гучи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 12:20:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гучи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кендал Џенер и раперот Бед Бани во реклами на „Гучи“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kendal-dhener-i-raperot-bed-bani-vo-reklami-na-guchi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kendal-dhener-i-raperot-bed-bani-vo-reklami-na-guchi/#respond Mon, 02 Oct 2023 12:20:57 +0000 https://kurir.mk/?p=884238

Супермоделката Кендал Џенер глуми во новата рекламна кампања на „Гучи Валигерија“, заедно со нејзиниот партнер, раперот Бед Бани. На фотографиите на Ентони Секлави, двојката е на аеродром. Главната замисла на фотосесијата како приказна е да се истражи блискоста и интимноста на патувањето заедно со момчето или девојката, особено „треската“ од 90-тите. Американската „џет-сет“ двојка, инаку, ја претстави линијата спортски чанти, ранци, куфери и колички на „Гучи Савој“. Инаку, навестувањата за врската на Кендал и Бед Бани се појавија во февруари оваа година. Потоа љубовната двојка редовно се појавуваше заедно на забави и јавни средби. Самите ѕвезди официјално не ја потврдија својата врска, па многумина се сомневаат дека се работи за лажна тн. „Пи-ар романса“, па и дека новата професионална соработка е дел од сѐ тоа.   (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kendal-dhener-i-raperot-bed-bani-vo-reklami-na-guchi/feed/ 0
Светски познатиот бренд на маки – „Гучи“ ќе мора да направи голема промена, на многумина вљубеници во модата ова нема да им се допадне https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetski-poznatiot-brend-na-maki-guchi-kje-mora-da-napravi-golema-promena-na-mnogumina-vljubenici-vo-modata-ova-nema-da-im-se-dopadne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetski-poznatiot-brend-na-maki-guchi-kje-mora-da-napravi-golema-promena-na-mnogumina-vljubenici-vo-modata-ova-nema-da-im-se-dopadne/#respond Fri, 25 Nov 2022 14:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=766592

Модната куќа „Гучи“ е пред задача да избере нов топдизајнер, по ненадејното заминување на Алесандро Микеле, кој беше миленик на Харти Стајлс и Лејди Гага. Се очекува растот на приходите да забави. Алесандро Микеле беше креативен директор на брендот седум години. Според западните медиуми, тензијата меѓу Микеле и раководството на компанијата-сопственичка на брендот, „Керинг груп“, била голема. Познавачите сметаат дека недостатокот на топдизајнер, создава вакуум што брендот мора брзо да го пополни. „Ова покренува некои прашања за насоката и развојот на брендот наредниве месеци“, „Заминувањето на Микеле е повеќе од само пензионирање на еден од легендарните дизајнери во последната деценија. Следниот чекор ќе биде уште покомплициран“ – гласи дел од коментарите на познавачите. Акциите на „Керинг“ вредат повеќе од 66 милијарди евра. Oваа година нивната вредност падна за четвртина. Првите хит-производи нa Микеле (49), беа кожните мокасини брендирани со препознатливата коњска узда на „Гучи“, на пр., со цена од 1.000 американски долари. Чантата „Дионис“ (Dionysus) со синџир и две тигарски глави почна со 900 долари за минимодел. – Со оглед на естетиката на Микеле и идентитетот на брендот на „Гучи“, репозиционирањето може да биде повеќе револуција отколку еволуција, смета Кјара Батистини од списанието „Џеј-Пи Морган“ (JP Morgan). И според неа, тоа може да доведе до период на релативен пад – оперативен и финансиски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/svetski-poznatiot-brend-na-maki-guchi-kje-mora-da-napravi-golema-promena-na-mnogumina-vljubenici-vo-modata-ova-nema-da-im-se-dopadne/feed/ 0
ВИДЕО: „Гучи“ со неверојатна модна ревија, новата колекција ја презентираа 68 пара идентични близнаци https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/video-guchi-so-neverojatna-modna-revija-novata-kolekcija-ja-prezentiraa-68-para-identichni-bliznaci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/video-guchi-so-neverojatna-modna-revija-novata-kolekcija-ja-prezentiraa-68-para-identichni-bliznaci/#respond Sun, 25 Sep 2022 12:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=737210

На модната ревија за колекцијата пролет/лето 2023 наречена „Твинсбург“, модниот бренд Гучи ангажирале 68 пара идентични близнаци. Пред почетокот на ревијата, директорот на „Гучи“ Алесандро Микеле истакнал дека ја посветува на неговата мајка Ералда и нејзината сестра, близначката Џулијана. -Две извонредни жени кое своето сестринство го одбележаа со конечен печат. Живееја во исто тело. Исто се облекуваа и чешлаа, вели тој. Секој пар близнаци на сцена се појавил независно, одвоени во ѕид од огледала во средина и оделе по пистата во исти модели. Оваа ревија била подготвувана со месеци и биле вложени големи напори за да се пронајдат толкав број идентични близнаци кои ќе ги носат моделите. Необичната модна ревија на „Гучи“ предизвика големо внимание во Милано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/video-guchi-so-neverojatna-modna-revija-novata-kolekcija-ja-prezentiraa-68-para-identichni-bliznaci/feed/ 0
Искинати „Гучи“ хулахопки се продаваат за 173 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/iskinati-guchi-hulahopki-se-prodavaat-za-173-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/iskinati-guchi-hulahopki-se-prodavaat-za-173-dolari/#respond Thu, 02 Dec 2021 09:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=602871

Додека повеќето жени обично веднаш ги фрлаат искинатите хулахопки, модниот бренд „Гучи“ одлучи истите скапо да ги наплаќа… Луксузните модни брендови секогаш имаат „изненадување“ коешто кај дел од јавноста е предмет на потсмев, а понекогаш и кавги на интернет-просторот. Така, италијанската куќа „Гучи“ е препознатлива по својата многу импресивна естетика, но веќе некое време во својата понуда има искинати хулахопки кои чинат 173 долари (скоро 153 евра)… Секако, „Црниот петок“ ги потсети сеирџиите на овој моден „бисер“… „Има будали кои го купуваат ова, а ’Гучи‘ се смее“, „Секое грне си наоѓа капаче“ – се само дел од коментарите за овој моден (не)успех.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/iskinati-guchi-hulahopki-se-prodavaat-za-173-dolari/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Лажната социјалдемократка Царовска носи шал од Гучи кој чини колку една месечна плата на наставник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-laznata-socijaldemokratka-carovska-nosi-shal-od-guchi-koj-chini-kolku-edna-mesechna-plata-na-nastavnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-laznata-socijaldemokratka-carovska-nosi-shal-od-guchi-koj-chini-kolku-edna-mesechna-plata-na-nastavnik/#respond Sat, 16 Jan 2021 08:38:02 +0000 https://kurir.mk/?p=456089

Лажната социјалдемократија на власта на Заев излегува на виделина. После златниот прибор на Заеви кој чини 50 илјади евра, сега гледаме дека министерката Царовска за шал потрошила 370 евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ до јавноста. - Ова е врв на безобразието. Во држава во која половина милион луѓе живеат во сиромаштија со само 2 евра дневно, премиерот јаде со златни лажици, а министерката Царовска која до вчера глумеше загрижена за ранливите категории се топли со Гучи шал кој е поскап од една просечна плата во Македонија, посочуваат тие. Од партијата тврдат дека шалот на Царовска чини скоро колку две месечни плати во текстилната индустрија или скоро колку една плата на наставник во образованието. - Лажното душегрижништво на Царовска , Заев и останатите во владата е врв на лицемерието. Се расфрлаат со луксуз од кој боли глава во време кога во Македонија без работа се останати 54 илјади работници и кога уште толку не земаат редовно плата. Додека државата енормно се задолжува со една милијарда евра за една година, буржоазијата на власт троши за луксузи и сопствени удопства. Јавноста се чуди потоа зошто власта не може да разбере дека на народот му се скапи патарините. Па како ситата власт да го разбере гладниот народ. Оваа однародена и одлепена од реалност Влада живее во свој свет на злато, шалови Гучи, шампањи, лигњи, додека народот гладува, додаваат ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-laznata-socijaldemokratka-carovska-nosi-shal-od-guchi-koj-chini-kolku-edna-mesechna-plata-na-nastavnik/feed/ 0
МОДАТА ЗАБЕГА: „Гучи“ направи фустан за мажи, изгледот и цената се шокантни https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/modata-zabega-guchi-napravi-fustan-za-mazi-izgledot-i-cenata-se-shokantni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/modata-zabega-guchi-napravi-fustan-za-mazi-izgledot-i-cenata-se-shokantni/#respond Sun, 04 Oct 2020 13:11:17 +0000 https://kurir.mk/?p=412216

Модната марка „Гучи“ лансираше фустан за мажи со сатенска лента и јака. Идејата беше да се прекине со токсичните стереотипи кои го обликуваат идентитетот на машкиот пол.

Вториот проблем со оваа креација е што чини многу и не е толку убава како некои други парчиња „Гучи“ од новата колекција.

Овој фустан за мажи чини 2.200 евра.

Најголем дел од коментарите кои го преплавија светот велат дека модата забегала!

]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/modata-zabega-guchi-napravi-fustan-za-mazi-izgledot-i-cenata-se-shokantni/feed/ 0
Прекрасна: Новата козметичка линија на „Гучи“ ќе ја рекламира модел со Даунов синдром https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prekrasna-novata-kozmetichka-linija-na-guchi-kje-ja-reklamira-model-so-daunov-sindrom/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prekrasna-novata-kozmetichka-linija-na-guchi-kje-ja-reklamira-model-so-daunov-sindrom/#respond Fri, 03 Jul 2020 14:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=368395

Новата козметичка линија на модната марка „Гучи“, поточно новата маскара насловена L’ Obscur ќе ја рекламира моделот Ели Голдстајн, девојка која има Даунов синдром. Ели е Британка и има 18 години. На иницијатива на креативниот директор на„Гучи“, Алесандро Микеле, оваа девојка ќе биде објавена и на страниците на италијанскиот Вог како модел  на фотографиите на младиот уметник Дејвид Пд Хајд. „Ја дизајнирав маскара L’Obscur за автентича личност која користи шминка за да ја раскаже својата приказна за слободата, на свој начин“, рече Микеле.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prekrasna-novata-kozmetichka-linija-na-guchi-kje-ja-reklamira-model-so-daunov-sindrom/feed/ 0
„Гучи“ се извини за волнениот џемпер од 890 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/guchi-se-izvini-za-volneniot-dzemper-od-890-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/guchi-se-izvini-za-volneniot-dzemper-od-890-dolari/#respond Thu, 07 Feb 2019 16:30:34 +0000 https://kurir.mk/?p=161340

Познатиот моден бренд „Гучи“ се извини за волнениот џемпер, чија цена е 890 долари, кој наликува на „црномуресто лице“ и соопшти дека производот е повлечен од онлајн понудата и од продавниците. Во соопштението, „Гучи“ вели дека е посветен на разновидноста и смета оти тоа е „темелна вредност која треба целосно да се поддржи, да се почитува при секоја одлука, која се носи”. Џемперот од црна волна го покрива носот и има црвен израз на уста, што на социјалните мрежи беше исмејувано како нечувствителна и расистичка работа. -Сметаме дека разновидноста е темелна вредност што треба да ја негуваме и почитуваме, и секоја одлука, која ја носиме треба да ја темелиме на тоа. Ние сме целосно посветени на почитување на различноста во нашата организација и претворање на овој инцидент во една лекција за целиот колектив на Гучи, тврдат од италијанскиот моден бренд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/guchi-se-izvini-za-volneniot-dzemper-od-890-dolari/feed/ 0