греалка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 25 Oct 2022 07:33:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png греалка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден град од регионот, но и едена европска метропола започнаа да наплаќаат за кафе под греалка – за цената ќе се размислите двапати дали да седнете https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-grad-od-regionot-no-i-edena-evropska-metropola-zapochnaa-da-naplakjaat-za-kafe-pod-grealka-za-cenata-kje-se-razmislite-dvapati-dali-da-sednete/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-grad-od-regionot-no-i-edena-evropska-metropola-zapochnaa-da-naplakjaat-za-kafe-pod-grealka-za-cenata-kje-se-razmislite-dvapati-dali-da-sednete/#respond Tue, 25 Oct 2022 07:33:45 +0000 https://kurir.mk/?p=750052

Едно кафуле во Загреб почна да наплаќа седење под греалки, а како што стојат работите, овој рецепт за намалување на трошоците ќе го применуваат многу ресторани. Кафето со греалка чини 14 куни, а без – 12 куни. Секој гостин во ова загрепско кафуле кој сака да седне на терасата под греалка, покрај сметката за консумација мора да плати дополнителни две куни за греење. „Мислам дека греалките надвор се луксуз, во зима. Имаме доволно внатрешен простор, ако некој навистина сака да биде надвор, ќе ги вклучиме греалките, но едноставно тој дел од трошокот треба да го префрлиме на крајниот корисник“, изјави Иван Орешковиќ, сопственик на ресторанот. Сопственикот се одлучил на овој потег поради трипати повисоките сметки за струја, кои пораснале за 200 отсто. Лани еден киловат чинел 55 липи, а годинава една куни и 65 липи. Дополнителни 5 или 10 евра, им се бараат на гостите во кафеаните во Виена, ако седнат на терасите кои се греат со греалки, пишува Вечерњи лист. „Ако тоа не ви одговара, можете да влезете во ресторанот, каде што е топло“, им рекла сопственичката на оние гостите кои реагирале, за кои вели дека ги нема многу и дека реакциите на гостите се прилично позитивни. Како и сите други, и многу австриски ресторани „стенкаат“ поради експлозијата на трошоците за струја и гас. Енергетската криза веќе зафати некои од нив во Австрија, а тие ги затвораат локалите. Ако седнете на мала маса за четворица, тоа чини 5 евра, а за двојно повеќе, 10 евра, пишува таблоидот „Хојте“. Многу гости сега одат само на тераса за да пијат аперитив, а потоа продолжуваат да јадат и пијат во ресторанот, велат угостителите. „Надвор седите во просек по 30 минути, досега ние го плаќавме тој трошок. Секој греач троши приближно 2 киловати на час, тоа би било два пати по 1,6 што е еднакво на 3,2 куни, а за тоа плаќавме една куна. Разликата ја префрливме на гостите, а главниот дел од трошокот го задржуваме за себе“, објаснува сопственикот. Ова е единственото кафуле во земјава кое на ценовникот има греалка. Граѓаните се поделени за сѐ, некои се спремни да ги дадат тие две куни ако се задоволни од услугата, но други сметаат дека тоа не е фер. Како што стојат работите, ваквиот рецепт за намалување на трошоците и опстанок ќе го применуваат многу ресторани, пишува RTL. Сепак, за некои од нив наплатата за греење е последна опција. „Не можеме да ги зголемиме цените за да бидеме во чекор со трошоците, а сега тоа мораме да го покриваме на различни начини. Максимално ќе го избегнувам, односно конкретно што се однесува до греалките на терасите, нема да ги наплаќаме, но го разбирам секој мој колега што го применува“, посочува Леонард Топиќ, сопственик на ресторан во Загреб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-grad-od-regionot-no-i-edena-evropska-metropola-zapochnaa-da-naplakjaat-za-kafe-pod-grealka-za-cenata-kje-se-razmislite-dvapati-dali-da-sednete/feed/ 0
Позната причината поради која избувна пожар во зграда во Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznata-prichinata-poradi-koja-izbuvna-pozar-vo-zgrada-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznata-prichinata-poradi-koja-izbuvna-pozar-vo-zgrada-vo-gevgelija/#respond Wed, 31 Jul 2019 07:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=224972

Греалка е причина за пожарот кој вчера околу пладне избувна во станбена зграда во Гевгелија. Од МВР информираат дека по извршениот увид, утврдено е дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите. Пожарот бил пријавен во 12 часот, на улица „Ристо Чавдаров“, во колективна станбена зграда при што биле опожарени станови од поткровјето. Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/poznata-prichinata-poradi-koja-izbuvna-pozar-vo-zgrada-vo-gevgelija/feed/ 0
Ова мора да го знаете и да внимавате: Пожарникари предупредуваат на опасноста од употреба на електрични греалки https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-mora-da-go-znaete-i-da-vnimavate-pozarnikari-predupreduvaat-na-opasnosta-od-upotreba-na-elektrichni-grealki/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-mora-da-go-znaete-i-da-vnimavate-pozarnikari-predupreduvaat-na-opasnosta-od-upotreba-na-elektrichni-grealki/#respond Thu, 22 Nov 2018 12:40:34 +0000 https://kurir.mk/?p=130791

Со студеното време се јавува зголемена потреба од електрични греалки. Американските пожарникари секоја година ги предупредуваат Американците да внимаваат како ги поврзуваат греалките. Имено, греалките што се користат во овие области, исто така, имаат два главни проблеми кои се поврзани со невниманието на корисникот. Пред сè, важно е греалките да не се ставаат во близина на лесно запаливи предмети и да не ги оставате вклучени кога ќе излезете од дома. Уште поважно, греалката треба да биде вклучена директно во ѕидот, а не со продолжени кабли како што прават многумина. Продолжните кабли понекогаш едноставно не можат да издржат толку многу енергија и се прегреваат. Инаку, електричните греалки предизвикуваат повеќе од 50.000 пожари годишно во САД, а животот го губат стотици луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-mora-da-go-znaete-i-da-vnimavate-pozarnikari-predupreduvaat-na-opasnosta-od-upotreba-na-elektrichni-grealki/feed/ 0