грчки острови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 15:04:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчки острови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уапсени 22 лица за дивоградби на четири грчки острови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-22-litsa-za-divogradbi-na-chetiri-grchki-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-22-litsa-za-divogradbi-na-chetiri-grchki-ostrovi/#respond Tue, 02 May 2023 15:04:23 +0000 https://kurir.mk/?p=829788

Во рамките на контролите за борба со дивоградбите, грчката полиција во периодот од 29 април до 1 мај уапсила вкупно 22 лица на островите Миконос, Родос, Милос и Фолегандрос, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од полицијата, против сторителите биле поднесени одвоени кривични пријави за незаконски градежни работи и вработување на нелегални странски државјани. На островот Миконос биле уапсени лица кои бојадисувале дивоградби во рамките на хотелски бизнис, на Родос уапсените пренесувале градежен материјал во крајбрежен простор, а на Милос и Фолегандрос уапсените лица без дозвола вршеле градежни работи во објект во изградба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapseni-22-litsa-za-divogradbi-na-chetiri-grchki-ostrovi/feed/ 0
Значително намалени бегалските бранови на грчките острови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/znachitelno-namaleni-begalskite-branovi-na-grchkite-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/znachitelno-namaleni-begalskite-branovi-na-grchkite-ostrovi/#respond Tue, 01 Dec 2020 16:09:25 +0000 https://kurir.mk/?p=437113

За 92 отсто во периодот март – ноември и за 83 проценти од јануари до ноември се намалиле бегалските и мигрантските бранови кон грчките острови, споредбено со истиот период лани, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од почетокот на годинава, заклучно со месец ноември на островите во Грција пристигнале 9.675 баратели на азил, наспроти 57.927 за 11 месеци во 2019 година. На ниво на цела Грција, односно и на островите и кај Еврос, намалување на пристигнувањата има за 79 отсто споредбено со лани од јануари до ноември. Од почетокот на епидемијата, односно во периодот март – ноември, кога во сила се зголемени мерки на границите, брановите се намалени за 92 отсто, односно во 2019 година пристигнале 54.306 баратели на азил, а годинава 4.344. Намалувањата во месец октомври се за 99 проценти, а во ноември 97 отсто, во споредба со истите месеци лани. Министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, вели дека драстичното намалување на брановите, во време кога другите земји бележат значително зголемување, „ги покажува систематските напори на Грција во борбата со криумчарските мрежи“. -Ќе продолжиме да ги штитиме нашите копнени и морски граници, со решителност, ефикасност и апсолутно почитување на меѓународното право и европските вредности, вели Митаракис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/znachitelno-namaleni-begalskite-branovi-na-grchkite-ostrovi/feed/ 0
Тестирање за Ковид-19 на жителите на 16 мали грчки острови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/testiranje-za-kovid-19-na-zitelite-na-16-mali-grchki-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/testiranje-za-kovid-19-na-zitelite-na-16-mali-grchki-ostrovi/#respond Mon, 08 Jun 2020 10:18:31 +0000 https://kurir.mk/?p=355091

Претставници и лекари од Националната организација за јавно здравје на Грција, во придружба на волонтери-лекари и болничари од невладината организација „Axion Hellas“, со пловни здравствени единици вршат тестирање на локалното население на 16 мали грчки острови, со цел надлежните да имаат целосна епидемиолошка слика во пресрет на туристичката сезона, јави дописничката на МИА од Атина. Се спроведуваат молекуларни тестови, но и тестови за антитела, а ова е втора ваква активност, откако во првата беа тестирани жителите на четири мали острови. Заедно со лекарите и волонтерите од здравствените пловни единици се и заменик министерот за здравство, како и претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција. Во период од една седмица, заклучно со 12 јуни, ќе се тестира локалното население од островите Куфонисиа, Анафи, Схинуса, Ираклиа, Донуса, Аморгос, Кинарос, Левитиа, Патмос, Агатониси, Арки, Липси, Псеримос, Тилос, Кастелоризо и Халки. Станува збор за мали острови, на пример Кинарос има само два постојани жители, а Левитиа 13. Од 16-те острови на кои се спроведува тестирањето најголем е Патмос со 3.047 жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/testiranje-za-kovid-19-na-zitelite-na-16-mali-grchki-ostrovi/feed/ 0
Бундестагот отфрли барање за прифаќање 5.000 мигранти од грчките острови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundestagot-otfrli-baranje-za-prifakjanje-5-000-migranti-od-grchkite-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundestagot-otfrli-baranje-za-prifakjanje-5-000-migranti-od-grchkite-ostrovi/#respond Thu, 05 Mar 2020 09:52:29 +0000 https://kurir.mk/?p=312415

Бундестагот со големо мнозинство го отфрли барањето на Зелените за прифаќање 5.000 бегалци од грчки острови, објавија германските медиуми. За барањето на Зелените да се пренесат 5.000 бегалци од пренатрупаните центри на грчки острови во Германија, пред се малолетници без придружба, бремени жени или жени кои патуваат сами, гласале 117 пратеници, а 495 биле против. Претставниците на владејачката Демократско-демократска коалиција соопштија дека идејата за Зелените не е лоша, но се спротивставија на „изолираната акција“ на Германија без консултација со партнерите во Европската унија. Членови на Демохристијанската пратеничка група издадоа специјална изјава во која се заземаат за помош на „најранливите“ и да им помогнат на грчките власти на лице место, но дека треба да се бара и заедничко решение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bundestagot-otfrli-baranje-za-prifakjanje-5-000-migranti-od-grchkite-ostrovi/feed/ 0
На грчките острови пристигнале околу 1.000 бегалци и мигранти https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-grchkite-ostrovi-pristignale-okolu-1-000-begalci-i-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-grchkite-ostrovi-pristignale-okolu-1-000-begalci-i-migranti/#respond Mon, 02 Mar 2020 08:51:23 +0000 https://kurir.mk/?p=310884

Во изминатите 24 часа на грчките острови пристигнале околу 1.000 бегалци и мигранти во над 25 различни случаи, а за дел била потребна интервенција на грчката крајбрежна служба за спасување на лица, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Според истите информации, најголем број бегалци и мигранти пристигнале на Лезбос, вкупно 512 во 11 одвоени случаи. На Хиос стигнале 295 лица, 128 на Самос и 85 на помалите грчки острови во близина на турското крајбрежје, јави дописничката на МИА од Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-grchkite-ostrovi-pristignale-okolu-1-000-begalci-i-migranti/feed/ 0
Следната седмица генерален штрајк на грчките острови најпогодени од бегалскиот/ мигрантскиот проблем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slednata-sedmica-generalen-shtrajk-na-grchkite-ostrovi-najpogodeni-od-begalskiot-migrantskiot-problem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slednata-sedmica-generalen-shtrajk-na-grchkite-ostrovi-najpogodeni-od-begalskiot-migrantskiot-problem/#respond Tue, 14 Jan 2020 09:12:49 +0000 https://kurir.mk/?p=289345

Следната среда, на 22 јануари 2020, на островите во северниот дел на Егејското море, односно оние што се најпогодени од бегалскиот/ мигрантскиот проблем ќе се одржи генерален штрајк поради владината политика за конкретното прашање, објавија грчките медиуми. Според истите информации, одлуката за штрајкот била донесена за време на состанок одржан под префектот надлежен за островите од северниот дел на Егејското море, а со цел локалното население да го изрази незадоволството од актуелната ситуација, но и од политиката на грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Во рамките на штрајкот, напладне ќе се одржи протест на трите острови кои припаѓаат во конкретната периферија (Лезбос, Самос и Хиос), а ден подоцна, на 23 јануари 2020 претставници предводени од префектот ќе пристигнат во Атина за да се сретнат со надлежните министри. На трите острови, според официјалните податоци од грчката Влада, сместени се 35.172 бегалци и мигранти, од кои 21.480 на Лезбос, 7. 636 на Самос и 6. 056 на Хиос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slednata-sedmica-generalen-shtrajk-na-grchkite-ostrovi-najpogodeni-od-begalskiot-migrantskiot-problem/feed/ 0
Големо невреме во Грција, вонредна состојба на шест грчки острови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemo-nevreme-vo-grcija-vonredna-sostojba-na-shest-grchki-ostrovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemo-nevreme-vo-grcija-vonredna-sostojba-na-shest-grchki-ostrovi/#respond Sat, 23 Nov 2019 09:01:03 +0000 https://kurir.mk/?p=267968

Обилните дождови и бури вчера предизвикаа сериозни проблеми во северниот дел на Грција. Најпогодени се Халкидики и Тасос, а на шест острови прогласено е вонредна состојба. Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а сообраќајот е блокиран во погодените подрачја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golemo-nevreme-vo-grcija-vonredna-sostojba-na-shest-grchki-ostrovi/feed/ 0
Бегалците и барателите на азил на грчките острови изгубија надеж и потреба да живеат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/begalcite-i-baratelite-na-azil-na-grchkite-ostrovi-izgubija-nadez-i-potreba-da-ziveat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/begalcite-i-baratelite-na-azil-na-grchkite-ostrovi-izgubija-nadez-i-potreba-da-ziveat/#respond Sat, 23 Nov 2019 08:14:22 +0000 https://kurir.mk/?p=267949

Ситуацијата со бегалците на грчките острови е трагична, можеби полоша од најлошите места во светот, а луѓето ја изгубија дури и надежта и потребата да живеат, вели меѓународниот директор на невладината организација „Доктори без Граници“ (МСФ), Христос Христу во разговор со дописничката на МИА од Атина, во однос на ситуацијата со бегалците и мигрантите на грчките острови, при што ја коментира и балканската рута, по која иако е затворена, сепак постои раздвиженост. – Трагична е ситуацијата на островите, а причината што ја прави уште потрагична, не се само лошите, би рекол, нехумани услови во кои што живеат, не се само многубројните и нови пречки што излегуваат пред нив, во врска со пристап до здравствените служби, во процесот за азил, па дури и во едноставните секојдневни услови за живот. Она што ја прави ситуацијата уште полоша е нивното психичко здравје кое што стигна до крајна точка и затоа споредуваме со други делови од светот и би рекол дека можеби е полошо од најлошите места во светот, затоа што гледам празни погледи на деца и луѓе кои ја изгубија дури и надежта и потребата да живеат, вели меѓународниот директор на „Доктори без Граници“. Христу за МИА објаснува дека немаат конкретни податоци околу тоа колку бегалци и мигранти и понатаму ја користат, сега веќе затворената балканска рута, но низ која преку нелегални премини сепак постои раздвиженост. – Доктори без граници во Грција, паралелно имаат развиено и проекти, програми во Босна и во Србија, а причината е да го следиме она што го нарекуваме „балканската рута“ на луѓето. Во овој момент не можам да споделам со вас конкретни бројки, но разговарав со шефот на Мисијата од Грција, што ги следи овие програми. Знаеме дека постои движење на луѓето, кои секако се соочени со различен вид на предизвици од оние кои што јас ги видов на островите, вели Христу. Меѓународниот директор на „Доктори без Граници“, одржа прес-конференција во Здружението на странски дописници во Грција по повод посетата на „Доктори без граници“ на Самос и Лезбос и за да ја пренесе сликата и нивното искуство од прифатните центри на овие грчки острови. Тој вели дека условите во кои што живеат бегалците и барателите на азил се толку лоши што на Самос дури немаат ни вода за пиење, а некои доаѓаат со надеж дека ќе останат кусо, но нивниот престој достигнува и до три години. – По речиси четири години од имплементацијата на Договорот ЕУ – Турција, имаме 37.000 луѓе кои живеат во нелегални кампови и целосно го имаат загубено достоинството. Луѓето се заробени во услови кои што можат да се споредат со најлошите места во кои работат МСФ во целиот свет. Во некои делови од кампот Морија, има еден тоалет за 200 луѓе, а на Самос е уште полошо еден за 300 луѓе. Само да ве потсетам дека меѓународните стандарди се еден тоалет за 20 луѓе, истакна Христу. Во однос на новата политика на грчката Влада, да ги затвори постоечките кампови и на нивно место да изгради затворени центри, претседателот на „Доктори без граници“, вели дека решението не е да се затворат прифатните пунктови и да се изгради нешто што можеби ќе има подобри услови, кое истовремено може да се претвори во затвор. На средбата со странските дописници во Грција, меѓународниот директор на „Доктори без Граници“, презентираше и фотографии од импровизираните кампови на Самос и Лезбос, односно шаторите во кои што се сместени бегалците и мигрантите кои живеат, во како што рече, комплетно нехумани услови, апелирајќи дека е потребно оваа „човечка трагедија веднаш да запре“. И покрај континуираните префрлања на барателите на азил од островите во други делови на Грција, бројот на бегалци и мигранти на Лезбос, Хиос, Самос, Лерос и Кос и понатаму е екстремно висок. Добрите временски услови се особено „поволни“ за криумчарите, па секојдневно има нови пристигнувања на мигранти. Од понеделникот, до четвртокот, за само четири дена, според официјалните податоци од грчката Влада пристигнале 1.807 бегалци и мигранти, а само 391 биле пренесени од островите во други делови на земјата. Заклучно со 21 ноември 2019, на грчките острови во источниот дел на Егејското Море престојуваат 38.479 бегалци и мигранти, најголемиот број од нив – 18.163 се на Лезбос, а 15.946 се сместени во кампот Морија, кој има капацитет да прими 2.840 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/begalcite-i-baratelite-na-azil-na-grchkite-ostrovi-izgubija-nadez-i-potreba-da-ziveat/feed/ 0