Ханука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Dec 2022 06:32:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ханука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еврејската заедница го прославува празникот Ханука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrejskata-zaednica-go-proslavuva-praznikot-hanuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrejskata-zaednica-go-proslavuva-praznikot-hanuka/#respond Tue, 20 Dec 2022 06:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=777853

Еврејската заедница вечер (19.00) во синагогата „Бет Јаков” ќе го прославува празникот на светлината „Ханука”. Денеска е третиот ден од празникот, а од Заедницата најавуваат дека третата свеќа ќе ја запали претседателот Стево Пендаровски. „Ханука” се слави како сеќавање на победоносната ослободителна борба на еврејскиот народ на тлото на древниот Израел против елинистичкиот окупатор. – Легендата запишана во Талмудот раскажува за тоа како Грците влегле во Храмот и го осквернавиле и маслото кое се чувало за палење на обредните свеќи. Макабејците, ослободители, по влегувањето во Ерусалим нашле во Храмот само еден сад со масло, со печат на големиот свештеник, кој бил доволен за горење за само еден ден. Тогаш се случило чудо (Божјо) и тоа масло горело во свеќникот осум дена. Затоа кога ја празнуваме Ханука и ден денес горат 8 свеќи осум дена, информираат од Еврејската заедница. Оттаму велат дека „Ханука” е пред сè семеен празник, свеќниците се палат секоја вечер во кругот на семејството и тоа првиот ден се пали една, а потоа секој ден по една свеќа повеќе. Тој обичај е сочуван до ден денес. Синагогата „Бет Јаков” во којашто ќе се одржува прославата се наоѓа на ул. „Борка Талески” бр.24.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evrejskata-zaednica-go-proslavuva-praznikot-hanuka/feed/ 0
Евреите ја слават Ханука: Што симболизира овој празник и кои се обичаите? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evreite-ja-slavat-hanuka-shto-simbolizira-ovoj-praznik-i-koi-se-obichaite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evreite-ja-slavat-hanuka-shto-simbolizira-ovoj-praznik-i-koi-se-obichaite/#respond Sun, 18 Dec 2022 11:20:09 +0000 https://kurir.mk/?p=777198

Со заоѓањето на Сонцето, вечерва почнува – Ханука или Хаг Хаурим, празникот на слободата и светлината, кој ќе трае до 26 декември. Ханука се слави во спомен на тригодишната ослободителна војна, односно ослободувањето на Ерусалим во 165 п.н.е., кога беше „повторно запалено кандилото, а идолите беа исфрлени од Храмот“. Прославата трае осум дена, при што еврејските семејства палат свеќник со осум гранки (ханукија), кој наликува на менора, со осум главни гранки и една помошна гранка. Во деновите на Ханука, Евреите се сеќаваат на победата на еден од петте синови на Хакохен – војсководачот наречен Макаби (чекан) – над Сиријците и повторното осветување на храмот во Ерусалим. Најпрво се поставуваат осум еднакви свеќи, по една за секој ден од празникот, од десно кон лево, потоа со специјална свеќа „шамаш“, која стои во помошниот крак, свеќите се палат од лево кон десно, секој ден, така што на крајот на осмиот ден од празникот, сите ќе бидат запалени. Легендата вели дека по уништувањето на ерусалимскиот храм, во него било пронајдено масло за менора, кое било доволно само за еден ден. Но, маслото во кандилото горело цели осум дена, што во јудаизмот се смета за чудо. Во деновите на Ханука се пеат оди за Ерусалимскиот храм, се јадат крофни сите осум дена од празникот, кој се слави во домовите, училиштата, еврејските заедници, здруженијата и на плоштадите. Во Израел се палат свеќи на сите плоштади и пред градското собрание. Ханука се честита со изразите: Ханука лесимха! Среќна Ханука! Земан урим лесимха! Време на свеќи за радост.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evreite-ja-slavat-hanuka-shto-simbolizira-ovoj-praznik-i-koi-se-obichaite/feed/ 0
Евреите почнуваат со славењето на Ханука, Празникот на светлината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evreite-pochnuvaat-so-slavenjeto-na-hanuka-praznikot-na-svetlinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evreite-pochnuvaat-so-slavenjeto-na-hanuka-praznikot-na-svetlinata/#respond Sun, 28 Nov 2021 14:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=601046

Евреите од денеска до понеделник, 6 декември, го слават празникот Ханука. Со овој празник се одбележува настан од 164 п.н.е. кога, по три години прогонство и борби, Ерусалимскиот храм бил повторно посветен. Со овој настан е поврзана легендата за светилка која продолжила да гори во Храмот, иако немало доволно масло за тоа, па Ханука се нарекува и Празник на светлината. Секоја година во текот на неделата на Ханука, Евреите палат специјални деветкраки свеќници „ханукии“ со палење по една светилка од тој свеќник секоја вечер.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evreite-pochnuvaat-so-slavenjeto-na-hanuka-praznikot-na-svetlinata/feed/ 0