греење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 18 Dec 2022 09:31:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png греење – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кличко: Обновено греење во замрзнатиот Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-obnoveno-greenje-vo-zamrznatiot-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-obnoveno-greenje-vo-zamrznatiot-kiev/#respond Sun, 18 Dec 2022 09:53:09 +0000 https://kurir.mk/?p=777176

Греењето е целосно обновено во Киев по последното руско бомбардирање на водоводната и енергетската инфраструктура, изјави денеска градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко. „Градот ги обновува сите услуги по последното гранатирање“, напиша Кличко на апликацијата за размена на пораки Телеграм. „Конкретно, системот за снабдување со топлинска енергија во главниот град е целосно обновен. Сите извори на топлинска енергија работат нормално“, напиша Кличко. Украинските власти соопштија дека Русија истрелала повеќе од 70 проектили во петокот во еден од најжестоките напади од инвазијата на 24 февруари, предизвикувајќи прекин на електричната енергија низ целата земја и прекин на пристапот до греење и вода. Температурите во Киев и многу места низ Украина изутринава беа под нулата, а до вечер се прогнозира живата во термоматарот главниот град да се спушти до минус 6 Целзиусови степени. Киев е убедливо најголемиот град во Украина со проценето население од околу три милиони жители, а уште два милиони живеат во регионот на Киев. Од вчера третина од градот остана без струја. Сергеј Коваленко, извршен директор на ЈАСНО, фирма што го снабдува Киев со електрична енергија, изјави доцна синоќа дека снабдувањето со електрична енергија се зголемува секој час. „Ситуацијата останува тешка и критична“, објави Коваленко на својот Фејсбук профил.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-obnoveno-greenje-vo-zamrznatiot-kiev/feed/ 0
15 ДЕНА ПРЕД ПРВИ: АД ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/15-dena-pred-prvi-ad-esm-objavi-oglas-na-nabavka-na-gas-za-toplanite-za-period-januari-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/15-dena-pred-prvi-ad-esm-objavi-oglas-na-nabavka-na-gas-za-toplanite-za-period-januari-april/#respond Thu, 15 Dec 2022 09:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=775917

ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април. -Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Р. Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба , за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди. Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01-30.04.2023, се вели во соопштението. Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период. Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/15-dena-pred-prvi-ad-esm-objavi-oglas-na-nabavka-na-gas-za-toplanite-za-period-januari-april/feed/ 0
Овие грешки ги прават речиси сите кои се греат на дрва: Како да заштедите во текот на зимата? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-greshki-gi-pravat-rechisi-site-koi-se-great-na-drva-kako-da-zashtedite-vo-tekot-na-zimata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-greshki-gi-pravat-rechisi-site-koi-se-great-na-drva-kako-da-zashtedite-vo-tekot-na-zimata/#respond Wed, 07 Dec 2022 20:29:44 +0000 https://kurir.mk/?p=772517

Печките на дрва се главните уреди за греење на голем број домаќинства во Македонија. Ваквите печки мора да бидат професионално инсталирани, а нивниот капацитет да одговара на големината на просторот што го загрева. Доколку имате камин, а не е во функција, потребно е да ја затворите вратата за да спречите загуба на топлина низ оџакот. Не е неопходно огништето да се преполни со дрва. Ефикасноста е подобра ако ложиштето е исполнето со помали количини дрва. За да се постигне најдобро можно согорување и ефикасност на системот, трупците не треба да бидат поголеми од 10-15 сантиметри. Местото каде што го чувате дрвото мора да биде суво, бидејќи во спротивно дрвото станува повлажно и горењето е потешко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-greshki-gi-pravat-rechisi-site-koi-se-great-na-drva-kako-da-zashtedite-vo-tekot-na-zimata/feed/ 0
АД ЕСМ: Греење ќе има, гас и топлинска енергија се навремено набавени за цел декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ad-esm-greenje-kje-ima-gas-i-toplinska-energija-se-navremeno-nabaveni-za-cel-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ad-esm-greenje-kje-ima-gas-i-toplinska-energija-se-navremeno-nabaveni-za-cel-dekemvri/#respond Wed, 30 Nov 2022 09:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=768746

АД ЕСМ ги известува граѓаните на Скопје дека испораката на топлинска енергија тече непречено и дека така и ќе продолжи и во следниот период. -За месец декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС и топлинска енергија од ТЕ ТО. АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови. Ги демантираме написите на ТВ Телма дека гас има за еден ден. Редакцијата пред два доби одговор од АД ЕСМ дека компанијата располага и со гас и со средства за набавка на гас и дека нема никакви проблеми  околу испораката на греење за Скопје во следниот период, велат од АД ЕСМ.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ad-esm-greenje-kje-ima-gas-i-toplinska-energija-se-navremeno-nabaveni-za-cel-dekemvri/feed/ 0
ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА ГИ СМРЗНА БЛНИТЕ ВО ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА: На 10 степени се прегледуваат пациенти! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-kriza-gi-smrzna-blnite-vo-veleshkata-bolnica-na-10-stepeni-se-pregleduvaat-pacienti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-kriza-gi-smrzna-blnite-vo-veleshkata-bolnica-na-10-stepeni-se-pregleduvaat-pacienti-foto/#respond Tue, 22 Nov 2022 20:58:00 +0000 https://kurir.mk/?p=765001

На температура од 10 степени целзиусови се прегледуваат пациенти во велешката болница, тврди инфектологот Славица Трајкова. Таа во фејцбук статус посочува дека Одделот за инфективни болести во велешката болница треба да се награди за енергетско штедење. Притоа објави и фотографија од термометар кој покажува дека во просторијата има 10 степен Целзиусови. На таа температура се прегледуваат пациенти, како деца, така и стари лица. Трајкова иронично коментира дека може да се исклучат и фрижидерите во кои се чуваат вакцини и серуми, бидејќи собната температура одговара на „ладен синџир“. Во оваа болница, и покрај најавената модернизација, лекарите сами си купуваат стетоскопи, објаснува инфектологот. Таа додава: „Ништо поразлично и во болничките соби… Ама таму има ќебиња. Што беше тоа исправен апарат за крвен притисок, или ЕКГ апарат или исправен пулсоксиметар?!“ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/energetskata-kriza-gi-smrzna-blnite-vo-veleshkata-bolnica-na-10-stepeni-se-pregleduvaat-pacienti-foto/feed/ 0
Поради оваа грешка сметките ви се астрономски: Еве како да штедете ако се греете на струја https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ovaa-greshka-smetkite-vi-se-astronomski-eve-kako-da-shtedete-ako-se-greete-na-struja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ovaa-greshka-smetkite-vi-se-astronomski-eve-kako-da-shtedete-ako-se-greete-na-struja/#respond Thu, 17 Nov 2022 21:27:51 +0000 https://kurir.mk/?p=762492

Доколку не сте размислувале за греење и како ќе ги регулирате високите сметки за струја, ви даваме неколку предлози доколку во вашиот стан - куќа ја имате популарната ТА печка, а во тој случај да го загреете просторот за живеење, за да ви биде удобно во студените денови. Првото нешто што треба да знаете е дека ТА печка треба да биде под прозорецот или до најстудениот ѕид и оддалечен 20 cm од нив. Друго важно правило е да не се блокира изворот на топлина, што значи дека просторот пред печката не смее да биде затворен. И никогаш не чувајте чинии или други незапаливи предмети на печката, го намалувате ширењето на топлина и затоа ќе мора да работи подолго за да ги загрее просториите. За ТА печката да биде навистина економична, потребно е да се полни со топлинска енергија, односно греалките да работат само кога има евтина струја. Доколку сакате да го искористите целиот нејзин потенцијал и да не ја надминете потрошувачката, важно е таа да не е премал за просторијата што ја загрева. Во спротивно, за да ја достигнете саканата температура, ќе мора често да го вклучувате ослободувањето на топол воздух и на тој начин акумулираната топлинска енергија брзо ќе се троши, па ќе треба да се дополни во време кога струјата е прилично скапа. И тоа е една од најчестите грешки што ги прават повеќето луѓе. Друга грешка што ја прават е тоа што не користат тајмер. За да може ТА пеката секогаш да работи кога има евтина струја, најдобро е да набавите специјални тајмери ​​кои можат автоматски да се вклучат, за да не чекате полноќ или ако сте нетрпеливи, да ја вклучите печката порано. а со тоа се троши скапа струја. Друга голема грешка е исклучувањето на печката кога не сте дома. Ќе потроши многу повеќе за да се подгрее отколку да одржува млака температура цело време. Затоа поставете го термостатот на 15-16 степени кога не сте дома. Истото важи и за бојлерот, ако го исклучите, знајте дека правите огромна грешка, затоа што ќе троши многу повеќе струја за да се загрее водата што може да се вклопи во него по волумен, наместо само да се подгрее искористената вода. Оваа кутија за мерење температура не ја поставувајте на надворешни ѕидови, а најдобро е тие да се на висина од 1,5 m. А кога сте дома, оптимално е да ја одржувате температурата на 22 степени. Ако се зголеми за само еден степен, ќе ја зголемите и потрошувачката на струја за цели 6 проценти, а тоа многумина не го знаат! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poradi-ovaa-greshka-smetkite-vi-se-astronomski-eve-kako-da-shtedete-ako-se-greete-na-struja/feed/ 0
Дали собата ви е ладна и покрај греењето? Поставете алуминиумска фолија на ова место и ќе го решите проблемот! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-sobata-vi-e-ladna-i-pokraj-greenjeto-postavete-aluminiumska-folija-na-ova-mesto-i-kje-go-reshite-problemot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-sobata-vi-e-ladna-i-pokraj-greenjeto-postavete-aluminiumska-folija-na-ova-mesto-i-kje-go-reshite-problemot/#respond Wed, 16 Nov 2022 15:03:09 +0000 https://kurir.mk/?p=761747

Алуминиумска фолија Ставете алуминиумска фолија на задниот дел од радијаторот за да не ја изгубите топлината. На овој начин топлиот воздух ќе го пренасочите кон центарот на вашата соба. Ќебиња и теписи Ќебињата и теписите го спречуваат собирањето на студениот воздух во просторијата. Ако вашата изолација на подот не е добра, дури 10 проценти од топлиот воздух може да се апсорбира во студениот под. Теписите се одлични изолатори, а исто така ќе ви ги загреат стапалата. Завеси Наутро отворете ги ширум завесите и пуштете ја утринската светлина во собата. Повлечете ги завесите на сите прозорци пред да одите во кревет. Во повеќето домови, греењето е слабо или воопшто не постои во текот на ноќта, а завесите ќе спречат топлиот воздух да излегува низ прозорците на вашите соби. Завесите кои ги користите во зима треба да бидат што погусти, бидејќи така подолго ќе ја задржите топлината. Украсете ги ѕидовите Поставувањето огледала, фотографии и слики на ѕидовите ќе спречи загуба на топлина. Дури и подебел постер може да создаде дополнителен слој на изолација, кој ја зголемува температурата во станот и на тој начин ги спречува студените ѕидови да „впиваат“ топол воздух. Исто така, се препорачува да не се загреваат ходникот и просториите што не се во употреба. Така, ќе спречите непотребно губење на топлина и ќе ја одржувате собата топла, пишува City Magazine.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dali-sobata-vi-e-ladna-i-pokraj-greenjeto-postavete-aluminiumska-folija-na-ova-mesto-i-kje-go-reshite-problemot/feed/ 0
Пендаровски: Ако нема парно за скопјани, ние дома во вила „Водно“ ќе го исклучиме греењето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ako-nema-parno-za-skopjani-nie-doma-vo-vila-vodno-kje-go-iskluchime-greenjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ako-nema-parno-za-skopjani-nie-doma-vo-vila-vodno-kje-go-iskluchime-greenjeto/#respond Mon, 03 Oct 2022 20:23:32 +0000 https://kurir.mk/?p=740642

Владата е децидна дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври и дека скопјани нема да останат без парно греење. Тоа нека биде тест дали Владата со сите најавени мерки за ублажување на ефектите од кризата, ќе го помине тој тест, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски. -Колку што јас знам околу 60 илјади скопјани се греат на парно греење и и ако тука крахираат, јасно ќе биде дека во еден дел не го испорачуваат она што го ветиле пред граѓаните, рече Пендаровски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Прашан дали вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин. -Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам, рече Пендаровски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ako-nema-parno-za-skopjani-nie-doma-vo-vila-vodno-kje-go-iskluchime-greenjeto/feed/ 0
Тренчевска уверува: Греење за градинките ќе има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-uveruva-greenje-za-gradinkite-kje-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-uveruva-greenje-za-gradinkite-kje-ima/#respond Tue, 27 Sep 2022 08:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=737850

Не треба да се плашат ниту родителите, ниту општините дека може да се доведе во случај да нема парно во градинките. Парно ќе има и за граѓаните и за градинките, бидејќи Владата е одговорна, се грижиме за граѓаните и ја менаџираме енергетската криза, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Во одговор на новинарско прашање на денешната средба на Министерството за труд и социјална политика и Националниот совет за родова рамноправност, Тренчевска посочи дека греење за градинките и сите останати институции ќе има, како и дека градинките не се на индустриска струја, па со тоа, како што истакна, немаат големи сметки, а голем дел од нив се енергетски ефикасни, со што заштедуваат електрична енергија. -Покрај блок дотациите за платите, што МТСП ги исплаќа, префрлуваме средства за материјални трошоци. Меѓутоа, градинките си имаат сопствени средства, како доплатата на родителите за сместување на децата во градинките, така што одговорноста за плаќањето на комуналии, вклучително и сметките за електрична енергија е обврска на основачот на градинката, а тоа е Општината, додаде министерката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-uveruva-greenje-za-gradinkite-kje-ima/feed/ 0
„Изработи сам“: Едноставен, евтин начин за греење дома https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izraboti-sam-ednostaven-evtin-nachin-za-greenje-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izraboti-sam-ednostaven-evtin-nachin-za-greenje-doma/#respond Mon, 26 Sep 2022 08:38:15 +0000 https://kurir.mk/?p=737456

Цените на струја и гас во Европа светот и натаму уриваат рекорди, па луѓето се обидуваат да најдат поевтин, а делотворен начин на затоплување дома оваа зима. Така, на интернет се појави „изработи сам“ греалка од свеќи (препорачливо ниски) и садови од глина. За овој импровизиран уред, клучно е да се има повеќе садови со различни големини. Концептот е следен… Глинена саксија се поставува на држач којшто ја одвојува од основата – глинена чинија превртена наопаку. Подлабокиот сад треба да ја собира топлината од свеќите поставени запалени под него. Просторот под саксијата мора да биде отворен за свеќите да имаат кислород за согорување, а со затвореноста, сѐ тоа ја засилува топлината, па тоа уште посилно зрачи во просторот. Следачите се задоволни од оваа видеолекција. Друг корисник направил своја верзија на овој дизајн, па ги снимил резултатите со термална камера, почнувајќи од 22,2 Целзиусови степена, достигнувајќи до 50,6 степени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izraboti-sam-ednostaven-evtin-nachin-za-greenje-doma/feed/ 0