хакерски напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Oct 2022 16:02:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хакерски напади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Интернет инфраструктурата во Србија под хакерски напади https://arhiva.kurir.mk/svet/region/internet-infrastrukturata-vo-srbija-pod-hakerski-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/internet-infrastrukturata-vo-srbija-pod-hakerski-napadi/#respond Tue, 11 Oct 2022 16:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=743940

Регистарот на национални интернет домени на Србија (РНИДС) денеска потврди дека дел од давателите на интернет услуги во Србија се под хакерски напади. Српски објавија дека е во тек DDoS напад на многу точки на интернет инфраструктурата во Србија, вклучително и на делови од мрежата кои се вклучени во работењето на доменот .RS, односно RNIDS. Поради технички проблем со кој се соочуваат одредени даватели на интернет услуги во Србија, отежнат е и пристапот до системот за регистрирање национални домени, соопшти Регистарот на национални интернет домени на Србија. Тие наведуваат дека одреден број корисници имаат тешкотии или бавен пристап до системот за регистрација на домени. „Заедно со давателите на услуги кои беа нападнати, работиме на отстранување на проблемот и очекуваме решение во најкус можен рок. Повеќе информации за причината ќе бидат објавени откако ќе бидат познати деталите“, соопшти РНИДС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/internet-infrastrukturata-vo-srbija-pod-hakerski-napadi/feed/ 0
При хакерски напад загрозени личните податоци на повеќе од 10 милиони жители на Австралија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pri-hakerski-napad-zagrozeni-lichnite-podatoci-na-povekje-od-10-milioni-ziteli-na-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pri-hakerski-napad-zagrozeni-lichnite-podatoci-na-povekje-od-10-milioni-ziteli-na-avstralija/#respond Tue, 27 Sep 2022 08:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=737853

Австралиската полиција ја истражува кражбата на лични податоци на 10.000 корисници на телекомуникациската компанија „Оптус“ (Optus), која беше цел на хакерски напад и е побаран откуп од еден милион австралиски долари во криптовалута, соопшти компанијата. Од „Оптус“, вториот по големина мобилен оператор во Австралија, кој е во сопственост на „Сингапур телеком“ украдени се податоците на 10 милиони корисници, вклучително и домашни адреси, возачки дозволи и броеви на пасоши, биле компромитирани во едно од најголемите истекување на лични податоци во Австралија. Хакерите денеска соопштија дека ги избришале податоците поради преголемото медиумско внимание и оти го повлекуваат барањето за откуп. Тие исто така изразија жалење поради протекувањето на податоците на 10.200 Австралијци. „Оптус“ и австралиската федерална полиција, кои соработуваа со американското Федерално истражно биро (ФБИ) и други агенции вклучени во истрагата, одбија да ги коментираат наводите на хакерите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pri-hakerski-napad-zagrozeni-lichnite-podatoci-na-povekje-od-10-milioni-ziteli-na-avstralija/feed/ 0
Хакерски напади врз институциите на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakerski-napadi-vrz-instituciite-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakerski-napadi-vrz-instituciite-na-kosovo/#respond Wed, 07 Sep 2022 06:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=729696

Портпаролот на косовската влада Перпарим Криезиу синоќа потврди дека институциите на Косово во последните два дена имале привремени проблеми со интернет сервисот, како резултат на хакерски напади. Тој рече дека нападот не навлегол во инфраструктурата на државната компјутерска мрежа и дека е идентификувано дека нападот дошол надвор од Косово. .-Тимот од секторот за кибер безбедност на Агенцијата за информатичко општество, во соработка со надворешни експерти, идентификуваше дека проблемот со интернет услугата е резултат на кибер напад. Кибер нападот не навлезе во инфраструктурата на државната компјутерска мрежа откако беше блокиран од соодветната безбедносна опрема, рече тој. Според него, утврдено е дека кибер нападот дошол надвор од Косово, а цел била ИП на која се објавени повеќе веб страници на косовските институции, додека од секторот за сајбер безбедност биле преземени конкретни активности со цел надминување на овој кибер напад и враќање на интернет сервисот во функција. – Ситуацијата во моментов е стабилна и се следи, вели тој. Коха.нет пишува дека со анонимно писмо во понеделникот навечер било предупредено на напад врз институции и медиуми во земјава. Во писмото на англиски јазик се наведува дека нападот ќе биде извршен поради „ширење омраза против муслиманите“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hakerski-napadi-vrz-instituciite-na-kosovo/feed/ 0
Награди до 10 милиони долари за овие информации нуди Стејт департментот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagradi-do-10-milioni-dolari-za-ovie-informacii-nudi-stejt-departmentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagradi-do-10-milioni-dolari-za-ovie-informacii-nudi-stejt-departmentot/#respond Thu, 15 Jul 2021 20:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=537400

Стејт департментот ќе понуди награди до десет милиони долари за информации кои би довеле до идентификување на лица вклучени во злонамерни хакерски активности, поддржани од други држави. Наградата се однесува и на таканаречените ренсомвер напади, односно на лица кои со хакерски напади врз важна американска инфраструктура блокираат пристап до податоци сè додека не се плати откупот. Активностите за борба против ваквите напади ќе бидат координирани од специјална работна група формирана од Белата куќа. Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден покрена и веб-страница stopransomware.gov, која нуди јавни ресурси за спротивставување на таа закана и за изградба на поголема издржливост на американската кибер инфраструктура, изјави висок функционер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagradi-do-10-milioni-dolari-za-ovie-informacii-nudi-stejt-departmentot/feed/ 0
Кина планира да развие компании специјализирани за заштита од хакерски напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-planira-da-razvie-kompanii-specijalizirani-za-zashtita-od-hakerski-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-planira-da-razvie-kompanii-specijalizirani-za-zashtita-od-hakerski-napadi/#respond Mon, 12 Jul 2021 13:29:12 +0000 https://kurir.mk/?p=535571

Кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија соопшти денеска дека објавило предлог тригодишен план за развој на секторот, кој би бил специјализиран за заштита од хакерски напади. Вредноста на секторот може да надмине 250 милијарди јуани (38,6 милијарди долари) до 2023 година, проценува Министерството. Во текот на викендот, Кинеската управа за кибернетички простор предложи регулатива со која се повикуваат сите технолошки компании со над еден милион корисници, а со тоа и огромно количество на податоци, да поминат безбедносни проверки пред да бидат наведени на странските берзи Прописите се предложени по регулаторната истрага од страна на кинескиот дигитален гигант за транспортни услуги Диди Чуксинг за наводни повреди на приватноста на податоците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-planira-da-razvie-kompanii-specijalizirani-za-zashtita-od-hakerski-napadi/feed/ 0
САД ќе воведат санкции за Русија поради хакерски напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-vovedat-sankcii-za-rusija-poradi-hakerski-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-vovedat-sankcii-za-rusija-poradi-hakerski-napadi/#respond Thu, 15 Apr 2021 08:52:20 +0000 https://kurir.mk/?p=497554

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува санкции против повеќе од 10 Руси како одговор на хакерски напади, вклучително и SolarWinds, пренесува Блумберг. Извори за медиумот изјавија дека администрацијата може да ги објави санкциите најрано денеска. Администрацијата планира санкции за десетина владини и разузнавачки службеници покрај 20 други лица. Најмалку 10 руски дипломати ќе бидат протерани од САД. Новата рунда санкции се однесува на лица обвинети за дејствување од Агенцијата за истражување на интернет, онлајн трол формација поврзана со Кремљ. Во 2018 година, 13 Руси беа обвинети за врски со агенцијата, претставувајќи се како американски граѓани на интернет и ширејќи дезинформации со цел да се мешаат во американскиот политички систем. Новите акции се одговор на хакерските акции против SolarWinds. Операцијата е од декември 2020 година и, според американската влада, најверојатно е дело на Русија. Хакерската акција го совлада софтверот SolarWinds и хакерите добија пристап до илјадници компании и владини агенции што го користат тој систем. Хакерите добија пристап до е-пошта од Министерството за финансии на САД, правда и трговија, како и пристап до разни агенции. Експертите за компјутерска безбедност коментираат дека може да потрае со месеци пред да се идентификуваат загрозените системи и да бидат протерани хакерите. Во март, Бајден воведе санкции кон Русија за труење и затворање на Алексеј Навални. Блумберг нагласува дека тие санкции се во согласност со наредбата на Бајден од првиот ден на неговото владеење, која опфаќа четири области во кои е вклучена Русија: изборно мешање, парична награда на Русија за елиминација на американските трупи во Авганистан, хакерски напад против SolarWinds и труење на Навални. Си-ен-ен исто јави дека американската влада ќе воведе санкции за руски физички и правни лица, како и протерување на повеќе од 10 руски дипломати. Извор изјави за медиумот дека санкциите биле координирани со европски партнери. Тие ќе бидат во форма на извршна наредба од Бајден. Санкциите се координирани помеѓу Стејт Департментот и Министерството за финансии. Претставници на Стејт департментот ги предупредија сојузниците на САД и се подготвуваат за потенцијален одговор на Русија. Не е јасно дали овие санкции ќе бидат доволни за промена на однесувањето на Русија, изјавија официјални лица. Њујорк Тајмс пишува дека новите санкции може да влијаат и на државниот долг на Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-kje-vovedat-sankcii-za-rusija-poradi-hakerski-napadi/feed/ 0
Порталот за борба против ренсомвер им помага на жртвите од хакерски напади https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portalot-za-borba-protiv-rensomver-im-pomaga-na-zrtvite-od-hakerski-napadi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portalot-za-borba-protiv-rensomver-im-pomaga-na-zrtvite-od-hakerski-napadi/#respond Mon, 27 Jul 2020 14:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=382166

Европол денеска соопшти дека специјализираниот интернет портал „Номерерансон“ нуди бесплатна помош за жртвите на ренсомвер – компјутерски вирус со чија помош хакерите од физички и правни лица изнудуваат откуп и оти досега е спречено 632 милиони долари да дојдат до кибер криминалците. Ако вирусот ренсомвер продре во компјутер почнува да ги шифрира потенцијално важните податоци и корисникот не може да пристапи без да им плати откуп на хакерите. – Такви хакерски напади се случуваат со години, но последните месеци се интензивираа, а на мета се болниците и владините институции на некои земји и тоа во ситуација кога светот е погоден од пандемијата со Ковид-19, наведува Европол во соопштението издадено по повид четири години од постоењето на порталот „Номерерансом.орг“. (No more ransom – нема повеќе откуп) Порталот досега имал над 4,2 милиони посетители од 188 држави. Со 163 партнери, порталот Номерерансом е прв пример на јавно-приватно партнерство во таа област и е достапен на 36 јазици, а во изминатата година во својата збирка воведе 28 софтверски алатки за декрипција и може да се избори со 140 различни типови на ренсомвер вирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portalot-za-borba-protiv-rensomver-im-pomaga-na-zrtvite-od-hakerski-napadi/feed/ 0
Австралиските власти загрижени поради хакерски напади врз болници и истражувачки центри https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskite-vlasti-zagrizeni-poradi-hakerski-napadi-vrz-bolnici-i-istrazuvachki-centri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskite-vlasti-zagrizeni-poradi-hakerski-napadi-vrz-bolnici-i-istrazuvachki-centri/#respond Wed, 20 May 2020 10:05:59 +0000 https://kurir.mk/?p=348218

Австралија изрази загриженост за хакерските напади на кибер-криминалците, честопати со поддршка на некои влади, врз болници и други здравствени и истражувачки установи ангажирани да бараат одговори на пандемијата на коронавирусот. „Владата е загрижена што злонамерните кибер актери се обидуваат да ја искористат пандемијата за свои цели“, се вели во заедничката изјава на австралиското МНР и Центарот за трговска и кибер безбедност. „Австралиската Цлада ги повикува сите земји веднаш да престанат со сите кибер активности – или поддршка за тие активности“, се вели во изјавата без да се прецизира за кои земји тоа се однесува. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstraliskite-vlasti-zagrizeni-poradi-hakerski-napadi-vrz-bolnici-i-istrazuvachki-centri/feed/ 0
Хакерски напади врз државни и меѓународни организации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakerski-napadi-vrz-drzavni-i-megjunarodni-organizacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakerski-napadi-vrz-drzavni-i-megjunarodni-organizacii/#respond Tue, 05 May 2020 19:00:31 +0000 https://kurir.mk/?p=342134

Софистицирани хакерски мрежи вршат кибер напади врз државни и меѓународни организации кои реагираат на пандемијата на коронавирусот, предупреди денеска британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб. – Постојат различни цели и мотивации кои стојат зад овие напади, од измами, од една страна, до шпионажи, но имаат тенденција да крадат огромно количество лични податоци, интелектуален имот и широки информации, кои ги поддржуваат тие цели, истакна Раб на прес-конференција. Шефот на британската дипломатија нагласи дека кибер нападите често се поврзани со други државни актери, и изрази очекување дека вакво „предаторско криминално однесување“ може да продолжи и да се развива во следните недели и месеци. Тој додаде дека Велика Британија презема низа мерки за спречување на таквите закани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakerski-napadi-vrz-drzavni-i-megjunarodni-organizacii/feed/ 0
Турски хакери се закануваат на грчки владини сајтови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turski-hakeri-se-zakanuvaat-na-grchki-vladini-sajtovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turski-hakeri-se-zakanuvaat-na-grchki-vladini-sajtovi/#respond Thu, 03 May 2018 06:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=48989

Турски хакери упатија нови закани до грчки владини интернет страници, објави весникот „Катимерини“. Во интервју за телевизијата „Скај“, турските хакери се заканија дека поседуваат чувствителна информација од грчкото Министерство за надворешни работи и оти ќе ја објават на Интернет. „Интернет борци“ тврдат дека причина за кибер нападите се „неправедните одлуки на грчкото правосудство за осуммината турски војници - ѓуленисти“, по кои Анкара трага после неуспешниот обид за преврат, а Атина одби да ги екстрадира. Тие тврдат дека во нивната организација има илјадници членови и оти се во состојба да „удрат“ и по други сајтови на грчки институции и организации, а тоа ќе „зависи од одлуката за ѓуленистите“. Се претпоставува дека истите хакери, кои се нарекуваат „Интернет борци“ се виновни за неодамнешните кибер напади против сајтови на грчки организации, меѓу кои и интернет страницата на новинската агенција АНА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/turski-hakeri-se-zakanuvaat-na-grchki-vladini-sajtovi/feed/ 0