гвинеја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Nov 2022 06:58:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png гвинеја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гвинеја: Најмалку 25 загинати во сообраќајна несреќа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gvineja-najmalku-25-zaginati-vo-soobrakjajna-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gvineja-najmalku-25-zaginati-vo-soobrakjajna-nesrekja/#respond Mon, 07 Nov 2022 06:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=756665

Во судир меѓу камион и минибус во близина на градот Соугета во Гвинеја, најмалку 25 лица загинаа, а најмалку седум се повредени. Mинибусот при претекнување излетал во спротивната лента и се судрил со камионот. Возачот на минибусот ја преживеал несреќата, иако бил тешко повреден. Несреќата се случила во гратче на 180 километри од главниот град Конакри. Тешките сообраќајни несреќи со висока стапка на смртност не се невообичаени во оваа западноафриканска земја. Причините најчесто се преголема брзина или преоптоварување на возилото. Опасност е и лошата состојба на многу возила и патишта. Според проценките на Светската здравствена организација (СЗО), бројот на жртви во сообраќајот на сто илјади луѓе во Гвинеја е седум пати поголем отколку, на пример, во Германија.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gvineja-najmalku-25-zaginati-vo-soobrakjajna-nesrekja/feed/ 0
Во Гвинеја Бисау 11 загинати во неуспешниот државен удар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gvineja-bisau-11-zaginati-vo-neuspeshniot-drzaven-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gvineja-bisau-11-zaginati-vo-neuspeshniot-drzaven-udar/#respond Thu, 03 Feb 2022 08:04:11 +0000 https://kurir.mk/?p=626230

Владата на Гвинеја Бисау синоќа соопшти дека во обидот за државен удар загинале 11 лица, меѓу кои четворица цивили. „Владата жали за загубата на 11 храбри луѓе за време на нападот. Единаесет војници и припадници на паравоени формации беа убиени, меѓу кои четворица цивили, возач и претставник на Министерството за земјоделство“, изјави портпарол на Владата. Засега се уште не се знае кои се авторите на обидот за пуч во вторникот, ниту пак причината. Претседателот на Гвинеја Бисау, Умаро Сисоко Ембало во вторникот рече дека до обидот за државен удар дошло поради неговите претходни одлуки за борба против шверцот на дрога и корупцијата. Гвинеја Бисау, држава со приближно два милиона жители која се граничи со Сенегал и Гвинеја, претрпе неколку удари. Откако се стекна со независност од Португалија во 1974 година, по долга ослободителна војна, таа доживеа четири државни удари, од кои последниот беше во 2012 година. Од 2014 година властите се обврзаа на повторно воспоставување на уставниот поредок. Од почетокот на 2020 година на власт е Ембало, поранешен генерал, по победата на претседателските избори, чии резултати ги оспорува Африканската партија за независност на Гвинеја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-gvineja-bisau-11-zaginati-vo-neuspeshniot-drzaven-udar/feed/ 0
По воениот удар во Гвинеја лидерите на западна Африка воведоа санкции против хунтата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-gvineja-liderite-na-zapadna-afrika-vovedoa-sankcii-protiv-huntata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-gvineja-liderite-na-zapadna-afrika-vovedoa-sankcii-protiv-huntata/#respond Fri, 17 Sep 2021 06:44:55 +0000 https://kurir.mk/?p=564683

Главниот западноафрикански регионален блок вчера воведе санкции против хунтата во Гвинеја и побара во рок од шест месеци повторно воспоставување на легална власт. По вонредниот самит на Економската заедница на државите од Западна Африка (ЕКОВАС) во Акра, Жан-Клод Каси Бру изјави дека ќе се замрзнат средствата и ќе се воведе забрана за патување за членовите на хунтата и нивните роднини. -Изборите треба да се одржат за шест месеци, рече Бру на брифинг, повикувајќи на итно ослободување на претседателот Алфа Конде, кој минатата недела беше соборен со воениот удар. Регионалните лидери кои присуствуваа на самитот ги поздравија острите мерки. Ова е трет државен удар во Западна и Централна Африка од април, а политичките турбуленции ги зголемија стравувањата од можноста сиромашниот, но богат со ресурси регион да биде управуван од војската. Водачите на државниот удар во Гвинеја не кажаа колку долго ќе трае преодната влада, ниту кој ќе ја предводи. Хунтата, предводена од Мамади Думбуја, поранешен член на француската легија за странци, оваа недела одржува консултации со јавни личности, групи и бизнис лидери во земјата за да изработи рамка за транзиција. Во рамките на четиридневните консултации, хунтата вчера се состана со главното деловно лоби на Гвинеја и членовите на одборот на рударските компании кои тргуваат со боксит, злато, железна руда и дијаманти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-voeniot-udar-vo-gvineja-liderite-na-zapadna-afrika-vovedoa-sankcii-protiv-huntata/feed/ 0
Борел побара итно ослободување на претседателот на Гвинеја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-pobara-itno-osloboduvanje-na-pretsedatelot-na-gvineja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-pobara-itno-osloboduvanje-na-pretsedatelot-na-gvineja/#respond Mon, 06 Sep 2021 06:05:06 +0000 https://kurir.mk/?p=559869

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел го осуди обидот за државен удар во Гвинеја и ја повика војската итно да го ослободи претседателот Алфа Конде. – Го осудувам насилното преземање на власта во Гвинеја и повикувам на итно ослободување на претседателот Конде, напиша Борел на Твитер. Тој ги повика сите политички сили во земјата да го почитуваат „владеењето на правото, интересите на мирот и благосостојбата на луѓето во Гвинеја“. Елитните специјални сили на Гвинеја, предводени од полковникот Мамади Дамбуја, вчера влегоа во владиниот кварт на Конакри и ја нападнаа претседателската палата, изјавија очевидци. Лидерот на бунтовниците Дамбуја се појави на националната телевизија и објави за апсењето на претседателот Конде, распуштање на владата и укинување на Уставот на земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/borel-pobara-itno-osloboduvanje-na-pretsedatelot-na-gvineja/feed/ 0
СЗО објави: Потврден прв случај на исклучително смртоносен вирус https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-objavi-potvrden-prv-sluchaj-na-iskluchitelno-smrtonosen-virus/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-objavi-potvrden-prv-sluchaj-na-iskluchitelno-smrtonosen-virus/#respond Tue, 10 Aug 2021 08:54:41 +0000 https://kurir.mk/?p=548669

Светската здравствена организација соопшти дека здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај случај на исклучително смртоносниот вирус Марбург, сличен на ебола. Како што е наведено од СЗО, станува збор за прв случај на марбуршка вирусна хеморагиска треска во западна Африка, а пациентот е лекуван во локална болница каде состојбата му се влошила по што починал. Во моментов се рабопти на пронаоѓање на неговите конаткти во делот од државата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска за да се запре ширењето на вирусот, пренесува Гардијан. -Вирусот Марбург има голем потенцијал за ширење, што значи дека мораме да го запреме што поскоро, соопшти регионалниот директор на СЗО за Африка, Матсидисо Моети. Првиот случај во Гвинеја е потврден минатата недела, само два месеци откако земјата прогласи крај на епидемијата од ебола, која оваа година усмрти 12 лица. Ова е прва пат смртносна болест да е идентификувана во западна Африка, а од 1967 година имало 12 големи епидемии на овој вирус, најголем дел во јужна и источна Африка. Стапката на смртност од Марбург вирусот варирале од 24 до 88 проценти во минататите епидемии, во зависност од соевите на вирусот и управувањето со кризата, наведува СЗО. Вирусот се пренесува преку крв и секрет. По инкубацијата, која може да трае до шест дена, болеста почнува со висока температуриа, болки во мускулите, општа малаксаност и доведува до големо оштетување на органите па смртниот исход е чест кај пациентите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-objavi-potvrden-prv-sluchaj-na-iskluchitelno-smrtonosen-virus/feed/ 0
Гвинеја се повлече од ОИ поради влошената состојба со коронавирус https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gvineja-se-povleche-od-oi-poradi-vloshenata-sostojba-so-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gvineja-se-povleche-od-oi-poradi-vloshenata-sostojba-so-koronavirus/#respond Thu, 22 Jul 2021 06:53:37 +0000 https://kurir.mk/?p=540012

Гвинејскиот министер за спорт, Сануси Бантама Соу изјави дека олимпискиот тим на земјата одби да учествува на Игрите во Токио 2020 година, поради ситуацијата со коронавирусот. Зборовите на официјалното лице, упатени до претседателот на олимпискиот комитет на Гвинеја, ги цитира агенцијата „АФП“. – Поради КОВИД-19, владата, загрижена за здравјето на гвинејските спортисти, за жал одлучи тимот да не се натпреварува на Олимписките игри во Токио, соопшти Соу. Во исто време, извор на АФП близок до владата на земјата смета дека одлуката е поврзана и со недостаток на средства за покривање на трошоците за патувањето во Јапонија. Пет спортисти требаше да се натпреваруваат за Гвинеја на Олимписките игри во Токио: Фатумата Јари Камара (борење во слободен стил), Мамаду Самба Ба (џудо), Фатумата Ламарана Туре, Мамаду Таиру Ба (двајцата во пливање) и Аисата Дин Конте (трчање на 100 м).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gvineja-se-povleche-od-oi-poradi-vloshenata-sostojba-so-koronavirus/feed/ 0
УЖАС ВО ЕКВАТОРИЈАЛНА ГВИНЕЈА: Најмалку 98 загинати и над 600 повредени во експлозии од невнимание https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-ekvatorijalna-gvineja-najmalku-98-zaginati-i-nad-600-povredeni-vo-eksplozii-od-nevnimanie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-ekvatorijalna-gvineja-najmalku-98-zaginati-i-nad-600-povredeni-vo-eksplozii-od-nevnimanie/#respond Tue, 09 Mar 2021 07:12:46 +0000 https://kurir.mk/?p=479297

Најмалку 98 лица загинаа, а повеќе од 600 се повредени во експлозии поради „невнимание“ кои вчера уништија воен камп и куќи во Бата во Екваторијална Гвинеја. Сè уште се трага по повредени и жртви од под урнатините на објектите. Локалното Министерство за здравство соопшти дела 299 повредени се во болница. Четири големи експлозии уништија згради во воениот камп во Бата, како и голем број куќи во областа. Претседателот на Екваторијална Гвинеја Теодоро Обијанг Нгема информира дека се работи за „несреќа поради небрежност на единицата задолжена за складирање експлозиви, динамит и муниција“. Тој додаде дека во експлозиите се оштетени речиси сите куќи и згради во Бата, град со малку повеќе од 250.000 жители. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-vo-ekvatorijalna-gvineja-najmalku-98-zaginati-i-nad-600-povredeni-vo-eksplozii-od-nevnimanie/feed/ 0
СЗО и испорача на Гвинеја вакцини против ебола https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-i-isporacha-na-gvineja-vakcini-protiv-ebola/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-i-isporacha-na-gvineja-vakcini-protiv-ebola/#respond Tue, 23 Feb 2021 07:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=472571

Повеќе од 11.300 дози на вакцината „Мерк“, против хеморагична треска од ебола, Светската здравствена организација (СЗО) синоќа авионски и ги испорача на Гвинеја, земја во која болеста повторно се појави, јави Дојче веле. СЗО требаше вакцините да ги достави пред два дена, но авионот од Женева не успеа да слета во Гвинеја поради облаци од прашина и мораше да биде пренасочен кон главниот град на Сенегал, Дакар. Од тие причини авион на „United Mining Supply, компанија за транспорт и логистика во рударството во Гвинеја, отпатува за Сенегал за да ги преземе вакцините. Кутиите со логото на СЗО синоќа беа истоварени во Гвинеја во 20 часот по локално време. Некои од кутиите со вакцини ќе бидат пренесени во Гуеке и Незерорем на југо-истокот на земјата, регион што се граничи со Сиера Леоне, Либерија и Брегот на Слоновата Коска, каде што неодамна еболата предизвика пет смртни случаи. Вакцинацијата во овој регион е закажана за денеска. Се очекува уште 8.700 дози вакцини утре да пристигнат од САД. Ова е прва епидемија на ебола во Западна Африка по епидемијата 2013-2016 година, во која тогаш умреа повеќе од 11.300 лица, претежно во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне. Еболата неодамна повторно се појави во Демократска Република Конго, каде умреа четири лица. -Населението во Конго ги отфрла мерките на контрола, зголемувајќи го стравот од натамошно ширење на епидемијата, изјави официјален извор неделава. Вирусот на ебола се пренесува на луѓето преку заразени животни. Инфекцијата меѓу луѓето се пренесува преку размена на телесни течности и нејзините главни симптоми се: треска, повраќање, крварење и дијареја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-i-isporacha-na-gvineja-vakcini-protiv-ebola/feed/ 0