гробница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 07:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гробница – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пронајдена гробницата на Свети Никола во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdena-grobnicata-na-sveti-nikola-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdena-grobnicata-na-sveti-nikola-vo-turcija/#respond Fri, 21 Oct 2022 07:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=748746

Гробницата на Свети Никола е откриена откако археолози пронајдоа остатоци од древна црква во градот Демре, Турција. Наодите на археолозите потврдија дека Свети Никола живеел и умрел во 4. век, во подрачјето на денешна Турција. Црквата првично била потопена поради подигнување на нивото на морето во средниот век. Втората црква била изградена на врвот на старата базилика за да го заштити гробот на Свети Никола, но дури неодамна археолозите го откриле мозаикот и камениот под од претходното светилиште – што ги одвело до последното почивалиште на светителот, според Осман Еравсар, раководител на Комитетот за зачувување на културното наследство во Анталија. Откритието е објавено пред седум дена. – Сега стигнавме до остатоците од првата црква и подот по којшто одел Свети Никола, рече Еравсар. Византиската црква изградена на постари темели била свето место за православните христијани меѓу 5. и 12. век и е опкружена со статуи на Свети Никола. Таа во 1982 година беше додадена на списокот Светско наследство на УНЕСКО. Древната црква првпат е откриена 2017 година при истражувачки електронски истражувања под современата црква Свети Никола. Читањата покажаа дека има празнини меѓу подот и земјата. Екипата потоа објави дека можеби го пронашле гробот на Свети Никола, но сепак следеше внимателно отстранување на подот од византиската црква, за да не се оштети ништо. Како побожен христијанин, Свети Никола го следел Исусовото учење за продажба на целиот свој имот во полза на сиромашните – и го сторил тоа. Но, неговите дела не се потврдени во историски документи, туку во преданијата. Станал епископ на Мира во 4. век, но набрзо бил затворен од римскиот император Диоклецијан – во времето кога христијаните биле прогонувани. Записите покажуваат дека Свети Никола бил погребан во црква изградена во негово име. Сепак, точното место на гробот отсекогаш било мистерија. Научниците веруваат дека времето на неговата смрт било 343 година од нашата ера. Досега се сметаше и оти во црквата во Демре, тој почивал до 11 век, т.е. 1087 година, кога италијански морнари и трговци, наводно, ги украле неговите останки од гробот и ги однеле во Бари на Апенинскиот Полуостров. Меѓутоа, турските археолози сега посочуваат дека се украдени погрешни коски – оние што Италијанците ги украле, биле од друг, засега непознат свештеник.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pronajdena-grobnicata-na-sveti-nikola-vo-turcija/feed/ 0
Киевска полиција: Во нова гробница близу Буча откриени седум тела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kievska-policija-vo-nova-grobnica-blizu-bucha-otkrieni-sedum-tela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kievska-policija-vo-nova-grobnica-blizu-bucha-otkrieni-sedum-tela/#respond Mon, 13 Jun 2022 20:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=690398

Седум тела се пронајдени денеска во нова гробница во близина на Буча, каде што беа откриени телата на голем број цивили по повлекувањето на руската армија од Киев кон крајот на март, соопшти киевската полиција. „Русите овде измачувале седуммина цивили, а потоа кукавички ги застрелале во глава“, напиша на Фејсбук началникот на киевската полиција Андриј Небитов, додавајќи дека „на неколку жртви им биле врзани рацете, а и колената“. „Оваа гробница е откриена денеска на местото каде што биле стационирани руски војници, во близина на селото Мироцка, 10 километри северозападно од Буча и 35 километри од Киев“, соопшти Небитов, додавајќи дека „сега се работи на идентификација на жртвите“. По заминувањето на руските војници од регионот на Киев, каде што беа откриени телата на стотици украински цивили, Буча стана симбол на руските воени злосторства. Москва постојано ги отфрла обвинувањата, велејќи дека станува збор за „фалсификувани“ информации и тврди дека злосторствата биле организирани од Украинци со поддршка од Западот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kievska-policija-vo-nova-grobnica-blizu-bucha-otkrieni-sedum-tela/feed/ 0
Ед Ширан со бизарна желба од која се згрозија соседите – еве каде сака да биде закопан откако ќе умре еден ден https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ed-shiran-so-bizarna-zelba-od-koja-se-zgrozija-sosedite-eve-kade-saka-da-bide-zakopan-otkako-kje-umre-eden-den/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ed-shiran-so-bizarna-zelba-od-koja-se-zgrozija-sosedite-eve-kade-saka-da-bide-zakopan-otkako-kje-umre-eden-den/#respond Tue, 22 Feb 2022 12:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=634789

Британскиот музичар Ед Ширан последниве денови војува со соседите поради бизарна причина – односно поради капела и гробница. Имено, Ед Ширан планира на својот имот да изгради приватна капела во која ќе има и негова гробница, но ова за неговите соседи е неприфатливо. За капелата му е одобрена дозвола за градба уште во 2019 година која не ги вознемирува соседите колку што ги вознемирува идејата во близина да изгради гробница. Како што пишува „Њујорк Пост“, Ширан би требало да добие зелено светло за изградба на гробница без оглед на тоа дали се противат неговите соседи. – Ова подрачје има многу прекрасни цркви и мислам дека нема потреба познатиот пејач да изгради уште една. Самиот факт што Ед сака гробно место подалеку од останатата популација, покажува дека нешто не е во ред во овој модерен свет. Дали познатите се толку навистина отргнати од реалноста, навистина не знам – бил коментарот на Ана Вудс, една од соседките на на Ширан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ed-shiran-so-bizarna-zelba-od-koja-se-zgrozija-sosedite-eve-kade-saka-da-bide-zakopan-otkako-kje-umre-eden-den/feed/ 0
Во Мексико пронајдени 59 тајно закопани тела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-pronajdeni-59-tajno-zakopani-tela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-pronajdeni-59-tajno-zakopani-tela/#respond Thu, 29 Oct 2020 08:04:01 +0000 https://kurir.mk/?p=421967

Педесет и девет тела се пронајдени во скриени гробови во централен Мексико, соопштила власта на Мексико. Гробовите се откриени во општина Салватијера во мексичката држава Гванахуато, во која нагло расте бројот на убиства поради војната ривалството на наркокартелите.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-meksiko-pronajdeni-59-tajno-zakopani-tela/feed/ 0
Гробница стара 2.500 години запуштена од институциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grobnica-stara-2-500-godini-zapushtena-od-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grobnica-stara-2-500-godini-zapushtena-od-instituciite/#respond Wed, 05 Aug 2020 20:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=386861

Дали гробницата кај прилепско Бонче стара 2.400 години е клучот за тоа каде се наоѓа изгубениот град Пелагонија, по кој светската археологија трага над 150 години. Македонските археолози тука истражуваат веќе 15 години и претпоставуваат дека гробница со вакви импозантни големини може да биде направена само во близина на некој голем град, кој според нив е Пелагонија, но за дефинитивна потврда им требало епиграфски споменик кој ќе содржи терминот Пелагонија. „На сето тоа наведува прво оваа гробница и сите наоди кои ги имаме пронајдено тука. Ако се сеќавате во 2006 година тука беа пронајдени 3-те парадни штитови на македонскиот крал Деметриј. Многу монети имаме од тоа време, имаме монети каде пишува Македонија четврта дека е престолнината, но без натпис или нешто поконктретно не може да кажеме со 100 процентна сигурност“, истакна Антонио Јакимовски, археолог и раководител на проектот. Стенд ап – Ова е навистина уникатна гробница затоа што вакви има досега откриено само две во светот. Оваа и другата која се наоѓа во Амфиполис во Грција која е 3 пати поголема од оваа. Гробницата има дромос или ходник кој води до главната погребна комора. Но за жал досега не е откриено кој пелагониски великодостојник бил положен тука. Но за жал иако поседуваме ваков уникатен објект стар скоро 2,5 милениуми државата се однесува крајно несериозно кон него. Наместо да биде уникатна туристичка атракција гробницата се распаѓа, не се одделуваат пари за конзервација, а кога врне се претвора во голем базен, а до неа нема пат, ниту пак патокази. Годишно за истражување се одделуваат по само околу 3.000 евра со кои не може да се направи ништо. Гоиднава се пронајдени неколку гробови. „Презентирана е и во Германиија и во Англија, значии таа е позната во науката, но тука не е ништо направено“, додаде Јакимовски. Се претпоставува дека градот Пелагонија се простира околу гробницата на 15-тина хектари, а додека на врвот Висока над самата гробница, каде исто се пронајдени градби, се наоѓало главното светилиште. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grobnica-stara-2-500-godini-zapushtena-od-instituciite/feed/ 0
НОВИ ФОТОГРАФИИ од гробницата на патот кон Јасен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-fotografii-od-grobnicata-na-patot-kon-jasen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-fotografii-od-grobnicata-na-patot-kon-jasen/#respond Sat, 16 May 2020 11:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=346639

Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) синоќа пронајде гробница на Матка, дознава КУРИР. Според првичните неофицијални информации, гробницата е пронајдена после полициската станица на патот кој води кон Козјак. Според нашите информации на терен пристигнал јавен обвинител, при што беше започнато со копање. Очекуваме повеќе информации во текот на денот. ФОТО: Курир]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/novi-fotografii-od-grobnicata-na-patot-kon-jasen/feed/ 0
Откриена најстарата христијанска кралска гробница  https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-najstarata-hristijanska-kralska-grobnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-najstarata-hristijanska-kralska-grobnica/#respond Fri, 10 May 2019 07:58:40 +0000 https://kurir.mk/?p=196255

Градежни работници во 2003 година, работејќи на автопат, откриле подземна просторија, за која сега археолозите сметаат дека можеби е најстарата христијанска кралска гробница во Велика Британија. Просторијата е откриена близу селото Притлвел. Според новите сознанија, гробницаата е стара 1.400 години. Меѓу пронајдените предмети, археолозите регистрирале златно копче за појас, остатоци од харфа, стаклени садови и раскошен сад за вода. Археолозите сметаат дека луксузните предмети укажуваат дека покојникот имал висока положба, а можеби бил и принц. Двата златни крста на ковчегот, пак, покажуваат дека гробот е христијански. Софи Џексон од Лондонскиот археолошки музеј, одговорна за истражувањата, го спореди откритието со  она на Тутанкамоновата гробница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkriena-najstarata-hristijanska-kralska-grobnica/feed/ 0
Неговата гробница сурово усмртила шест археолози: Проклетството на Тутанкамон и денес прогонува многумина (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/negovata-grobnica-surovo-usmrtila-shest-arheolozi-prokletstvoto-na-tutankamon-i-denes-progonuva-mnogumina-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/negovata-grobnica-surovo-usmrtila-shest-arheolozi-prokletstvoto-na-tutankamon-i-denes-progonuva-mnogumina-video/#respond Thu, 20 Dec 2018 10:09:35 +0000 https://kurir.mk/?p=142696

Проклетството на фараонот е наводна магија за која се вели дека е фрлена на било која личност која ја вознемирува мумијата на моќниот Египќанец. Се вели дека ова проклетство, кое не прави разлика меѓу крадци и археолози, предизвикува лоша среќа, болест, па дури и смрт. Од средината на 20-тиот век, многу историчари тврделе дека проклетството е реално, поради необјаснивите околности кои се случиле по отворањето на древниот ковчег. Фараоните долга низа години биле погребувани во долината на кралството на реката Нил во Египет, а 64 гробници се веќе отворени. Меѓутоа, серијата "Топ 10 тајни и мистерии" покажува како едно откритие ги оставило истражувачите збунети и исплашени. Познатата гробница Тутанкамон е откриена во 1922-ра година, а детално е опишана во еден документарец од 2017-та година. Кратко по откритието, пријавени се мистериозни смртни случаи меѓу членови на тимови од археолози кои го пронашле гробот. Овие случаи биле припишувани на клетвите кои фараонот ги фрлал за да ги исплаши ограбувачите на гробовите. "Меѓутоа, повеќето смртни случаи може да се објаснат медицински, од 12 присутни луѓе во текот на отворањето на саркофагот, шест починале во рок од неколку месеци", се наведува во документарецот. Денес архелозите носат заштитни маски при влегувањето во таквите места. Свесни дека бактериите се активни во разградениот органски материјал и може да влезат во отворени рани и да ја прошират инфекцијата. Меѓутоа, сите смртни случаи не може да се припишат на ова, а во прилог на тоа зборуваат и бизарните искуства кои и денес ги имаат некои истражувачи. Некои детално опишале како доживеале многу живописни сништа, тврдејќи дека "ги прогонувале" мумии кои очигледно ги вознемириле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/negovata-grobnica-surovo-usmrtila-shest-arheolozi-prokletstvoto-na-tutankamon-i-denes-progonuva-mnogumina-video/feed/ 0
Во Грција пронајдена важна гробница: „Ова е импресивно издание со идентитет и богатство“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-pronajdena-vazna-grobnica-ova-e-impresivno-izdanie-so-identitet-i-bogatstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-pronajdena-vazna-grobnica-ova-e-impresivno-izdanie-so-identitet-i-bogatstvo/#respond Mon, 23 Jul 2018 17:29:10 +0000 https://kurir.mk/?p=80117

Грчките археолози пронајдоа речиси неоштетен гроб на античката благородничка на островот Сикинос. Во гробницата се пронајдени повеќе парчиња златен накит, но и натпис со името на закопаната благородничка, која се викала Неко.

-Ова е навистина многу ретко. Наоѓалиштето е едно од најимпресивните, но има и идентитет. Сега знаеме за кого е изградено и ги имаме нејзините остатоци и нејзиното име, истакна археологот Димитрис Атанасулис.

Гробницата е пронајдена во комплексот Епископи, каде подоцна во визнтискиот период биле изградени црква и манастир. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-grcija-pronajdena-vazna-grobnica-ova-e-impresivno-izdanie-so-identitet-i-bogatstvo/feed/ 0