грк борец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Nov 2018 14:30:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грк борец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Згаснува ГРК Борец, Општината се откажа од клубот https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zgasnuva-grk-borec-opshtinata-se-otkaza-od-klubot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zgasnuva-grk-borec-opshtinata-se-otkaza-od-klubot/#respond Fri, 30 Nov 2018 14:30:05 +0000 https://kurir.mk/?p=134230

Ракометниот клуб ГРК Борец  преку соопштение објави дека го прекинувa настапот во ракометната Суперлига. Велешани уште на поечтокот на сезоната се соочуваа со финансиски проблеми, но сепак се решија да ја почнат сезоната, со надеж дека финансиската состојба во клубот ќе се подобри. Но, откакко на тој план не се промени ништо, едногласно е донесена одлука за прекин на настап во сите категории на еден од најпознатите ракометни клубови во Македонија, кој во сезоната 1994/95 година беше и шампион на Македонија. Соопштениието на раководните структури на ГРК Борец Велес го пренесуваме во целост:
„ГРК Борец АД Велес ја известува целокупната јавност дека поради неисполнување на обврските кон играчите и стручниот штаб, од страна на сопственикот односно Општина Велес, и покрај огромните напори и вложување на самите играчи и стручниот штаб за непречена работа и функционорање, од самиот сопственик на клубот има голема незаинтересираност за одржување на клубот во непрекинато функционирање. Поради овие причини одлучено е да се прекине со натпреварување во сите категории. Пред почетокот на натпреварувачката сезона 2018/19 имаше најава од Општина Велес дека ќе се обезбедат спонзори и средства за непрекината работа и функционирање. Веќе четири месеци немаме најава за спонзорства и подмирување на обврските кон нас кои максимално се залагавме и се залагаме да го одржиме клубот во добра кондиција и покрај тешката финансиска состојба. Сакаме да ја известиме јавноста дека секојдневно пристигуваат тужби на адреса на клубот за неподмирени обврски кон фирми, ангажирани лица и играчи. Секој месец уредно се доставуваше барање за обезбедување финансиски средства со финансиски план до сопственикот, односно Општина Велес. Но, од самиот сопственик беа одобрени и доделени финансиски средства во висина од 1/4 од побараното за потребите на тековната работа на клубот, воедно доделените финансиски средства се искористуваа и се искористуваат за подмирувања на тужби од фирми и играчи кои имаат доспеани побарувања и со самото тоа не остануваат средства за продолжување на тековната работа. Ваквиот однос со одобрување на далеку помали средства од потребите на клубот веќе пола година и повеќе доведе до ваквата ситуација, како и немање на слух за продолжување на децениската традиција на клубот. Со Почит ГРК Борец АД Велес“
Според правилата на Суперлигата, резултатите на ГРК Борец нема да се бришат поради тоа што тимот веќе има одиграно половина од натпреварите, односно 11 од 18 мечеви, па во секое наредно коло по една од екипите ќе биде слободна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/zgasnuva-grk-borec-opshtinata-se-otkaza-od-klubot/feed/ 0