ГСК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Dec 2020 09:56:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ГСК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Санофи“ и „ГСК“ информираат за забавување на тестирањето на нивната вакцина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanofi-i-gsk-informiraat-za-zabavuvanje-na-testiranjeto-na-nivnata-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanofi-i-gsk-informiraat-za-zabavuvanje-na-testiranjeto-na-nivnata-vakcina/#respond Fri, 11 Dec 2020 09:56:50 +0000 https://kurir.mk/?p=441928

Француската фармацевтска корпорација „Санофи“ и британската „ГСК“ соопштија дека им треба дополнително време за истражување и тестирање за вакцината што ја развиваат како одговор на коронавирусот. Причината за тоа е слабиот имунолошки одговор кај постарите лица, се наведува во денеска објавеното соопштение од двете компании. Привремените резултати од студијата во првата и втората фаза покажаа имунолошки одговор кај лицата од 18 до 49 години споредлив со оној кај пациентите оздравени од Ковид-19, но затоа има низок имунолошки одговор кај постарите лица, што веројатно се должи на недоволната концентрација на антигени. Недоволниот имунолошки одговор кај постарите лица укажува на тоа дека треба да се специфицира концентрацијата на антигени потребни за високо ниво на имунолошки одговор во сите возрасни групи, се наведува во извештајот. Според потпретседателот на „Санофи“, Томас Триумф, компанијата е решена да развие безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19. Експертите планираат во февруари да спроведат студија за фазата 2б, а доколку резултатите бидат позитивни, студијата за глобална трета фаза ќе може да почне во вториот квартал од 2021 година, соопшти компанијата. Доколку испитувањата бидат успешни, потребните регулативи ќе бидат презентирани во третиот квартал, а самата вакцина ќе биде достапна во четвртиот квартал од следната година. Претходно, компаниите планираа нивната заедничка вакцина да ја лансираат кон средината на 2021 година, а владите и ЕУ презедоа договорни обврски за нејзино купување. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sanofi-i-gsk-informiraat-za-zabavuvanje-na-testiranjeto-na-nivnata-vakcina/feed/ 0
Британија обезбеди 60 милиони дози вакцина против коронавирус од Санофи и ГСК https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-obezbedi-60-milioni-dozi-vakcina-protiv-koronavirus-od-sanofi-i-gsk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-obezbedi-60-milioni-dozi-vakcina-protiv-koronavirus-od-sanofi-i-gsk/#respond Wed, 29 Jul 2020 10:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=383105

Велика Британија потпиша договор за набавка на 60 милиони дози на можна вакцина за Ковид-19 која ја развиваат Санофи и ГлаксоСмитКлајн и тоа е четврт ваков аранжман од страна на британската Влада. Досега не е одобрена вакцина за Ковид-19, респираторно заболување предизвикано од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, од кој досега починаа повеќе од 659.000 луѓе. Финансиските точки од договорот не се објавени, Санови и ГСК велат дека во случај клиничките резултати да бидат позитивни, очекуваат одобрување од регулаторното тело за нивната вакцина во првата половина од 2021 година. Ова е прв договор на Санофи и ГСК за испорака на експериментална вакцина за Ковид-19 во некоја земја. Британските министри ја потенцираат важноста на време да се обезбедат залихи од повеќе различни кандидати за ефективна вакцина иако, како што велат, „нема гаранции“. Велика Британија минатата недела обезбеди 30 милиони дози на експерименталната вакцина од БиоНТех/Фајзер и во принцип постигна договор за 60 милиони дози на вакцината Валнева, со можност за набавка на дополнителни 40 милиони дози, доколку вакцините се покажат безбедни, ефективни и соодветни. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-obezbedi-60-milioni-dozi-vakcina-protiv-koronavirus-od-sanofi-i-gsk/feed/ 0