грузија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 13:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png грузија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestra-dijana-imeri-ilkoska-ke-dirigira-vo-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestra-dijana-imeri-ilkoska-ke-dirigira-vo-gruzija/#respond Tue, 31 Oct 2023 13:12:13 +0000 https://kurir.mk/?p=894953

Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“. На концертот, заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“, како солисти ќе настапат тројцата  пијанистите со зад себе завидна кариера: Давид Аладашвили (Грузија), Мариана Ахба (Грузија/Франција) и Луис Швицгебел Ванг (Швајцарија), а  ќе бидат изведени и, уверирата од „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, Концертот за две пијана од Моцарт, како и Концертот за две пијана од Франсис Пуланк. -Со нетрпение го очекувам моето гостување во Тбилиси, пред се, поради тоа што ме очекува соработка со врвни солисти и престижниот оркестар кој ме покани со концерт свечено да го затворам Камерниот фестивал за класична музика. Ваквите покани за мене се потврда дека она што го работите со огромна љубов, посветеност и стремеж кон вистински квалитет, надалеку се слуша и не може да остане незабележано, вели маестра Имери Илкоска.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/maestra-dijana-imeri-ilkoska-ke-dirigira-vo-gruzija/feed/ 0
Два земјотреса ја погодија Грузија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-zemjotresa-ja-pogodija-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-zemjotresa-ja-pogodija-gruzija/#respond Sun, 24 Sep 2023 12:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=881236

Грузија денеска беше погодена од два земјотреси со интензитет од 4,7 степени и 3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Националниот центар за сеизмички мониторинг. Првиот земјотрес се случи на два километри од селото Лелубани кај Мачета, на околу 20 километри северозападно од главниот град Тбилиси, а вториот во Кахети во источна Грузија, на 150 километри од Тбилиси на длабочина од 18 километри, соопшти центарот. Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-zemjotresa-ja-pogodija-gruzija/feed/ 0
ВИДЕО: Јамал испиша историја, Шпанија со СЕДУМ гола ја декласира Грузија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-jamal-ispisha-istorija-shpanija-so-sedum-gola-ja-deklasira-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-jamal-ispisha-istorija-shpanija-so-sedum-gola-ja-deklasira-gruzija/#respond Fri, 08 Sep 2023 19:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=876182

Фудбалската репрезентација на Шпанија запипа убедлива победа од 1-7 над Грузија на „Борис Паичадѕе“ во Тбилиси во рамките на квалификациите за Европското првенство. Бедемот на Грузијците беше целосно пробиен, а овој натпревар беше рекорден за Ламин Јамал кој влезе во шпанската историја. Извештај од натпреварот: Грузија парираше и се држеше до 22. минута кога резултатот го отвори Алваро Мората. Само пет подоцна автогол си даде Квирквелија, а веќе по половина час и третпат се тресеше мрежата на Мамардашвили, но овојпат имаше офсајд и голот на Руиз не важеше. Сепак, Шпанците не застанаа и до полувремето дадоа уште два гола. Стрелаа Дани Олмо во 38. и Мората вторпат две минути подоцна. Второто полувреме тргна позитивно за Грузијците кои по серијата измени дадоа почесен погодок. Чакветадѕе во 49. минута го постигна единствениот погодок за својата селекција. Во завршниот половина час, одново имаше шоу на „фуријата“. Мората го комплетира хет-трикот во 65. минута, а три подоцна стрела и Нико Вилијамс. Во историјата на Шпанија се впиша 16-годишниот Ламин Јамал, кој стана најмлад дебитант и стрелец за својата земја. Асот на Барселона во 74. минута ги постави конечните 1-7. До крајот на средбата немаше резултатски промени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-jamal-ispisha-istorija-shpanija-so-sedum-gola-ja-deklasira-gruzija/feed/ 0
Борел во дводневна посета на Грузија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-dvodnevna-poseta-na-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-dvodnevna-poseta-na-gruzija/#respond Thu, 07 Sep 2023 05:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=875481

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска и утре ќе престојува во посета на Грузија. Предвидено е Борел да се сретне со грузиската претседателка Саломе Зурабишвили, со премиерот Иракли Гарибашвили, шефот на дипломатијата Илија Дарчијашвили, како и со претставници на парламентарните политички партии и на невладиниот сектор. Како што соопшти Европската служба за надворешни работи, оваа прва официјална посета на Борел на Грузија во својство на висок претставник на Унијата ќе биде можност за разговор со грузиските претставници за напредокот на евроинтеграцискиот пат на земјата, за случувањата на пошироката надворешно политика сцена, како и за регионални прашања. За време на посетата на Борел на Тбилиси ќе биде одбележана и 15-годишнината од формирањето на Набљудувачката мисијата на Европската унија во Грузија (ЕУММ), која, како што се наведува во соопштението, претставува одраз на посветеноста на ЕУ на безбедноста на земјата и на решавање на конфликтите по мирен пат. Во рамки на одбележување на годишнината, Борел ќе присуствува во активности на ЕУММ, чии припадници се распоредени на административната линија на разграничување на Грузија со сепаратистичките региони Абхазија и Јужна Осетија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-vo-dvodnevna-poseta-na-gruzija/feed/ 0
На грузиската претседателка ѝ се заканува отповикување поради нејзиното патување во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-gruziskata-pretsedatelka-se-zakanuva-otpovikuvane-poradi-nejzinoto-patuvane-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-gruziskata-pretsedatelka-se-zakanuva-otpovikuvane-poradi-nejzinoto-patuvane-vo-eu/#respond Fri, 01 Sep 2023 19:54:56 +0000 https://kurir.mk/?p=873555

На претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили и се заканува импичмент поради патување во Европската унија. Лидерот на владејачката партија Грузиски сон, Иракли Кобакидзе, рече дека ќе покрене постапка за импичмент во парламентот. Зурабишвили патувалa во странски земји без одобрение од владата, што е кршење на уставот. Претседателот на Грузија има церемонијална улога и вистинската власт ја има владата. Зурабишвили вчера во Берлин се сретна со германскиот претседател, а денеска во Брисел, имапе состанок со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, со кого разговараше за европско-грузиските односи и за поширокиот развој на настаните во регионот и за последиците од руската војна против Украина на Грузија. Мишел, исто така, повтори дека ЕУ го поддржува европскиот пат на Грузија. Грузија ја поднесе својата апликација за членство во Унијата откако Русија започна инвазија врз Украина. Но, сегашната влада на таа поранешна советска република се смета за пријателски настроена кон Русија, наведува ДПА. Кобакидзе рече дека постапката за импичмент може да успее само доколку за неа гласа и опозицијата. Опозицијата, сепак, наведе дека би била против доколку Зурабишвили го помилува затворениот, тешко болен поранешен претседател Михаил Сакашвили. Зурабишвили претходно беше министерка за надворешни работи, а за претседател беше избрана во 2018. Нејзиниот мандат истекува во декември следната година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-gruziskata-pretsedatelka-se-zakanuva-otpovikuvane-poradi-nejzinoto-patuvane-vo-eu/feed/ 0
Македонските фудбалери до 19 години славеа победа над Грузија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-do-19-godini-slavea-pobeda-nad-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-do-19-godini-slavea-pobeda-nad-gruzija/#respond Mon, 14 Aug 2023 18:36:45 +0000 https://kurir.mk/?p=866711

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години денес забележа минимална победа со 1:0 над Грузија на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции. Контролниот меч беше одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски", во Скопје. „Црвено-жолтите“ одиграа квалитетен натпревар, многу подобар во однос на првата контролна пресметка и на крајот заслужено се радуваа на победата. Стрелец на единствениот гол на средбата беше Димитар Данев на асистенција на Зани Назифи. Една минута подоцна гостите добија пенал, но голманот Петар Јакимов беше на висина на задачата, успевајќи да го скроти ударот од 11 метри.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-do-19-godini-slavea-pobeda-nad-gruzija/feed/ 0
Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Грузија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-4-5-stepeni-ja-pogodi-gruzija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-4-5-stepeni-ja-pogodi-gruzija/#respond Sat, 11 Feb 2023 19:09:32 +0000 https://kurir.mk/?p=799367

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди западна Грузија, соопшти Националниот центар за сеизмички мониторинг. Епицентарот на земјотресот бил седум километри источно од градот Озургети, кој е центар на регионот Гурија, пренесува „Интерфакс“. Земјотресот се случил на длабочина од пет километри. Засега нема информации за жртви или материјална штета.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-4-5-stepeni-ja-pogodi-gruzija/feed/ 0
Со чартер лет од Атина доброволно во Грузија се вратија 155 грузиски државјани https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-charter-let-od-atina-dobrovolno-vo-gruzija-se-vratija-155-gruziski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-charter-let-od-atina-dobrovolno-vo-gruzija-se-vratija-155-gruziski-drzavjani/#respond Thu, 15 Dec 2022 08:58:06 +0000 https://kurir.mk/?p=775885

Со чартер лет на Меѓународната организација за миграција (ИОМ Грција), 155 грузиски државјани од Атина доброволно се вратија во Грузија во рамките на програмата за помогнато и доброволно враќање и реинтеграција на мигрантите во нивната земја на потекло, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според надлежното Министерство, од почетокот на програмата во септември 2019 година, над 9.100 мигранти безбедно се вратиле во своите земји на потекло. Проектот е кофинансиран со 75 отсто од европските фондови и со 25 проценти од националните фондови и го спроведува Меѓународната организација за миграција во соработка со Службата за азил на Министерството за миграција и азил на Грција и грчката полиција.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/so-charter-let-od-atina-dobrovolno-vo-gruzija-se-vratija-155-gruziski-drzavjani/feed/ 0
Во Грузија извршена рација во лажни „кол центри“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gruzija-izvrshena-racija-vo-lazni-kol-centri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gruzija-izvrshena-racija-vo-lazni-kol-centri/#respond Wed, 09 Nov 2022 14:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=758041

Грузиските обвинители денеска објавија дека извршиле рација во центри за повици (кол центри), како дел од големата меѓународна истрага против криминална банда, која измамила милиони евра граѓани на Европска Унија. -Операцијата со големи размери покажа дека покренати се истраги во исто време во земјите кои не се членки на ЕУ, Албанија, Грузија и Северна Македонија, изјавија обвинителите на прес-конференција на која присуствуваа и претставници на Германија, клучен играч во истрагата. Во соопштението на Грузиското обвинителство се наведува дека транснационалната банда „поставила центри за повици во Грузија и други земји кои ги измамиле државјаните на ЕУ за милиони евра“. Лажните трговци им пристапувале на жртвите по телефон, ветувајќи високи повратни средства од инвестициите во криптовалути, стоки и странски валути. Парите добиени од измамените граѓани биле упалјќани на банкарски сметки на стотици фиктивни компании. Во соопштението, во кое не е наведено кога биле извршени рациите, се посочува дека истрага е покрената во  седум земји, меѓу кои  Грузија и Германија, а била координирана од Агенцијата на ЕУ за судска соработка  (Eurojust). Во Грузија, операцијата беше спроведена заедно со германските агенции за спроведување на законот на десетици локации, при што бил извршен претрес во пет центри за повици и кај десетици лица, при што се запленети стотици електронски уреди, документи и големи суми пари, а уапсено е едно лице.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gruzija-izvrshena-racija-vo-lazni-kol-centri/feed/ 0
Во Грузија протест против напливот на Руси кои се обидуваат да избегнат мобилизација во својата земја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gruzija-protest-protiv-naplivot-na-rusi-koi-se-obiduvaat-da-izbegnat-mobilizacija-vo-svojata-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gruzija-protest-protiv-naplivot-na-rusi-koi-se-obiduvaat-da-izbegnat-mobilizacija-vo-svojata-zemja/#respond Wed, 28 Sep 2022 18:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=738716

Во Грузија, во близина на граничниот премин со Русија, денеска се одржа протест против пристигнувањето на голем број Руси кои бегаат во кавкаската земја за да ја избегнат најавената мобилизација во својата земја. „Путин е терорист“, „Русија убива“, можеше да се прочита на некои плакати што ги носеа демонстрантите во близина на граничниот премин Казбеги. Тие вееја и украински и грузиски знамиња. Бројот на пристигнувања на овиј граничен премин бележи нагло зголемување откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави „делумна“ мобилизација за поддршка на инвазијата на Украина. Според грузиските власти, бројот на пристигнувања од Русија е речиси двојно зголемен во последните денови, достигнувајќи околу 10.000 дневно. Напливот бегалци, првиот регистриран од почетокот на инвазијата кон крајот на февруари, предизвикува тензија во грузиското општество, кое војуваше против Русија во 2008 година. Денешниот протест, на кој беше интонирана украинската химна, го организираше прозападната опозициска политичка партија „Дроа“. – Ова неконтролирано и невидено доаѓање на Русите создава проблеми за безбедноста на Грузија, рече Тамарa Гвинианиѕе, која е меѓу организаторите на протестот. – Границата мора веднаш да се затвори бидејќи владата покажа дека не е во состојба да се справи со оваа миграциска криза, додаде таа, најавувајќи дека во наредните денови ќе се одржи уште еден протест. Преку границата, властите во руската област Северна Осетија најавија ограничувања за влез на возила од други региони на Русија, мерка која има за цел да го спречи приливот на патници во соседната земја. Откако минатата недела беше најавена мобилизација, десетици илјади Руси заминаа во соседните земји. Казахстан, Монголија, Ерменија и Финска, исто така, забележаа значителен пораст на пристигнувања од Русија. +]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gruzija-protest-protiv-naplivot-na-rusi-koi-se-obiduvaat-da-izbegnat-mobilizacija-vo-svojata-zemja/feed/ 0