грцијс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Mar 2019 06:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грцијс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Димитров на економскиот форум во Делфи, Грција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-na-ekonomskiot-forum-vo-delfi-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-na-ekonomskiot-forum-vo-delfi-grcija/#respond Fri, 01 Mar 2019 06:53:04 +0000 https://kurir.mk/?p=169665

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре ќе учествува на 4. „Делфи економски форум“, кој оваа година се одржува од 28 февруари до 3 март во истоимениот град во Грција. Како што соопшти МНР, на покана на основачот и претседател на Delphi Economic Forum, а под покровителство на претседателот на Хеленската Република, Прокопис Павлопулос, Димитров, вечер ќе се обрати на централниот настан на Форумот, кој оваа година тематски е посветен на „Предизвикот на инклузивниот раст“. Покрај министерот Димитров, во рамките на пленарната сесија свое обраќање ќе имаат и премиерот на Грција, Алексис Ципрас, шефот на диполоматијата на Кипар, Никос Христодулидис, потпретседателот на Владата на Романија, Ана Бирчал и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Министерот Димитров е првиот претставник на високо ниво од нашата земја кој ќе учествува на Форумот, чија цел е преку обединување на светските лидери да го продлабочи разбирањето на прашањата и предизвиците кои влијаат на глобалната заедница, Европската унија, поширокиот Медитерански регион, како и на Југоисточна Европа. На маргините на настанот, предвидено е шефот на македонската дипломатија да оствари и повеќе билатерални средби, наведуваат од МНР. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-na-ekonomskiot-forum-vo-delfi-grcija/feed/ 0