матис и одговорот од Заев, заврши прес-конференцијата на скопскиот премиер со американскиот министер за одбрана во рамките на неговата посета на Скопје, објави информативниот портал „Ин“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-pishuvaat-grchkite-mediumi-za-posetata-na-matis-na-skopje/feed/ 0
Договорот со Македонија, главна тема во грчките медиуми: „Направивме компромис со Северна Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dogovorot-so-makedonija-glavna-tema-vo-grchkite-mediumi-napravivme-kompromis-so-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dogovorot-so-makedonija-glavna-tema-vo-grchkite-mediumi-napravivme-kompromis-so-severna-makedonija/#respond Wed, 13 Jun 2018 10:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=65394

Постигнатиот договор, кој некои во Грција го нарекуваат историски, други проблематичен, од вчера попладне е главна тема во медиумите кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина. Во утринските информативни емисии на грчките телевизии, на порталите, во весниците, новинарите во Грција го анализираат договорот, што доби, а што загуби едната или другата страна, но и кои се придобивките од затворањето на спорот со името. Коментарите се во зависност од ориентираноста на медиумот, дали е близок до владата или пак до опозицијата. Речиси сите медиуми во Грција го пренесуваат коментарот на грчките владини извори околу придобивките за земјата од постигнатиот договор, она што претходно го објави МИА. МИА ги пренесува денешните насловни страници на грчките весници. Катимерини „Договор со празнини и облаци“ е насловот на текстот на насловната страница на весникот „Катимерини“. Новинарот пишува дека договорот што е познат само во „кратки црти решава долгогодишен спор во надворешната политика, но содржи и сиви зони“. Та неа Под централен наслов „Направивме компромис со Северна Македонија“, весникот „Та неа“ на насловната страница накусо опишува што прифатила Грција, а што сме прифатиле ние. -Прифативме: име (Северна Македонија), националност (македонска), јазик (македонски) и го запаливме зеленото светло за интеграција во Европската унија и НАТО. Прифатија: ерга омнес, промена на Уставот за иредентизмот и дека немаат никаква врска со античката цивилизација на Македонија, пишува весникот на насловната страница. На пет страници, новинарите од „Та неа“, го анализираат постигнатиот договор, го пренесуваат ставот од македонска страна, но и реакциите во Грција. „Бел чад и црни облаци“ е насловот на текстот посветен на постигнатиот договор, а новинарот коментира дека вчера беше постигнат голем компромис, додека пак колку овој договор е отпорен ќе биде проверено од јавното мислење во двете земји. Елефтерос типос „Национален пораз за малку ветувања“ е централниот наслов на денешното издание на весникот „Елефтерос типос“ со коментар дека „Ципрас триумфира за давање на македонски идентитет и јазик“. Исто како и „Та неа“ и „Елефтерос типос“, опширно на 5 страници на читателите им дава информации околу договорот, ставовите на грчката опозиција но и на меѓународните фактори. Весникот коментира дека договорот „ги отвора вратите на НАТО и ЕУ за Скопје со сиви зони и го предаде грчкото вето“. Ефимерида тон синдактон - Алексис Ципрас и Зоран Заев се договорија да решат еден историски спор од 25 години, пишува на насловната страница весникот „Ефимерида тон синдактон“ и коментира дека станува збор за историски договор. Весникот ги пренесува информациите од грчките владини извори за придобивките од договорот за земјата. Авги Весникот „Авги“ кој важи за гласник на СИРИЗА, на насловната страница пишува дека со договорот за македонското прашање направен е „Историски чекор“ за стабилност и мир на Балканот. Медиумите во Грција коментираат дека веројатно во текот на викендот, договорот ќе биде потпишан во Преспа (на грчка територија), но пред Ципрас и Коѕијас да стигнат до таму, ги очекуваат две расправи во грчкиот парламент, едната утре за среднорочната рамка за финансиската стратегија за периодот 2019-2022, а другата во петок за постигнатиот договор за името. Неофицијално, во новинарските кругови во Грција, се споменува можноста, лидерот на опозициската Нова демократија до претседателот на грчкиот парламент да достави барање за гласање на недоверба на владата. Доколку е потврдат овие информации, предлогот би бил доставен или утре или во петок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dogovorot-so-makedonija-glavna-tema-vo-grchkite-mediumi-napravivme-kompromis-so-severna-makedonija/feed/ 0