хакери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 06:05:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хакери – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кинески хакери украле 60.000 мејлови од американскиот Стејт департмент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-ukrale-60-000-mejlovi-od-amerikanskiot-stejt-department/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-ukrale-60-000-mejlovi-od-amerikanskiot-stejt-department/#respond Thu, 28 Sep 2023 06:05:42 +0000 https://kurir.mk/?p=882541

Еден од претставниците на американскиот Сенат изјави за британски медиуми дека кинеските хакери успеале да украдат околу 60 илјади мејлови од американскиот Стејт департмент. На почетокот на оваа година, кинески хакери веќе извршија слични напади и ја урнаа платформата за е-пошта на Мајкрософт. Овој пат, хакерите стигнаа до околу 60 илјади електронски пораки и тие беа украдени од десет различни сметки на Стејт департментот. Овој случај дополнително предизвика тензии меѓу Кина и Соединетите Американски Држави, при што официјален Пекинг негираше дека има некаква врска со овие акции. -Мораме да ја зајакнеме нашата одбрана од вакви и слични сајбер напади. Такво нешто не смее да се случи во иднина, изјави во оваа прилика сенаторот Ерик Шмит.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-ukrale-60-000-mejlovi-od-amerikanskiot-stejt-department/feed/ 0
Кибер истрага: Хакери со години шпионирале странски дипломати во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-istraga-hakeri-so-godini-shpionirale-stranski-diplomati-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-istraga-hakeri-so-godini-shpionirale-stranski-diplomati-vo-belorusija/#respond Fri, 11 Aug 2023 06:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=865689

Група хакери со години шпионирале вработени во амбасадите на четири земји во Белорусија, вклучително и за време на војната во Украина, објавија истражувачите од словачката компанија за кибер безбедност ESET. Цел на нападот биле околу 15 уреди во сопственост на дипломати од две земји во Европа, една од Јужна Азија и една од Африка, а кои работеле во амбасади, изјави истражувачот на ЕСЕТ, кој е автор на извештајот. Кампањата за дигитална шпионажа започнала во 2021 година и се уште е активна, се вели во извештајот. Засега не е јасно колку вработени се жртви на таа кампања. Но, истрагата, која открива нов и софистициран хакерски тим кој наводно работи надвор од Белорусија, илустрира колку дипломатите можат да бидат ранливи на кибер шпионажа. Во извештајот се вели дека хакерите манипулирале со податоците на нивните жртви „веројатно“ на ниво на интернет услуга. Ова значи дека тие би можеле да бидат измамени да преземаат малициозен софтвер без да го знаат тоа. Белоруската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето на западни медиуми за коментар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiber-istraga-hakeri-so-godini-shpionirale-stranski-diplomati-vo-belorusija/feed/ 0
Кинески хакери упаднаа и во „Мајкрософт“, Стејт департментот реагираше https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-upadnaa-i-vo-majkrosoft-stejt-departmentot-reagirashe/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-upadnaa-i-vo-majkrosoft-stejt-departmentot-reagirashe/#respond Thu, 13 Jul 2023 15:41:09 +0000 https://kurir.mk/?p=856366

Кинеските државни хакери од мај тајно пристапувале до налозите за електронска пошта на околу 25 организации, вклучувајќи ги Стејт департментот, Министерството за трговија и „Мајкрософт“. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, изјави дека САД „многу брзо“ откриле што се случува и дека успеале да спречат натамошен хакерски продор. Меѓу хакираните налози е и тој на американската министерка за трговија Џина Рајмондо, објави „Вашингтон пост“. Претходно, компанијата „Мајкрософт“ соопшти дека зад шпионажата стои хакерската група Сторм-0558 (Storm-0558), која е поврзана со кинеската држава. Тие фалсификувале дигитални токени за автентичност на пристапот до е-пошта на сервисите на Мајкрософт Аутлук (Microsoft Outlook), а нивната активност започнала во мај, тврди американската компанија. „Мајкрософт“ преку своите администратори контактираше со нападнатите организации и им соопшти важни информации кои ќе им помогнат да го истражат овој случај и да одговорат во врска со него“, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineski-hakeri-upadnaa-i-vo-majkrosoft-stejt-departmentot-reagirashe/feed/ 0
Иранска хакерска група: Го поканивте ѓаволот во вашиот дом, сега ги жнеете плодовите на вашата работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranska-hakerska-grupa-go-pokanivte-gavolot-vo-vashiot-dom-sega-gi-zhneete-plodovite-na-vashata-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranska-hakerska-grupa-go-pokanivte-gavolot-vo-vashiot-dom-sega-gi-zhneete-plodovite-na-vashata-rabota/#respond Tue, 20 Jun 2023 12:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=847813

Иранската хакерска група „Tатковинска правда“ преку Телеграм реагираше за полициската контрола во кампот на муџахедините „Ашраф“ во Манез во близина на Драч и „тензиите создадени по спротивставувањето на муџахедините“. -Го поканивте ѓаволот во вашиот дом, сега ги жнеете плодовите на вашата работа, напишаа тие. Тие ја објавиле веста во која припадници на МЕК тврдат дека едно лице е убиено а повеќе се повредени од полицијата, која пак тврди дека такво нешто не се случило. Имало само повредени како резултат на неутрализирачки гас што бил испуштен, бидејќи жителите на МЕК одбиле да ги предадат серверите и компјутерите. Во меѓувреме, поради тензичната ситуација во кампот, каде, од 2014 година, се сметени над 3.000 илјади муџахедини, на помош на полицијата пристигнала и единицата за специјални интервенции „Ренеа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranska-hakerska-grupa-go-pokanivte-gavolot-vo-vashiot-dom-sega-gi-zhneete-plodovite-na-vashata-rabota/feed/ 0
Проруски хакери ја блокираа веб-страницата на францускиот Сенат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-hakeri-ja-blokiraa-veb-stranitsata-na-frantsuskiot-senat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-hakeri-ja-blokiraa-veb-stranitsata-na-frantsuskiot-senat/#respond Fri, 05 May 2023 15:52:15 +0000 https://kurir.mk/?p=831046

Веб-страницата на францускиот Сенат е недостапна поради блокадата за која се тврди дека ја извршила проруската хакерска група NoName. Во март таа група ја блокираше веб-страницата на Долниот дом на францускиот Парламент, Националното собрание. „Пристапот до веб-страницата на Сенатот е прекинат од изутрината, нашиот тим е целосно мобилизиран за да ги отстрани дефектите“, соопшти Сенатот на Твитер без да даде дополнителни детали. NoName ја презеде одговорноста со порака на Телеграм во која на руски и англиски јазик ја критикува поддршката на Франција за Украина. „Во печатот прочитавме дека Франција работи со Украина на нов план за помош кој може да вклучува оружје, како и изјавите на министерката за надворешни работи Кетрин Колона“ и „ја блокиравме веб-страницата на францускиот Сенат“, се вели во пораката. Веб-страницата на Долниот дом на Парламентот беше блокирана неколку часа на крајот на март. И тогаш групата NoName ја презеде одговорноста, а причината исто така беше поддршката на Франција за Украина. Колективот NoName, основан во март 2022 година, е еден од околу 80-те проруски хакерски групи кои ги напаѓаат институциите на земјите што ја поддржуваат Украина, особено во Западна Европа, објасни аналитичарот Николас Квинтин на крајот на март. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruski-hakeri-ja-blokiraa-veb-stranitsata-na-frantsuskiot-senat/feed/ 0
Хакери украле податоци на вработени во Британскиот фонд за заштита на пензиите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-ukrale-podatotsi-na-vraboteni-vo-britanskiot-fond-za-zashtita-na-penziite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-ukrale-podatotsi-na-vraboteni-vo-britanskiot-fond-za-zashtita-na-penziite/#respond Fri, 24 Mar 2023 06:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=815791

Хакерската група Ци0П (Ci0P) се стекнала со податоци за вработени во Британскиот фонд за заштита на пензиите користејќи услуга за пренос на податоци од трета страна, објави Блумберг. Фондот управува со имотот од 39 милијарди фунти од своите 295.000 членови и ги штити луѓето со пензија кога работодавецот ќе стане несолвентен. Во соопштението на Фондот се наведува дека хакерите компромитирале некои податоци од вработените, но дека украдените информации „не биле поврзани со членови или пензионери“. Хакерската група Ци0П ја презеде одговорноста за нападите врз Фондот. Групата е позната по тоа што користи таканаречен „рансомвер“ (ransomware) за шифрирање на компјутерите на своите жртви за да не може да им се пристапи, а потоа бара плаќање за отклучување на датотеките, и се заканува дека ќе ги објави украдените информации на интернет. Се претпоставува дека членовите на Ци0П се Руси и се една од најуспешните групи за откуп во изминатите години, кои изнудиле стотици милиони долари од своите жртви, наведува Блумберг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-ukrale-podatotsi-na-vraboteni-vo-britanskiot-fond-za-zashtita-na-penziite/feed/ 0
Хакери украле податоци од Ferrari – барале пари за откуп https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hakeri-ukrale-podatotsi-od-ferrari-barale-pari-za-otkup/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hakeri-ukrale-podatotsi-od-ferrari-barale-pari-za-otkup/#respond Wed, 22 Mar 2023 15:00:44 +0000 https://kurir.mk/?p=814670

Производителот на луксузни спортски автомобили Ferrari објави дека бил цел на сајбер напад врз доверливите податоци на одредени клиенти ширум светот и дека добил барање за откуп. Ferrari „неодамна доби барање за откуп во врска со одредени податоци на своите клиенти“, се вели во соопштението на производителот.Хакерите „имаа пристап до одредени податоци поврзани со нашите клиенти, како што се имиња, адреси, адреси на е-пошта и телефонски броеви, но не и банкарски детали“, изјави портпаролот на Ferrari за AFP во вторникот. „Според нашите сознанија, досега ништо не е објавено на интернет. Внимателно ја следиме ситуацијата“, додаде тој. Ferrari нема да се согласи да го плати откупот, „бидејќи плаќањето на таквите барања ќе ги финансира криминалните активности и ќе им овозможи на актерите за закана да ги продолжат своите напади“, истакнува производителот. Овој сајбер напад „немаше влијание врз работењето на нашата компанија“, уверуваат од Ferrari. По добивањето на барањето за откуп, „веднаш започнавме истрага во соработка со водечка меѓународна компанија за сајбер безбедност“ и ги „известивме надлежните органи“, додава производителот. Извршниот директор Бенедето Виња испрати писмо до клиентите на престижниот бренд во кое ги информира за инцидентот. Производителот минатата година испорача вкупно 13.221 автомобил ширум светот, што е зголемување за 18,5 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/hakeri-ukrale-podatotsi-od-ferrari-barale-pari-za-otkup/feed/ 0
Хакери бараат 4,5 милиони долари за да не објават податоци за пациенти од клиника во Барселона https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-baraat-4-5-milioni-dolari-za-da-ne-objavat-podatotsi-za-patsienti-od-klinika-vo-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-baraat-4-5-milioni-dolari-za-da-ne-objavat-podatotsi-za-patsienti-od-klinika-vo-barselona/#respond Fri, 10 Mar 2023 16:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=810552

Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакираше клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите. Владините претставници рекоа дека немаат намера да се согласат со барањата на хакерите, што ја натера каталонската полиција Мосос да предупреди дека постои голема веројатност податоците за пациентите да бидат објавени, пишува шпанска „Лавангардија“. Мосос наведува дека ќе се обиде да спречи ширење информации на „dark web“, но признава дека ќе биде тешко. Поради заканата, клиниката откажа повеќе од 4.000 тестирања на амбулантските пациенти, повеќе од 300 операции и повеќе од 11.000 амбулантски посети, додека околните болници го презедоа лекувањето со радиотерапија на пациентите со карцином во прв стадиум. Во клиниката се се прави и натаму рачно поради нападот и оттаму се надеваат дека до понеделник или вторник ќе се воспостави нормално функционирање. Во меѓувреме, повеќе од 200 компјутери за вонредни ситуации беа инсталирани за да се обезбеди пристап до клиничката документација на пациентите, а 15 отсто од дигиталните системи беа обновени. Во Каталонија минатата година се случија 600 софтверски напади, главно мали сајбер-измами, што претставува само еден процент од сајбер криминалот. Според полицискиот вештак, истрагата за овој вид криминал ја отежнува и фактот дека се случува од странство, а шансите да се фатат криминалците се мали. „Ако мораме да одиме на другата страна на светот да ги бараме овие господа, ќе го направиме тоа. Комплицирана работа е што тие поминуваат од земја во земја кога ќе ги лоцираме“, изјави шефот на каталонската полиција.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-baraat-4-5-milioni-dolari-za-da-ne-objavat-podatotsi-za-patsienti-od-klinika-vo-barselona/feed/ 0
Германските власти разоткриле руска хакерска банда https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-vlasti-razotkrile-ruska-hakerska-banda/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-vlasti-razotkrile-ruska-hakerska-banda/#respond Mon, 06 Mar 2023 14:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=808698

Германските власти разоткриле меѓународна хакерска банда која ги уценувала германските јавни институции, соопшти денеска Покраинската канцеларија за борба против криминалот при Федералната покраина Северна Рајна-Вестфалија. „Осомничените се руските државјани Игор Гаршин, Игор Турашев и Ирина З., против кои е распишана меѓународна потерница“, се вели во соопштението за печатот на Покраинската канцеларија. Во соопштението се посочува дека се води истрага за уште осум осомничени. Државното правобранителство во Дизелдорф ја товари групата, која оперирала од рускиот град Јошкар Оле, за хакерски напади врз ИТ системи и уцена на јавни институции во Германија, како што се Универзитетската клиника во Дизелдорф, областа Анхалт-Битерфелд и медиумската компанија Функе. Групата се смета за одговорна и за нападите врз над 600 институции ширум светот. Американското федерално биро за истраги (ФБИ) издаде и меѓународна потерница против првообвинетиот Игор Турашев. Напаѓачите користеле тројански софтвер за да ја блокираат целата мрежа на погодените институции, а за повторно пуштање, барале милиони долари. „Нападите на критичната инфраструктура претставуваат поигрување со животот и смртта“, изјави портпаролот на Европол во Дизелдорф. За време на хакерскиот напад на Универзитетската клиника во Дизелдорф во септември 2020 година, со кој се блокираше работата на болницата, една жена наместо во Дизелдорф мораше да биде префрлена во блискиот Вупертал, но почина за време на транспортот.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-vlasti-razotkrile-ruska-hakerska-banda/feed/ 0
Руски хакери накратко го блокираа пристапот до повеќе германски веб-страници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-hakeri-nakratko-go-blokiraa-pristapot-do-poveke-germanski-veb-stranitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-hakeri-nakratko-go-blokiraa-pristapot-do-poveke-germanski-veb-stranitsi/#respond Wed, 25 Jan 2023 18:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=791912

Руски хакери денеска накратко го блокираа пристапот до неколку германски веб-страници како одговор на одлуката на Берлин да испрати тенкови во Украина. Германските власти, сепак, коментираат дека кибер нападот немал забележлив ефект, јавуваат британските медиуми. Германија денеска соопшти дека на Украина ќе и даде тенкови „Леопард 2“, надминувајќи ја со ова неколкунеделната загриженост за ова безбедносно прашање. Киев смета дека снабдувањето со такво тешко оружје е клучно за победата против Русија, додека Москва го смета за опасна провокација, забележуваат британските медиуми. Хакерската група „Килнет“ (Killnet) денеска соопшти дека ги нападнала веб-страниците на германската Влада, банки и аеродроми со таканаречен „дистрибуиран напад на одбивање на услугата“ (DDoS) – релативно едноставен кибер напад што насочува големи количества интернет сообраќај кон определени сервери со цел да ги оневозможи во нивната работа. „Некои веб-сајтови во моментов се недостапни. Во моментов нема индикации за директни последици за релевантните служби, а според проценката (на германските власти), не се очекува ниту една доколку се преземат вообичаените заштитни мерки“, соопшти германската Агенција за кибер безбедност. „Килнет“ е самопрогласена руска „хактивистичка група“ која активно ги напаѓа противниците на руската инвазија врз Украина, забележуваат британските меидуми. Оваа група во јуни лани ја презеде одговорноста за сличен кибер напад врз литванската Влада, откако оваа балтичка земја го блокираше протокот на стоки кон руската енклава Калининград. Според американските експерти, трагите на „Килнет“ водат до руските специјални служби.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruski-hakeri-nakratko-go-blokiraa-pristapot-do-poveke-germanski-veb-stranitsi/feed/ 0