гувернерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 May 2022 08:21:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гувернерка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергентите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-mitreska-se-ochekuva-stabiliziranje-na-globalnite-ceni-na-hranata-i-energentite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-mitreska-se-ochekuva-stabiliziranje-na-globalnite-ceni-na-hranata-i-energentite/#respond Thu, 19 May 2022 08:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=678782

Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4% во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50%, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст, посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Утрински брифинг“. Вицегувернерката, сепак, истакнува дека по глобалниот раст, меѓународните институции очекуваат стабилизирање на цените на енергентите и на храната, односно на увезената инфлација, а најверојатно надолен притисок врз цените ќе предизвика и промената во однесувањето на потрошувачите. Согласно со овие очекувања, се предвидува стабилизирање на инфлацијата на околу 3% следната година. Во однос на покачувањето на проекцијата за стапката на инфлација за годинава во априлските проекции на Народната банка, вицегувернерката истакна дека ова е глобален тренд, како и дека истите заеднички фактори влијаат врз циклусот на инфлација кај сите земји. „Речиси и нема земја во којашто нема раст на инфлацијата. Десет проценти во просек е инфлацијата во регионот за март, околу 11% во април, а има земји коишто се значително над просекот. Има заеднички фактори коишто влијаат врз циклусот на инфлацијата во сите земји во светот, особено во Европа. Минатата година тоа беа ефектите од пандемијата, забавените синџири на снабдување, растот на трошоците за транспорт, нарушените синџири, поточно несовпаѓањето на понудата и побарувачката. На ова се надоврза растот на цените на енергентите, особено на струјата, кон крајот на минатата година, како резултат на агендата за зелена транзиција, а потоа овие проблеми се продлабочија уште повеќе со руско-украинскиот конфликт, што неминовно доведе до подигнување нa ценовното ниво кај сите овие производи. Ова се глобални заеднички фактори, коишто влијаат врз инфлацијата“, вели вицегувернерката Митреска. Вицегувернерката истакнува дека ако се анализира нашата просечна инфлација во април од 8,4%, половината е резултат на растот на цените на храната. „Домашните цени на храната се врзани во голема мера со увозните цени и директно преку готовите производи, но и преку растот на цените на трошоците за суровини, енергенти. Домашните производни цени на храната, исто така, растат под влијание на глобалните фактори, растот на цените на суровините и на енергентите. Дваесетина проценти од растот се должи на енергентите и таму речиси во целост имаме увезена компонента. Базичната инфлација исто така забрза, меѓутоа ако ја погледнете нејзината структура, голем дел од тоа забрзување е резултат на увезени притисоци. Растат цените на суровините, растат цените на храната, на енергентите и се пренесуваат врз останатите цени. Општо земено, најголемиот дел од ова што се случува со инфлацијата кај нас се увезени движења. Ние во централната банка се разбира не ги темелиме овие заклучоци само врз следење на движењата. Има навистина ригорозна аналитика, којашто ги потврдува овие фактори и извори на раст на инфлацијата, констатирајќи дека притисокот од домашната побарувачка засега е мал“, посочи вицегувернерката Митреска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/viceguvernerkata-mitreska-se-ochekuva-stabiliziranje-na-globalnite-ceni-na-hranata-i-energentite/feed/ 0
Гувернерката Бежовска не одговори на ниедно од прашањата од опозицијата, цитираше одредби од закон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guvernerkata-bezovska-ne-odgovori-na-niedno-od-prashanjata-od-opozicijata-citirashe-odredbi-od-zakon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guvernerkata-bezovska-ne-odgovori-na-niedno-od-prashanjata-od-opozicijata-citirashe-odredbi-od-zakon/#respond Fri, 13 Nov 2020 13:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=429109

На денешната надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на која што гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска беше повикана да одговори на прашања од страна на пратениците, а во врска со одземањето на дозволата за Еуростандард банка, речиси не одгвори на ниедно конкретно прашање кое и беше поставено од пратениците од опозицијата. Бежовска беше прашана од страна на пратеникот Антонијо Милошоски за 29-те фирми од Струмица кои биле блиски до фамилијата Заеви од кои и „Сара инжењеринг“, фирма на Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, меѓу кои „Глобал медиа груп“ и „Тлитерол“ бизнис партнери на Заев како поранаешен градоначанил на Струмица, кои како што вели со месеци не ги плаќале кредитите земени во Еуростандард банка, со што оствариле корист од над 12 милиони евра на штета на сите други штедачи. Милошоски и потенцираше на Бежовска дека знаела за истото, затоа што при ревизиите и дневниот надзор кој бил спроведуван, па по тоа зошто дозволиле на штета на штедачите овие фирми да остварат корист, по кое што прашање таа не одговори. Пратеникот Димитар Апасиев пак ја праша Бежовска дали и кога е известена министерката Нина Ангеловска за инсолвентност на банката, како и тоа зошто не е отпочната процедура за администрација на банката туку е директно одземена дозвола, и дали е вистина дека во 2017 година под влијание на банкарското лоби да се укине можноста банките да даваат банкарски изјави за нето должници, како и дали со тоа дали се прикрива незаконското финансирање на поврзани лица, на што Бежовска конкретно повторно не одговори на ниту едно од поставените прашања. Пратеникот Елми Азири ја праша Бежовска дали НБРМ направила доволно по однос на инвеститорите внатрешни и надворешни кои биле заинтересирани, и колку била активна НБРМ во олеснување на трансанкциите на постоечките банки во Република Македонија за купување на Еуростандард банка, како и зошто НБРМ не постапила кон „конзерваторшип“ или одземање на контролата кое во голем број случаи се случува во земјите од ЕУ. Пратеникот Тимчо Муцунски ја праша Бежовска зошто е дозволено банката да функционира со број на членови на Надзорниот одбор кој е под законскиот минимум и какви формално правни реперкусии тоа создало од нелегитимни одлуки со 4 членови на Надзорен одбор. Бежовска рече дека биле исцрпени сите законски можности, како и тоа дека банката подолг период била под супервизорски надзор, дека биле изречени 40 супервизорски мерки во последните две години, како и тоа дека барале уплата на поголем капитал. Гувернерката на НБРМ освен тоа што цитираше членови од Законот за банките, и ги прочита веќе изнесените до сега ставови во јавноста, не појасни ништо и не одговори ниедно од упатените прашања кон нејзе, а Собранието ја задолжи сите одговори да ги достави писмено.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/guvernerkata-bezovska-ne-odgovori-na-niedno-od-prashanjata-od-opozicijata-citirashe-odredbi-od-zakon/feed/ 0
Уапсени 13 лица поради обид за киднапирање на гувернерката на Мичиген https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-13-lica-poradi-obid-za-kidnapiranje-na-guvernerkata-na-michigen/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-13-lica-poradi-obid-za-kidnapiranje-na-guvernerkata-na-michigen/#respond Fri, 09 Oct 2020 06:14:49 +0000 https://kurir.mk/?p=414167

Тринаесет лица, вклучително и седум мажи поврзани со милитантната група „Волверин вочмен“, се уапсени во САД поради заговор за уривање на Владата во американската сојузна држава Мичиген и киднапирање на гувернерката Гретчен Витмер пред одржувањето на претседателските избори на 3 ноември, соопшти обвинителството. ФБИ претходно објави дека се уапсени шест лица. Според медиумите, шест лица се уапсени под федерални обвиненија, а останатите седум под обвиненија на сојузната држава Мичиген. Демократката Витмер е често критикувана од претседателот Доналд Трамп, особено поради настојувањето во својата држава да воведе строги мерки за социјална дистанца поради коронавирусот. Наводниот заговор подразбирал ангажирање на милитантна група, се наведува во дадениот писмен исказ под заклетва на специјалниот агент Ричард Траск. Во писмената изјава Траск рече дека групата планира да го искористи времето пред последната вежба за набавка на пари за експлозив и други материјали. Според јавниот обвинител на Мичиген, Дан Несел, „напорите резултирале со откривање на планови за загрозување на животите на полицајци, владини службеници и пошироката јавност“. На шестмината претходно уапсени, доколку бидат осудени за обид за киднапирање, им се заканува доживотен затвор. Еден од осомничените Адам Фокс минатиот месец во шифриран разговор изјавил дека „не сака последниот тренинг да се одржи во последната недела од октомври, бидејќи нема да имаат доволно време да го извршат киднапирањето пред изборите на 3 ноември“. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-13-lica-poradi-obid-za-kidnapiranje-na-guvernerkata-na-michigen/feed/ 0
ФОТО: Во пад на хеликоптер загинаа новата гувернерка на Пуебла и нејзиниот сопруг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vo-pad-na-helikopter-zaginaa-novata-guvernerka-na-puebla-i-nejziniot-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vo-pad-na-helikopter-zaginaa-novata-guvernerka-na-puebla-i-nejziniot-soprug/#respond Tue, 25 Dec 2018 06:43:12 +0000 https://kurir.mk/?p=144577

Гувернерка на Мексико и нејзиниот сопруг сенатор, загинаа денес во пад на хеликоптер во централно Мексико, јавуваат локалните медиуми. Гувернерката на мексиканската држава Пуебла, Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг Рафаел Морено, кон претходно бил гувернер на истата држава, загинале откако хеликоптерот полетал од хелиодором, пренесува Ројтерс. Мексиканските медиуми објавуваат снимки од лице место, на кои се гледа дека хеликоптерот кој е целосно уништен. За сега не е познато колку лица се наоѓале во леталото.Ерика Алонсо станала гувернерка пред две недели. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vo-pad-na-helikopter-zaginaa-novata-guvernerka-na-puebla-i-nejziniot-soprug/feed/ 0