Гулаб Донев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Dec 2022 12:46:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Гулаб Донев – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Донев: Бугарската Влада подготвена за одмазднички мерки кон Холандија и Австрија за вето за Шенген https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-bugarskata-vlada-podgotvena-za-odmazdnichki-merki-kon-holandija-i-avstrija-za-veto-za-shengen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-bugarskata-vlada-podgotvena-za-odmazdnichki-merki-kon-holandija-i-avstrija-za-veto-za-shengen/#respond Mon, 05 Dec 2022 12:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=771149

Бугарската Влада е подготвена за одмазднички мерки доколку Холандија и Австрија наметнат вето за влез во Шенген, изјави техничкиот премиер Гулаб Донев по средбата со министрите за внатрешни, за надворешни работи и за правда Иван Демерџиев, Николај Милков и Крум Зарков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Донев изјавил дека сите мерки ќе бидат насочени и во одбрана на националниот интерес на Бугарија, која никогаш не се залагала за позиции на поделеност и двојни стандарди во однос на која било земја од ЕУ и очекува ист став од другите земји-членки. Според бугарскиот технички премиер, повеќе од очигледно е дека позициите на премиерот на Холандија и на канцеларот на Австрија се диктирани од внатрешно-политички размислувања, а не од фактички идентификувани недостатоци во спроведувањето на шенгенските правила од страна на Бугарија. Донев кажа дека има сомнежи за примена на двојни стандарди, особено од страна на Холандија. Според него, во својата позиција, канцеларот на Австрија ги истакнал недостатоците на Шенген системот во целина, кои во никој случај не се одговорност на бугарската страна, додека премиерот на Холандија прибегнал кон недостојни сугестии, кои во Бугарија малку е веројатно дека наскоро ќе бидат заборавени. Тој потсети и на улогата на тројцата бугарски гранични полицајци кои загинаа чувајќи ја надворешната граница на ЕУ во последните три месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-bugarskata-vlada-podgotvena-za-odmazdnichki-merki-kon-holandija-i-avstrija-za-veto-za-shengen/feed/ 0
Донев: Бугарија работи со државите од Западен Балкан за нивната европска интеграција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-bugarija-raboti-so-drzavite-od-zapaden-balkan-za-nivnata-evropska-integracija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-bugarija-raboti-so-drzavite-od-zapaden-balkan-za-nivnata-evropska-integracija/#respond Thu, 03 Nov 2022 14:25:48 +0000 https://kurir.mk/?p=755277

Регионалната соработка во Југоисточна Европа е водечкиот надворешно-политички приоритет на Бугарија, изјави нивниот технички премиер Гулаб Донев во својот говор на самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан во Берлинскиот процес,  јави дописникот на МИА од Софија. Според Донев, ова го надополнува и го надградува процесот на европска интеграција, ја поддржува демократизацијата и развојот и ја зајакнува стабилноста и безбедноста на регионот. Бугарскиот премиер изјави дека неговата земја е посветена и активно работи со земјите од регионот за нивна успешна европска интеграција, врз основа на нивните сопствени заслуги. -Проблемите поврзани со енергетската безбедност со кои се соочува секој може да се надминат, а енергетската транзиција може да се постигне само преку засилена регионална соработка, изјави Донев на работната сесија на тема „Безбедност на енергетските испораки и трансформација“. Бугарскиот премиер ја истакна клучната улога на меѓусистемската гасна врска меѓу Грција и Бугарија за диверзификација на изворите на гас, за подобрување на безбедноста и флексибилноста на испораките, како и за промовирање на конкуренцијата во корист на крајниот корисник. Донев укажа и на напредокот во изградбата на гасната врска меѓу Бугарија и Србија, која, исто така, е од стратешко значење. Тој во својот говор го претстави и договорот потпишан меѓу „Булгартрансгаз“ и државната компанија на Република Северна Македонија „ГА-МА“ за изградба на нов интерконектор меѓу Бугарија и Северна Македонија. Донев зборуваше и за напорите на Бугарија да обезбеди институционална поддршка на Северна Македонија за надминување на енергетскиот дефицит, потсетувајќи дека Бугарија традиционално е нето-извозник на електрична енергија и игра клучна улога во енергетската безбедност на земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-bugarija-raboti-so-drzavite-od-zapaden-balkan-za-nivnata-evropska-integracija/feed/ 0
Донев во изолација откако имал контакт со лице заразено со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-vo-izolacija-otkako-imal-kontakt-so-lice-zarazeno-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-vo-izolacija-otkako-imal-kontakt-so-lice-zarazeno-so-kovid-19/#respond Sun, 21 Aug 2022 18:43:10 +0000 https://kurir.mk/?p=721789

Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Гулаб Донев, се самоизолирал бидејќи бил во контакт со лице заболено од коронавирус, соопшти бугарската Влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот премиер се чувствува добро и продолжува да работи од далечина и е во постојан контакт со членовите на Владата на земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/donev-vo-izolacija-otkako-imal-kontakt-so-lice-zarazeno-so-kovid-19/feed/ 0