хакирал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Aug 2020 08:34:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хакирал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тинејџер ги хакирал Твитер налозите на Безос, Маск и Гејтс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-gi-hakiral-tviter-nalozite-na-bezos-mask-i-gejts/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-gi-hakiral-tviter-nalozite-na-bezos-mask-i-gejts/#respond Sat, 01 Aug 2020 08:34:13 +0000 https://kurir.mk/?p=384638

Седумнаесетгодишниот Грем Кларк од Тампа, Флорида е обвинет дека хакирал повеќе Твитер налози, помеѓу кои и на најбогатиот човек во светот Џеф Безос, сопственикот на „Тесла“, Илон Маск и основачот на Мајкрсофт, Бил Гејтс. Кларк се товари по 30 точки од обвинението за измама на повеќе луѓе ширум САД поврзани со хакирањето на Твитер налозите на познати и моќни Американци на 15 јули. Според обвинението Кларк имал намера да ги украде идентитетите на познатите личности, за да ги наведе жртвите да му испратат биткоини. За само еден ден на Кларк му се уплатени биткоини во вредност поголема од 100.000 долари. На мета на Кларк беше и поранешниот американски претседател Барак Обама, како и претседателскиот кандидат на демократите, Џо Бајден и Мајкл Блумберг. Државното обвинителство ќе го процесира Кларк како полнолетен, бидејќи законот во Флорида овозможува малолетни лица да бидаат обвинети како возрасни во случај на финансиски измами. Уште двајца мажи се обвинети пред сојузниот суд во Калифорнија за стекнување на корист од хакирање. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzer-gi-hakiral-tviter-nalozite-na-bezos-mask-i-gejts/feed/ 0