хаити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jun 2023 09:20:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хаити – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поплави на Хаити, најмалку 15 загинати https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-na-haiti-najmalku-15-zaginati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-na-haiti-najmalku-15-zaginati/#respond Mon, 05 Jun 2023 09:20:34 +0000 https://kurir.mk/?p=842168

Најмалку 15 лица загинаа, а осум се водат како исчезнати во поплавите и одроните на Хаити по обилните дождови, соопштија властите. Речиси 13.400 луѓе беа принудени да се евакуираат бидејќи стотици домови низ земјата беа поплавени, а некои улици се претворија во реки, соопшти Агенцијата за цивилна заштита. Повеќе од 7.400 семејства пријавиле штета, а властите се уште ги проценуваат последиците од дождовите што го погодија Хаити во текот на викендот. Обилните дождови предизвикаа значителна штета и на посевите во централниот дел на Хаити. Премиерот Ариел Анри рече дека работи со локални и меѓународни организации за да им се пружи помош на погодените од поплавите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poplavi-na-haiti-najmalku-15-zaginati/feed/ 0
Португалија и Хаити обезбедија дебитантски настапи на женскиот Мундијал во фудбал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugalija-i-haiti-obezbedija-debitantski-nastapi-na-zhenskiot-mundijal-vo-fudbal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugalija-i-haiti-obezbedija-debitantski-nastapi-na-zhenskiot-mundijal-vo-fudbal/#respond Wed, 22 Feb 2023 14:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=803736

Репрезентациите на Португалија и Хаити ги пополнија денеска две од преостанатите три места за настап на Светското фудбалско првенство во женска конкуренција кое од 20 јули до 20 август ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд. Својот дебитантски настап на мундијалскиот турнир фудбалерките на Португалија го обезбедија со триумф во плејофот против Камерун од 2-1 по продолжение во новозеландскиот град Хамилтон. Португалија на Мундијалот ќе игра во групата Е против САД, Виетнам и Холандија. Претходно денеска свое прво Светско првенство обезбеди и Хаити триумфирајќи во Оукленд над Чиле со 2-1. Хаити на завршниот турнир ќе биде во групата Д со Англија, Данска и Кина. Последниот учесник на претстојното Светско првенство ќе биде познат по одигрување на утрешниот плејоф во Хамилтон меѓу репрезентациите на Панама и Парагвај, а победникот ќе игра во групата Ф со Бразил, Јамајка и Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/portugalija-i-haiti-obezbedija-debitantski-nastapi-na-zhenskiot-mundijal-vo-fudbal/feed/ 0
Четворица осомничени за убиството на претседателот на Хаити екстрадирани во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-osomnicheni-za-ubistvoto-na-pretsedatelot-na-haiti-ekstradirani-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-osomnicheni-za-ubistvoto-na-pretsedatelot-na-haiti-ekstradirani-vo-sad/#respond Wed, 01 Feb 2023 06:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=794472

Тројца американско-хаитски државјани и еден Колумбиец вчера беа екстрадирани во САД поради нивната вмешаност во атентатот на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз во јули 2021 година, соопштија американските власти. Четворицата мажи, кои беа во притвор на Хаити, денеска ќе бидат изведени пред федерален судија во Мајами, кој ќе им го прочита обвинението, се вели во соопштението на американското Министерство за правда. Други тројца претходно веќе беа донесени во САД за да одговараат за тоа убиство. Жовенел Моиз (53) беше убиен од група платени убијци ноќта меѓу 6 и 7 јули 2021 година во неговата приватна резиденција во Порт-о-Пренс, без да реагираат неговите лични чувари. Неговата смрт го зголеми хаосот во таа мала и сиромашна карипска земја.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvoritsa-osomnicheni-za-ubistvoto-na-pretsedatelot-na-haiti-ekstradirani-vo-sad/feed/ 0
Во Хаити во последните месеци од колера починале над 500 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-haiti-vo-poslednite-mesetsi-od-kolera-pochinale-nad-500-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-haiti-vo-poslednite-mesetsi-od-kolera-pochinale-nad-500-litsa/#respond Thu, 26 Jan 2023 15:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=792396

Повеќе од 500 лица починале од колера на Хаити, откако во октомври 2022 година болеста се прошири на ова аостровска земја, соопшти локалниот сајт „Хаити Либре“. Според податоците на сајтот, лекарите држат под опсервација приближно 22.000 лица, а потврдено е дека 1.900 се заразени. Хаити, земја со околу 10,6 милиони жители, е најсиромашната земја на западната хемисфера. Околу 40 отсто од населението немаат постојан пристап до чиста вода. Социо-економската ситуација е влошена од високата инфлација, девалвацијата на националната валута и судирите меѓу уличните банди, во кои веќе загинаа стотици луѓе, потсетуваат агенциите.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-haiti-vo-poslednite-mesetsi-od-kolera-pochinale-nad-500-litsa/feed/ 0
Хаити ги доби првите пратки вакцини против колера од СЗО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haiti-gi-dobi-prvite-pratki-vakcini-protiv-kolera-od-szo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haiti-gi-dobi-prvite-pratki-vakcini-protiv-kolera-od-szo/#respond Tue, 13 Dec 2022 12:22:58 +0000 https://kurir.mk/?p=774972

На Хаити доставени се повеќе од еден милион дози орални вакцини против колера, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Меѓународната координативна група на СЗО за набавка на вакцини обезбеди 1,17 милиони дози од вакцината Евихол, а се очекуваат уште 500.000 дози во следните неколку недели. – Се надеваме дека оваа прва пратка ќе ја следат и други, и дека вакцината ќе биде достапна за сите ризични групи, изјави Лоре Адриен од Министерството за јавно здравје на Хаити. СЗО најави дека вакцинирањето ќе започне во следните неколку дена, со приоритет на децата и доенчињата од најтешко погодените области. Колерата на Хаити повторно се појави на почетокот на октомври и досега има 280 жртви, од кои значителен број се деца. Здравствената криза е предизвикана од недостиг на храна и чиста вода за пиење.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haiti-gi-dobi-prvite-pratki-vakcini-protiv-kolera-od-szo/feed/ 0
УНИЦЕФ: Сè поголем број деца на Хаити заболуваат од колера https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-se-pogolem-broj-deca-na-haiti-zaboluvaat-od-kolera/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-se-pogolem-broj-deca-na-haiti-zaboluvaat-od-kolera/#respond Wed, 23 Nov 2022 15:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=765507

На Хаити сè поголем број деца заболуваат од колера поради зголемената неухранетост, соопшти денеска УНИЦЕФ. Околу 40 отсто од случаите на заразени со колера во државата се деца. Притоа, девет од 10 случаи се пријавени во области каде владее гладот. – Сега ситуацијата е покомплицирана отколку порано, затоа што речиси половина од заболените од колера се помлади од 15 години и се борат за да преживеат, со оглед на сè поголемата неухранетост, изјави претставникот на организацијата Храна за гладни на Хаити, Боби Сендерс. Директорот на канцеларијата за итни операции на УНИЦЕФ, Мануел Фонтен посочи дека сите мора да бидат подготвени за најлошо сценарио. Според податоците од Министерството за здравство на Хаити, од почетокот на октомври, од колера починале повеќе од 200 лица, а уште 9.300 се хоспитализирани. Но, експерти веруваат дека бројот е многу поголем, затоа што луѓето се плашат да побараат помош од лекари. УНИЦЕФ и Владата на Хаити бараат најмалку 28 милиони долари за помош во исхраната, хидратацијата и грижата за 1,4 милиони луѓе погодени од кризата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unicef-se-pogolem-broj-deca-na-haiti-zaboluvaat-od-kolera/feed/ 0
ОН: Над 470 загинати, повредени и исчезнати од 8 до 17 јули во судири на банди во Порт-о-Пренс, на Хаити https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nad-470-zaginati-povredeni-i-ischeznati-od-8-do-17-juli-vo-sudiri-na-bandi-vo-port-o-prens-na-haiti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nad-470-zaginati-povredeni-i-ischeznati-od-8-do-17-juli-vo-sudiri-na-bandi-vo-port-o-prens-na-haiti/#respond Mon, 25 Jul 2022 19:58:41 +0000 https://kurir.mk/?p=710100

Повеќе од 470 лица се убиени, повредени и исчезнати од 8 до 17 јули во судири меѓу банди во населбата Сајт Солелеј, предградие на главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, соопштија денеска Обединетите нации. „Пријавени се тешки случаи на сексуално насилство врз жени, девојчиња и момчиња регрутирани од бандите“, предупредуваат Обединетите нации во соопштението, додавајќи дека 3.000 жители на оваа општина, најсиромашна во пошироката област на главниот град Порт-о-Пренс, ги напуштија своите домови. Девет земји-членки на Советот за безбедност на ОН, предводени од Бразил, минатата недела во заедничка изјава го осудија насилството врз жените во Хаити, земја зафатена со насилство, и повикаа на нивна меѓународна заштита. Има „алармантни извештаи за силување и сексуално ропство“ во квартовите на Порт-о-Пренс контролирани од бандите, изјави бразилскиот потпретседател Хамилтон Мурао во ОН, придружуван од претставници на Ирска, Норвешка, Франција, Велика Британија, Мексико, Кенија, Албанија и Обединетите Арапски Емирати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-nad-470-zaginati-povredeni-i-ischeznati-od-8-do-17-juli-vo-sudiri-na-bandi-vo-port-o-prens-na-haiti/feed/ 0
Банда на Хаити киднапирала 38 лица од два автобуса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/banda-na-haiti-kidnapirala-38-lica-od-dva-avtobusa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/banda-na-haiti-kidnapirala-38-lica-od-dva-avtobusa/#respond Sat, 11 Jun 2022 14:20:02 +0000 https://kurir.mk/?p=689596

Банда на Хаити киднапирала 38 лица во Порт-о-Пренс, главниот град на земјата. Киднапирањето се случило на автопатот што го поврзува главниот град со јужниот регион, објави телесурфтв.нет. Претседателот на хаитското Здружение на превозници, Меху Чангеук, јави дека вчера биле киднапирани 38 лица и дека зад киднапирањето стои банда од Порт-о-Пренс. -Двата автобуса само што се наполнија со патници за да тргнат за градот Мирагоан, кога беа заробени од мажи од Вилаж де Дије, изјави лидерот на автопревозниците. На автопатот што го поврзува главниот град со југот на земјава има дел од трасата каде што претходно се краделе возила, а тоа е опасен премин со кој од 2021 година управуваат банди и каде полициските сили не можат да влезат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/banda-na-haiti-kidnapirala-38-lica-od-dva-avtobusa/feed/ 0
НЕУСПЕШЕН АТЕНТАТ: Брза реакција на обезбедувањето спречи ликвидација на премиерот (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neuspeshen-atentat-brza-reakcija-na-obezbeduvanjeto-sprechi-likvidacija-na-premierot-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neuspeshen-atentat-brza-reakcija-na-obezbeduvanjeto-sprechi-likvidacija-na-premierot-video/#respond Thu, 06 Jan 2022 20:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=616599

Засега непознати напаѓачи извеле неуспешен атентат врз премиерот на Хаити, Ариел Анри, во текот на прославата на 218-годишнината од независноста на земјата во северниот град Гонаивс, пренесува локалната телевизија „teleSUR“. Откако премиерот Анри го напуштил храмот во кој се служела миса по повод празникот, во близината на црквата се слушнале неколку истрели. Обезбедувањето брзо го евакуирало премиерот на безбедно место и тој не бил повреден. Во прилогот се додава дека во престрелката која следела најмалку едно лице е убиено, а неколку се ранети. По инцидентот, властите откажале бројни други настани низ земјата планирани за прославата на Денот на независноста на Хаити од Франција на 1-ви јануари 1804 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neuspeshen-atentat-brza-reakcija-na-obezbeduvanjeto-sprechi-likvidacija-na-premierot-video/feed/ 0
Бројот на жртвите во експлозијата на цистерна на Хаити се искачи на 75: Луѓето се приближуваат да земат гориво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvite-vo-eksplozijata-na-cisterna-na-haiti-se-iskachi-na-75-lugjeto-se-priblizuvaat-da-zemat-gorivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvite-vo-eksplozijata-na-cisterna-na-haiti-se-iskachi-na-75-lugjeto-se-priblizuvaat-da-zemat-gorivo/#respond Thu, 16 Dec 2021 09:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=609162

Бројот на загинати во експлозија на цистерна на Хаити се искачи на 75. Надлежните велат дека трагедијата е дотолку поголема бидејќи граѓаните се приближиле до превртената цистерна во очајна потрага по гориво. Спасувачите пронајдоа 61 тело на местото на несреќата што се случи во понеделникот вечерта, во градот на северот на Хаити, Кап-Хаитиан, а лекарот од главната болница на тој град изјавил дека уште 14 лица починале од изгореници и повреди. - Ни треба максимална помош што можеме да ја добиеме. Болницата не е навикната да има толку многу повредени – изјави директорот на болницата Жан Гарсија Сок, пренесе Ројтерс. Од експлозијата на цистерната се разнеле фасадите на неколку околни куќи и продавници, а уништени се и околните автомобили и мотоцикли на улицата. Очевидец за Ројтерс изјавил дека цистерната се превртела откако возачот се обидел да избегне судар со мотоциклист.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zrtvite-vo-eksplozijata-na-cisterna-na-haiti-se-iskachi-na-75-lugjeto-se-priblizuvaat-da-zemat-gorivo/feed/ 0