хакерски напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 29 May 2023 18:04:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хакерски напад – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе ирански државни сајтови мета на хакерски напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-iranski-drzhavni-sajtovi-meta-na-hakerski-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-iranski-drzhavni-sajtovi-meta-na-hakerski-napad/#respond Mon, 29 May 2023 18:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=840122

Повеќе интернет страници поврзани со сајтот на иранскиот претседател беа мета на хакерски напад. На едни сајтови се појавија фотографии на двајца опозициски лидери кои се во егзил, а на други се појавија фотографии на кои се изгребани лицата на врховниот лидер на Иран и на претседателот. Одговорност за нападот презеде групата хакери, чие име на фарси јазикот значи „Станете, за да ги собориме од власт“. Лидер на опозициската група Муџахедин-е Халк, е Масуд Раџави и неговата сопруга Марјам, кои живеат во егзил. На еден од сајтовите е објавено „Смрт за Хамнеи Раиси – Да живее Раџави“. Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи и иранскиот претседател Ебрахим Раиси и претходно беа цел на слични хакерски напади. Иран е цел на серија хакерски напади во услови на зголемени тензии околу неговата брзорастечка нуклеарна програма. Претходно беа нападнати иранската државна телевизија, субвенционираните бензински пумпи и владините надзорни камери, вклучително и во познат затвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-iranski-drzhavni-sajtovi-meta-na-hakerski-napad/feed/ 0
ФОТО: Хакиран сајтот на министерството за финансии? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-hakiran-sajtot-na-ministerstvoto-za-finansii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-hakiran-sajtot-na-ministerstvoto-za-finansii/#respond Thu, 18 May 2023 11:29:11 +0000 https://kurir.mk/?p=835862

„Веб страната не е достапна“ ова ви се отвора ако сакате да пристапите до интернет сајтот на министерството за финансии. Неофицијално, како што дознава Алфа, страната на министерството е хакирана. Што се случува? Работат ли на случајот службите таму за да ја санираат состојбата? Дали сега се проблем трезорските трансакции? На сите овие прашање побаравме одговор од службите за односи со јавност во министерството. Засега одговор нема.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-hakiran-sajtot-na-ministerstvoto-za-finansii/feed/ 0
Германските институции мета на хакерски напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-institutsii-meta-na-hakerski-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-institutsii-meta-na-hakerski-napadi/#respond Thu, 06 Apr 2023 11:03:12 +0000 https://kurir.mk/?p=821017

Германија веќе трет ден е изложена на големи хакерски напади, а мета се министерствата, полицијата, како и интернет-страниците на покраинските институции. Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека постојат индиции за проруска заднина на овој хакерски напад кој ги парализираше веб-страниците на голем број германски институции. Главниот портал на покраината Шлезвиг-Холштајн беше привремено недостапен во средата. Во покраината Бранденбург полицијата снимила хакерски напад на својата веб-страница. Во Сар, дел од официјалните страници на провинциските институции не беа достапни поради хакерски напади. Во провинцијата Тирингија во средата наутро веб-страниците на Министерството за внатрешни работи и на полицијата беа нападнати од хакери од Германија и од странство. Поради нападот беше оневозможен пристапот до веб-страниците на властите во Берлин. Во вторникот веќе беа познати хакерските напади на веб-страниците на министерствата или полицијата во покраините Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија и Саксонија-Анхалт. Истиот ден цел на хакерите беше специјална платформа на германското Министерство за развој, која е посветена на темата за реконструкција во Украина. Масовните хакерски напади од странство врз германските институции уследија една недела откако Германија одлучи да испрати дополнителна воена помош во вредност од 12 милијарди евра за Украина. - Претпоставуваме дека нападите во различните сојузни покраини биле координирани. Немаше штета, освен што веб-страниците беа привремено недостапни, истакна германската министерка за дигитални медиуми на Саксонија-Анхалт, Лидија Хускенс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanskite-institutsii-meta-na-hakerski-napadi/feed/ 0
Овие телефони се мета на хакери, дали и вашиот е меѓу нив? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ovie-telefoni-se-meta-na-hakeri-dali-i-vashiot-e-megu-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ovie-telefoni-se-meta-na-hakeri-dali-i-vashiot-e-megu-niv/#respond Tue, 28 Mar 2023 19:59:06 +0000 https://kurir.mk/?p=817431

Неодамнешното откритие на истражувачите во одделот „Project Zero“ на „Google“ покажа дека некои телефони имаат сериозен баг што не бара интеракција со корисникот за да се хакира уредот. Името за овој феномен е „хак без клик“ (no-click hack) и се што му треба на хакерот е телефонски број. „Google“ го започна проектот за пронаоѓање на пропусти во оперативниот систем „Android“, „Chrome“ и други апликации. Како дел од проектот, откриена е ранливост во модемите „Exynos“ произведени од „Samsung“. Четири ранливости се сметаат за најсериозни. Тие му дозволуваат на напаѓачот од далечина да го компромитира телефонот без интеракција со корисникот и само бараат од напаѓачот да го знае телефонскиот број на жртвата. Ова се следниве уреди: – Телефони од сериите „Samsung S22“, „M33“, „M13“, „M12“, „A71“, „A53“, „A33“, „A21“, „A13“, „A12“ и „A04“; – Телефони од сериите „Vivo S16“, „S15“, „S6“, „X70“, „X60“ и „X30“; – Серии на „Google Pixel 6“ и „Pixel 7“; – сите преносливи уреди кои користат чипсет „Exynos W920“; – сите возила кои користат чипсет „Exynos Auto T5123“. Со цел да се заштитат, на корисниците им се препорачува да ги исклучат повиците преку Wi-Fi и услугата VoLTE во поставките на уредот за да ја намалат ранливоста и да го елиминираат ризикот. Корисниците на телефонот „Google Pixel“ мора да го ажурираат својот уред до најновата верзија, објавена претходно овој месец, така што ќе го заштитат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ovie-telefoni-se-meta-na-hakeri-dali-i-vashiot-e-megu-niv/feed/ 0
Хакерски напад врз НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakerski-napad-vrz-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakerski-napad-vrz-nato/#respond Mon, 13 Feb 2023 06:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=799654

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници. - Кибер експертите на НАТО активно работат на инцидент што влијаеше на некои веб-страници на НАТО. НАТО редовно се справува со кибер инциденти и многу сериозно ги сфаќа таквите безбедносни закани, изјави претставник на НАТО за германската новинска агенција ДПА. Коментарот дојде по извештаите на социјалните мрежи дека проруски хакери ја нападнале веб-страницата на Штабот за специјални операции на НАТО (NSHQ) и други сајтови, поради што беа привремено недостапни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakerski-napad-vrz-nato/feed/ 0
Хакерски напад врз сајтот на Ватикан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakerski-napad-vrz-sajtot-na-vatikan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakerski-napad-vrz-sajtot-na-vatikan/#respond Wed, 30 Nov 2022 18:52:40 +0000 https://kurir.mk/?p=769046

Официјалната Интернет страница на Ватикан од денеска е згасната по очигледниот хакерски напад, соопштено е од седиштето на Римокатоличката црква. -Во тек е истрага поради големиот број обиди за пристап до сајтот, изјави портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, без да даде дополнителни детали. Британските медиуми наведуваат дека хакерскиот напад се случува еден ден откако Москва го критикуваше папата Франциск за неговата осуда на рускиот напад врз Украина. Во интервју за списанието „Језуит“, папата ги издвои војниците од Чеченија и другите етнички малцинства од Русија, посочувајќи ја нивната особена „бруталност“ за време на војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakerski-napad-vrz-sajtot-na-vatikan/feed/ 0
Хакерски напад на веб-страницата на бугарската влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakerski-napad-na-veb-stranicata-na-bugarskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakerski-napad-na-veb-stranicata-na-bugarskata-vlada/#respond Sun, 13 Nov 2022 16:29:35 +0000 https://kurir.mk/?p=759912

Официјалната веб-страница на бугарската влада била подложена на кибер напад,соопшти информативната служба. Како што јави дописникот на МИА од Софија, засега не е познат сторителот на нападот. Страницата на Советот на министри на Република Бугарија на интернет „www.government.bg“ е привремено недостапна како резултат на кибер напад, се наведува во соопштението. Властите во Софија соопштија дека се преземени неопходните активности за неутрализирање на нападот и враќање на пристапот до сајтот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakerski-napad-na-veb-stranicata-na-bugarskata-vlada/feed/ 0
Хакери објавија податоци од базата на податоци за возилата во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakeri-objavija-podatoci-od-bazata-na-podatoci-za-vozilata-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakeri-objavija-podatoci-od-bazata-na-podatoci-za-vozilata-vo-albanija/#respond Mon, 31 Oct 2022 08:47:36 +0000 https://kurir.mk/?p=752999

Нови податоци објави иранската хакерска група „Татковинска правда”, овој пат од базата на податоци за албански автомобили. Во објавата има список на возила, број на шасија и мотор, марка на возилата, регистарска табличка, име и презиме на сопствениците и местото на живеење. Хакерите кои владините системи ги нападнаа на 15 јули а оние на Министерството за внатрешни работи, вклучително и ТИМС системот на граничната полиција, вечерта на 9 септември, редовно објавуваат податоци, фотографии и видеозаписи од полициските камери. Објавија и пораки од електронските пошти на министри, како и имиња на 105 илјади албански граѓани осомничени за криминални активности. На нивната веб-страница групата деновиве објави податоци за премиерот Еди Рама, а пред тоа и за директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Хелидон Бендо. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakeri-objavija-podatoci-od-bazata-na-podatoci-za-vozilata-vo-albanija/feed/ 0
МЗШВ: Базата на Mинистерството е сигурна и етапно се враќа во функција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-bazata-na-ministerstvoto-e-sigurna-i-etapno-se-vrakja-vo-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-bazata-na-ministerstvoto-e-sigurna-i-etapno-se-vrakja-vo-funkcija/#respond Sun, 25 Sep 2022 13:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=737218

Вработените во секторот за информатички технологии на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) активно работат за целосно отстранување на проблемот во електронскиот систем поради хакерскиот напад што се случи на 12-ти овој месец. Поради превенција, во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија, соопшти МЗШВ. Оттаму упатуваат извинување до граѓните поради неможноста навремено и брзо да ги вршат услугите, а дополнително МЗШВ ќе ја информира јавноста за отстранувањето на проблемот и повторното подигнување на системот. Како што наведуваат од МЗШВ, електронскиот систем на МЗШВ на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група „Black Byte“. Нападот предизвика блокирање на редовниот работен процес во Министерството и оневозможување на тековните работни процеси. – МЗШВ уште дента на нападот веднаш ги извести граѓаните, а траснпарентно изминативе денови даде одговор на сите новинарски прашања поврзани со хакерскиот напад, соопшти Министерството. Нападот, како што посочуваат, е пријавен во Министерството за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, а превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција биле ставени сите системи на Министерството. – Со нападот извршено е оштетување, односно декриптирање на податоци од офис документи (word, excel, pdf), додека пак апликациите на Министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Исто така архивата на министерството е оспособена и истата работи, ниту еден документ не е исчезнат или оштетен, посочуваат од МЗШВ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mzshv-bazata-na-ministerstvoto-e-sigurna-i-etapno-se-vrakja-vo-funkcija/feed/ 0
МОН за хакерскиот напад: Нема место за загриженост! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-za-hakerskiot-napad-nema-mesto-za-zagrizenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-za-hakerskiot-napad-nema-mesto-za-zagrizenost/#respond Sat, 10 Sep 2022 08:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=731058

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е хакирана. Во моментов страната е целосно исклучена и до неа нема пристап. На сајтот на МОН пишува дека е хакирана од грчки хакерски тим „Netwatchers“. -Mинистерството за образование и наука е во комуникација со Националниот ЦИРТ центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации каде што е пријавен случајот и од каде очекуваме со поддршка на МВР да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите. Во меѓувреме ИТ службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб страницата, по што повторно ќе биде активирана, велат од МОН. Од Министерството за образование и наука посочуваат дека нема потреба од грижи за наводно преземање на некакви бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб страната не постојат такви позадински бази и истата има информативен карактер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-za-hakerskiot-napad-nema-mesto-za-zagrizenost/feed/ 0