грозоморен злостор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Sep 2020 08:22:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грозоморен злостор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Момчиња силувани и мачени, па закопани живи: Шведска шокирана од грозоморен злостор (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/momchinja-siluvani-i-macheni-pa-zakopani-zivi-shvedska-shokirana-od-grozomoren-zlostor-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/momchinja-siluvani-i-macheni-pa-zakopani-zivi-shvedska-shokirana-od-grozomoren-zlostor-video/#respond Tue, 01 Sep 2020 08:22:52 +0000 https://kurir.mk/?p=397622

Шведската јавност деновиве е шокирана од еден од најгрозоморните случаи во модерната историја на земјата – две момчиња на возраст од 18 и 21 година, се осомничени дека киднапирале, ограбиле, силувале и мачеле двајца тинејџери, по што се обиделе да ги закопаат живи на локалните гробишта во предградие на Стокхолм. Според шведските медиуми, жртвите биле случајно одбрани, а двајцата напаѓачи ги совладале и мачеле откако претходно безуспешно се обиделе да им продадат дрога на тинејџерите. Момчињата ѝ раскажале на полицијата дека насилниците на смена ги силувале и ги тепале цела ноќ, а суровото изживување на гробиштата во Солна траело цели десет часа. Пред да се раздени, двајцата напаѓачи-монструми ги натерале момчињата, чија точна возраст не е соопштена, самите да легнат во свежо ископани гробови, по што ги затрупале со земја. Еден од двајцата тинејџери сепак успеал да се извлече од земјата и го откопал својот другар, по што налетале на случаен минувач кој ги забележал како лутаат голи и крвави низ гробиштата. Била алармирана полицијата, која ги фатила напаѓачите при обид да избегаат. Според информациите во шведските медиуми, двајцата насилници имале дебели полициски досиеја – помладиот бил апсен за кражби, а постариот за обид за убиство и разни други кривични дела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/momchinja-siluvani-i-macheni-pa-zakopani-zivi-shvedska-shokirana-od-grozomoren-zlostor-video/feed/ 0