Халина Хачинс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 09:29:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Халина Хачинс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Мажот на Халина Хачинс фатен со нова девојка, 18 месеци откако таа беше застрелана од Алек Болдвин https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-mazhot-na-halina-hachins-faten-so-nova-devojka-18-mesetsi-otkako-taa-beshe-zastrelana-od-alek-boldvin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-mazhot-na-halina-hachins-faten-so-nova-devojka-18-mesetsi-otkako-taa-beshe-zastrelana-od-alek-boldvin/#respond Thu, 27 Apr 2023 09:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=828226

Осумнаесет месеци откако неговата сопруга Халина Хачинс (42) почина на снимањето на „Р'ѓа“ откако случајно беше застрелана од Алек Болдвин, вдовецот Метју Хачинс (38) е виден со друга жена. Како што ексклузивно објави The New York Post, продуцентот е фотографиран во интимен момент во Лос Анџелес со новата девојка. Тој сè уште го носел својот венчален прстен додека се прегрнувал и бакнувал со жената. Извори за The Post истакнаа дека новата љубов на Метју се вика Кејти Флин, а според нејзиниот профил на LinkedIn, таа е координатор за видео продукција на опсерваторијата Грифит, која дипломирала на Универзитетот Централ Мичиген во 2015 година по метеорологија. Метју и Флин се видени расположени додека шетале наоколу, често бакнувајќи се и гушкајќи се. Веста за новата врска на Метју доаѓа неколку дена откако беа отфрлени кривичните обвиненија против Болдвин за случајно убиство на снимањето и продукцијата започна да го заокружува вестернот на новиот филмски сет на Монтана.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-mazhot-na-halina-hachins-faten-so-nova-devojka-18-mesetsi-otkako-taa-beshe-zastrelana-od-alek-boldvin/feed/ 0
ПО ТРАГЕДИЈАТА: Снимањето продолжува – Болдвин ја има главната улога, а сопругот на убиената останува продуцент https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/po-tragedijata-snimaneto-prodolzhuva-boldvin-ja-ima-glavnata-uloga-a-soprugot-na-ubienata-ostanuva-produtsent/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/po-tragedijata-snimaneto-prodolzhuva-boldvin-ja-ima-glavnata-uloga-a-soprugot-na-ubienata-ostanuva-produtsent/#respond Thu, 26 Jan 2023 09:10:03 +0000 https://kurir.mk/?p=792149

Снимањето на вестерн филмот „Раст“ ќе продолжи со Алек Болдвин (64) во главната улога, изјави адвокатот на продукцијата, неколку дена откако обвинителите соопштија дека ќе го обвинат актерот за фаталното пукање во кое беше убиен снимателката Халина Хачинс. -Болдвин ќе продолжи да го глуми Харланд, а Џоел Соуз ќе се врати да го режира „Раст“ откако беше ранет во пукање во октомври 2021 година, рече Мелина Спадоне, адвокатка на продукцијата на филмот. Сопругот на починатиот кинематограф, Мет Хачинс, останува извршен продуцент. Филмот ќе биде готов, рече Спадоне во соопштението за медиумите. Хачинс беше убиена на филмски сет во близина на Санта Фе, Ново Мексико кога пиштолот што го држеше Болдвин испука куршум. Болдвин постигна договор со семејството Хачинс во октомври, според кој Хачинс ќе ја преземе функцијата продуцент, а снимањето продолжува овој месец. Актерот ја негира одговорноста за пукањето. Тој рече дека никогаш не треба да се дозволуваат живи куршуми на филмски сет и дека ракувачите со пиштоли се одговорни за огнено оружје. Сега, истрагата на шерифот во Санта Фе мора да открие како вистинските куршуми завршиле на филмскиот сет. Правните аналитичари велат дека обвинителите ќе се соочат со тешка битка против Болдвин без доказ дека знаел дека има живи куршуми и дека не презел никакви мерки на претпазливост.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/po-tragedijata-snimaneto-prodolzhuva-boldvin-ja-ima-glavnata-uloga-a-soprugot-na-ubienata-ostanuva-produtsent/feed/ 0
ПО УБИСТВОТО: Болдвин постигна договор со семејството на Халина Хачинс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-ubistvoto-boldvin-postigna-dogovor-so-semejstvoto-na-halina-hachins/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-ubistvoto-boldvin-postigna-dogovor-so-semejstvoto-na-halina-hachins/#respond Wed, 05 Oct 2022 17:47:13 +0000 https://kurir.mk/?p=741492

Семејството на Халина Хачинс, камерманката убиена на сетот на филмот „Rust“ од 2021 година и Алек Болдвин постигнаа необјавен договор во нивната тужба против актерот и другите вмешани во смртта на камерманката, се вели во соопштението објавено од адвокатот на актерот. Тужбата, поднесена во февруари во Санта Фе, против Болдвин, продуцентската куќа на филмот и другите клучни членови на екипажот, наведува дека има бројни прекршувања на индустриските стандарди за време на снимањето. Метју Хачинс, вдовецот на Халина Хачинс, која беше убиена на снимањето, ќе биде извршен продуцент на филмот и ќе добие дел од профитот, се додава во соопштението. „Постигнавме спогодба, која е предмет на судско одобрување. Како дел од таа спогодба, нашиот случај ќе биде отфрлен. Rust, кој сега ќе го продуцирам, ќе продолжи со снимањето со сите оригинални главни актери во јануари 2023 година. Сите веруваме дека смртта на Халина е страшна несреќа. Благодарен сум што продуцентите и забавната заедница се собраа да одадат почест на последното дело на Халина“, рекол Хачинс во изјавата. Режисерот на филмот, Џоел Соуза, кој исто така беше повреден во пукањето, треба да се врати во филмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/po-ubistvoto-boldvin-postigna-dogovor-so-semejstvoto-na-halina-hachins/feed/ 0
Пресврт во истрагата за трагедијата: Алек Болдвин ја лажел полицијата?! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/presvrt-vo-istragata-za-tragedijata-alek-boldvin-ja-lazel-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/presvrt-vo-istragata-za-tragedijata-alek-boldvin-ja-lazel-policijata/#respond Mon, 15 Aug 2022 07:15:25 +0000 https://kurir.mk/?p=718585

Се појавија нови моменти кои фрлаат поинакво светло во расчистувањето на случајот за трагедијата што се случи на снимањето на филмот „Rust“ кога актерот Алек Болдвин смртно ја застрела снимателката Халина Хачинс. Имено, актерот тврдел дека тој всушност и не го повлекол чкрапалото на пиштолот, кој требало да биде наполнет со лажни куршуми. Сепак, новиот извештај кој на увид го доби „ABC News“, покажува дека куршумот не можел да биде испукан ако не е повлечено чкрапалото на пиштолот. Тоа значи дека него судот може да го гони за направено дело. Властите вчера соопштија дека ги очекуваат телефонските записи на актерот, а обвинителот во соработка со полицијата во Њујорк и адвокатите на Болдвин треба да ги собере сите докази. Записите ќе ги прегледуваат детективи, а потоа ќе бидат испратени до обвинителот за да утврди дали ќе биде поднесена пријава. Форензичкиот извештај на ФБИ ги испитуваше сите детали за фаталната несреќа како дел од пошироката истрага за да се види дали може да бидат поднесени кривични пријави. За потсетување, во октомври минатата година,  Болдвин случајно ја уби Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуза во инцидент на снимањето на филмот „Rust“ на ранчот Бонанца Крик во Ново Мексико.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/presvrt-vo-istragata-za-tragedijata-alek-boldvin-ja-lazel-policijata/feed/ 0
Болдвин исплашен од тужбата на Хачинс: Се надева дека нема да одговара кривично за смртта на Халина https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/boldvin-isplashen-od-tuzbata-na-hachins-se-nadeva-deka-nema-da-odgovara-krivichno-za-smrtta-na-halina/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/boldvin-isplashen-od-tuzbata-na-hachins-se-nadeva-deka-nema-da-odgovara-krivichno-za-smrtta-na-halina/#respond Tue, 08 Mar 2022 08:32:36 +0000 https://kurir.mk/?p=643098

Алек Болдвин уште еднаш се осврна на трагедијата на сетот што се случи лани во октомври за време на снимањето на вестерн-филмот „Рѓа“, која резултираше со смрт на снимателката Халина Хачинс, а во несреќата беше повреден и режисерот Џоел Соуза. Имено, актерот и неговиот адвокат се надеваат дека нема да одговара кривично за смртта на Халина. -Постојат две жртви и никој друг не е жртва. Некои луѓе не се толку заинтересирани да дознаат што навистина се случило, го започна Болдвин својот говор на меѓународниот филмски фестивал во Колорадо. Тој додаде дека смета дека некои тужби се поднесени исклучиво од финансиски причини. -Целата моја кариера, без инциденти, се потпирав на безбедносни експерти за да го прогласат пиштолот безбеден за употреба и никогаш немав проблем, а ова ми се случи, изјави Болдвин, кој од почетокот тврди дека е невин, а во едно интервју дури и кажа дека не го повлекол чкрапалото. Семејството Хачинс поднесе кривична пријава против Болдвин, како и против другите одговорни за безбедноста на сетот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/boldvin-isplashen-od-tuzbata-na-hachins-se-nadeva-deka-nema-da-odgovara-krivichno-za-smrtta-na-halina/feed/ 0
ПРЕСВРТ: Сопругот на убиената снимателка поднесе тужба против Алек Болдвин https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/presvrt-soprugot-na-ubienata-snimatelka-podnese-tuzba-protiv-alek-boldvin/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/presvrt-soprugot-na-ubienata-snimatelka-podnese-tuzba-protiv-alek-boldvin/#respond Tue, 15 Feb 2022 21:40:39 +0000 https://kurir.mk/?p=631891

Актерот Алек Болдвин кој минатата година во октомври ненамерно ја застрела директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза со куршум од пиштол-реквизит, заедно со неговиот тим добија тужба од семејството на Хаинс. Адвокатот на семејството соопшти дека тимот на филмот „Раст“ каде настрада Хачинс ги прекршило сите правила за безбедност на сетот. Семејството бара надомест за претрпена болка и загуба, во име на синот на Хачинс Метју. Во тужбата се наведува дека не се најдени докази за саботажа на снимањето. Болдвин изјави дека очекувал тужба од семејството по трагичниот настан. „Според истражителите, се чини дека снимањето на сцената содржело употреба на реквизит-огнено оружје кога било пукано“, пишуваше во соопштението по несреќата. „Детективите истражуваат како и кој вид проектил бил испукан.“ Хачинс била пренесена со хеликоптер во болницата на Универзитетот во Ново Мексико, каде што била констатирана смрт, додека Соуза со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во регионалниот медицински центар, пренесува Си-ен-ен. Портпаролот на Болдвин рече дека имало несреќа на снимањето, во која дошло до грешка при пукање од пиштол со ќор-фишеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/presvrt-soprugot-na-ubienata-snimatelka-podnese-tuzba-protiv-alek-boldvin/feed/ 0
Емотивна исповед на Алек Болдвин: Актерот проговори за трагедијата во која застрела жена https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emotivna-ispoved-na-alek-boldvin-akterot-progovori-za-tragedijata-vo-koja-zastrela-zena/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emotivna-ispoved-na-alek-boldvin-akterot-progovori-za-tragedijata-vo-koja-zastrela-zena/#respond Thu, 02 Dec 2021 08:04:29 +0000 https://kurir.mk/?p=602808

„Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото“. Холивудскиот актер Алек Болдвин за првпат јавно низ солзи проговори за трагедијата што се случи на снимањето на филмот Rust, кога кинематографката Халина Хачинс го загуби животот. Актерот даде ексклузивно интервју за ABC во кое за првпат јавно говореше за несреќниот случај што се случи на снимањето на филмот Rust. На 21-ви октомври годинава се случи трагедија кога Алек Болдвин (63) со стар револвер за време на пробата на снимањето на филмот Rustненамерно ја застрела и ја уби кинематографката Халина Хачинс и го повреди режисерот и сценарист Џоел Соуза. „Воопшто не го повлеков чкрапалото. Никогаш не би вперил пиштол во некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш!“ – вели Болдвин во видео најавата за интервјуто за ABC. Болдвин додава дека не знае како воопшто во пиштолот се нашла вистинска муниција. Потенцира дека воопшто не очекувал дека постоела каква било можност во пиштолот да се најде вистинска муниција. „Некој ставил вистинска муниција во пиштолот што воопшто не требаше ниту да биде на местото на снимањето“, додава тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/emotivna-ispoved-na-alek-boldvin-akterot-progovori-za-tragedijata-vo-koja-zastrela-zena/feed/ 0
Поднесена тужба против Алек Болдвин за трагедијата на филмскиот сет https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/podnesena-tuzba-protiv-alek-boldvin-za-tragedijata-na-filmskiot-set/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/podnesena-tuzba-protiv-alek-boldvin-za-tragedijata-na-filmskiot-set/#respond Thu, 11 Nov 2021 08:25:21 +0000 https://kurir.mk/?p=593974

Електричарот на снимањето на филмот „Rust“ на чиј сет актерот Алек Болдвин случајно ја застрела директорката на фотофрафија Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел Соуза, поднесе тужба. Серж тужбата ја поднел за несовесно однесување против актерот Болдвин и оружарката Хана Гутјерез, но и против помошникот режисер Дејв Холс кој на истражните органи им рекол дека му го дал пиштолот на Болдвин за време на пробата. Тој ги обвини продуцентите и другите членови на филмската екипа, вклучително и Алек дека не ги примениле безбедносните стандарди и дека дозволиле „наполнет пиштол со боева муниција да биде впечен во живи луѓе на филмски сет“. Оваа тужба е прва која е поднесена во овој случај. Властите во Санта Фе и Ново Мексико и натаму водат истрага. Последа информација поврзана со тоа е дека помошник режисерот Дејв Холс во судот под заклетва изјавил дека пред пробата, оружарката Хана му го покажала пиштолот кој подоцна го користел Болдвин и дека видел дека во него има три куршуми. Серж претходно се огласи на Инстаграм и откри дека тој ја држел Хана во раце додека умирала, и дека рекла оти не ги чувствува нозете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/podnesena-tuzba-protiv-alek-boldvin-za-tragedijata-na-filmskiot-set/feed/ 0
Прво огласување на сопругата на Алек Болдвин по трагедијата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvo-oglasuvanje-na-soprugata-na-alek-boldvin-po-tragedijata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvo-oglasuvanje-na-soprugata-na-alek-boldvin-po-tragedijata/#respond Tue, 26 Oct 2021 11:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=585737

Сопругата на Алек Болдвин се огласи првпат во јавноста откако актерот на филмски сет случајно ја усмрти директорката на фотографија Халина Хачинс и го рани директорот Џоел Соуза. -Моето срце е со Халина. Нејзиниот сопруг, нејзиниот син. Со нивното семејство и сакани. И со мојот Алекс. Се вели „нема зборови“ бидејќи невозможно е да се изразат шокот и болката за ваква трагична несреќа. Скршено срце. Загуба. Поддршка, напиша Хиларија Болдвин на Инстаграм. Поддршка во коментарите и пружиле голем број познати лица.

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/prvo-oglasuvanje-na-soprugata-na-alek-boldvin-po-tragedijata/feed/ 0
ФОТО: Алек Болдвин се појави на комеморацијата на Хачинс https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-alek-boldvin-se-pojavi-na-komemoracijata-na-hachins/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-alek-boldvin-se-pojavi-na-komemoracijata-na-hachins/#respond Sun, 24 Oct 2021 07:32:58 +0000 https://kurir.mk/?p=584498

Актерот Алек Болдвин присуствуваше на приватна комеморација за Халина Хачинс, директорката на фотографија која случајно тој ја застрела во четвртокот на снимање. Болдвин заедно со сопругот и синот на трагично загинатата присуствуваше на комеморацијата која била одржана во кругот на семејството и пријателите, пренесуваат американските медиуми. Холивудскиот актер на Твитер претходно објави дека е во контакт со сопругот на Хачинс нудејќи поддршка. -Срцето ми е скршено поради нејзиниот сопруг, нивниот син и сите кои ја познаваа и сакаа Хачинс, напиша тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-alek-boldvin-se-pojavi-na-komemoracijata-na-hachins/feed/ 0