грчко мнр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Apr 2023 10:01:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грчко мнр – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчко МНР: Внатрешната конфронтација во Турција нема да се претвори во дијалог меѓу Атина и Анкара https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-vnatreshnata-konfrontatsija-vo-turtsija-nema-da-se-pretvori-vo-dijalog-megu-atina-i-ankara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-vnatreshnata-konfrontatsija-vo-turtsija-nema-da-se-pretvori-vo-dijalog-megu-atina-i-ankara/#respond Tue, 25 Apr 2023 10:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=827299

Порака дека Грција нема да дозволи внатрешно - политичката конфронтација во Турција да се претвори во дијалог меѓу двете земји упати портпаролот на грчкото МНР Јоргос Арнаутис, јави дописничката на МИА од Атина.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на неодамнешните изјави на турските функционери, Арнаути истакна дека грчките позиции се познати и постои една разлика во односите со Турција.

-Нема да дозволиме внатрешно - политичката конфронтација во Турција да се претвори во јавен дијалог меѓу Грција и Турција, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција.

Според грчкиот весник „Катимерини“, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу вчера рекол дека во Егејското море постојат острови чиј суверенитет не е утврден.

И Турција и Грција се во предизборен период, во пресрет на изборите во Турција на 14 и во Грција на 21 мај.  (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-vnatreshnata-konfrontatsija-vo-turtsija-nema-da-se-pretvori-vo-dijalog-megu-atina-i-ankara/feed/ 0
Грчко МНР: Грција ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-grcija-kje-gi-brani-nejziniot-suverenitet-i-nejzinite-suvereni-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-grcija-kje-gi-brani-nejziniot-suverenitet-i-nejzinite-suvereni-prava/#respond Mon, 10 Aug 2020 13:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=388860

Грција нема да прифати никаква уцена, ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи и ја повика Турција „веднаш да ги запре нелегалните активности, кои ги поткопуваат мирот и безбедноста во регионот“, јави дописничката на МИА од Атина. Реакцијата од грчкото МНР доаѓа по, како што велат, „новата нелегална турска „Навтекс“ (Navtex) за нелегални активности во грчкиот континентален гребен“. Во соопштението се додава дека тоа, во комбинација со пошироката раздвижност на единици од турската воена морнарица „претставува сериозна ескалација“ и ја покажува „дестабилзирачката улога на Турција“. Од Министерството за надворешни работи на Грција посочуваат дека Турција го напушта дијалогот уште пред да започне „повикувајќи се на целосно легалниот договор за Ексклузивната економска зона на Грција со Египет и се впушта во практики од минатите векови“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchko-mnr-grcija-kje-gi-brani-nejziniot-suverenitet-i-nejzinite-suvereni-prava/feed/ 0
Стигна сомнителна пратка: Евакуирана централната зграда на грчкото МНР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stigna-somnitelna-pratka-evakuirana-centralnata-zgrada-na-grchkoto-mnr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stigna-somnitelna-pratka-evakuirana-centralnata-zgrada-na-grchkoto-mnr/#respond Fri, 26 Oct 2018 12:51:21 +0000 https://kurir.mk/?p=119850

Зградата на грчкото Министерство за надворешни работи, што се наоѓа во центарот на Атина, денеска беше евакуирана, најверојатно поради сомнителна пратка, јави дописничката на МИА од Атина. Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, а полицајци ја проверуваат зградата. Според грчките медиуми, вработените при проверка на поштата адресирана до Министерството забележале сомнителна пратка и веднаш ја известиле полицијата, по што е евакуирана зградата. Вработените во Министерството се наоѓаат пред објектот, додека полицијата го проверува сомнителниот пакет, дали можеби содржи експлозивен механизам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stigna-somnitelna-pratka-evakuirana-centralnata-zgrada-na-grchkoto-mnr/feed/ 0
Грчкото МНР го искара Заев за употребата на терминот „македонска армија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkoto-mnr-go-iskara-zaev-za-upotrebata-na-terminot-makedonska-armija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkoto-mnr-go-iskara-zaev-za-upotrebata-na-terminot-makedonska-armija/#respond Thu, 05 Jul 2018 08:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=73285

Грчкото Министерство за надворешни работи го искара македонскиот премиер Зоран Заев поради тоа што вчера за време на положувањето заклетва на војниците зборуваше за „македонска армија“ која ќе стане членка на НАТО. Грчкото МНР посочи дека таквата изјава ја нагласува важноста од стапување во сила на Договорот за промена на името кој двете држави го потпишаа во Преспа. Тоа е, како што велат дипломатски извори, затоа што Договорот експлицитно вели дека агресивното определување на државата, нејзините официјални тела и други јавни ентитети ќе биде во согласност со новото име на државата, односно во овој случај, Северна Македонија. - Нашето членство во сојузот за вас ќе отвори поголеми можности. Македонската армија со години наназад рамо до рамо со војските членки на НАТО учествува во мировните мисии и добива највисоки оценки. Со учеството во тие мисии растеа и капацитетите на АРМ. Министерството за одбрана и Владата на РМ заеднички работеа напорно за да го вратиме дигнитетот на вашата професија, а минатата година се соочивме со поразителна состојба после застојот во реформите. Но го прифативме предизвикот и за само една година нашата земја го постигна она што никој не можеше да го предвиди. Нашиот пристап кон решенија овие денови ни донесе радосни вести и позитивни одлуки. Една од нив е најавената покана да бидеме 30 членка на Алијансата, рече Заев при вчерашното положување заклетва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkoto-mnr-go-iskara-zaev-za-upotrebata-na-terminot-makedonska-armija/feed/ 0
Хаѕидакис: Од грчкото МНР протекува информацијата дека 50-50 се шансите за решение https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hadzidakis-od-grchkoto-mnr-protekuva-informacijata-deka-50-50-se-shansite-za-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hadzidakis-od-grchkoto-mnr-protekuva-informacijata-deka-50-50-se-shansite-za-reshenie/#respond Mon, 23 Apr 2018 12:38:25 +0000 https://kurir.mk/?p=44874

Пола-пола се шансите за решение на прашањето со името според информациите што протекуваат од грчкото МНР, вели потпретседателот на грчката партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио фм“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис коментира дека „работите не се едноставни“ во преговорите за името. - Од самото Министерство за надворешни работи протекува дека шансите веќе се 50-50, додека пак до неодамна министерот беше хипер-сигурен дека ќе донесе одлично решение. Ние јасно имаме кажано, особено по последните изјави од страна на ПЈРМ, дека решението за Скопјаните нема да е ерга омнес, дека веќе се поставува едно суштинско прашање во врска со преговорите, рекол Хаѕидакис, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hadzidakis-od-grchkoto-mnr-protekuva-informacijata-deka-50-50-se-shansite-za-reshenie/feed/ 0
Грчко МНР: Реформите и името се предуслови за интеграција на Скопје во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchko-mnr-reformite-i-imeto-se-preduslovi-za-integracija-na-skopje-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchko-mnr-reformite-i-imeto-se-preduslovi-za-integracija-na-skopje-vo-eu/#respond Wed, 18 Apr 2018 09:05:11 +0000 https://kurir.mk/?p=42360

Реформите и решавање на прашањето за името се главните предуслови за интеграција во ЕУ, а треба да биде јасно дека одлуките не ги носи Комисијата, туку Советот на ЕУ каде Грција јасно ги има формулирано нејзините позиции, соопштуваат од грчкото МНР во однос на извештајот на ЕК за напредокот на Македонија. - Во однос на поранешната југословенска Република Македонија, долг е патот што треба да го изоди за да го пополни јазот создаден од назадувањето во последните години. Стабилноста и напредокот на земјата е од витален грчки интерес. Се нагласува дека ова е седми пат што оваа земја добива позитивна препорака од Европската комисија. Сепак, треба уште еднаш да се разјасни кон сите страни дека одлуките ги носи Советот, а не Комисијата,  каде Грција јасно ги има формулирано нејзините позиции, соопштуваат од грчкото МНР и додаваат дека унапредување на реформите и решавањето на името се главните предуслови за напредок на земјата кон ЕУ. Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчкото Министерството за надворешни работи, во соопштението вели дека Грција го поддржува проширувањето на ЕУ, но земјите кандидати ќе треба да ги исполнат поставените услови. - Како основни проблеми од европски, регионален и грчки интерес за Западниот Балкан  се: значајниот напредок на дијалогот меѓу Белград - Приштина, суштински и одржлив напредок на Албанија во однос на петте клучни приоритети, како и важното унапредување на реформите во поранешната југословенска Република Македонија кои Европската унија ги карактеризираше како итни. Исто така, решавањето на прашањето за името останува нераскинлив дел од поставените предуслови, пишува во соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција, пренесе МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchko-mnr-reformite-i-imeto-se-preduslovi-za-integracija-na-skopje-vo-eu/feed/ 0
Грчкото МНР ја поздрави одлуката на Владата за преименување на автопатот и аеродромот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkoto-mnr-ja-pozdravi-odlukata-na-vladata-za-preimenuvanje-na-avtopatot-i-aerodromot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkoto-mnr-ja-pozdravi-odlukata-na-vladata-za-preimenuvanje-na-avtopatot-i-aerodromot/#respond Tue, 06 Feb 2018 19:04:21 +0000 http://kurir.mk/?p=18960

Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, велат од грчкото Министерство за надворешни работи во соопштението во кое, како што јавува дописникот на МИА од Атина, ја поздравуваат одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот. - Ја поздравуваме денешната одлука на Владата на поранешната југословенска Република Македонија да го преименува аеродромот во Скопје во „Меѓународен аеродром Скопје“, како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во „Автопат Пријателство“. Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи, соопштуваат од грчкото МНР, пренесе МИА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkoto-mnr-ja-pozdravi-odlukata-na-vladata-za-preimenuvanje-na-avtopatot-i-aerodromot/feed/ 0