грција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 15:27:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голем пожар во јужниот дел на грчкиот остров Евија, превентивно евакуирани две села https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-vo-juzhniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija-preventivno-evakuirani-dve-sela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-vo-juzhniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija-preventivno-evakuirani-dve-sela/#respond Sat, 04 Nov 2023 15:27:44 +0000 https://kurir.mk/?p=896458

Голем пожар избувна во близина на градот Каристос во јужниот дел на грчкиот остров Евија, превентивно беа евакуирани жителите на две села, а силниот ветер го отежнува гаснењето, јави дописничката на МИА од Атина. Според локалните медиуми од островот, огнената стихија е вон контрола, а ветерот со јачина од над осум Бофори (над 62 километри на час) постојано ја менува насоката на пожарот, но и не дозволува да интервенираат воздушните средства. Претседателот на заедницата на едно од евакуираните села за грчката новинска агенција АНА-МПА истакнал дека пожарот е многу голем и вон контрола, а во опасност се домови, штали и животни. Идентични се и сведоштвата за информативниот портал „Евима“ од Евија, на жителите на областа, кои рекле дека се загрозени куќи и сточарски објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-vo-juzhniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija-preventivno-evakuirani-dve-sela/feed/ 0
Невреме во северна и западна Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevreme-vo-severna-i-zapadna-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevreme-vo-severna-i-zapadna-grtsija/#respond Sat, 04 Nov 2023 13:00:57 +0000 https://kurir.mk/?p=896427

Одрони, надојдени реки и блокирани патишта донесе новото невреме во Грција во западниот и северниот дел на земјата, а проблемите се поинтензивни во планинските области, јави дописничката на МИА од Атина. Поради опасност од лизгање на земјиштето, жителите на мало планинско село во западна Грција беа превентивно евакуирани, додека пак на северот од земјата, односно во Лерин се урна дел од патот. Новото невреме кое од западна Европа ја зафати Грција донесе обилни врнежи од дожд и силен ветер, а прогнозите се дека во Егејското море брановите ќе надминат четири метри. Поради силниот ветер, проблеми има и во бродскиот сообраќај, со забрана за пловидба на одредени грчки пристаништа, меѓу кои и две атински. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nevreme-vo-severna-i-zapadna-grtsija/feed/ 0
Македонија и Грција одиграа нерешено https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-i-grtsija-odigraa-neresheno/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-i-grtsija-odigraa-neresheno/#respond Fri, 03 Nov 2023 20:01:36 +0000 https://kurir.mk/?p=896270

Македонската машка ракометна репрезентација ремизираше вечерва против Грција 29-29 (15-12), во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции закажани за денеска и утре во Солун. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров влегоа во натпреварот со серија од 3-0 и го контролираа резултатот во првиот дел. Постојано беа во водство кое достигна највисоки +5 (11-6) во 19 минута, а на полувреме заминаа со предност од 15-12. Вториот дел донесе неизвесна завршница во која грчките ракометари влегоа во финишот со предност од 29-27, но Филип Кузмановски намали на гол негатива, а на три секунди пред последниот судиски свиреж прецизен беше и Никола Костески за конечни 29-29. Кумановски и Жарко Пешевски со по пет голови беа најефикасни во македонската репрезентација. Контролните натпревари во Солун се во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство во јануари на кое пласман обезбедија и двете репрезентации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/makedonija-i-grtsija-odigraa-neresheno/feed/ 0
Грција в понеделник ќе испрати хуманитарна помош во Појасот Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-v-ponedelnik-ke-isprati-humanitarna-pomosh-vo-pojasot-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-v-ponedelnik-ke-isprati-humanitarna-pomosh-vo-pojasot-gaza/#respond Fri, 03 Nov 2023 15:02:40 +0000 https://kurir.mk/?p=896226

Грција в понеделник со авион на военото воздухопловство ќе испрати хуманитарна помош во Појасот Газа, соопшти шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, одговарајќи на пратеничко прашање во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Грција истакна дека грчката Влада е во консултација со други земји, особено со Кипар и Франција за формирање хуманитарен морски коридор директно до Газа, а разговараат и со Израел за да се обезбеди непречено минување. -Секако, сфаќаме дека се работи за проект со исклучително голема техничка тешкотија, со оглед на фактот што во Појасот Газа нема безбедно пристаниште за да може безбедно да доплови било кој брод. Во секој случај, сакам да потсетам дека Грција самостојно, освен помошта со која придонесува преку ОН, веќе планира помош за Појасот Газа. В понеделник наутро ќе тргне Ц-130 на военото воздухопловство со неопходната помош, односно лекови, кои веднаш ќе бидат распределени во Појасот Газа, објасни Герапетритис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-v-ponedelnik-ke-isprati-humanitarna-pomosh-vo-pojasot-gaza/feed/ 0
Најтопол октомври во изминатите 15 години во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najtopol-oktomvri-vo-izminatite-15-godini-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najtopol-oktomvri-vo-izminatite-15-godini-vo-grtsija/#respond Wed, 01 Nov 2023 11:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=895348

Минатиот месец бил најтоплиот октомври во Грција во изминатите 15 години, согласно податоците од мрежата од 51 метеоролошка станица на Националната опсерваторија на Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пишува Метео, во октомври годинава просечната вредност на максималните дневни температури варирала на екстремно високи нивоа речиси низ целата земја, споредено со просекот од периодот 2010-2019 година. Најголемите зголемувања на температурата биле регистрирани во северна Грција со 3,5 степени Целзиусови над нормалните нивоа за сезоната, додека пак во централна и западна Грција, како и на Пелопонез, температурите биле за 2,7 до 2,8 степени повисоки од просечните за овој период од годината. Во Атина, просечната температурата била за 1,9 степени повисока, а 25 од 31 ден во месецот биле потопли од нормалното за октомври, додека пак во Солун 27 дена во месецот биле потопли од просечната вредност во периодот 2010-2019 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/najtopol-oktomvri-vo-izminatite-15-godini-vo-grtsija/feed/ 0
Анкета: Загриженост во Грција за поскапувањето на цените и ситуацијата на Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-zagrizhenost-vo-grtsija-za-poskapuvaneto-na-tsenite-i-situatsijata-na-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-zagrizhenost-vo-grtsija-za-poskapuvaneto-na-tsenite-i-situatsijata-na-bliskiot-istok/#respond Wed, 01 Nov 2023 09:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=895270

Речиси девет од десет Грци изразуваат голема (63 отсто) или прилична (23 проценти) засегнатост поради поскапувањето на цените, а 84 отсто се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток, според резултатите од новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Поскапувањето на цените е број еден проблем за Грците и со оглед на тоа дека речиси половината од анкетираните наведуваат дека храната е категоријата на семејни трошоци што најмногу ги загрижува. На политичката сцена, распоредот на силите останува непроменет, Нова демократија и понатаму доминира со 33,5 отсто, двојно повеќе од СИРИЗА што добива 15 проценти, а потоа следат ПАСОК- Движење на промена со три отсто помалку од СИРИЗА. Истражувањето на јавното мислење на „Pulse“ за телевизијата „Скај“ било спроведено од 26 до 30 октомври 2023 година со анкетирани 1.163 лица со право на глас.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-zagrizhenost-vo-grtsija-za-poskapuvaneto-na-tsenite-i-situatsijata-na-bliskiot-istok/feed/ 0
Истражување: Еден од двајца Грци сака да живее до 103 години https://arhiva.kurir.mk/svet/region/istrazhuvane-eden-od-dvajtsa-grtsi-saka-da-zhivee-do-103-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/istrazhuvane-eden-od-dvajtsa-grtsi-saka-da-zhivee-do-103-godini/#respond Tue, 31 Oct 2023 08:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=894769

Сакаат да живеат до 103 години, но сметаат дека ќе живеат до 82-годишна возраст, а идеално би било да се пензионираат на 61 година, покажуваат резултатите од истражувањето во Грција спроведено од групацијата НН, јави дописничката на МИА од Атина. Како што пренесуваат грчките медиуми, еден од двајца Грци смета дека идеалната возраст до која би сакал да живее е 103 години. Поконкретно, од истражувањето на осигурителната компанија, произлегува дека 69 отсто од Грците со нетрпение очекуваат да можат да живеат подолго, а 50 проценти веруваат дека се подготвени да живеат подолго. Според анкетираните клучните параметри за подобрување на долговечноста се: моќта на промените, менталната благосостојба, социјалните врски и доживотното учење. Од друга страна здравјето и благосостојбата, парите и финансиската безбедност; моќта на прилагодување во текот на животот, поставената цел во животот и пензионирањето се главните пет фактори за Грците, одговарајќи на прашањето дали се подготвени за долг живот. Во истражувањето на меѓународната компанија биле вклучени 11.585 лица, од кои 1.284 Грци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/istrazhuvane-eden-od-dvajtsa-grtsi-saka-da-zhivee-do-103-godini/feed/ 0
„Катимерини“: Грција и Турција блиску до договор за справување со мигрантскиот проблем https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-grtsija-i-turtsija-blisku-do-dogovor-za-spravuvane-so-migrantskiot-problem/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-grtsija-i-turtsija-blisku-do-dogovor-za-spravuvane-so-migrantskiot-problem/#respond Fri, 27 Oct 2023 12:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=893788

Постојано присуство на претставник на грчката крајбрежна служба во Измир и на турски службеник на Лезбос; „мораториум“ за непријателски изјави и визни олеснувања за турските граѓани на неколку грчки острови, се трите точки за кои веројатно ќе се договорат Грција и Турција за подобро справување со мигрантскиот проблем, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот, повикувајќи се на свои извори објави дека двете земји, се сè поблиску до договор, а разговорите се во тек. Крајниот рок, според „Катимерини“ е 7 декември односно до одржувањето на Високиот совет за соработка меѓу двете земји во Солун во присуство на грчкиот премиер и турскиот претседател, а целта, според весникот е на крајот да постои „меморандум за разбирање“ во кој би биле вклучени три точки. Прво, двете крајбрежни служби би размениле по еден службеник, односно од Грција службеник би заминал за турскиот град Измир, а од Турција на грчкиот остров Лезбос за да постои подобра комуникација за контрола на мигрантските бранови. - Целта е и грчката и турската страна да знаат „колку чамци“ поминуваат во секој момент и онаму каде што е потребно веднаш да се „пресретнат“. Планот е информирањето што сега се спроведува меѓу министрите и нивните канцеларии да стане институционално преку надлежните органи, односно крајбрежните служби, што ќе се обезбеди со присуство на двајцата службеници во соодветните центри, пишува „Катимерини“. Втората точка, според весникот е заложбата на двете земји да се избегнуваат „потпалувачки“ изјави и од двете страни, а третата се однесува на „активирање на едно старо барање на Анкара за полесно движење на турските граѓани на седум острови во источниот дел на Егејското Море“. Државјаните на Турција, доколку се постигне договорот, ќе можат да пристигнуваат на островите Родос, Лезбос, Самос, Хиос, Кос, Лерос и Кастелоризо, што се во близина на турското крајбрежје и на грчка територија да добиваат виза која ќе има важност од 12 месеци. Во понеделникот, министерот за миграција и азил на Грција Димитрис Керидис и министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја на нивната средба во Анкара се согласиле да работат заедно во борбата против криумчарењето мигранти и да ја зајакнат соработката против нелегалната миграција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/katimerini-grtsija-i-turtsija-blisku-do-dogovor-za-spravuvane-so-migrantskiot-problem/feed/ 0
Постигната конечна инвестициска одлука за изградба на интерконекторот меѓу Грција и Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignata-konechna-investitsiska-odluka-za-izgradba-na-interkonektorot-megu-grtsija-i-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignata-konechna-investitsiska-odluka-za-izgradba-na-interkonektorot-megu-grtsija-i-makedonija/#respond Wed, 25 Oct 2023 11:46:59 +0000 https://kurir.mk/?p=892925

Компаниите НОМАГАС од Северна Македонија и ДЕСФА од Грција постигнале конечна инвестициска одлука за интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, а изградбата се очекува да започне на почетокот на следната година, соопшти извршната директорка на ДЕСФА Мариа Рита Гали, јави дописничката на МИА од Атина. Гали, говорејќи на конференцијата на Економист што се одржува во Грција, рече дека „меѓу важните проекти на компанијата е и новата рута за извоз со Северна Македонија“. -Вчера со нашиот партнер НОМАГАС постигнавме конечна инвестициска одлука, па така проектот сега и официјално подготвен и ќе ја започнеме изградбата на почетокот на следната година, откри извршната директорка на ДЕСФА и паралелно им се заблагодари на грчките институции и на амбасадата на САД во Грција за поддршката и напорите. Минатиот месец НОМАГАС и ДЕСФА потпишаа договорот за вршење на надзор над изградбата, а финансирањето на надзорот и административната поддршка за реализација на проектот е обезбедено преку програмата WBIF, со Договор за инвестициски грант потпишан со ЕИБ во висина од 2.475.00 евра. Од НОМАГАС тогаш соопштија дека тоа беше значаен чекор за побрзо започнување на изградбата на интерконекторот, со оглед дека изборот на надзор над градбата е услов за избор на изведувач. Интерконекторот за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција предвидено е да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас. Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на водород. Во октомври 2016 година беше потпишан Меморандумот за разбирање меѓу Националните енергетски ресурси (НЕР) на Северна Македонија и Националниот оператор за пренос на гас на Грција (ДЕСФА). Нешто помалку од пет години подоцна двете земји потпишаа договор на политичко ниво, а во октомври 2021 година извршните директори на двете компании го потпишаа договорот за соработка за развој и изградба на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји. Проектот предвидено е да биде финализиран на средината на 2025 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignata-konechna-investitsiska-odluka-za-izgradba-na-interkonektorot-megu-grtsija-i-makedonija/feed/ 0
Нетанјаху – Мицотакис: Поддршка од Грција за Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/region/netanjahu-mitsotakis-poddrshka-od-grtsija-za-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/netanjahu-mitsotakis-poddrshka-od-grtsija-za-izrael/#respond Mon, 23 Oct 2023 12:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=892202

Правото на Израел на самоодбрана согласно меѓународното право и потребата да се заштитат цивилите, да се ослободат Израелците кои се држат во заложништво од Хамас и да се избегне хуманитарна криза, ги истакнал грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на средбата со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, јави дописничката на МИА од Атина. Мицоткис, како што соопштија од неговиот кабинет, ја изразил „згрозеност и болка поради терористичките напади на Хамас против Израел“, а Нетанјаху му се заблагодари за поддршката, истакнувајќи дека е потребна обединетост против Хамас. -Секогаш велам дека најдоброто нешто освен поддршката за Израел, е да си во Израел. Во Израел, како што си ти. Ги ценам вашата солидарност, вашата Влада и грчкиот народ, во овој мрачен час. Ова е битка на цивилизацијата против варварството. Ние сме на страната на цивилизацијата и мораме сите да се обединиме против Хамас, кој е Исламска држава (ИСИС), порача Нетанјаху на почетокот на средбата со Мицотакис. Грчкиот премиер посочи дека е во Израел, не само како сојузник, туку и како вистински пријател. -Од првиот момент Грција го одбрани и го поддржа правото на Израел на самоодбрана, според меѓународното право. Направивме многу јасна разлика меѓу Хамас и палестинскиот народ. Ќе продолжиме да ве поддржуваме и се надеваме дека што и да се случи мора да се случи без голема хуманитарна цена. Можете да сметате на нашата поддршка, на нашата помош, рече Мицотакис. Денешната посета на грчкиот премиер на Израел не беше претходно најавена, иако беше очекувано дека во некој момент ќе се реализира, со оглед на тоа што минатата седмица беше откажана од безбедносни причини.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/netanjahu-mitsotakis-poddrshka-od-grtsija-za-izrael/feed/ 0