Грегоријански календар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Dec 2021 11:39:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Грегоријански календар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Втор година по ред Божиќ по грегоријанскиот календар се прославува со рестриктивни мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-godina-po-red-bozikj-po-gregorijanskiot-kalendar-se-proslavuva-so-restriktivni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-godina-po-red-bozikj-po-gregorijanskiot-kalendar-se-proslavuva-so-restriktivni-merki/#respond Fri, 24 Dec 2021 11:39:28 +0000 https://kurir.mk/?p=612605

Милијарди луѓе ширум светот се подготвуваат денеска повторно да го прослават Божиќ во услови на пандемија со Ковид-19 и ширењето на сојот омикрон, поради што се воведени нови ограничувања ширум светот. Израел и годинава ги затвори границите поради што нема да имаа аџии за Божиќ во Витлеем. Меѓутоа, во Стариот град во Витлеем беше организирана празнична поворка, која започна во девет часот по локално време, недалеку од храмот Христово раѓање. На маршот присуствуваа Палестинци и странци кои живеат во Израел. Како и минатата година, во храмот Христово раѓање ќе се служи празнична полноќна богослужба со учество на мал број верници, како што налагаат правилата за борба против коронавирусот. Во Ватикан традиционалната Божиќна миса ќе ја отслужи папата Франциск во 19.30 часот по локално време во базиликата Свети Петар, а утре папата по повод Божиќ ќе го даде традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ (Urbi et Orbi). Божиќните прослави во Холандија, САД и Шпанија ќе бидат обележани со ограничувања поради Ковид-19 и откажување на некои настани поради ширење на сојот омикрон. Сепак, милиони Американци се подготвуваат да патуваат за време на празниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-godina-po-red-bozikj-po-gregorijanskiot-kalendar-se-proslavuva-so-restriktivni-merki/feed/ 0
Зошто Божиќ не го слават сите во ист ден? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-bozikj-ne-go-slavat-site-vo-ist-den/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-bozikj-ne-go-slavat-site-vo-ist-den/#respond Wed, 25 Dec 2019 08:17:28 +0000 https://kurir.mk/?p=281957

Многу христијански верници во светот денеска го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, додека помал дел од христијаните Божиќ го празнуваат за 13 дена, на 7 јануари, според Јулијанскиот календар. Грегоријанскиот или „нов‟ календар е наречен по папата Гргур 13, кој го вовел со папска була во 1582 година. Тој календар веднаш го прифатиле Италија, Полска, Португалија и Шпанија, а набрзо и останатите католички земји. Протестантските земји го прифатиле Грегоријанскиот календар многу подоцна, а православните дури во 20 век. Меѓутоа, Јулијанскиот календар кој го вовел Јулије Цезар во 46 година пред новата ера и кој од Грегоријанскиот се разликува за 13 дена, и денес го користат некои национални православни цркви, меѓу кои се српската, црногорската и македонската. Божиќ според Јулијанскиот календар на 7 јануари го слават и руската и грузиската православна црква, Ерусалимската патријаршија, Коптите и некои манастири на Света гора во Грција. Новиот календар го прифатија грчката, романската, бугарската православна црква, но тие не го прифатија грегоријанскиот календар, туку ревидираниот или реформиран Јулијански календар, по предлог на научникот Милутин Миланковиќ. Календарот на Миланковиќ настанал во 1923 година. Со него за многу православни цркви е прекинат 340 години расчекор меѓу Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар, кој во меѓувреме стана меѓународен календар. Календарот на Миланковиќ важи за попрецизен од Грегоријанскиот бидејќи според него до 2800 година не би дошло до никакво разидување со стариот календар. Според Грегоријанскиот календар, сегашната разлика од 13 дена во однос на Јулијанскиот, во 2100 година би се зголемила на 14 дена. Разликата меѓу двата календари е во тоа што Грегоријанскиот има 97 престапни години во секои 400, а Јулијанскиот има 100. Според Јулијанскиот календар, престапна е секоја четврта година, додека со Грегоријанскиот календар е воведено т.н. секуларно правило во кое годините деливи со 100 се секуларни т.е. обични години, освен ако се деливи со 400, кога се престапни. Така на пример, 1700, 1800, 1900 и 2100 година се престапни според Јулијанскиот, а обични според Грегоријанскиот календар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zoshto-bozikj-ne-go-slavat-site-vo-ist-den/feed/ 0