Григор Прличев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Feb 2023 07:27:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Григор Прличев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На денешен ден почина Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pochina-grigor-prlichev-eden-od-najpoznatite-makedonski-pisateli-od-19-vek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pochina-grigor-prlichev-eden-od-najpoznatite-makedonski-pisateli-od-19-vek/#respond Mon, 06 Feb 2023 07:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=796539

На 6 февруари во 1893 година во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век. Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег”, и познатото дело “Автобиографија”. Со поемата “Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време. Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pochina-grigor-prlichev-eden-od-najpoznatite-makedonski-pisateli-od-19-vek/feed/ 0
На денешен ден е роден истакнатиот македонски писател Григор Прличев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-e-roden-istaknatiot-makedonski-pisatel-grigor-prlichev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-e-roden-istaknatiot-makedonski-pisatel-grigor-prlichev/#respond Wed, 18 Jan 2023 06:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=788720

На 18 јануари 1830 година во Охрид се родил Григор Ставрев Прличев, истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претставник на македонската книжевност од XIX век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски македонски и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики, епохата во која живее и работи, како и класицизмот и романтизмот како стилски белези. Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов. Извесно време се вработил како терзија, а подоцна станал учител во Тирана, Албанија. Во 1849 година се запишал како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Во текот на 1850-59 година повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе места: Долна Белица, Битола, Прилеп и Охрид за да си обезбеди услови за продолжување на студиите. Во 1859 година повторно доаѓа во Атина како студент на втора година по медицина. Во овој период ја пишува поемата „Сердарот“. Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик, паричен дел и ловоров венец. Истата година делото излегува од печат. Поетската творба „Сердарот“ се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За неа авторот во Атина го добива од критиката епитетот Втор Хомер. Други позабележителни негови творби се Автобиографијата и словото-есеј „Чувај се себеси“, поемата „Скендербег“ и мала серија песни за деца кои се сметаат за родоначалнички во македонската литература.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-e-roden-istaknatiot-makedonski-pisatel-grigor-prlichev/feed/ 0
Распишан конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raspishan-konkurs-za-najdobra-poema-grigor-prlichev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raspishan-konkurs-za-najdobra-poema-grigor-prlichev/#respond Thu, 20 Oct 2022 10:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=748296

Центарот за култура „Григор Прличев“ денеска распиша конкурс за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2022 година. Конкурсот е отворен до 20 ноември годинава, а тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер. За изборот на најдобрата поема ќе одлучува три члена жири комисија. – Поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11, испечатено еднострано на А4 формат во четири еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда, соопшти националната установа Центар за култура „Григор Прличев“. Заинтересираните автори, треба да испратат необјавена поема на адресата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, улица „Македонски просветители“ бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема Григор Прличев за 2022 година“. Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од конкурсот нема да бидат земени предвид за наградата. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/raspishan-konkurs-za-najdobra-poema-grigor-prlichev/feed/ 0
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето што го оштети дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-prezemaat-merki-za-pronaogjanje-na-liceto-shto-go-oshteti-digitalniot-spomenik-na-grigor-prlichev-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-prezemaat-merki-za-pronaogjanje-na-liceto-shto-go-oshteti-digitalniot-spomenik-na-grigor-prlichev-vo-ohrid/#respond Fri, 12 Aug 2022 12:00:58 +0000 https://kurir.mk/?p=717656

Во координација сме со јавен обвинител и се уште се преземаат мерки за откривање на вандалот, кој го оштети дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид. Веднаш штом ќе имаме некои поконкретни сознанија ќе ја информираме јавноста, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој информираше дека вчера во 19:30 часот во СВР Охрид е пријавено насилно отстранување и одземање на 27 букви и на македонското знаме од виртуелниот споменик на Григор Приличев, лоциран на улицата „Коста Абраш“ во Охрид. – Споменикот, кој е во сопственост на Општина Охрид, потоа беше исклучен од електрично напојување, рече Димоски. Авторот на споменикот, професор д-р Анис Сефиданис на својот фејсбук профил објави дека непознати лица го пресекле доводот за електрична енергија до споменикот, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. – Вечерва на 11 август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само да ги искриват, напиша Сефиданис на фејсбук. Дигиталниот паметен споменик на Григор Прличев, кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите завчера беше промовиран во Охрид. Најновите технологии, како што информира тогаш од Општина Охрид, ќе овозможат спознавање на културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест. Иновативниот систем е изработен од компанијата „Сефиданис“, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. – Решението, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор, кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот, информираа тогаш општинските власти. За виртуелниот модел на ликот, како што кажаа, биле користени оригинални фотографии, автентични скулптури со примена на напредни методи на машинска интелигенција за дигитална фотограметрија. Истакнаа дека дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-prezemaat-merki-za-pronaogjanje-na-liceto-shto-go-oshteti-digitalniot-spomenik-na-grigor-prlichev-vo-ohrid/feed/ 0
Читателите во oхридската библиотека од денеска ќе може да влезат сами да изберат книга https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chitatelite-vo-ohridskata-biblioteka-od-deneska-kje-moze-da-vlezat-sami-da-izberat-kniga/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chitatelite-vo-ohridskata-biblioteka-od-deneska-kje-moze-da-vlezat-sami-da-izberat-kniga/#respond Wed, 20 Apr 2022 05:51:47 +0000 https://kurir.mk/?p=665684

Охридската библиотека „Григор Прличев“ од денеска преминува во отворен тип, односно читателите слободно ќе можат да влезат и да одберат книги од полиците. Ваквиот чин, како што информира директорот на установата Милчо Јованоски, е во пресрет на Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април. – Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 часот и 30 минути до 17 часот, а читалната за дневен печат и периодика со читатели ќе работи од 9 до 15 часот. Читателите ќе можат да влезат, да избираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите, појасни Јованоски. Читалните, додаде тој, ќе можат да ги користат само зачленети читатели. – На 26 април, во чест на Светскиот ден на книгата на посебен настан ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како и најчитаните домашни и странски автори и книги. На триесетина наши сограѓани Библиотеката ќе им додели благодарници за донираните книги во изминатиот период, изјави Јованоски. Работното време на Библиотеката со читатели, според директорот, останува исто од понеделник до петок од 8:30 до 18:30 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/chitatelite-vo-ohridskata-biblioteka-od-deneska-kje-moze-da-vlezat-sami-da-izberat-kniga/feed/ 0
Два јубилеја на годинашните „Прличеви беседи“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dva-jubileja-na-godinashnite-prlichevi-besedi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dva-jubileja-na-godinashnite-prlichevi-besedi/#respond Thu, 06 Feb 2020 08:08:45 +0000 https://kurir.mk/?p=299918

Манифестацијата „Прличеви беседи“ која се одржува денеска во Охрид е во знакот на два јубилеја – 190 години од раѓањето на Григор Прличев и 160 години од издавањето на неговата поема „Сердарот“. Според најавата од организаторот, НУ Библиотека „Григор Прличев“-Охрид, за животот и делото на Прличев – Вториот Хомер, чие творештво е нераскинливо врзано за Охрид, ќе зборува проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ. Ќе биде промовиран каталогот на стари и ретки книги – издание на библиотеката и книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од Мариче Боздоганова, библиотекар советник, вработена во охридската библиотека. Настанот ќе биде заокружен со Прличевата визита и настап на Михаил и Иван Мишеви кои ќе ја изведат Прличевата „1762 лето“. Годинава добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема е поетот Стево Симски за поемата „Таинството на богомилите“. Манифестацијата „Прличеви беседи“ се одржува на 6 февруари, денот на смртта на поетот и преродбеник Прличев (18 јануари 1830 – 6 февруари 1893). Библиотеката ја организира во соработка со Министерството за култура и Општина Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dva-jubileja-na-godinashnite-prlichevi-besedi/feed/ 0
Актуелните состојби во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ говорат за неуспешноста на СДСМ и ЛДП во раководењето со институцијата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktuelnite-sostojbi-vo-nu-centar-za-kultura-grigor-prlichev-govorat-za-neuspeshnosta-na-sdsm-i-ldp-vo-rakovodenjeto-so-institucijata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktuelnite-sostojbi-vo-nu-centar-za-kultura-grigor-prlichev-govorat-za-neuspeshnosta-na-sdsm-i-ldp-vo-rakovodenjeto-so-institucijata/#respond Tue, 13 Aug 2019 15:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=229320

Актуелните состојби во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ говорат за неуспешноста и неумешноста на СДСМ и нивниот коалиционен партнер ЛДП во раководењето со институцијата. Ова го истакна советничката и претседателка на УЖ ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Лидија Петкоска, при што напомена дека иако власта на СДСМ промени тројца директори резултатите се катастрофални, за разлика од периодот кога со оваа установа раководеше стручен и професионален кадар, при што беа одиграни преку сто театарски претстави за време од година и шест месеци, а сегашната бројка изнесува околу триесет за време од две години. –Наместо директорот Горан Симоновски преку соопштенија да ја известува јавноста за успехот дека ја претапацирале влезната врата граѓаните треба да знаат: Дали неговиот избор и поставување е со партиски пазарења и политички критериуми наместо професионални?Каква е таа програма изготвена толку брзо за работење на институцијата, која во себе би ги содржела програмските и развојните компоненти за работењето на самата Установа? Зошто Народниот театар Охрид не гостува на релевантни домашни и меѓународни театарски фестивали како „Војдан Черднодрински“, запраша Петкоска. Таа исто така запраша како може претседател на Управниот Одбор да биде Васко Паскали, актуелен директор на Јавната установа Национален парк „Галичица“? –Тоа е спротивно на Законот за спречување корупција и судир на интереси и го повикуваме Државниот управен инспекторат тоа да го провери. Ниту Централната власт со премиерот Заев, ниту Локалната со градоначалникот Георгиески не знаат да менаџираат со работите и оперативните политики од културата. СДСМ не работи ништо за успешно развивање на културниот живот и културните содржини во Охрид, нагласи Петкоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktuelnite-sostojbi-vo-nu-centar-za-kultura-grigor-prlichev-govorat-za-neuspeshnosta-na-sdsm-i-ldp-vo-rakovodenjeto-so-institucijata/feed/ 0
Заедничко одбележување на Св.Кирил и Методиј и на Прличев, предлага бугарско-македонската комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichko-odbelezuvanje-na-sv-kiril-i-metodij-i-na-prlichev-predlaga-bugarsko-makedonskata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichko-odbelezuvanje-na-sv-kiril-i-metodij-i-na-prlichev-predlaga-bugarsko-makedonskata-komisija/#respond Sat, 01 Dec 2018 08:40:27 +0000 https://kurir.mk/?p=134412

Мултидисциплинарната експертска комисија меѓу Бугарија и Македонија ќе им предложи на владите на двете земји заедничко одбележување на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на Григор Прличев, соопштија по дведновните разговори во Софија копретседателите на комисијата од бугарска и од македонска страна Ангел Димитров и Драги Георгиев, пренесува БТА. -Со нашите колеги од Република Македонија се согласивме од научна гледна точка да оправдаме зошто нашите две влади треба да продолжат да го слават заеднички Денот на светите браќа Кирил и Методиј, објасни претседателот од бугарска страна Ангел Димитров, по третото заседание на заедничката комисија. Постигната е согласност и да се предложи во двете држави да биде почитуван и одбележан Григор Прличев, човек со исклучителни заслуги за културниот и општествениот развој. – Направивме сериозни напори да ги доближиме позициите околу интерпретацијата на средновековната историја и особено на личноста на Цар Самоил. Разговорите беа долготрајни и сериозни, професионално коректни, тешко доаѓаме до заедничка позиција, но не сме кренале раце, вели Димитров. Тој посочи дека тешко се надминуваат тези кои биле утврдувани со десетлетија и оти општеството тешко ги прима таквите промени. – Ние треба да направиме чекори кои ќе ги убедат општествата и во двете земји за користа од таквите промени, Останувам со надежта дека ќе продолжиме и натаму и оти резултатите ќе бидат задоволителни, вели Димитров. Според него, многу е важно да се утврдат настаните и личностите чие заедничко одбележување ќе придонесе за зближувањето на двете држави, за зголемување на довербата и соработката. Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја во Скопје, кој е копретседател на Комисијата од страна на Република Македонија, рече дека на средбата во Софија имало позитивна атмосфера и желба за соработка. – Задоволен сум од средбата и се враќам со позитивна енергија во Република Македонија, кажа Ѓоргиев. И двете страни ги имаат изготвено своите забелешки во однос на учебниците од основното образование и тоа ќе биде тема на наредните средби на комисијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaednichko-odbelezuvanje-na-sv-kiril-i-metodij-i-na-prlichev-predlaga-bugarsko-makedonskata-komisija/feed/ 0
Објавен конкурсот за избор на најдобра поема „Григор Прличев“ за 2018 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-konkursot-za-izbor-na-najdobra-poema-grigor-prlichev-za-2018-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-konkursot-za-izbor-na-najdobra-poema-grigor-prlichev-za-2018-godina/#respond Wed, 17 Oct 2018 09:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=116072

Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид го распиша годинашниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник. Според пропозициите на конкурсот, пријавувањето на авторски трудови ќе трае заклучно со 16 ноември, со досега необјавени поеми на слободно избрана тема. - Делото што не смее да биде помало од 912 стихови, треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда. За изборот, односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од подрачјето на Општина Охрид и Република Македонија, се наведува во објавениот конкурс. Заинтересираните автори своите дела треба да ги достават под шифра, на адресата Центар за култура – Охрид, улица „Македонски просветители” бр. 4, со назнака – Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев“  за 2018 година. Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objaven-konkursot-za-izbor-na-najdobra-poema-grigor-prlichev-za-2018-godina/feed/ 0