грчки пилот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 May 2022 07:34:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчки пилот – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ја задавил додека спиела: Грчки пилот призна дека ја убил својата сопруга https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ja-zadavil-dodeka-spiela-grchki-pilot-prizna-deka-ja-ubil-svojata-sopruga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ja-zadavil-dodeka-spiela-grchki-pilot-prizna-deka-ja-ubil-svojata-sopruga/#respond Tue, 17 May 2022 07:34:03 +0000 https://kurir.mk/?p=677659

Пилотот на хеликоптер од Грција е виновен за убиството на неговата сопруга Керолин Крауч, одлучи судот во Атина. Гркот Бабис Анагностопулос (34) го призна убиството во јуни минатата година, само неколку недели откако телото на неговата сопруга беше пронајдено во неговата куќа на периферијата на Атина, пишува Би-Би-Си. Керолин имаше само 20 години. Пилотот тврдел дека во неговата куќа се случила кражба и дека неговата сопруга била жртва на насилни провалници. Но, на мобилните телефони и паметниот часовник на парот се пронајдени докази кои ја побиваат приказната на пилотот. Судот утврди дека убиството го извршил со умисла. Покрај сопругата, го убил и нивното куче. Ја убил сопругата додека спиела Анагностопулос бил уапсена по комеморацијата за Керолин во близина на нејзината семејна куќа на егејскиот остров Алонисос. Иако Керолин е родена во Велика Британија, детството го поминала во Грција. За време на комеморацијата, Анагностопулос ја прегрнал мајката на неговата покојна сопруга. Обвинителите рекоа дека Анагностопулос ја задавил Керолин додека таа спиела. Полицијата соопшти дека пилотот го признал убиството по осум часа испрашување. Тој првично тврдел дека разбојниците влегле во нивната куќа и го врзале, но подоцна во полиција признал дека во последните месеци често се карал со сопругата. Паметниот часовник на 20-годишната девојка покажа дека нејзиното срце сè уште чукало во моментот кога Анагностопулос тврдеше дека е убиена од разбојници. Мобилниот телефон на пилотот го покажал неговото движење кобниот ден и било докажано дека се движел низ куќата додека рекол дека е врзан. Дека неговата приказна била лажна покажало и времето кога биле отстранети картичките со податоци од безбедносната камера дома. И тоа било во спротивност со приказната на пилотот. Судот допрва треба да донесе конечна пресуда и да соопшти каква казна ќе треба да одлежи пилотот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ja-zadavil-dodeka-spiela-grchki-pilot-prizna-deka-ja-ubil-svojata-sopruga/feed/ 0
Пронајдено телото на загинатиот грчки пилот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-teloto-na-zaginatiot-grchki-pilot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-teloto-na-zaginatiot-grchki-pilot/#respond Fri, 13 Apr 2018 10:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=40071

Речиси 24 часа вчерашното уривање на грчкиот воен авион, денеска во водите на Егејското море беше пронајдено телото на пилотот на леталото. Телото на 34-годишниот Јоргос Балтадорос, според грчките медиуми, било забележано од рибарски чамец што учествувал во потрагата. Како што јави дописникот на МИА од Атина, во исто време, продолжува акцијата за пронаоѓање на црната кутија за да се утврдат причините за уривањето на воениот авион во Егејското Море. Алтернативниот министер за одбрана на Грција, Фотис Кувелис, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ, рече дека два грчки авиони „Мираж 2000-5“ тргнале да пресретнат два турски ловци Ф-16, кои го прекршиле грчкиот воздушен простор. Меѓутоа кога стигнале Миражите, турските авиони веќе биле заминати, а несреќата се случила на враќање на девет милји пред воената база на грчкиот остров Скирос. Во еден момент се изгубила трагата на едниот авион. Со наредба и одлука на министерот за одбрана на Грција, Панос Каменос, од вчера е прогласена тридневна жалост во грчката армија. Во грчките медиуми, бура реакции предизвика начинот на кој беше соопштено дека пилотот е мртов. Додека беше во тек акцијата за пронаоѓање на остатоците од авионот, а пилотот се водеше за исчезнат, наместо официјално соопштение, грчкиот министер за одбрана Каменос, одбра преку неговиот Твитер профил да објави дека пилотот е мртов. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajdeno-teloto-na-zaginatiot-grchki-pilot/feed/ 0