гш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Mar 2022 06:11:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гш – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ГШ на украинска армија: Белоруска војска се движи кон Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gsh-na-ukrainska-armija-beloruska-vojska-se-dvizi-kon-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gsh-na-ukrainska-armija-beloruska-vojska-se-dvizi-kon-ukraina/#respond Tue, 01 Mar 2022 06:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=638323

Одделни единици од составот на борбено најподготвените формации на вооружените сили на Белорусија почнаа да се движат кон државната граница на Украина, се наведува во синоќа објавениот извештај на Генералштабот на украинската армија. Се прецизира дека белоруски трупи се движат кон границата со Волинската област на северозапад од Украина. Во соопштението се наведува и дека територијата на Белорусија се уште се користи за борбени задачи на армијата, оперативно-тактичката и специјалната авијација на вооружените сили на Руската Федерација за извршување задачи на територијата на Украина, пренесува украинската агенција УНИАН. Генералштабот додава дека руските војници во текот на денот прегрупирале и складирале оклопни возила и ракетно и артилериско оружје во одредени области, пред се со цел да го опколат и заземат Киев и големите украински градови, особено Харков, Чернигов, Одеса, Херсон и Мариупол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gsh-na-ukrainska-armija-beloruska-vojska-se-dvizi-kon-ukraina/feed/ 0
ГШ на украинската армија: Русија до 13 часот извела повеќе од 30 напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gsh-na-ukrainskata-armija-rusija-do-13-chasot-izvela-povekje-od-30-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gsh-na-ukrainskata-armija-rusija-do-13-chasot-izvela-povekje-od-30-napadi/#respond Thu, 24 Feb 2022 13:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=636066

Русија до 13 часот извршила повеќе од 30 напади врз цивилната и воената инфраструктура во Украина, се наведува во извештајот на Генералштабот на украинската армија, што го пренесуваат агенции. „Вооружените сили на агресорот извршија повеќе од 30 напади со крстосувачки ракети „калибер“, а извршија и повеќе ракетни напади. Во нападите учествуваа авијацијата и артилеријата, чија цел беше цивилната и воената инфраструктура во Украина“, соопшти Генералштабот. Се додава дека „непријателот ја продолжува офанзивата од воздух, како и дека ја преминал украинската граница во правците Аријанск-Херсон, Чаплинка-Каховка“. Според украинскиот Генералштаб, забележена е засилена активност на диверзантско-извидувачки групи во оперативната област Бесарабија и во Црноморската оперативна зона на Украина. Поголем дел од Здружените украински сили се преминати на одбранбени операции. Оперативно-тактичките групи водат одбранбени борби во сите правци во кои непријателот напредува“, се додава во соопштението на Генералштабот на украинската армија во Киев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gsh-na-ukrainskata-armija-rusija-do-13-chasot-izvela-povekje-od-30-napadi/feed/ 0
ГШ на АРМ: Груби дезинформации се дека АРМ била инволвирана во „27 април“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gsh-na-arm-grubi-dezinformacii-se-deka-arm-bila-involvirana-vo-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gsh-na-arm-grubi-dezinformacii-se-deka-arm-bila-involvirana-vo-27-april/#respond Thu, 06 Dec 2018 12:43:22 +0000 https://kurir.mk/?p=136519

Во врска со зачестените објави во одредени електронски медиуми, како и разни произволни толкувања од страна на лица кои гостуваат во дебатни емисии на националните телевизии, во кои се наведуваат инсинуации со кои упорно сака да се прикаже инволвираност во организирана форма, на Армијата на Република Македонија во случувањата на 27 април 2017 година, најенергично ги демантираме ваквите тврдења со напомена дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста, се вели во демантот од Генералштабот на Армијата на Република Македонија. Оттаму информираат дека како и секогаш досега, генералштабот на АРМ во потполност транспарентно ги пренесува сите свои активности и ангажмани и е на располагање во целост да ги презентира сите податоци и да соработува со сите надлежни институции за било какви информации за наводните тврдења со што конечно ќе се стави крај на понатамошни шпекулативни толкувања. -Во досегашното постоење на АРМ, во потполност се применуваат воспоставените принципи и постапки во хиерархијата и субординација во командувањето, при што се постапува согласно дадените законски надлежности и строго утврдени правила кои ја уредуваат оваа област. Преку пласирање на вакви неточни информации се влијае на нарушувањето на угледот на АРМ и на чувствата на припадниците на АРМ, кои со својот ангажман постојано ги потврдуваат своите определби и грижа за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, а со тоа да се  влијае и на севкупната подготвеност на Армијата на Република Македонија. Уште еднаш ги информираме сите медиуми пред објавување или превземање на вакви „ексклузивни“ вести во кои се споменува АРМ, дека веродостојни информации може да добиете од канцеларијата за односи со јавноста во ГШ на АРМ, која најтранспарентно ќе Ви ги достави сите информации за кои сте заинтересирани, се вели во соопштението од ГШ на АРМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gsh-na-arm-grubi-dezinformacii-se-deka-arm-bila-involvirana-vo-27-april/feed/ 0