груевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Dec 2020 12:39:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png груевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев доби повеќе вета со променето име отколку Груевски со непроменето https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/zaev-dobi-povekje-veta-so-promeneto-ime-otkolku-gruevski-so-nepromeneto/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/zaev-dobi-povekje-veta-so-promeneto-ime-otkolku-gruevski-so-nepromeneto/#respond Mon, 07 Dec 2020 12:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=439970

]]>

]]>
https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/zaev-dobi-povekje-veta-so-promeneto-ime-otkolku-gruevski-so-nepromeneto/feed/ 0
Груевски: Воведувањето прогресивен данок беше катастрофална грешка на оваа влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/gruevski-voveduvanjeto-progresiven-danok-beshe-katastrofalna-greshka-na-ovaa-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/gruevski-voveduvanjeto-progresiven-danok-beshe-katastrofalna-greshka-na-ovaa-vlada/#respond Sat, 02 Nov 2019 14:39:44 +0000 https://kurir.mk/?p=259265

Независно што воведувањето прогресивен данок беше катастрофална грешка на оваа влада за што укажував уште пред да се воведе истиот, сепак иако целта е предизборен популизам, за пофалба е враќањето на рамниот данок, еден од најуспешните проекти во Македонија од независноста до денес, воведен на 1 јануари 2007 година, пишува на својата Фејсбук страница поранешниот премиер Никола Груевски. Грешка е што тоа е само на три години бидејќи со таков рок ќе изостанат поголем дел од очекуваните ефекти. Повеќето од оние кои веќе најдоа алтернативни решенија надвор од Македонија нема да брзаат со враќање во Македонија чекајќи го исходот по истекот на овие три години или барем изборите, смената на власта и чекорите на новата власт. Инвеститорите, особено во некои гранки каде платите се повисоки, како информатичките технологии на пример, исто така ќе останат во неизвесност и секако овој рок ќе го вкалкулираат во своите бизнис одлуки, а тоа ќе оди на штета на Македонија. Не е точно дека прогресивниот данок, особено не моделот на СДСМ, обезбедува социјална правда. За ова може многу аргументи да се напишат, постојат цели студии, но за целта на овој текст само ќе потсетам дека даноците треба да се ниски, рамни и едноставни, а поголемиот профит приватниот сектор и луѓето кои имаат знаење и вештини за високи заработки во најголем дел ќе го искористи за нови проекти и инвестиции што ќе значи и нови работни места. Тоа само по себе е притисок на пазарот на труд за раст на платите, а со тоа и раст на животниот стандард. Така повеќе ќе се помогне на сиромашните и невработените отколку ако државата им земе дел од тие пари на компаниите и го даде во рацете на неспособни и корумпирани министри и бирократи. Најдобрата социјална политика е политиката на отворање нови работни места. Политиката на рамни и ниски даноци помогна да се привлечат или охрабрат многу инвеститори и за прв пат по независноста драстично да расте бројот на вработени во Македонија, а да опаѓа на бројот на невработени. Рамниот и низок данок ги привлекува и охрабрува побогатите да инвестираат и отвораат нови работни места и да ги вработат оние кои не се толку богати. Прогресивниот ги брка. Немаше потреба владата да дава лажни објаснувања од типот дека времено го враќаат данокот како што порано беше бидејќи не била консултирана бизнис заедницата при неговото носење. Беше консултирана и јасно, јавно и отворено кажа дека се против. Медиумите тоа сигурно можат да го проверат, ако некој заборавил. Сите други објаснувања за овој потег кои ги дадоа се празни флоскули. Вистинскиот одговор е дека прогресивниот данок е штетен за земјата и граѓаните. Тој е неправеден, а не рамниот данок. Сите губат со прогресивниот данок, никој не добива. Тој што требаше да добие, буџетот, не добива заради очекуваната брза преселба на капиталот, компаниите и луѓето. Но, со закон не се враќа се. И времето, загубеното време, не се враќа. Како што му “гори под нозете” сега пред избори, да може сега Заев да го врати времето и да ги врати истите политики, организација и луѓе за привлекување инвестиции, веднаш би го направил. Бидејќи наместо 5-6, ќе имаше 120-130 нови изградени фабрики или дел во напредна фаза на градба за овој ист период. Ама сè не се враќа со закон. Кога водиш политика воден од лична омраза и фрустрации, од каде и потребата да уништиш сè од оние кои ги гледаш како конкуренти, ќе се “глупираш” пред избори и ќе се “пењавиш” да објаснуваш нешто што на сите им е јасно. На овој ден сите се потсетуваме на нашите блиски кои денес веќе не се меѓу живите. Предизборното соочување на оваа влада со сопствените заблуди и грешки не натера да се потсетиме и на други загубени можности и шанси, стои во Фејсбук статусот на Груевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/gruevski-voveduvanjeto-progresiven-danok-beshe-katastrofalna-greshka-na-ovaa-vlada/feed/ 0
Денес рочиште за “Траекторија” во која се обвинува Груевски зошто градел автопати, кои сега новата влада ги кочи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-rochishte-za-traektorija-vo-koja-se-obvinuva-gruevski-zoshto-gradel-avtopati-koi-sega-novata-vlada-gi-kochi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-rochishte-za-traektorija-vo-koja-se-obvinuva-gruevski-zoshto-gradel-avtopati-koi-sega-novata-vlada-gi-kochi/#respond Wed, 14 Feb 2018 08:20:11 +0000 http://kurir.mk/?p=21265

Денес одново уште едно рочиште за случајот Траекторија кој веројатно е еден од најуникатните и најпарадоксалните судски предмети во кој поранешниот премиер Груевски се терети за градба на автопатите Штип Скопје и Кичево Охрид за измислена наводна добивка која не е изразена во пари, туку најверојатно во рејтинг кој обвинителството на Јанева го толкува како еден вид на добивка која оди на контото на Груевски. Во дел од медиумите сега блиски до владата се изоставува овој дел, правејќи свесна забуна дека станува збор за некаква материјална добивка што воопшто не е точно. Какви се фактите: Инаку фактите говорат дека постапка за градба за која освен Груевски се обвинети и поранешниот вицепремиер Пешевски, министерот Јанакиески и директорот на агенцијата за патишта Горгиевски е чисто законска и обавена низ транспарентна процедура. Со цел да се заштеди, се обезбедило евтин кредит од кинеската влада со само 2 осто камата. За споредба другите банки давале кредит со над 8 осто камата. Постапката се спровела и врз основа на закон донесен во Собранието кој го подржаа и СДСМ и ДУИ. Се обезбедило и конкуренција во процесот при што меѓусебно надавале две кинески фирми за градба на патиштата со што цената за изведба е и законска и се остварило дополнителна заштеда за државата. Делото за кое се обвинува Груевски е смешно и парадоксално, тоа е остварување на награда. Оваој случај кој е правен апсурд, полека станува и политичка иронија. Груевски се обвинува за автопатите кои ги градел, а токму истите сега стагираат и нивниот процес на градба е речиси целосно закочен и покрај обезбедените средства за градба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-rochishte-za-traektorija-vo-koja-se-obvinuva-gruevski-zoshto-gradel-avtopati-koi-sega-novata-vlada-gi-kochi/feed/ 0