гвантанамо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 19 Jul 2021 16:56:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гвантанамо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бајден го ослободи првиот затвореник во Гвантанамо во неговиот мандат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-oslobodi-prviot-zatvorenik-vo-gvantanamo-vo-negoviot-mandat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-oslobodi-prviot-zatvorenik-vo-gvantanamo-vo-negoviot-mandat/#respond Mon, 19 Jul 2021 16:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=538879

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска премести еден затвореник Мароканец од американскиот воен затвор во заливот Гвантанамо, што е прв ваков потег откако Бајден ја презеде функцијата. Мароканецот Абдул Латиф Насир (56), кој бил затворен од 2002 година, бил ослободен уште во 2016 година, но и покрај тоа останал во затвор, за време на целиот мандат на Трамп. Сега е вратен во својата земја. Во затворот останаа уште 39 затвореници. Повеќето од нив се притворени скоро две децении, иако не биле обвинети ниту им е судено. Затворот во Гвантанамо, наменет за странски осомничени по нападите во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, основан како симбол на американската „борба против тероризмот“, постојано беше цел на критики поради бруталните методи на испрашување, за кои критичарите велат дека се тортура. Доналд Трамп за време на својот четиригодишен мандат го држеше затворот во функција, додека Бајден вети дека ќе го затвори објектот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-go-oslobodi-prviot-zatvorenik-vo-gvantanamo-vo-negoviot-mandat/feed/ 0
Затворот Гвантанамо ќе работи уште најмалку 25 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvorot-gvantanamo-kje-raboti-ushte-najmalku-25-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvorot-gvantanamo-kje-raboti-ushte-najmalku-25-godini/#respond Wed, 17 Oct 2018 08:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=116001

Затворот Гвантанамо, во кој воглавно се наоѓаат затвореници обвинети дека учествувале во нападите од 11 септември, може да остане отворен уште најмалку 25 години. - Мораме да обезбедиме комплексот да може да работи уште 25 години, изјави Џон Ринг, адмирал кој управува со тој контрoверзен затвор. По указот од претседателот Доналд Трамп за одржување на тој затвор во функција, „ни рекоа дека ќе бидеме таму 25 години или повеќе“,  додаде тој за време на посета на новинари организиранa од американската армија. Посетата на Гвантанамо беше да се покаже хуманото однесување кон затворениците. Американскиот претседател потпиша указ со кој се наредува Пентагон да го задржи отворен затворскиот комплекс Гвантанамо Беј. - Непосредно по тоа Пентагон ни испрати допис во кој велат: Бидете подготвени да останете отворени 25 години или подолго, нагласи адмиралот Ринг. Гвантанамо е отворен 2002 година по апсењето на првите џихадисти во рамки на американската интервенција во Авганистан, по нападите од 11 септември 2011 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zatvorot-gvantanamo-kje-raboti-ushte-najmalku-25-godini/feed/ 0