гром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 08:53:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гром – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За малку ќе ја снимел својата смрт: Славниот авантурист преживеал удар од гром, сцената е страшна (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-malku-ke-ja-snimel-svojata-smrt-slavniot-avanturist-prezhiveal-udar-od-grom-stsenata-e-strashna-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-malku-ke-ja-snimel-svojata-smrt-slavniot-avanturist-prezhiveal-udar-od-grom-stsenata-e-strashna-video/#respond Thu, 05 Oct 2023 08:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=885468

Американскиот биолог и експерт за диви животни може да слави и втор роденден. Луѓето веруваат дека експертите за преживување, кои се појавуваат на телевизија, всушност себеси не се доведуваат во опасност додека снимаат. Дека станува збор за заблуда покажува случајот со американскиот авантурист Форест Галанте, кој за малку ќе настрадал на Флорида, и тоа пред камера. Овој биолог и експерт за диви животни неодамна снимал промотивен материјал во Еверглејдс, поточно длабоко во мочуриштето. Додека стоел во водата, времето нагло се влошило. „Денот беше прекрасен, снимавме одличен материјал. Токму пред крајот, времето се промени, почна да врне, но продолживме“, рекол Галанте. На снимката се слушаат грмотевици, а следеле и силна експлозија и блесок. Авантуристот излегува од вода и вели: „Го почувствував, погоден сум. Тоа болеше“. Тој бил завртен со грб кога удрил громот, па дури подоцна ја видел снимката, пренесува „LadBible“. „Почувствував нешто, како да сум парализиран. Водата се однесуваше како суперспроводник. Ударот мина низ моите нозе, стомакот, срцето до устата. Секунда подоцна излегов на брегот“. Галанте имал многу среќа да преживее удар од гром и сигурно ќе ја памети оваа посета на Еверглејдс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-malku-ke-ja-snimel-svojata-smrt-slavniot-avanturist-prezhiveal-udar-od-grom-stsenata-e-strashna-video/feed/ 0
Моќниот ласер може да заштити поголема површина од гром https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mokniot-laser-mozhe-da-zashtiti-pogolema-povrshina-od-grom/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mokniot-laser-mozhe-da-zashtiti-pogolema-povrshina-od-grom/#respond Tue, 17 Jan 2023 12:21:16 +0000 https://kurir.mk/?p=788381

Научници од повеќе европски земји спроведоа експеримент во кој успеаја „да исконтролираат“ молња, со помош на извонредно моќен ласер, објави „Вол Стрит Журнал“. Д-р Орелиен Хуар од Лабораторијата за применета оптика во Париз, Франција, кој е еден од одговорните за проектот, смета дека овој ласер испушта 100 пати повеќе импулси во секунда од претходните обиди. Громобрани се користат за безбедно насочување на удари од гром на земја уште од времето на американскиот иноватор Бенџамин Френклин, но нивниот краток домет (приближно ист радиус како и висината) и фиксниот дизајн ги прават неделотворни во заштита на поголеми површини. Сепак, оваа нова технологија би можела да ги замени во одредени ситуации. Европските научници успешно тестираа систем кој користи ласерски импулси на ниво на терават за да ги насочи молњите кон громобран висок осум метри. Громобранот не е ограничен со својата физичка висина и може да покрие поголема површина – во случајов 180 метри. Дизајнот ги јонизира молекулите на азот и кислород, ослободувајќи електрони и создавајќи плазма што спроведува електрична енергија. Бидејќи ласерот многу брзо испушта 1.000 импулси во секунда, многу е поголема веројатноста да пресретне молња уште додека таа се појавува. Во тестот спроведен меѓу јуни и септември 2021 година, зракот следеше гром и го прекина речиси 60 метри пред да удри во шипката на громобран. Истражувачите со години ги истражуваат ласерите за молњи, меѓутоа експериментите обично се ограничени на многу пократки растојанија и релативно побавни импулси коишто честопати ги пропуштаат молњите додека се во својот зародиш. Може да мине долго време пред овој изум да се користи вон лабораторија. Според Матео Клеричи од Универзитетот во Глазгов, ласерот користен во експериментот чини околу 2,17 милијарди долари. Научниците, исто така, планираат значително да го прошират опсегот до точка каде што громобран од 10 метри ќе има ефективно покривање во радиус од 500 метри. Доколку научниците успеат во тоа, оваа технологија би можела да ја направи заштитата од громови остварлива на поголеми површини. Ова би било особено корисно, на пример за ракетите и местата на полетување, каде што ударите на гро м предизвикуваат одложување на мисијата доколку се премногу блиску до патеката на летот. Тие исто така би можеле да бидат полезни и во заштитата на аеродромите, електраните, шумите и другите големи области каде ударот може да се покаже како катастрофален.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/mokniot-laser-mozhe-da-zashtiti-pogolema-povrshina-od-grom/feed/ 0
Белчев: Јакимовски со цел да привлече медиумско внимание се служи со креирани невистинити приказни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belchev-jakimovski-so-cel-da-privleche-mediumsko-vnimanie-se-sluzi-so-kreirani-nevistiniti-prikazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belchev-jakimovski-so-cel-da-privleche-mediumsko-vnimanie-se-sluzi-so-kreirani-nevistiniti-prikazni/#respond Thu, 03 Nov 2022 08:56:03 +0000 https://kurir.mk/?p=755019

Со длабоко жалење за нивото на комуникација можам да констатирам дека претседателот на ГРОМ, Стевче Јакимовски со цел да привлече медиумско внимание се служи со креирани невистинити приказни во кои со жалење можам да констатирам дека го злоупотребува моето име, посочува Живко Белчев. Во продолжение го пренесуваме неговиот Фејсбук статус: „Во емисија на еден електронски медиум, Стевче Јакимовски вчера раскажува целосно измислен разговор кој јас сум го водел со Советникот од општина Илинден од ГРОМ. Целосно го демантирам она што го кажува Стевче Јакимовски. Со Советникот од општина Илинден освен краток пријателски разговор на средбата на обуката во Хилтон ништо друго не беше разговарано. А кога се однесува на делот на апсење и носење со лисици, можам само да го потсетам Стевче Јакимовски кога власта го апсеше со финансиска полиција во доцните часови на таа ноќ јас бев еден од десетината луѓе кои стоеа пред зградата на Финансиската полиција за да му дадат поддршка. На крај сакам и јавно како што тоа го сторив и во личната комуникација со Јакимовски, да го замолам да не го валка моето име во јавноста. Ниту го споменувам, ниту сакам да ме споменува“.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belchev-jakimovski-so-cel-da-privleche-mediumsko-vnimanie-se-sluzi-so-kreirani-nevistiniti-prikazni/feed/ 0
Трагедија во Софија: Гром усмрти три лица, едно лице се бори за живот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-sofija-grom-usmrti-tri-lica-edno-lice-se-bori-za-zivot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-sofija-grom-usmrti-tri-lica-edno-lice-se-bori-za-zivot-foto/#respond Wed, 28 Sep 2022 05:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=738293

Три лица се усмртени, а четврто се бори за живот по удар на гром вчера попладне во центарот на Софија. Како што неофицијално јавува бугарската национална телевизија, загинатите се сириски државјани на возраст од 20 до 30 години. Инцидентот се случил кога четири лица стоеле под големо дрво кое било погодено од гром. Кај тројца од нив е констатирана смрт на местото на настанот, а четвртиот се здобил со тешки повреди и е пренесен во болница. Брзата помош била повикана во 18:14 часот и пристигнала девет минути подоцна. Кај тројца од жртвите била констатирана смрт на местото на настанот. Четвриот бил однесен во болницата „Пирогов“, на Ургентниот оддел. Оттаму потврдиле дека лицето е сириски државјанин на 26-27-годишна возраст. Во несреќата тој се здобил со околу 20 проценти изгореници на телото. Софија вчера била зафатена од силно невреме проследено со пороен дожд и силни грмотевици. Дел од медиумите јавуваа дека за помалку од еден час се забележани повеќе од 800 удари од гром.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-sofija-grom-usmrti-tri-lica-edno-lice-se-bori-za-zivot-foto/feed/ 0
УЖАС: Гром усмрти младоженец при фотографирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-grom-usmrti-mladozenec-pri-fotografiranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-grom-usmrti-mladozenec-pri-fotografiranje/#respond Mon, 29 Aug 2022 06:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=725264

Силен удар на гром уби маж за време на сликањето пред неговата свадба, во југозападна Кина, иако на местото на несреќата набрзо пристигнале службите за итна помош. Човекот се фотографирал со својата избраничка додека траело невреме со грмотевици. Турист кој се нашол на местото на несреќата вели дека цело попладне врнело дожд. – Големата среќа се претвори во голема трагедија. Не можеме ни да замислиме колку е тоа болно за невестата. Можеби една секунда пред тоа, таа и нејзиниот вереник зборувале за нивната романтична свадба и со нетрпение го очекувале среќниот живот пред нив. Но, блесок од гром ги раздели!, рече очевидецот. Жртвата била брзо пренесена в болница, но лекарите не можеле да го спасат несудениот младоженец. Нема други повредени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-grom-usmrti-mladozenec-pri-fotografiranje/feed/ 0
Трагедија во Грција, гром усмрти планинар https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-grcija-grom-usmrti-planinar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-grcija-grom-usmrti-planinar/#respond Mon, 22 Aug 2022 12:03:03 +0000 https://kurir.mk/?p=722037

Планинарската трка на планината Фалакро во грчка Драма заврши со трагедија, бидејќи еден од планинарите загинал при удар на гром, додека другиот натпреварувач е во тешка состојба, јави грчкиот јавен сервис „ЕРТ“. Третиот алпинист, кој цела ноќ останал со загинатиот и повредениот тркач, покажал знаци на хипотермија, а со нив била и жена која во шок била однесена дома. Во акцијата за спасување учествувале 14 пожарникари со пет возила. Повредените мажи со хеликоптер биле пренесени во Крисупола, а потоа во болницата во Кавала. Трката почна во саботата навечер, во подножјето на Фалакрос, а поразениот тим бил блиску до целта кога се случил фаталниот удар од гром. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragedija-vo-grcija-grom-usmrti-planinar/feed/ 0
Удри гром во близина на Белата куќа: 4 лица се повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/udri-grom-vo-blizina-na-belata-kukja-4-lica-se-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/udri-grom-vo-blizina-na-belata-kukja-4-lica-se-povredeni/#respond Fri, 05 Aug 2022 06:39:37 +0000 https://kurir.mk/?p=714351

Четири лица синоќа се тешко повредени од удар на гром во близина на Белата куќа во Вашингтон. Громот удри во две жени и двајца мажи кои биле во јавниот парк што е лоциран пред резиденцијата на американскиот претседател. Повредените се хоспитализирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/udri-grom-vo-blizina-na-belata-kukja-4-lica-se-povredeni/feed/ 0
ВИДЕО: Активни неколку пожари предизвикани од гром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-aktivni-nekolku-pozari-predizvikani-od-grom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-aktivni-nekolku-pozari-predizvikani-od-grom/#respond Sun, 24 Jul 2022 19:44:23 +0000 https://kurir.mk/?p=709697

Центарот за упрваување со кризи информира за неколку пожари вечерва предизвикани од гром. Во кумановско кај Кока гори сува трева, с.Проевце, а кај Ловечки дом гори борова шума. Пожарите се предизвикани од удар на гром. Во кичевското село Туин гори сува трева и нискостеблеста шума. Помаѓу селата Голозинци и Лисиче, Општина Чашка, кај Велес, гори сува трева и нискостеблеста шума. Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивното гаснење. И овој пожар е предизвикан од удар од гром, наведуваат од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-aktivni-nekolku-pozari-predizvikani-od-grom/feed/ 0
УЖАСНА СУДБИНА: Гром го уби сопругот на познатата актерка, еве ги тажните детали кои кога ги прочита светот започна да рони солзи (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uzasna-sudbina-grom-go-ubi-soprugot-na-poznatata-akterka-eve-gi-taznite-detali-koi-koga-gi-prochita-svetot-zapochna-da-roni-solzi-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uzasna-sudbina-grom-go-ubi-soprugot-na-poznatata-akterka-eve-gi-taznite-detali-koi-koga-gi-prochita-svetot-zapochna-da-roni-solzi-foto/#respond Thu, 07 Jul 2022 09:44:37 +0000 https://kurir.mk/?p=701568

Сопругот на ѕвездата од филмот „One Tree Hill“, Бевин Принц, Вилијам Френд (33) почина откако во неделата на 3 јули го удрило гром. Како наведуваат локалните медиуми, Вилијам е пронајден мртов во чамец после големото невреме. Веднаш откако е пронајдено телото пристигнала и итната помош кога анимирала дваесетина минути, но безуспешно. Парот судбоносното „ДА“ го кажа во 2016 година по што се преселиле поблиску до семејствата во Вригшвил Бич. Поранешната актерка инаку сега е фитнес тренер, а теретана заедно со нејзиниот сопруг отворија во 2019 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/uzasna-sudbina-grom-go-ubi-soprugot-na-poznatata-akterka-eve-gi-taznite-detali-koi-koga-gi-prochita-svetot-zapochna-da-roni-solzi-foto/feed/ 0
ДЕТЕ ПОЧИНА ОД ГРОМ: Детали за трагедијата во Црна Гора – малото момче загина додека му помагало на семејството да коси сено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dete-pochina-od-grom-detali-za-tragedijata-vo-crna-gora-maloto-momche-zagina-dodeka-mu-pomagalo-na-semejstvoto-da-kosi-seno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dete-pochina-od-grom-detali-za-tragedijata-vo-crna-gora-maloto-momche-zagina-dodeka-mu-pomagalo-na-semejstvoto-da-kosi-seno/#respond Sat, 02 Jul 2022 20:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=699038

Во селото Краденик, недалеку од Бијело Поље, во саботата околу 18:00 часот од удар на гром во големо невреме загина момчето А.Ф. (9), а едно женско лице е повредено, но не побарало лекарска помош. Како што информираат од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа на Црна Гора, момчето починало додека вршело земјоделски работи. Веднаш по веста за ударот на гром, на местото на трагедијата пристигнала екипа на итната помош, но лекарите го нашле детето без знаци на живот, па реанимацијата која следела не помогнала. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dete-pochina-od-grom-detali-za-tragedijata-vo-crna-gora-maloto-momche-zagina-dodeka-mu-pomagalo-na-semejstvoto-da-kosi-seno/feed/ 0