Гринпис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 16:56:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гринпис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Русија го прогласи Гринпис за „непожелна организација“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-proglasi-grinpis-za-nepozhelna-organizatsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-proglasi-grinpis-za-nepozhelna-organizatsija/#respond Fri, 19 May 2023 16:56:21 +0000 https://kurir.mk/?p=836524

Русија го прогласи еколошкото движење „Гринпис“ за „непожелна организација“ и ги забрани неговите активности во државата. Во соопштението на рускиот државен обвинител се вели дека движењето Гринпис се обидело да „се меша во внатрешните работи на државата“ и дека „нивните активисти се впуштаат во антируска пропаганда и повикуваат на дополнителна изолација на државата“, повикувајќи на санкции против Москва . Москва прогласи десетици странски организации за „непожелни“ во Русија откако почна да ја користи класификацијата во 2015 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-go-proglasi-grinpis-za-nepozhelna-organizatsija/feed/ 0
Гринпис бара од ЕУ забрана за приватни авиони пред состанокот во Давос https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-bara-od-eu-zabrana-za-privatni-avioni-pred-sostanokot-vo-davos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-bara-od-eu-zabrana-za-privatni-avioni-pred-sostanokot-vo-davos/#respond Fri, 13 Jan 2023 15:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=787005

Гринпис повика на забрана за летови со приватни авиони кои емитуваат јаглерод непосредно пред годишниот Светски економски форум во Давос, на кој се собира светската деловна и политичка елита. Комисијата на ЕУ треба да го отвори патот за таква регулатива во сегашната ревизија на Регулативата за воздушниот сообраќај, соопшти денеска еколошката организација. Бројот на летови на кратки релации со приватни авиони се очекува повторно нагло да се зголеми во пресрет на Светскиот економски форум во швајцарското планинско одморалиште следната недела, пренесе ДПА. Според студијата на консултантската фирма CE Delft нарачана од Гринпис, 1.040 приватни авиони слетале или полетале од седумте аеродроми во близина на Давос за време на годишниот состанок минатата година. Спротивно на тоа, бројот на просечни летови е обично 540. – Богатите и моќните се собираат во Давос за да разговараат за климата и нееднаквоста. Во тој процес, тие го користат најштетното транспортно средство за животната средина во светот: приватниот авион, истакна Клара Марија Шенк од Гринпис. Голем дел од регистрираните летови биле исто така многу кратки, а повеќе од половина биле долги помалку од 750 километри. Светскиот економски форум тврди дека ја унапредува меѓународната климатска политика. Не само што има бројни настани на оваа тема, годишната конференција треба да биде и климатски неутрална. Затоа форумот препорачува неговите учесници да патуваат со воз и ги советува да избегнуваат летови на кратки релации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-bara-od-eu-zabrana-za-privatni-avioni-pred-sostanokot-vo-davos/feed/ 0
Активисти на Гринпис блокираа руски танкер во Норвешка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/#respond Mon, 25 Apr 2022 12:24:48 +0000 https://kurir.mk/?p=667595

Активисти на Гринпис блокираа руски танкер со нафта во Норвешка за да спречат испорака на гориво кое, како што велат, „ја финансира војната на Путин“, соопшти денеска невладината организација. Бродот е изнајмен од руската нафтена групација Новатек и е регистриран во Хонг Конг. Превезува 95.000 тони керозин до терминалот Есо во Осгорстра, во југоисточна Норвешка. Танкерот Уст Луга отплови од истоимениот руски град Уст Луга во Ленинградската област, се наведува на веб-страницата за следење на поморскиот сообраќај. Активистите на Гринпис ги врзале гумените чамци со кои пловеле до танкерот за бродот, додека друга група активисти во кајаци развиле транспарент со натпис дека „нафтата додава гориво на војната“. Портпаролката на компанијата Есо Норвешка изјави дека предметната пратка не потпаѓа под западните санкции против Русија и дека е нарачана пред рускиот напад на Украина. – Есо Норвешка нема други договори за купување производи со потекло од Русија, додаде портпаролката. Норвешка иако не е членка на Европската унија, од 18 март ги применува речиси сите санкции што Унијата и ги воведе на Москва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-na-grinpis-blokiraa-ruski-tanker-vo-norveshka/feed/ 0
Гринпис: Руските пожари изгореа површина половина од големината на Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-ruskite-pozari-izgorea-povrshina-polovina-od-goleminata-na-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-ruskite-pozari-izgorea-povrshina-polovina-od-goleminata-na-germanija/#respond Sun, 12 Sep 2021 08:12:33 +0000 https://kurir.mk/?p=562604

Пожарите уништија рекордна површина шумско и степско земјиште во Русија досега оваа година, област со големина што е половина од територијата на Германија, соопшти еколошката организација Гринпис. Оваа организација проценува, врз основа на сателитски податоци, дека изгореле повеќе од 17,6 милиони хектари, со што е соборен претходниот рекорд од 16 милиони хектари поставен во 2016 година, јави ДПА. Според руската агенција за заштита на воздушните шуми, се уште горат повеќе од 250.000 хектари. Григори Куксин, претставникот на филијалата на Гринпис за Русија , изјави за ДПА дека не се гледа крај на годинешната пожарна сезона, која беше поттикната од топлите и суви услови, за кои научниците велат дека се јасен резултат на климатските промени. Тој рече дека пожари се уште беснеат на тревните полиња на југот на Русија, додека многу од пожарите што летово гореа низ огромни делови на Сибир се изгаснати, делумно затоа што на некое место почна да паѓа снег. Најтешко погодена област е ретко населената република Јакутија во источен Сибир, на повеќе од 4.000 километри од Москва. Пожарите се толку раширени што страдаа дури и луѓе кои не беа директно загрозени од пламенот, а стотици села и десетици градови низ Русија беа зафатени од чад. Претседателот Владимир Путин минатиот месец рече дека големината на природната катастрофа е без преседан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grinpis-ruskite-pozari-izgorea-povrshina-polovina-od-goleminata-na-germanija/feed/ 0
Се намалува бројот на пингвини на Антарктикот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-namaluva-brojot-na-pingvini-na-antarktikot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-namaluva-brojot-na-pingvini-na-antarktikot/#respond Wed, 12 Feb 2020 08:47:24 +0000 https://kurir.mk/?p=302718

Новата научна експедиција на Гринпис на Антарктикот, утврди драстично намалување на бројот на пингвините таму. Во една од колониите што биле цел на истражувањето, тоа намалување е 77 отсто во однос на 1971 година. – Ова укажува на огромни промени во екосистемот околу Јужниот пол последниве 50 години. Тоа подразбира и промени во синџирот на исхрана, што влијае и на пингвините, изјави д-р Хедер Линч, професорка при Универзитетот Стоуни Брук во Њујорк, САД, и една од раководителите на експедицијата. Д-р Линч смета дека на тоа влијаат повеќе фактори, но главниот се климатските промени. Со тоа се сложува и нејзиниот колега – зоологот Ноа Страјкер, кој истакна дека „нешто не чини“ во екосистемот. – Пингвините, фоките и китовите зависат од криловите (планктони), а тие пак, зависат од мразот. Значи, ако климатските промени влијаат на мразот, тоа влијае на сè друго, вели Страјкер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-namaluva-brojot-na-pingvini-na-antarktikot/feed/ 0