Грци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 09:08:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Грци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За осум месеци Грците потрошиле 22,7 милијарди евра на игри на среќа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-osum-mesetsi-grtsite-potroshile-22-7-milijardi-evra-na-igri-na-sreka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-osum-mesetsi-grtsite-potroshile-22-7-milijardi-evra-na-igri-na-sreka/#respond Mon, 23 Oct 2023 09:08:58 +0000 https://kurir.mk/?p=892119

На игри на среќа, односно казина, онлајн казина, лотарии и слично, во првите осум месеци од годинава, Грците потрошиле 22,7 милијарди евра, според податоците од Комисијата за надзор и контрола на игрите, кои ги пренесува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот коментира дека драматично се зголемуваат износите што Грците ги обложуваат на игри на среќа, со што годинава се предвидува дека вкупниот промет на конкретниот сектор, што има значителен придонес во даночните приходи, ќе постигне нов рекорд, бидејќи има зголемување за 28 отсто споредбено со истиот период лани. - Минатата година, на игри на среќа Грците обложија 29,2 милијарди евра, износ што достигна 16 милијарди евра во 2019 година, пишува „Катимерини“. Во периодот јануари - август, најголемиот дел на обложените средства, речиси 17 милијарди евра се однесуваат на онлајн обложувањата и игри на среќа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-osum-mesetsi-grtsite-potroshile-22-7-milijardi-evra-na-igri-na-sreka/feed/ 0
Двајца македонски и двајца српски државјани уапсени во Солун со украдено злато, накит и 15.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-makedonski-i-dvajtsa-srpski-drzhavjani-uapseni-vo-solun-so-ukradeno-zlato-nakit-i-15-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-makedonski-i-dvajtsa-srpski-drzhavjani-uapseni-vo-solun-so-ukradeno-zlato-nakit-i-15-000-evra/#respond Mon, 11 Sep 2023 12:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=876930

Осум златни прачки, накит и сума од 15.000 евра открила грчката полицијата кај четворица странци кои биле уапсени во Солун. Станува збор за двајца Срби на возраст 37 години и двајца државјани на Северна Македонија (72 и 36 години), против кои е поднесена кривична пријава за прифажање и располагање со приноси од казниво дело, бидејќи не можеле да го оправдаат нивното легално поседување. Горенаведените вредни предмети биле лоцирани во два автомобили, во кои се возеле со странски регистарски таблички. Полициски екипи на велосипеди ги запреле возилата за проверка во кругот на Старата железничка станица во Солун, а потоа биле спроведени во Подирекцијата за борба против организиран криминал во Солун, каде што биле уапсени. Во тек се увиди за да се утврди потеклото на златните прачки и накитот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajtsa-makedonski-i-dvajtsa-srpski-drzhavjani-uapseni-vo-solun-so-ukradeno-zlato-nakit-i-15-000-evra/feed/ 0
Илјадници Грци се поклонија во Атина пред чудотворната светогорска икона на Богородица https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iljadnitsi-grtsi-se-poklonija-vo-atina-pred-chudotvornata-svetogorska-ikona-na-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iljadnitsi-grtsi-se-poklonija-vo-atina-pred-chudotvornata-svetogorska-ikona-na-bogoroditsa/#respond Tue, 16 May 2023 05:45:34 +0000 https://kurir.mk/?p=834559

Илјадници верници во Атина, кои пристигнаа од различни делови на Грција во изминатите две седмици се поклонија пред чудотворната икона на Пресвета Богородица од Света Гора, која специјално беше донесена во грчката метропола, јави дописничката на МИА од Атина. Иконата заштитничка на светогорските манастири, насликана во ерата на византиското иконоборството во Константинопол и наречена „Аксион ести“ (Достојно е) се изнесува ретко од Света Гора и само во специјални прилики, а ова е осми пат во изминатите 60 години да биде достапна за сите верници да се поклонат пред неа. Во Соборниот храм во центарот на Атина пристигна на 3 мај, првично беше планирано да остане до вчера, меѓутоа, поради огромниот интерес кај граѓаните и по барањето до Света Гора упатено од поглаварот на Грчката Православна црква, архиепископот Јеронимос, чудотворната икона на полуостровот Атос ќе се врати утре. Дописничката на МИА од Атина го посети Соборниот храм, поразговара со верниците кои трпеливо чекаа во ред за да влезат во црквата и да се поклонат, а во изминатите денови поради зголемениот интерес се чекаше и по еден час. -Би чекала и до пет часа, ако е потребно, бидејќи вреди, вели за МИА помлада Гркинка. Верниците влегуваат во групи од 30-40 лица, на секои десет минути, а Соборниот храм е отворен од рано наутро до полноќ, или како што велат надлежните, додека не влезе и последниот верник. Неофицијалните процени се дека околу четири до пет илјади граѓани дневно се поклонуваат пред иконата на Богородица, а дел од верниците велат дека воопшто не им пречи да чекаат бидејќи станува збор за ретка и несекојдневна можност. Особено е голем интересот кај жените, со оглед на тоа дека немаат пристап до Света Гора, каде што се чува иконата во Светиот храм во Кареја. -Имам многу здравствени проблеми, загубив едно од моите деца, генерално сум верник и често доаѓам во црква. Меѓутоа, за конкретната икона на Пресвета Богородица имав особена желба да се поклонам. Како жена, немам можност да ја видам иконата во Света Гора, вели повозрасна Гркинка за МИА. Меѓу верниците беа и две жени кои на колена, со лазење влегоа во црквата. Ова е осми пат иконата да биде изнесена од Света Гора, а во Атина дојде по пауза од 24 години. Според грчките медиуми, иконата на Пресвета Богородица во минатото била три пати донесена во Атина, во 1963 година за време на прославата на Милениумот на Света Гора, во 1987 година за време на официјалната посета на тогашниот вселенски патријарх и во септември 1999 година по големиот земјотрес. Во Солун била два пати и по еднаш на Кипар и во градот Комотини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iljadnitsi-grtsi-se-poklonija-vo-atina-pred-chudotvornata-svetogorska-ikona-na-bogoroditsa/feed/ 0
Бугарите и Македонците имаат најкус животен век во регионот, најдолговечни Грците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-i-makedontsite-imaat-najkus-zhivoten-vek-vo-regionot-najdolgovechni-grtsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-i-makedontsite-imaat-najkus-zhivoten-vek-vo-regionot-najdolgovechni-grtsite/#respond Tue, 11 Apr 2023 14:46:34 +0000 https://kurir.mk/?p=822921

Граѓаните на Македонците и на Бугарија имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП). Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животен век е 82,1 година. Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години. Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години. „Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години. Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarite-i-makedontsite-imaat-najkus-zhivoten-vek-vo-regionot-najdolgovechni-grtsite/feed/ 0
Партијата на Грците во Албанија во изборна коалиција со Бериша https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-grtsite-vo-albanija-vo-izborna-koalitsija-so-berisha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-grtsite-vo-albanija-vo-izborna-koalitsija-so-berisha/#respond Sat, 28 Jan 2023 17:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=793233

Се окрупнува опозицијата предводена од демократот Сали Бериша за локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, 2023 година. По договорот со Партијата на слободата на Илир Мета, за заеднички настап, Бериша постигна ваков договор и со Партијата за единство и заштита на човековите права на Вангел Дуле, инаку партија на Грците во Албанија. – Заедно одиме кон изборен триумф. Слободно дадениот глас ќе ја врати демократијата во земјата. Според договорот, Демократската партија нема свои кандидати во општините каде Партијата на нашиот сојузник Дуле веќе утврди свои кандидати, објави Бериша. Претходно Партијата на Дуле и грчкото друштво “Омонија” ги утврдија кандидатите за градоначалници во Финиќ, Дропул и Химара, во јужниот дел на земјата, населени главно со Грци. Во Финиќ кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Леонида Кристо, во Дропул, Танас Манека, додека во Химара, Фреди Белери. Леонида Кристо, кој довербата ќе ја бара по вторпат, на минатите избори беше единствен кандидат кој освои градоначалничко место во вкупно 61 општина, останатите беа од владејачката Социјалистичка партија, бидејќи здружената опозиција ги бојкотираше истите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/partijata-na-grtsite-vo-albanija-vo-izborna-koalitsija-so-berisha/feed/ 0
Анкета: Половина од Грците не веруваат дека владината субвенција за супермаркет ќе им помогне во справувањето со инфлацијата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-polovina-od-grcite-ne-veruvaat-deka-vladinata-subvencija-za-supermarket-kje-im-pomogne-vo-spravuvanjeto-so-inflacijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-polovina-od-grcite-ne-veruvaat-deka-vladinata-subvencija-za-supermarket-kje-im-pomogne-vo-spravuvanjeto-so-inflacijata/#respond Wed, 21 Dec 2022 08:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=778451

Повеќе од половина Грци, односно 53 отсто, сметаат дека новата владина мерка за покривање на 10 проценти од трошоците за супермаркет и продавници за храна нема да им помогне во справувањето со покачувањата на цените, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. За време на расправата за буџетот во саботата, грчкиот премиер соопшти дека од февруари до јули, шест месеци, Владата ќе покрива 10 проценти од трошоците за супермаркет и продавници за храна на граѓаните, истакнувајќи „10 отсто инфлација, 10 отсто покрива државата“, а според новата анкета на „Скај“, 39 проценти од  испитаниците сметаат дека оваа мерка (сигурно или веројатно) ќе им помогне во справувањето со инфлацијата, наспроти 53 отсто, кои одговориле негативно. На политичката сцена, владејачката Нова демократија со рејтинг од 34 отсто е на прво место пред опозициската СИРИЗА која има 26 проценти, а потоа следат ПАСОК- Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25, додека пак актуелниот претседател на Владата Кирјакос Мицотакис и понатаму е во предност пред Алексис Ципрас во однос на тоа кој е посоодветен за премиер на земјата. Следната година е изборна година во Грција, а поделено е мислењето на анкетираните за тоа каква би требало да биде следната влада, еднопартиска или коалициска, иако 48 отсто поддржуваат еднопартиска влада, а 33 проценти коалициска. Истражувањето на „Pulse“ за телевизијата „Скај“ било спроведено во периодот 18-19 декември со анкетирани 1.103 лица со право на глас.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-polovina-od-grcite-ne-veruvaat-deka-vladinata-subvencija-za-supermarket-kje-im-pomogne-vo-spravuvanjeto-so-inflacijata/feed/ 0
Невакцинираните Грци од недела ќе плаќаат казни https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-grci-od-nedela-kje-plakjaat-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-grci-od-nedela-kje-plakjaat-kazni/#respond Thu, 13 Jan 2022 17:47:10 +0000 https://kurir.mk/?p=619010

Невакцинираните лица над 60-годишна возраст во Грција имаат уште неколку дена рок да ја примат првата доза за да ја избегнат казната од 100 евра месечно, со оглед на тоа што од 16 јануари стапува во сила одлуката за задолжителна вакцинација за конкретната старосна група, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите повтори дека оваа одлука е донесена од многу конкретни причини, „бидејќи девет од десет смртни случаи од Ковид ја погодуваат оваа возрасна група, седум од десет приклучени на апарати се постари од 60 години, а осум од десет интубирани лица се невакцинирани“. -Затоа, тоа е одлука која пред сè се однесува на заштитата на нивниот живот. Заштита на нивното здравје. Но, не постои задолжителност без последици за оние што ја игнорираат. Не постои изборна задолжителност. Затоа од 16 јануари ќе се применуваат санкциите предвидени со закон и ќе се изрекува административна глоба од 100 евра секој месец се додека нашите сограѓани над 60 години остануваат невакцинирани, истакна Иконому. Во однос на пандемијата, рече дека епидемиолошките податоци како во Европа, така и во Грција, „ни наметнуваат да бидеме во најголема можна готовност “ и затоа, додаде дека во овој момент, не може да има никакво олабавување на мерките, кои воедно, вчера беа продолжени за уште една седмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevakciniranite-grci-od-nedela-kje-plakjaat-kazni/feed/ 0
Грци направиле хаос во Битола, сега ќе одговараат пред македонскиот суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/grci-napravile-haos-vo-bitola-sega-kje-odgovaraat-pred-makedonskiot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/grci-napravile-haos-vo-bitola-sega-kje-odgovaraat-pred-makedonskiot-sud/#respond Tue, 15 Jun 2021 10:31:56 +0000 https://kurir.mk/?p=523664

На 14.06.2021 во 16:00 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле приведени А.П.(50) и Г.П.(53), двајцата од Р.Грција, поради предизвикано нарушување на јавниот ред и мир. Тие направиле хаос со карање, викање, непристојно и дрско однесување и кршење на предмети. Лицата се предадени на судија за претходна постапка во Основен Суд Битола за понатамошно постапување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/grci-napravile-haos-vo-bitola-sega-kje-odgovaraat-pred-makedonskiot-sud/feed/ 0
ОД МЕМОАРИТЕ НА ВЛАХОВ: Грците што беа донесени да погрчуваат во Кукуш се претопија во Македонци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-memoarite-na-vlahov-grcite-shto-bea-doneseni-da-pogrchuvaat-vo-kukush-se-pretopija-vo-makedonci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-memoarite-na-vlahov-grcite-shto-bea-doneseni-da-pogrchuvaat-vo-kukush-se-pretopija-vo-makedonci/#respond Tue, 13 Apr 2021 18:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=496479

Кукуш никогаш не бил грчки. Напротив. Во минатото најсилниот отпор на грцизмот доаѓал токму од Кукуш. Димитар Влахов во Мемоарите за обидот за грцизирање пишува како Грци кои биле населени од Патријаршијата и грчката држава, со цел да го грцизираат Кукуш, со пари и пропаганда, се претопиле во компактниот македонски народ. Во текот на Втората балканска војна, пред 106 години, токму во овие јунски денови, грчката војска го изгорел Кукуш, а македонско население било принудено да побегне од своите домови. 1.846 куќи и 612 дуќани биле изгорени во пожарот, а во оваа област биле разурнати и изгорени манастирот „Св. Ѓорѓи“ и 40 други села. Во 2018, на 21 јуни, Грција славеше 105 години од „ослободувањето на Кукуш“, градот кој до темел го изгоре и му го смени името во Килкис затоа што бил бастион на Македонците. Денес во Солун, Софија, Струмица, Благоевград и други места живеат голем број од старите кукушани.Стариот македонски Кукуш ви го доловуваме преку мемоарите на кукушанецот Димитар Влахов. - Кукуш се наоѓа на 45 километри северно од Солун и има 13.000 жители, од кои 12.000 се Македонци и 1.000 се Турци и Цигани. „Пред скоро 70-80 години, тој град беше еден од центрите за производство на платно во Македонија, неопходен за секое семејство, но имаше и компании кои произведуваа платна за продажба и извоз во други области, пишува Влахов во „Мемоари“. Тој за родниот град во воведот од своите Мемоари вели: „Кукуш е еден од малкуте градови во Македонија, што благодарение на своето компактно население, можел да игра значајна улога во делото на преродбата на македонскиот народ.“ Секој кукушанец приврзаник на Организацијата Натаму потсетува дека Кукуш дал поети како Смирн енски, писатели како Георги Тишинов, воени писатели како Дарвингов, но и основопложници на револуционерното македонско дело како апостолот Гоце Делчев. Кукуш никогаш не бил грчки. Напротив, во минатото најсилниот отпор на грцизмот пропагиран од Грција и Патријаршијата доаѓал токму од Кукуш. Влахов во Мемоарите за родниот Кукуш и обидот за грцизирање пишува кога десетина Грци, опседнати од силен грчки национализам се населени од Патријаршијата и грчката држава, со цел да го грцизираат Кукуш преку своите пропаганди и пари, самите се претопуваат во компактниот македонски народ. И токму нивните плодови на мешањето – потомствата, подоцна се чувствуваат никако поинаку освен како Македонци, наместо очекуваниот, да ги направат другите Грци. Кукуш бил бастион на македонскиот народ и неговата револуционерна борба. Секој граѓанин на Кукуш, како што пишува Влахов, бил приврзаник на организацијата и „за време на револуционерните борби, можеше да му се довери скоро на секој жител на тој град“. За пропагандата од соседите Влахов во своите Мемоари пишува: „Кукуш е еден од малкуте градови во Македонија каде што не успеа да проникне, наспроти изобилното злато со кое располагаа агентите на соседните балкански држави – ниту великогрчката, ниту великосрпската, ниту великобугарската пропаганда. Напротив, со својата упорност граѓаните на тој град успеаја да привлечат на своја страна, за време на конституциониот режим во Турција дури и турски елементи“. Ни Грци, ни Срби, ниту Бугари Влахов истакнува и друг белег на родниот град на Делчев: „Уште едн белег кој го карактеризира македонското население во тој град е дека Македонците од Кукуш не беа ниту шовинисти, ниту националисти; кај нив немаше омраза кон тоа што не е македонско, макар што за време на Првата балканска војна се допуштија во некои места екцеси спрема турското население. Тоа се должеше исклучиво на подбуцнувањето од емисарите на великобугаризмот, кои ползувајќи ги успесите што ги имаа сојузниците, и специјално Бугарите, за време на војната против турското господство, пројавија садизам кој го извалка славното име, по кое беше познат овој град и ја компромитира толерантноста што беше една од важните пројави во општествениот живот на граѓаните. Тие не се водушевуваа од никаков антисемитизам или јудофобство кои, меѓу другото им беа совршено туѓи, од никаква омраза против самиот грчки народ чии што претставители дури и живееја и работеа во Кукуш како лекари и аптекари, ниту против Србите или србоманите, што се беа јавиле во градот за да создадат во тој компактен македонски град великосрпска пропаганда, ниту против великобугарската доколку можеа да се сретнат во градот и во неговата околија“, пишува Влахов. Тој потсетува на стопанските активности во Кукуш: „Во Кукуш имаше неколку работилници за растително масло (шаралагалџилници ), кои произведуваа шаралаган за храна на населението и ќуспе за храна на добитокот. Тој шаралган се произведувал од сусам чија култура беше доста развиена во Кукуш и која успеваше благодарение на климатските услови во реонот. А кога немаше доволно сусам, тоа растително масло се произведуваше од афионово семе што се доставуваше од Тиквеш, Велес и други места. Кукушкиот реон главно е полско место. Земјата е многу плодна и многу погодна за житни растенија. Во Кукуш се произведуваше жито повеќе од што беше нужно за исхрана на населението, и тоа првокласно жито, сатка, јачмен, овес, а помалку и пченка. Главната храна беше леб од пченица, а од пченка се приготвуваа разни погачи, кои беа, помнам, нешто како деликатес за нас, особено кога во тие погачи се ставаше сирење и малсо“, запишал Влахов. Трговија и со Шведска Натаму во Мемоарите потсетува: „Кукуш беше пазарен центар за житни храни. Помнам дека имаше неколку души големи трговци кои секој пазарен ден, четврток, ги отвараа своите магази и купуваа од пазарот храни, главно пченица, што селаните ги изнесуваа на пазар. Тие храни беа извезувани во Солун и оттаму препраќани во Марсеј, откаде што се внесуваа освен редица колонијални манифактурни стоки (манифактурните стоки се добиваа главно од Англија, а колонијалните стоки шеќер, кафе, ориз – извесен ориз се добиваше од Струмица, а населението го претпочиташе струмичкиот ориз пред тој внесуван преку Марсеј од југоисточна Азија), исто така и железнички стоки, добивани преки Марсеј, дури од Шведска (шведско меко железо). Ние добивавме, на пример, во Кукуш од Марсеј сапун, разни миродии, стакларија, сол, вреќи, зобови, од кои ред години се приготвуваа вреќи, а освен тоа и суви смокви, суво грозје, урми, лопати, паламари, српови, сенки, сламени шапки со кои се служеа жетварите“, пишува во Мемоарите. Влахов се задржува на работилниците за масло или шаралаган, по кој Кукуш изгледа особено бил познат вотоа време: „Подоцна шаралаганџиниците останаа да суштествуваат, меѓутоа, производството им се намалуваше, затоа што наместо шаралаган луѓето почнаа да консумираат и зејтин, а се внесуваше преку Солун од Егејските острови. Тука се внесуваа уште портокали и лимони кои беа евтини, но сепак, поради слабата заработка на населението, не му беа достапни за тоа население. Сопствениците на шаралганџилниците постепено стануваа индустријалци, строеја парни мелници во кои произведуваа секаков вид брашнени производи. Некои од тие фабрики имаа свои филијали во Солун и таму ги пласираа своите производи“, пишува Влахов. Од Марсеј компири за Кукуш За полјоделство во Кукушко и осбено лозарството, Влахов запишал: „Лозарството во Кукуш не беше слабо развиено. Повеќето луѓе имаа и по малку лозје од кое добиваа грозје за консумација и за вино. А освен тоа, во самиот реон, во месноста наречена Чарлан, каде што живееја главно Турци – Јуруци, преселени од Коња, се произведуваше многу убаво слатко бело грозје, кое го преплавуваше и пазарот во Кукуш. Тоа беше главно десертно грозје за јадење, а не за вино“. Лозарството носело и производство алкохол и бакалници низ Кукуш. „Aлкохолизмот се разви и зеде размери што го застрашуваа здравјето, а и животот на тие луѓе и на нивните семејства. Тоа време се јави меѓу нас, младинците, движење за борба против пијанството, почнаа да се држат беседи за штетното влијание на ракијата и виното, за да може да се отстрани тоа зло што, особено за време на дејноста на револуционерната организација ги изложуваше на опасност луѓето на организацијата, а и самата организација. Но, беше веќе доцна. Нашите проповеди не дадоа големи резултати, и ние видовме какви последици имаше злоупотребата од пиењето“, пишува Влахов. Освен лозарството во Кукуш било развиено и одгледувањето свилена буба: „Во Кукуш беше развиено и бубарството. Во градот имаше доста црници и многу куќи се занимаваа со одгледување на буби. Бубиното семе се добиваше главно од Европа. Количеството на произведени кожурци се продаваше и имаше трговци кои специјално се занимаваа со откупување на кожурците кои ги препраќаа во Солун и понатаму во фабриките за свила во странство. Добиената свила од кукушките кожурци беше една од најквалитетните и бела и жолта, и имаше релативно добра цена. Плодови во Кукуш се произведуваа слабо, а зеленчуци во достатно количество. Имаше една бавча во самиот град и една вон од градот, кои го снабдуваа кукушкиот пазар со достатно количество зеленчуци кои се продаваа по многу ниски цени. Да одбележам дека компири во Кукуш не се произведуваа, а се внесуваа од Марсеј и компирот беше луксузен артикал “, објаснува Влахов во мемоарите. Сточарството во Кукуш не било особено развиено. „Сточарството не беше особено развиено. Имаше главно крупен добиток, крави, биволи, малку овци и кози. Но, во околијата, во некои места овчарството беше доста развиено. Летно време овците се испраќаа на летување кон Малешевско, а зимно време остануваа во Кукушко. Свињи не се одгледуваа во Кукуш и воопшто кукушани скоро непознаваа свинско месо. Тоа се продаваше ретко, само за Божик, и тоа неделен ден во дворот на црквата. Населението се хранеше со риби и тоа беше еден од главните прехрамбени продукти, внесуван од Дојранско и Арџинско Езеро“. Солун е полн со кукушани Но, како што пишува Влахов, наспроти сточараството занаетчиството било многу развиено: „Во Кукуш занаетчиството беше доста развиено. Поголем број од жителите на градот се занимаваа со занаетчиство. Но, некои занаети постепено исчезнуваа. Турците се занимаваа со овие занаети: сарачи, налбати, бербери, кафеџии, Циганите со производство на клинци, плочи и разни решета и сита, а нашите Македонци со останатите занаети: ковачи, чевлари, папуџии, шивачи, туфекчии, бербери, кафеџии, крчмари, бакали, мануфактуристи, кожувари, самарџии, златари, бакарџии и ред други занаети какви постоеја во Кукуш“. Исто така, пишува Влахов, развиена била и „ситната и едрата трговија“: „Трговијата, како едрата така и ситната, беше исклучиво во рацете на Македонците. Во Кукуш имаше над 3.000 куќи и 850 дуќани. Пред 60 – 70 години (мемоарите се пишувани 1952 година, значи се мисли за период 1880-1890 година з.н. ) занаетчиите имаа достатен приход да преживеат. Домашната индустрија беше слабо развиена. Таа била развиена пред 70 – 80 години, а после не беше развиена. Напротив, во Кукуш се внесуваа производи за домашна индустрија од други места. А подоцна, кога под влијанието на конкуренцијата што ја правеа стоките внесувани од европските индустриски земји, како стоки поубави и попривлечни и поевтини, многу од занаетчиите го напуштија Кукуш и се преселија во Солун каде имаше повеќе работа и можеше да живеат по подобри услови. Благодарение на близината на Солун, кукушани лесно се решаваа да се преселат во Солун и да се настанат таму. На тој начин голем дел од македонското население во Солун беше од Кукуш“, пишува Димитар Влахов во своите мемоари во 1952 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-memoarite-na-vlahov-grcite-shto-bea-doneseni-da-pogrchuvaat-vo-kukush-se-pretopija-vo-makedonci/feed/ 0
Анкета: 74 отсто од Грците сигурно или веројатно ќе се вакцинираат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-74-otsto-od-grcite-sigurno-ili-verojatno-kje-se-vakciniraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-74-otsto-od-grcite-sigurno-ili-verojatno-kje-se-vakciniraat/#respond Tue, 12 Jan 2021 14:36:31 +0000 https://kurir.mk/?p=454341

Седум од десет Грци, односно 74 отсто, сигурно (47 проценти) или веројатно (27 отсто) ќе се вакцинираат против Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Опинион пул“ (Opinion Poll) за грчкиот електронски весник „Политикал“ (Political), јави дописничката на МИА од Атина. На прашањето „колку се оптимисти за конечно справување со пандемијата по почетокот на вакцинацијата“, 37 отсто рекле дека се „доста“ оптимисти, 28 проценти „малку“ оптимисти“, 19 отсто одговориле дека се „многу“ оптимисти, а 14 проценти „воопшто“. Поделено е мислењето на граѓаните за тоа дали земјата оди во погрешна или во правилна насока, 45 отсто одговориле дека е во правилна, а 44 проценти во погрешна насока. Повеќе од половина од испитаниците, односно 51,1 отсто рекле дека со сето она што се случува во Грција чувствуваат загриженост и стрес. Во однос на распоредот на политичките сили во земјата, доколку следната недела би се одржале избори, 38,6 отсто од анкетираните би гласале за Нова демократија, 21,4 проценти за СИРИЗА, 6,5 проценти за Движење на промена. Додека пак за премиерската позиција, 51,2 проценти од испитаниците рекле дека Кирјакос Мицотакис е соодветен за премиер, наспроти 19,8 проценти кои го одбрале Алексис Ципрас, а 24,1 процент одговориле ниту еден од двајцата. Во истражувањето на „Опинион пул“ за весникот „Политикал“ спроведено од 4 до 8 јануари, телефонски биле анкетирани 1.004 лица со право на глас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-74-otsto-od-grcite-sigurno-ili-verojatno-kje-se-vakciniraat/feed/ 0