Грета Тунберг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 13:05:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Грета Тунберг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Критики за Грета Тунберг поради нејзината солидарност со Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kritiki-za-greta-tunberg-poradi-nejzinata-solidarnost-so-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kritiki-za-greta-tunberg-poradi-nejzinata-solidarnost-so-gaza/#respond Sun, 22 Oct 2023 13:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=891924

Група од стотина израелски активисти за заштита на животната средина потпишаа отворено писмо до Грета Тунберг во кое ја осудуваат за изразувањето „солидарност со Палестина и Газа“. Потписниците наведуваат дека нејзините твитови и објави биле „ужасно еднострани, лошо информирани, површни и во целосна спротивност“ со нејзината способност да навлегува длабоко во деталите на сложените прашања. „Дали мислите дека Хамас ги застапува човековите права и слобода? Размислете повторно“, се вели во писмото. „Во саботата на 7 октомври се случи брутален масакр во Израел. Досега изброивме 1.400 тела на бебиња, деца, жени и мажи. Сите брутално убиени, живи запалени, мачени пред смртта, терористите ги нападнаа нивните домови, на музички фестивал и по случаен избор на улица“, се вели во писмото. Исто така, се наведува дека биле заробени и земени како заложници, вклучително и деветмесечни бебиња, постари лица и луѓе кои се тешко болни, без лекови и оние со посебни потреби, додека многу се уште се водат како исчезнати. Грета во меѓувреме избриша фотографија на која се наоѓа таа со три други жени кои држат транспаренти со пораки за поддршка за Палестина и Газа и играчка октопод што понекогаш се користи како антисемитски симбол, а потоа ја замени со слична слика. Таа во саботата на платформата Икс (поранешен Твитер) напиша дека се подразбира дека е против страшните напади на Хамас.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kritiki-za-greta-tunberg-poradi-nejzinata-solidarnost-so-gaza/feed/ 0
Грета Тунберг обвинета за нарушување на јавниот ред и мир во Лондон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-obvineta-za-narushuvane-na-javniot-red-i-mir-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-obvineta-za-narushuvane-na-javniot-red-i-mir-vo-london/#respond Wed, 18 Oct 2023 12:44:46 +0000 https://kurir.mk/?p=890353

Британската полиција денеска ја обвини познатата шведска климатска активистка, Грета Тунберг, за нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата вчера ги уапси Грета и другите активисти за учество на протест пред хотел во Лондон, каде се одржуваше конференција на лидерите на индустријата за нафта и гас. Тунберг е обвинета за нарушување на јавниот ред и мир, бидејќи за време на протестот не се почитувале условите за спречување на „сериозни нарушувања“ во функционирањето на заедницата, хотелот и неговите гости. Британските медиуми пренесуваат дека Тунберг уште вчера е ослободена со кауција и дека на 15 ноември треба да се појави пред судот во Лондон, додавајќи дека уште 25 други климатски активисти. исто така. се обвинети во врска со вчерашниот протест. Тунберг стана заштитно лице на младите активисти за климата ширум светот откако во 2018 година организираше неделни протести пред шведскиот Парламент. Таа годинава беше приведена или отстранета од протестите од полициите во Шведска, Норвешка и Германија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-obvineta-za-narushuvane-na-javniot-red-i-mir-vo-london/feed/ 0
Грета Тунберг испратена на суд поради вториот протест за климата во Шведска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-ispratena-na-sud-poradi-vtoriot-protest-za-klimata-vo-shvedska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-ispratena-na-sud-poradi-vtoriot-protest-za-klimata-vo-shvedska/#respond Fri, 15 Sep 2023 11:29:51 +0000 https://kurir.mk/?p=878353

Шведската активистка за климата, Грета Тунберг, ќе мора уште еднаш да оди на суд за втор недозволен протест летото што го наруши сообраќајот во градот Малме во јужна Шведска. Јавното обвинителство во Стокхолм денеска соопшти дека покренало обвинение против „млада жена“ која учествувала во неовластени демонстрации за климата таму на 24 јули. -Жената одби да ги исполни полициските наредби да ја напушти локацијата. Оттука, прекршокот е непочитување на јавниот ред, рече помошникот јавен обвинител Изабел Екберг во соопштението за печатот. Обвинителите одделно потврдија за ДПА дека жената е 20-годишната Тунберг. Новиот датум на судење во Окружниот суд во Малме се очекува да биде 27 септември. Тунберг беше казнета на 24 јули во Малме затоа што не ги следела полициските инструкции на протестот во јуни. Таа призна дека учествувала во акцијата и дека ги игнорирала полициските упатства, но негираше дека станува збор за кривично дело. Неколку часа по таа пресуда, таа учествуваше на уште еден протест. Ова доведе до објавување на судската покана. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-ispratena-na-sud-poradi-vtoriot-protest-za-klimata-vo-shvedska/feed/ 0
Тунберг повторно се обиде да го блокира пристапот до нафтен објект откако беше казнета за истото дело https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tunberg-povtorno-se-obide-da-go-blokira-pristapot-do-naften-objekt-otkako-beshe-kazneta-za-istoto-delo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tunberg-povtorno-se-obide-da-go-blokira-pristapot-do-naften-objekt-otkako-beshe-kazneta-za-istoto-delo/#respond Tue, 25 Jul 2023 14:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=859920

За кратко време откако шведскиот суд ја казни Грета Тунберг за непочотување на полицијата за време на еколошки протест пред нафтен објект минатиот месец, активистката повторно се обиде да го блокира пристапот до истата локација и мораше да биде придружувана од полицијата. Вчера, 20-годишната Тунберг ги призна фактите, но негираше дека е виновна за тоа што се случило. Таа изјави дека борбата против индустријата за фосилни горива е форма на самоодбрана поради егзистенцијалната и глобалната закана од климатската криза. „Не можеме да го спасиме светот играјќи според правилата“, изјави таа откако ја слушна пресудата, ветувајќи дека „дефинитивно нема да отстапи“. Судот ги отфрли нејзините аргументи и ја казни со 2.500 круни (околу 240 долари). Тунберг и неколку други млади активисти беа обвинети за непочитување на полициската наредба да се разотидат откако го блокираа пристапот до нафтениот терминал во јужниот шведски град Малме на 19 јуни. И покрај казната, вчера попладне Тунберг и активистите се вратија на нафтениот терминал за да направат уште една блокада на патот и на крајот мораше да интервенира полицијата за да бидат отстранети.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tunberg-povtorno-se-obide-da-go-blokira-pristapot-do-naften-objekt-otkako-beshe-kazneta-za-istoto-delo/feed/ 0
Тунберг казнета поради непочитување полициска наредба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tunberg-kazneta-poradi-nepochituvane-politsiska-naredba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tunberg-kazneta-poradi-nepochituvane-politsiska-naredba/#respond Mon, 24 Jul 2023 13:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=859490

Шведската еко активистка Грета Тунберг е прогласена за виновна за непочитување на полициска наредба да го напушти протестот во јужниот град Малме на 19 јуни и е казнета поради инцидентот. Тунберг призна дека учествувала на протестот и не ја послушала полициската наредба, но се изјасни за невина и рече дека нејзините постапки биле оправдани. „Моите постапки можат да бидат оправдани“, рече Тунберг во судот. „Сметам дека сме во вонредна состојба која ги загрозува нашите животи, здравје и имот. Безброј луѓе и заедници се изложени на ризик и на краток и на долг рок“, додаде таа. Казната ќе се заснова врз основа на приходите на Тунберг, а се уште не е јасно колку точно ќе треба да плати. Тунберг беше дел од групата демонстранти кои го блокираа патот за камиони со нафта до складиштето во Малме. Против неа е поднесена кривична пријава откако не ја исполнила полициската наредба да го напушти местото на настанот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tunberg-kazneta-poradi-nepochituvane-politsiska-naredba/feed/ 0
Грета Тунберг и десетици активисти го блокираа влезот во Министерството за енергетика во Осло https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-i-desetitsi-aktivisti-go-blokiraa-vlezot-vo-ministerstvoto-za-energetika-vo-oslo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-i-desetitsi-aktivisti-go-blokiraa-vlezot-vo-ministerstvoto-za-energetika-vo-oslo/#respond Mon, 27 Feb 2023 08:34:04 +0000 https://kurir.mk/?p=805451

Шведската активистка за проблемите со климата, Грета Тунберг, и десетици други активисти утринава го блокираа влезот на Министерството за енергетика на Норвешка, протестирајќи против ветерните турбини изградени на земјиште што традиционално го користи домородното население Сами. Норвешкиот Врховен суд пред две години пресуди дека двете турбини на ветер, гледано од перспектива на меѓународните конвенции, ги прекршиле правата на народот Сами, но турбините продолжија да работат во следните 16 месеци. -Тука сум да ја поддржам борбата за човекови права, како и правата на домородните луѓе, изјави Тунберг за британските медиуми, додека седеше пред главниот влез на министерството со другите демонстранти. Таа оцени дека државата Норвешка ги крши човековите права, дека тоа е апсолутно неприфатливо и дека е потребна солидарност во оваа борба. Чуварите на ирваси од оваа нордиска земја велат дека самата појава и бучава на големите турбини на ветер ги плаши нивните животни и ја нарушува вековната традиција. Тие бараат да се исклучат турбините на ветер. Норвешката Влада соопшти дека крајната судбина на турбините на ветер е сложена правна и политичка загатка, и покрај одлуката на Врховниот суд, додавајќи дека се надеваат дека ќе постигнат компромис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-i-desetitsi-aktivisti-go-blokiraa-vlezot-vo-ministerstvoto-za-energetika-vo-oslo/feed/ 0
Грета Тунберг ја обвини елитата на Давос дека ја става „корпоративната алчност“ над луѓето и планетата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-ja-obvini-elitata-na-davos-deka-ja-stava-korporativnata-alchnost-nad-lugeto-i-planetata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-ja-obvini-elitata-na-davos-deka-ja-stava-korporativnata-alchnost-nad-lugeto-i-planetata/#respond Fri, 20 Jan 2023 11:08:31 +0000 https://kurir.mk/?p=789671

Грета Тунберг ја обвини политичката и деловната елита на Светскиот економски форум во Давос дека ја става „корпоративната алчност“ и „краткорочниот профит“ над планетата. Зборувајќи заедно со другите активисти во Давос во Швајцарија, Тунберг (20) рече дека елитата е „во сржта на климатската криза“ и го поттикнува уништувањето на планетата. Коментарите на Тунберг следат по нејзиното кратко притворање на еко протестот во Германија против уривањето во село со цел проширување на рудник за јаглен во вторникот. Таа рече „во моментов сме во Давос каде во основа се луѓето кои најмногу го поттикнуваат уништувањето на планетата, луѓето кои се во суштината на климатската криза, луѓето кои инвестираат во фосилни горива. Сепак, некако овие се луѓето на кои се чини дека се потпираме во решавање на нашите проблеми. Тие постојано докажуваат дека не му даваат приоритет на тоа“. Таа беше придружувана од други активисти кои донесоа заедничко писмо потпишано од речиси 900.000 луѓе во кое ги повикуваат шефовите на компаниите за фосилни горива да ги прекинат сите нови проекти за нафта и гас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-ja-obvini-elitata-na-davos-deka-ja-stava-korporativnata-alchnost-nad-lugeto-i-planetata/feed/ 0
Приведена е Грета Тунберг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/privedena-e-greta-tunberg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/privedena-e-greta-tunberg/#respond Tue, 17 Jan 2023 18:15:09 +0000 https://kurir.mk/?p=788608

Климатската активистка Грета Тунберг беше меѓу приведените на денешниот протест против евакуацијата на германското село Луцерат, соопшти полицијата. Тунберг беше приведенa додека протестираше во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер 2, на околу девет километри од Луцерн. Шведскaтa активистa се приклучи на протестот во Германија минатиот петок. Таа седеше сама во голем полициски автобус откако беше приведена, јавија германските медиуми. Во западна Германија, и по евакуацијата на активистите од селото Луцерат, кое пропаѓа поради проширувањето на рудникот за лигнит, протестите на еколошките активисти продолжуваат. Така, во Келн, оддалечен 40-ина километри, активисти го запреа сообраќајот за време на утринскиот шпиц. Полицијата се подготвува да одговори на слични акции, пренесе германската новинска агенција ДПА. За време на протестот во Келн беа видливи жолти крстови, симболи на протестот против уривањето на селото Луцерат. Демонстрантите објавија преку Твитер дека јагленот под Луцерат мора да остане во земја. Протести се одржаа и на други места во западна Германија. Во рудникот за лигнит Инден кај Ахен, демонстрантите запленија багер, па работата во рудникот беше прекината. Според полицијата во Ахен, учествувале околу 20 демонстранти, а според компанијата РВЕ меѓу 30 и 40 демонстранти. Група од околу 20 климатски активисти, исто така, ги окупираа железничките пруги кои водат до електраната Неурат во близина на Ромерскирхен, соопштија полицијата и РВЕ. Климатските активисти од Луцерат за денеска најавија заеднички ден на климатска акција, пренесува ДПА. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/privedena-e-greta-tunberg/feed/ 0
Грета Тунберг нема да учествува на климатската конференција во Египет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-nema-da-uchestvuva-na-klimatskata-konferencija-vo-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-nema-da-uchestvuva-na-klimatskata-konferencija-vo-egipet/#respond Mon, 31 Oct 2022 15:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=753353

Шведската климатска активистка Грета Тунберг изјави дека нема да учествува на Конференцијата за клима на ОН (КОП27) наскоро во Египет поради неколку причини, вклучително и прашањето за почитување на човековите права. „Не одам на КОП27 од неколку причини… Просторот за граѓанското општество оваа година е крајно ограничен“, рече Тунберг во Лондон на затворањето на лондонскиот литературен фестивал каде се промовираше нејзината книга „Големата книга за климата“. Претходно на Твитер ја изрази својата солидарност со „затворениците на совеста во Египет пред КОП27“, што започнува на 6 ноември во Шарм ел Шеик. Според неа, климатските конференции најмногу се користат како можност светските лидери да привлечат внимание за „зеленоперење“ – изнесување еколошки аргументи за да се создаде слика за одговорност кон екологијата во јавноста, додека фактите се различни во реалноста. „Конференциите такви какви што се навистина не функционираат“, вели најпознатиот светски еколошки активист. Активистката рече дека нејзините авторски права ќе бидат донирани на фондацијата што го носи нејзиното име, како и на различни еколошки добротворни организации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/greta-tunberg-nema-da-uchestvuva-na-klimatskata-konferencija-vo-egipet/feed/ 0
Грета Тунберг пишува книга за климатските промени https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/greta-tunberg-pishuva-kniga-za-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/greta-tunberg-pishuva-kniga-za-klimatskite-promeni/#respond Fri, 01 Apr 2022 07:18:42 +0000 https://kurir.mk/?p=656719

Шведската климатска активистка Грета Тунберг соопшти дека планира во октомври да објави обемна книга за климатските промени и оти собрала повеќе од сто соработници да работат со неа на тоа. „Решив да ја искористам мојата платформа за да направиме книга заснована на најдобрата достапна наука во мигов – книга која холистички ги опфаќа климатските, еколошките и кризите за одржливост. Поканив повеќе од сто луѓе ширум светот – научници, активисти и писатели, да создадат книга што ќе ги опфати климата и еколошката криза од сеопфатни гледишта“, напиша Тунберг на Твитер. Климатските промени се еден од неколкуте признаци на пошироката криза на одржливост, според неа. Тинејџерката се надева дека книгата ќе послужи како референца и за други, специфични кризи. Според наводите, меѓу авторите ќе бидат климатските истражувачи Јохан Рокстром и Кетрин Хејхо, економистот Томас Пикети и писателката Маргарет Атвуд. Книгата треба да излезе во октомври во Велика Британија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/greta-tunberg-pishuva-kniga-za-klimatskite-promeni/feed/ 0