Гренланд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Oct 2023 13:49:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гренланд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гренланд нема да го менува летното сметање на времето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grenland-nema-da-go-menuva-letnoto-smetane-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grenland-nema-da-go-menuva-letnoto-smetane-na-vremeto/#respond Sat, 28 Oct 2023 13:49:45 +0000 https://kurir.mk/?p=893999

Гренланд утре за првпат нема да го менува часовникот во зимско сметање на времето, јави ДПА. Владата на Гренланд во ноември 2022 година донесе одлука да го укине летното и зимското сметање на времето на островот. Островот официјално е дел од Данска, но во голема мера е самоуправен. Наместо тоа, Гренланд трајно ќе остане во временската зона UTC/GMT-2. Поголемиот дел од Европа, вклучително и Данска, утре ќе ги врати часовниците за еден час наназад за да се премести од летно во зимско сметање на времето. Малиот град Итокортурмит (Ittoqqortoormiit) во источен Гренланд е единствениот дел од островот што утре ќе ги врати часовниците. Според владата, градот ќе се приклучи на новата временска зона на островот во март 2024 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grenland-nema-da-go-menuva-letnoto-smetane-na-vremeto/feed/ 0
Ковид меѓу патниците на насуканиот брод на Гренланд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-megu-patnitsite-na-nasukaniot-brod-na-grenland/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-megu-patnitsite-na-nasukaniot-brod-na-grenland/#respond Thu, 14 Sep 2023 11:37:12 +0000 https://kurir.mk/?p=878012

Тројца патници на насуканиот брод за крстарење „Оушн Експлорер“ се заразени со коронавирус, соопшти денеска операторот со бродот Аурора експедиции. Луксузниот крузер се насука на Гренланд, а на него има 206 луѓе. Информациите за заразените беа објавени по третиот неуспешен обид за ослободување на бродот, откако друг брод вчера се обиде да го извлече крузерот за време на плима. На почетокот на оваа недела, бродот за крстарење имаше два неуспешни обиди да исплови при висока плима.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kovid-megu-patnitsite-na-nasukaniot-brod-na-grenland/feed/ 0
На Гренланд откриена риба што самата се штити од замрзнување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-grenland-otkriena-riba-shto-samata-se-shtiti-od-zamrznuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-grenland-otkriena-riba-shto-samata-se-shtiti-od-zamrznuvanje/#respond Tue, 23 Aug 2022 11:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=722587

На Гренланд, под ледените брегови е откриен нов вид риба, што има способност да се прилагоди на живот во екстремни услови. Според начниците, низ телото на рибата тече флуоресцентен зелен „природен антифриз“, којшто всушност, содржи високо ниво протеини што го спречува замрзнувањето на суштеството. – Протеинот од антифризот се лепи на површината на малите кристали мраз и ги спречува да прераснат во големи кристали… Факт е дека овие протеини пронајдени во рибите ја покажаа способноста на овие организми да се приспособат и да преживеат во екстремни живеалишта, вели соавторот Дејвид Грубер, научен соработник во Американскиот музеј за природна историја и професор по биологија на Универзитетот на Њујорк. Според него, рибите од Северниот и Јужниот Пол независно ги развиле овие антифриз-протеини. Тие првпат се откриени кај некои риби коишто живееле на Антарктикот пред речиси 50 години. За разлика од ладнокрвните влекачи и инсекти, рибите не можат да преживеат доколку се замрзнат течностите во нивното тело, бидејќи тогаш во нивниот крвоток се создаваат кристали мраз. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-grenland-otkriena-riba-shto-samata-se-shtiti-od-zamrznuvanje/feed/ 0
Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-se-izvini-za-nehuman-eksperiment-vrz-deca-od-grenland/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-se-izvini-za-nehuman-eksperiment-vrz-deca-od-grenland/#respond Wed, 09 Mar 2022 17:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=644264

Шест луѓе однесени како деца од Гренланд во Данска како дел од социјален експеримент денеска добија извинување од данската Влада за вежба што „никогаш не требало да се случи“. Група од 22 деца од Гренланд – од кои шест сè уште се живи – биле земени од нивните семејства во 1951 година и испратени во Данска, во обид да се создадат услови кои ќе им дадат подобар живот. Тие го научиле данскиот јазик и требало да бидат одгледувани да бидат дел од елитното општество со надеж дека ќе одиграат клучна улога во развојот на општеството во Гренланд и Данска. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-se-izvini-za-nehuman-eksperiment-vrz-deca-od-grenland/feed/ 0
АЛАРМАНТНО: Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantno-pokrivkata-na-grenland-zagubi-4-700-milijardi-toni-mraz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantno-pokrivkata-na-grenland-zagubi-4-700-milijardi-toni-mraz/#respond Wed, 02 Feb 2022 07:15:51 +0000 https://kurir.mk/?p=625676

Огромната ледена покривка на Гренланд изгуби 4.700 милијарди тони мраз за 20 години, што предизвика зголемување на нивото на океаните за 1,2 сантиметри, покажуваат новите податоци од данско истражување на Арктикот, објавено оваа недела. Тој волумен на стопен мраз, кој би ја покрил површината на САД со половина метар вода, е особено важен за брегот на Гренланд, според истражувањето засновано на сателитско следење на програмата „Грејс“. „Од почетокот на мерењата во април 2002 година, ледената покривка на Гренланд изгуби околу 4.700 гигатони мраз“, објави Полар Портал (Polar Portal), чадор организација на данските институти за Арктикот. „Тоа топење на мразот придонесе за подигнување на нивото на морето за 1,2 сантиметри“, се додава. „Податоците покажуваат дека најголем дел од загубата на мразот се случува на рабовите на ледената покривка, каде што мразот се повлекува, дека ледените фронтови се повлекуваат во фјордовите и на копно, и оти топењето е посилно на површината на мразот“, објасни организацијата. Според овие податоци, особено е погоден западниот брег на Гренланд. Глобалното затоплување е особено алармантно на Арктикот, каде што во последните децении е три до четири пати побрзо отколку во останатиот дел на светот, покажуваат најновите научни истражувања. Според истражување што го објави НАСА кон крајот на јануари, забрзаното топење на мразот во близина на брегот се должи на затоплувањето на Арктичкиот океан, што придонесува „барем како и површинскиот воздух“ за намалување на ледената покривка. Топењето на мразот на Гренланд моментално е главната причина за зголемувањето на нивото на океаните на Земјата. Глечерите на Гренланд се повлекуваат шест до седум пати побрзо отколку пред 25 години, според НАСА. Според климатолозите, на Гренланд има толку многу мраз што доколку се стопи нивото на океаните би можело да се зголеми за повеќе од седум метри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/alarmantno-pokrivkata-na-grenland-zagubi-4-700-milijardi-toni-mraz/feed/ 0
Мразот на Гренланд екстремно се топи, на светот му се закануваат големи поплави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mrazot-na-grenland-ekstremno-se-topi-na-svetot-mu-se-zakanuvaat-golemi-poplavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mrazot-na-grenland-ekstremno-se-topi-na-svetot-mu-se-zakanuvaat-golemi-poplavi/#respond Tue, 02 Nov 2021 21:29:34 +0000 https://kurir.mk/?p=590015

Приближно 3,5 илјади милијарди тони мраз стопен на Гренланд во изминатата деценија го подигна нивото на морето за еден сантиметар и ја зголеми заканата од поплави ширум светот, предупредува нова студија објавена во понеделникот. Ледената покривка на најголемиот остров во светот содржи доволно замрзната вода за да го подигне нивото на океаните за шест метри, а фреквенцијата на екстремно топење во областа се зголемува во последните 40 години. Иако Гренланд е едно од местата во светот кои климатолозите најмногу ги проучуваат, студијата објавена во понеделникот е прва што користи сателитски податоци за откривање на истенчувањето на ледената покривка. Според списанието Nature Communications, во изминатите четири децении загубата поради топењето пораснала за 21 отсто. Поплави во крајбрежните делови на светот Според Европската вселенска агенција, ледената покривка изгубила 3,5 илјади милијарди тони мраз од 2011 година, со што се произведува доволно вода за да се подигне нивото на светските океани и да се држат крајбрежните заедници во состојба на висока готовност поради ризикот од поплави. Третина од мразот стпен во последната деценија се случи во изминатите две топли лета - во 2012 и во 2019 година. Сликите покажуваат значителни годишни варијации во топењето на мразот и во комбинација со температурните податоци покажаа дека топлотните ударии се сѐ поголема главна причина за губење на мразот - повеќе од зголемувањето на глобалните температури. „Како што видовме во другите делови на светот, Гренланд е исклучително ранлив на растот на екстремните временски настани“, вели Томас Слејтер, водач на студијата во Центарот за поларна опсервација и моделирање на Универзитетот во Лидс. „И како што се зголемува затоплувањето, треба да се очекува дека топењето на Гренланд ќе се случува почесто“, вели Слејтер. Предвидувањето колку топењето на Гренланд ќе придонесе за зголемување на нивото на морето е тешко за научниците, кои исто така мора да го земат предвид зголеменото топење на другите глечери. Како што океаните се загреваат и водата се шири, така се зголемува и нивото на морето. Авторите на студијата објавена во понеделникот, рекоа дека сателитските податоци им овозможиле брзо и прецизно да проценат колку мраз на Гренланд се стопил во таа година и да го претворат во пораст на нивото на морето. „Проценките на моделите сугерираат дека ледената покривка на Гренланд ќе придонесе меѓу 3 и 23 сантиметри на глобалното зголемување на нивото на морето до 2100 година“, вели коавторот на студијата Амбер Лисон од британскиот универзитет Ланкастер. „Ова ќе ни овозможи подобро да го разбереме сложениот процес на топење на мразот... и ќе ни овозможи подобро да го процениме идното покачување на морското ниво“, рече таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mrazot-na-grenland-ekstremno-se-topi-na-svetot-mu-se-zakanuvaat-golemi-poplavi/feed/ 0
ЗАГРИЖУВАЧКИ: Прв пат заврна дожд на Гренланд на висина од 2.600 метри https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagrizuvachki-prv-pat-zavrna-dozd-na-grenland-na-visina-od-2-600-metri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagrizuvachki-prv-pat-zavrna-dozd-na-grenland-na-visina-od-2-600-metri/#respond Fri, 20 Aug 2021 06:25:59 +0000 https://kurir.mk/?p=552861

Прв пат откако се врши мерење падна дожд, а не снег на еден леден врв на Гренланд на висина од 2.600 метри. Температурите на гренландскиот врв за време на викендот биле над нулата, трет пат за помалку од 10 години, јавува Си-Ен-Ен. Топлиот воздух донел силен дожд, наврнале седум милијарди тони вода на заледената површина. Ова биле најголемите врнежи на врвот на Гренланд откако почнале мерењата во 1950 година, според податоците на американскиот Државен центар за снег и лед. Количината на мразот кој е изгубен во неделата е седум пати поголема од дневниот просек за ова време од годината. Научниот од Центарот изјавил дека ова е доказ дека Гренланд забрзано се загрева. -Она што се случува не е само топла декада или две во необичен климатси шаблон. Ова е без преседан, истакнал Тед Скамбос за Си-Ен-Ен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zagrizuvachki-prv-pat-zavrna-dozd-na-grenland-na-visina-od-2-600-metri/feed/ 0
Безос и Гејтс со свој удел во голем заеднички проект https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bezos-i-gejts-so-svoj-udel-vo-golem-zaednichki-proekt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bezos-i-gejts-so-svoj-udel-vo-golem-zaednichki-proekt/#respond Wed, 11 Aug 2021 08:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=549087

Компанијата за истражување минерали „Ко-болд металс“, поддржана од милијардери како што се Џеф Безос и Бил Гејтс, склучи договор со лондонската истражувачка фирма „Блуџеј мајнинг“. Договорот вклучува потрага на Гренланд по материјали што се користат во електричните возила. „Ко-болд“ користи вештачка интелигенција и машинско учење за ловењето суровини и, ќе плати 15 милиони долари за проектот „Диско-Нусак“ на западниот брег на Гренланд во замена за 51 отсто од акциите во проектот, соопшти „Блуџеј“. Лиценцата важи за метали како што се никел, бакар, кобалт и платина, а финансирањето ќе ги покрие првичните проценки и сондирањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bezos-i-gejts-so-svoj-udel-vo-golem-zaednichki-proekt/feed/ 0
Гренланд ги забрани нафтените истражувања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grenland-gi-zabrani-naftenite-istrazuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grenland-gi-zabrani-naftenite-istrazuvanja/#respond Fri, 16 Jul 2021 09:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=537590

Новата Влада на Гренланд откако ја блокираше експлоатацијата на ураниум, објави забрана за истражување на нафта на таа територија на Арктикот. Во одлуката објавена синоќа се наведува дека „е одлучено да се прекине сегашната стратегија за нафта и да се запре понатамошното истражување за нафта на Гренланд“. – Ова е логичен чекор, бидејќи Владата сериозно ја сфаќа климатската криза. Одлуката е донесена и во интерес на нашата природа, во интерес на нашиот риболов и со цел да се концентрира нашата економија на реални потенцијали, изјави членот на Владата, Наја Натаниелсен. Истражувањата на нафта во Гренланд беа во застој во изминатите неколку години, така што оваа одлука е во голема мера симболична. Според локалната самоуправа, „новата економска анализа за профитабилноста при истражувањето на нафта (на Гренланд) јасно покажува дека профитабилноста е мала“, односно двојно помалку од она што го очекуваат нафтените компании. На изборите во април, на власт дојде левичарската партија за заштита на животната средина.Во согласност со предизборните ветувања, Владата во моментов одржува консултации со цел да донесе закон за забрана за истражување и експлоатација на ураниум на Гренланд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grenland-gi-zabrani-naftenite-istrazuvanja/feed/ 0
Избори на Гренланд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-na-grenland/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-na-grenland/#respond Tue, 06 Apr 2021 06:53:07 +0000 https://kurir.mk/?p=492885

На Гренланд денеска се одржуваат парламентарни избори кои според многумина се всушност референдум за контроверзниот рударски проект што може да придонесе за диверзификација на економијата во земјата која планира поинаква иднина поради глобалното затоплување. Автономната данска територија се здоби со сопственост врз своите огромни рудни богатства во 2009 година кога беше проширена нејзината самоуправа. Тие ресурси, нивната геополитичка важност и полесниот пристап поради топењето на морскиот мраз, го направија Гренланд сè попривлечен за светските суперсили во последните неколку години. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година дури понуди и да го купи. Данската и гренландската влада јасно ставија до знаење дека Гренланд не се продава, но Нук сепак сака да привлече странски инвестиции за еден ден да ја прекине финансиската „папочна врска“ со Копенхаген. Планот за ископување на ретки земјени метали и ураниум предложен од австралиска компанија и поддржан од кинески инвеститори на југот на островот во Куанерсуит може да му донесе голем профит на Гренланд. Во февруари избувна политичка криза кога помлад партнер во владата ја напушти владејачката коалиција поради тој проектот, што доведе до предвремени избори на кои денеска ќе бидат избрани 31 пратеник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izbori-na-grenland/feed/ 0