гувернер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Dec 2022 13:50:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гувернер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Демонстранти ја запалија канцеларијата на гувернерот на сириската провинција Свеида https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-ja-zapalija-kancelarijata-na-guvernerot-na-siriskata-provincija-sveida/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-ja-zapalija-kancelarijata-na-guvernerot-na-siriskata-provincija-sveida/#respond Sun, 04 Dec 2022 13:50:10 +0000 https://kurir.mk/?p=770824

Десетици демонстранти кои протестираат против влошената економска состојба во Сирија, денеска упаднаа во зградата на локалната власт во градот Свеида и ја запалија. По палењето на зградата, според очевидците се слушнале истрели од огнено оружје. Претходно, повеќе од 200 луѓе се собраа околу зградата барајќи оставка од сирискиот претседател Башар Асад. Според сириските државни медиуми „десетици одметници упаднале во канцеларијата на гувернерот и запалиле досиеја и службени документи“ Провинцијата Свеида, населена претежно со припадници на малцинската група Друзи, е поштедена од насилството забележано во другите делови на Сирија од почетокот на војната. Друзите долго време се спротивставуваат да бидат вовлечени во сирискиот конфликт. Сирија е во длабока економска криза поради војната во кој загинаа стотици илјади, а раселени се милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/demonstranti-ja-zapalija-kancelarijata-na-guvernerot-na-siriskata-provincija-sveida/feed/ 0
Гувернерот на Луганск вели дека Русија контролира 80 отсто од регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-lugansk-veli-deka-rusija-kontrolira-80-otsto-od-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-lugansk-veli-deka-rusija-kontrolira-80-otsto-od-regionot/#respond Thu, 21 Apr 2022 13:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=666580

Гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај соопшти дека руските сили сега контролираат 80 отсто од украинскиот регион. Хајдај вели дека руските трупи успеале да остварат контрола врз поголем дел од регионот, како и дека по заземањето на малиот град Кремина сега се пред градовите Рубижне и Попасна. Пред руската извазија украинските власти контролираа 60 проценти од регионот Луганск – една од двете области што го сочинуваат Донбас. „Окупаторот контролира само делови од тие градови, неможејќи да се пробие до централните градски подрачја“, соопшти Хајдај преку објавата на апликацијата „Телеграм“. Аналитичарите проценуваат дека офанзивата во источниот дел на Украина би можела да стане исцрпувачка оттаму што руската армија таму е соочена со најискусните трупи на Украина кои осум години се борат со промосковските сепаратисти во Донбас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-lugansk-veli-deka-rusija-kontrolira-80-otsto-od-regionot/feed/ 0
Гувернерот на регионот Луганск информира дека се уништени сите магацини за храна во Северодоњецк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-regionot-lugansk-informira-deka-se-unishteni-site-magacini-za-hrana-vo-severodonjeck/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-regionot-lugansk-informira-deka-se-unishteni-site-magacini-za-hrana-vo-severodonjeck/#respond Thu, 21 Apr 2022 07:00:08 +0000 https://kurir.mk/?p=666347

Гувернерот на Луганската област, Сергеј Гајдај изјавил дека сите магацини со храна во Северодоњецк се уништени и жителите можат да добијат храна само преку хуманитарна помош, објави Киев Индипендент. Весникот пренесува и дека Гајдај, исто така, рекол оти руските сили уништиле неколку станбени згради во Рубижне и Новодружск во Луганската област.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-regionot-lugansk-informira-deka-se-unishteni-site-magacini-za-hrana-vo-severodonjeck/feed/ 0
Столтенберг заминува од НАТО, ќе стане гувернер на Норвешката централна банка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-zaminuva-od-nato-kje-stane-guverner-na-norveshkata-centralna-banka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-zaminuva-od-nato-kje-stane-guverner-na-norveshkata-centralna-banka/#respond Fri, 04 Feb 2022 11:50:44 +0000 https://kurir.mk/?p=626995

Покрај тензичната ситуација во Украина и во Европа, НАТО сега се соочува со уште една тешка задача – да најде наследник на генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој треба да ја напушти функцијата и да застане на чело на Норвешката централна банка, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии, пренесе агенцијата ДПА. Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а неговиот сегашен мандат истекува во септември. Тој претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година. Кандидатурата на Столтенберг за функцијата гувернер на Централната банка ја следеа контроверзии во Норвешка, делумно поради неговото блиско пријателство со актуелниот норвешки премиер Јонас Гар Стохре, колега од социјалдемократите. Ида Волден Баче, актуелен заменик гувернер на Централната банка, исто така беше во комбинација за гувернер на банката. Волден Баче во март привремено ќе застане на чело на банката, додека Столтенберг не ја преземе функцијата, веројатно на почетокот на декември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-zaminuva-od-nato-kje-stane-guverner-na-norveshkata-centralna-banka/feed/ 0
Прекината истрагата против поранешниот гувернер на државата Њујорк https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinata-istragata-protiv-poraneshniot-guverner-na-drzavata-njujork/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinata-istragata-protiv-poraneshniot-guverner-na-drzavata-njujork/#respond Wed, 05 Jan 2022 10:45:56 +0000 https://kurir.mk/?p=616133

Јавниот обвинител на округот Олбани, во државата Њујорк, Дејвид Соарес ја прекина истрагата против поранешниот гувернер Ендрју Куомо, кој беше обвинет од негов некогашен соработник за сексуално вознемирување. – Иако подносителот на тужба во овој случај и помогна на истрагата и заслужува доверба, откако ги разгледавме сите достапни докази, дојдовме до заклучок дека нема да можеме да ја исполниме „нашата задача во судот“, нагласи Соарес. Тој додаде дека сепак е „длабоко загрижен“ и сериозно го сфатил обвинението. Окружниот обвинител, исто така, истакна дека веќе го известил судот за прекинот на истрагата. Сегашниот закон на Њујорк го прави случајот недокажлив, објасни Соарес, но не кажа зошто мисли дека ќе биде тешко да се добие обвинение. Тој истакна дека обвинителството ја испитало можноста за покренување обвиненија против други членови, но ниту еден од нив не одговара на фактите со кои располага истрагата. Куомо се уште не ја коментирал одлуката на обвинителот. На почетокот на август 2021 година, њујоршката јавна обвинителка Летиција Џејмс ги објави резултатите од независната истрага во која се тврди дека Куомо малтретирал најмалку 11 жени, вклучително и негови соработнички, кршејќи ги и федералните и регионалните закони. Уште пред објавувањето, неколку жени јавно ја обвинија политиката за недолично однесување. Споделија навредливи или непристојни коментари од поранешниот гувернер, малтретирање и бакнежи без нивна согласност. Американскиот претседател Џо Бајден тогаш рече дека против Куомо би можело да биде покренато официјално обвинение, доколку се утврди дека наводите на жените се веродостојни. Ендрју Куомо, кој беше гувернер на Њујорк во три последователни мандати, поднесе оставка на 10 август 2021 година, оценувајќи дека тоа е „политички мотивиран“ напад врз него. Во октомври 2021 година, Куомо беше официјално обвинет за сексуален напад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prekinata-istragata-protiv-poraneshniot-guverner-na-drzavata-njujork/feed/ 0
Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан, гувернерот ја нарече ситуацијата „апокалиптична“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodna-pomosh-pochna-da-pristignuva-vo-liban-guvernerot-ja-nareche-situacijata-apokaliptichna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodna-pomosh-pochna-da-pristignuva-vo-liban-guvernerot-ja-nareche-situacijata-apokaliptichna/#respond Thu, 06 Aug 2020 07:22:45 +0000 https://kurir.mk/?p=386904

Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан откако во две огромни експлозии во вторникот вечерта загинаа повеќе од 100 луѓе и над 4.000 се повредени. Експлозиите го уништија пристаништето во главниот град Бејрут и уништија цели населби во градот. Десетици луѓе се исчезнати, а спасувачите продолжуваат да работат, со надеж дека ќе најдат преживеани. – Ситуацијата е апокалиптична, Бејрут никогаш не знаел за такво нешто во својата историја, изјави градскиот гувернер Маруан Абуд, кој се расплака во солзи пред камерите во вторникот кога виде дека пристаништето е уништено. Кувајт вчера соопшти за пристигнување на негов авион во Либан со медицинска помош. Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека првиот од четирите авиони со помош слетал во Бејрут. Со него пристигнале екипи за спасување, лекари и медицинска опрема и мобилна болница заедно со 50 спасувачи и медицински персонал. Другите три руски авиони ќе достават лабораториска опрема за тестирање на коронавирус и заштитна опрема, како и друга помош. Франција вчера испрати три авиони со неколку тони медицински материјали. Со нив патува и тим од служби за цивилна заштита. Германија испрати 50 специјалисти од Федералната агенција за помош при катастрофи. Тие синоќа го напуштија Франкфурт со обучени кучиња и 15 тони опрема за откривање на луѓе под урнати згради. Италија испрати пожарникари – специјалисти кои проценуваат хемиски опасности и оштетени згради, а Холандија – хуманитарни работници. Спасувачки екипи беа испратени од Чешка, Грција и Кипар, а Велика Британија вети помош од пет милиони фунти. Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси најави отворање теренска болница во главниот град на Либан. Помош понудиле САД, Турција и Израел, Иран и држави од Персискиот Залив, Тунис и многу други земји, како и ОН, Светската здравствена организација, Црвениот крст и Црвената полумесечина. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/megjunarodna-pomosh-pochna-da-pristignuva-vo-liban-guvernerot-ja-nareche-situacijata-apokaliptichna/feed/ 0
ВИДЕО: Десетици илјади на протести во Хабаровск за поддршка на гувернер уапсен минатата недела https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-desetici-iljadi-na-protesti-vo-habarovsk-za-poddrshka-na-guverner-uapsen-minatata-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-desetici-iljadi-na-protesti-vo-habarovsk-za-poddrshka-na-guverner-uapsen-minatata-nedela/#respond Sat, 18 Jul 2020 09:21:53 +0000 https://kurir.mk/?p=378039

Десетици илјади луѓе се собраа денеска на протести во рускиот град Хабаровск, на Далечниот Исток за поддршка на гувернерот кој беше уапсен минатата недела. Сергеј Фургал беше уапсен минатата недела под обвинение дека наредил убиства на бизнисмени пред 15 години. Неговото апсење предизвика невидени демонстрации во Кабаровск, град со околу 600.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Кина, како и во помали градови во близина. Фургал (50) ги негираше обвиненијата, за кои неговите приврзаници велат дека се политички мотивирани. Фургал, од националистичката партија ЛДПР, го победи претставникот на Обединета Русија во 2018 година во изборите за гувернерското место. Десетици илјади, меѓу кои и млади луѓе, стари лица и жени со деца во колички денеска маршираа низ центарот на Кабаровск. Тие носеа плакати на кои пишуваше „Слобода за Фургал!“ и извикуваа „Се додека сме обединети, ние сме непобедливи“. Демонстрантите повикаа на „фер судење“ за гувернерот, а не во Москва, каде е пренесен гувернерот по неговото апсење. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-desetici-iljadi-na-protesti-vo-habarovsk-za-poddrshka-na-guverner-uapsen-minatata-nedela/feed/ 0
ВИДЕО: Уапсен гувернер на руска област поради сомневања за убиства https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-uapsen-guverner-na-ruska-oblast-poradi-somnevanja-za-ubistva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-uapsen-guverner-na-ruska-oblast-poradi-somnevanja-za-ubistva/#respond Thu, 09 Jul 2020 05:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=372186

Гувернерот на регионот Кабаровск на рускиот далечен исток, беше уапсен под сомнение дека организирал убиство и обид за убиство. Според рускиот истражен комитет, Сергеј Фургал бил уапсен во врска со истрага за случај против организирана криминална група, осомничена за убиства и напади врз деловни луѓе во областите Кабаровск и Амур во 2004 и 2005 година. Апсењето го потврди прес-службата на Фургал. „Гувернерот на регионот Кабаровската област, Сергеј Фургал, беше уапсен утрово во близина на неговата куќа. Тој дури немаше време … да назначи наследник на позицијата гувернер”, се вели во соопштението на прес-службата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-uapsen-guverner-na-ruska-oblast-poradi-somnevanja-za-ubistva/feed/ 0
ВИДЕО: Во карантин гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, негов помошник позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-karantin-guvernerot-na-italijanskiot-region-lombardija-negov-pomoshnik-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-karantin-guvernerot-na-italijanskiot-region-lombardija-negov-pomoshnik-pozitiven-na-kovid-19/#respond Thu, 27 Feb 2020 09:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=309408

Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Италија, Атилио Фонтана, изјави дека ќе биде ставен во карантин две недели откако е утврдено дека неговиот помошник е позитивен на новиот коронавирус. Фонтана ова го објави во видео порака на Фејсбук. Ломбардија е жариште на ширењето на коронавирусот во Италија. Во земјата се пријавени 400 случаи на Ковид-19, што е најголем број на заразени во Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-karantin-guvernerot-na-italijanskiot-region-lombardija-negov-pomoshnik-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0
Катастрофални резултати: Растот на економијата намален за 30 проценти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/katastrofalni-rezultati-rastot-na-ekonomijata-namalen-za-30-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/katastrofalni-rezultati-rastot-na-ekonomijata-namalen-za-30-procenti/#respond Thu, 01 Nov 2018 14:26:27 +0000 https://kurir.mk/?p=122336

Денес гувернеркара Анита Безовска имаше презентација на Макроекономските проекции за 2018- 2021. Накратко презентираше дека растот во 2018 се ревидира од 3.2% на 2.3%. Но, укажа дека овој раст доаѓа исклучиво како резултат на извозот од фирмите во слободните економски зони, и дека голем ризик се јавните инвестиции кои го влечат растот надолу. Јавните инвестиции се главно инвестициите на државата во патишта, железници, енергетски објекти, и слично. Со еден збор таа кажа дека политиките на Груевски за привлекувањето на странските директни инвестиции се причина за денешниот раст, но голем ризик се политиките на Заев и Тевдовски. Малку познато е во јавноста и дека зголемените странски директни инвестиции во Македонија, во најголем дел не се нови инвестиции, туку проширувања, нови фази или нови погони на претходно донесените или договорени странски инвеститори, што главно е реинвестирана добивка. Од нови странски инвестиции кои не се договорени од претходната влада на Груевски и ВМРО засега се две сендвичари за пилешко месо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/katastrofalni-rezultati-rastot-na-ekonomijata-namalen-za-30-procenti/feed/ 0