грчки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Jul 2022 05:51:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 БРЗ И ЛЕСЕН РУЧЕК Направете тестенини на грчки начин (РЕЦЕПТ) https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/brz-i-lesen-ruchek-napravete-testenini-na-grchki-nachin-recept/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/brz-i-lesen-ruchek-napravete-testenini-na-grchki-nachin-recept/#respond Wed, 27 Jul 2022 05:51:19 +0000 https://kurir.mk/?p=710587

Кој сака да готви со часови на оваа топлина? Веруваме никој, а ве советуваме тестенините да ги подготвите на грчки начин. Послужете ги со бело вино и уживајте… Состојки: 300 гр шпагети чаша црни маслинки 250 гр фета сирење две чаши шери домати маслиново масло малку свеж магдонос една лажичка оригано сол, бибер Подготовка: Сварете ги шпагетите во солена зовриена вода, според упатството на пакувањето. Исцедете го и префрлете го во сад, заедно со четвртина шолја од водата во која се готвеа. Додадете изронето фета сирење, преполовени шери домати, маслинки, сол, бибер, магдонос и оригано, па сè убаво измешајте.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/brz-i-lesen-ruchek-napravete-testenini-na-grchki-nachin-recept/feed/ 0
800 килограми експлозив пронајдени на грчкиот остров Закинтос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/800-kilogrami-eksploziv-pronajdeni-na-grchkiot-ostrov-zakintos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/800-kilogrami-eksploziv-pronajdeni-na-grchkiot-ostrov-zakintos/#respond Fri, 22 Jan 2021 14:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=458621

Во напуштена куќа во село на грчкиот остров Закинтос, полицијата пронашла 800 килограми амониум нитрат, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми од островот, експлозивниот материјал бил спакуван во 32 пакувања по 25 килограми, а куќата во која што бил пронајден е напуштена, бидејќи изгорела во пожар, кој пред неколку години го зафати овој дел на Закинтос. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/800-kilogrami-eksploziv-pronajdeni-na-grchkiot-ostrov-zakintos/feed/ 0
Прв грчки брз антигенски тест за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prv-grchki-brz-antigenski-test-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prv-grchki-brz-antigenski-test-za-kovid-19/#respond Mon, 30 Nov 2020 12:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=436289

Грчки научници, преку програма на Министерството за развој и инвестиции на Грција, изработија прв грчки брз антигенски тест (rapid antigen test) за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за развој и инвестиции на Грција истакнуваат дека станува збор за „многу голем успех за грчката научна/истражувачка заедница“ и соопштуваат дека до Организацијата за индустриска сопственост веќе е доставено барање за патентирање на изумот. Додаваат дека истражувачката програма е во фаза на изнаоѓање на компанија за масовно производство на моноклонални антитела и нивно поставување на специјална мембрана за да се создаде брз антигенски тест на антиген. Конкретната програма на Министерството, која чини околу 2,9 милиони евра, беше наменета за истражувачки проект за епидемиолошка студија за коронавирусот, а учествуваа десет фондации, институти истражувачки центри, медицински факултети и сл. Надлежниот заменик министер за развој и инвестиции на Грција Христос Димас вели дека станува збор за големо достигнување. – Денес бележиме голем успех за грчката научна заедница. Од првиот момент имавме визија за изработка на „грчкиот тест“ како алатка за излез од здравствената криза. Тест што може за неколку минути и со сигурност да информира дали оние кои ќе го направат, се носители на вирусот или не, вели Димас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prv-grchki-brz-antigenski-test-za-kovid-19/feed/ 0
Света Софија и Турција во фокусот на средбите на Анастасиадис со грчкиот државен врв https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-sofija-i-turcija-vo-fokusot-na-sredbite-na-anastasiadis-so-grchkiot-drzaven-vrv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-sofija-i-turcija-vo-fokusot-na-sredbite-na-anastasiadis-so-grchkiot-drzaven-vrv/#respond Tue, 14 Jul 2020 13:19:51 +0000 https://kurir.mk/?p=375653

Координација во пресрет на Самитот на ЕУ, заедничка реакција наспроти турските активности, а секако и одлуката Света Софија да стане џамија се најдоа во фокусот на средбите што претседателот на Кипар Никос Анастасиадис ги имаше во Атина со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу, како и со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во однос на Света Софија, Мицотакис порача дека не станува збор за грчко-турско прашање, ниту пак за европско, туку за светско прашање, а Анастасиадис истакна дека Света софија им припаѓа на оние кои го почитуваат културното наследство. – Историјата подучува дека светското наследство не може да биде натпревар за надвладување меѓу државите и дека на крај, спомениците не се понижуваат, туку ги понижуваат оние кои не ги почитуваат. Света Софија е поголема од сите и ги надминува сите, нѐ надминува сите, порача Мицотакис, кој додаде дека „пред оваа непотребна иницијатива на Турција, Грција ги разгледува иницијативите на сите нивоа“. Грчкиот премиер истакна дека се поставува и прашањето дали Света Софија сега ќе може да ги задржи посебните привилегии на светски културен споменик на УНЕСКО. Претседателот на Кипар рече дека ќе дејствуваат заедно, а со нив и сите цивилизирани луѓе, како и политичарите и граѓаните. – За да се испрати силната порака дека е незамисливо, во модерни времиња да без мерка, да се презира културното наследство, порача претседателот на Кипар. Во однос на активностите на Турција, Мицотакис и Анастасиадис истакнаа дека постои координација, а Грција и Кипар имаат еднакви ставови, порачувајќи дека тие поддржуваат дијалог. – Нема да дозволиме да преовладува она што го сака Турција, односно да попуштиме пред провокацијата за да се создаде непотребна криза. Тоа што заеднички ќе сториме е да видиме како ефекасно ќе се активира Европската унија. Конкретно, ќе се повикаме на чувствителностите на европските партнери, не само за кршењето на меѓународното право и за европските принципи и вредности, туку и за она што никој не очекуваше го направи една светска држава, односно Света Софија да ја претвори во џамија, порача Анастасиадис. – Обединета и одлучна, Европа веќе мора да одреди една конкретна листа со активности и санкции за земјата која сака да има улога на локален бељаџија, но и да се развива во закана за стабилноста за целиот регион на Југоисточниот Медитеран, истакна Мицотакис и додаде дека Грција и Кипар никогаш не одбиле дијалог со Турција, но тој треба да биде базиран на меѓународното право, принципите на добрососедство и почитување на суверените права на сите земји. На средбата, станало збор и за новиот Фонд за закрепнување на Европската унија што ќе биде една од темите на Самитот на ЕУ во петок, а и за ова прашање, било констатирано дека двете земји се со исти позиции. Претседателот на Кипар, кој е во еднодневна посета на Атина, утрово оствари средба и со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, која рече дека „Грција, Европската Унија и меѓународната заедница мора да се мобилизираат со сите соодветни средства за да се врати историската вистина и да се зачува универзалниот карактер на Света Софија“. Грчката претседателка кон крајот на септември ќе го посети Кипар, откако претходно, поради пандемијата беше откажано патувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sveta-sofija-i-turcija-vo-fokusot-na-sredbite-na-anastasiadis-so-grchkiot-drzaven-vrv/feed/ 0