хаос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 15:39:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хаос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопје во сообраќаен хаос, мостот кај Ист Гејт ќе остане затворен најмалку една година https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-vo-soobrakaen-haos-mostot-kaj-ist-gejt-ke-ostane-zatvoren-najmalku-edna-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-vo-soobrakaen-haos-mostot-kaj-ist-gejt-ke-ostane-zatvoren-najmalku-edna-godina/#respond Tue, 16 May 2023 15:39:21 +0000 https://kurir.mk/?p=834902

Мостот Беласица дури година и половина би можел да биде надвор од функција, и тоа под услов доколку веднаш почне да се работи на него. Тоа значи дека година и половина скопјани ќе имаат големи тешкотии за време на сообраќајниот шпиц, бидејќи оние кои кратеа од Железничка кон Ист Гејт ќе мора да ги користат другите мостови, јави Сител телевизија. Деканот на Градежниот факултет, во изјава за Сител појаснува дека самите процедури се долги и затоа ќе биде потребно многу време за санација. -Во најмала рака потребни се три до четири месеци интензивна и високостручна работа за да се утврди неговата моментална состојба. А, доколку се констатира дека е потребна негова санација, тогаш треба уште минимум половина година за да се изработи проект за санација, и после тоа да се изведе санацијата. Значи, треба доста време, вели професорот Марковски. Проблемот е што за носивоста на мостот задолжени се кабли кои се сместени во внатрешноста на бетонската конструкција. -Со оглед на тоа што се работи за кабли изработени од високо вреден челик, тие се многу чувствителни на високи температури. Односно, ги губат своите карактеристики ако дојдат до контакт со висока температура. Оттаму, прво што треба да се утврди, а тоа не е нималку лесно е да се види колкава била температурата во каблите во времетраењето на пожарот. Па потоа да се констатира колкава е нивната носивост, дали е загрозена и колку е редуцирана. Па после тоа следат мерки за санација, појаснува професорот Марковски. Професорот Марковски не верува дека штетата е толкава, што мостот не би можел да се санира, но тој зафат би бил многу скап. -Не би сакал во моментов да шпекулирам со цифри. Во секој случај многу зависи во каква состојба е сега тој. Ако степенот на санација е поголем, самата санација може да достигне и неколку милиони евра, вели Марковски. Се уште останува дилема дали Град Скопје ќе има пари за ваков зафат поради лошата финансиска состојба во која се наоѓа градот. Градоначалничката Арсовска и денеска избега од камерите, но вети дека ќе излезе на прес-конференција во следните две недели. До тогаш скопјани ќе го чекаат епилогот за еден од главните крвотоци во сообраќајот на главниот град. Вчера од Град Скопје само кратко ни кажаа дека не можат да направат ништо додека не ги добијат записниците од МВР и ЦУК. -Извештаите кога ќе бидат готови ќе бидат доставени до надлежните институции, тоа што е работа на МВР. Инаку, испитувањата коишто треба да бидат направени, дали пожарот придонел до намалување на статиката на мостот, не е обврска на МВР, вели Спасовски. Мостот е затворен и за пешаци, а како што објави и вчера Сител, на него постојано има и полициски службеници кои ги враќаат сите оние кои не знаат или не сакаат да ги читаат знаците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/skopje-vo-soobrakaen-haos-mostot-kaj-ist-gejt-ke-ostane-zatvoren-najmalku-edna-godina/feed/ 0
НА ПОПОВА ШАПКА ПОЛИЦИЈАТА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СНАЈДЕ, НА ПОНИКВА ХАОС – ски центрите во земјава денес во колапс! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-popova-shapka-politsijata-ne-mozhe-da-se-snajde-na-ponikva-haos-ski-tsentrite-vo-zemjava-denes-vo-kolaps-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-popova-shapka-politsijata-ne-mozhe-da-se-snajde-na-ponikva-haos-ski-tsentrite-vo-zemjava-denes-vo-kolaps-video/#respond Sun, 22 Jan 2023 14:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=790345

Вистински сообраќаен хаос се случува денес во сите ски центри во земјава. Читателите на КУРИР информираат дека полицијата не може да се справи со гужвите и колоните автомобили на Попова Шапка, додека на Инстаграм се шират видеа од Пониква каде буквално игла не може да се фрли денеска таму. Според видеата објавени на Инстаграм профилот на Роберто Навали се гледа што навистина се случува километри пред туристичкиот центар... Инаку денеска на Попова Шапка и Маврово започнува ски сезоната откако изминативе денови наврна доволно снег.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-popova-shapka-politsijata-ne-mozhe-da-se-snajde-na-ponikva-haos-ski-tsentrite-vo-zemjava-denes-vo-kolaps-video/feed/ 0
ХАОС ВО АТИНА: Молотов коктел и солзавец пред грчкиот Парламент, се случија инциденти (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-atina-molotov-koktel-i-solzavec-pred-grchkiot-parlament-se-sluchija-incidenti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-atina-molotov-koktel-i-solzavec-pred-grchkiot-parlament-se-sluchija-incidenti-foto/#respond Wed, 09 Nov 2022 13:44:09 +0000 https://kurir.mk/?p=758009

Инциденти се случија на протестот во центарот на Атина кога група маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели пред грчкиот Парламент, а специјалните полициски сили одговорија со солзавец и шок бомби,  јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентите иако интензивни, трае кратко, по што продолжи протестниот марш низ улиците во Атина. Протестот во грчката метропола во рамките на генералниот 24-часовен штрајк организиран од синдикатите беше еден од помасовните во изминатиот период со учество на илјадници граѓани кои го кренаа својот глас за зголемување на платите, за колективни договори и хумани услови за работа, но и „да се стави крај на политиката која ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни“. Демонстрантите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека ја имаат најлошата Влада, која треба веднаш да си замине и дека не можат со месечните приходи да ги издржат поскапувањата на цените. Двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и државниот сектор (АДЕДИ), во шест часот утрово почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ја парализира земјата, а паралелно одржаа и протест. Заедно со синдикатите учествуваа и опозициските партии СИРИЗА, ПАСОК-Движење на промена и МЕРА25, како и нивните лидери. Засебен протест одржа синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција. Штрајкот што почна во шест часот утрово создаде проблеми во бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и во јавниот превоз во Солун и Атина, а во грчката метропола, денеска нема да сообраќаат ни такси возилата. Бродовите 24-часа се закотвени на пристаништата, има промени како во железничкиот, така и во авионскиот сообраќај, а во Атина иако беше најавено дека метрото и автобусите неколку часа ќе прекинат со работа, доцна синоќа нивниот штрајк беше прогласен за незаконски и одговорија со 24-часовен штрајк. Грција денеска е и без вести и информативни емисии, поради учеството на новинарите во штрајкот, а нема да функционираат ни јавните служби и државните институции, но затворени ќе бидат и некои од продавниците. Протести се одржаа и во други грчки градови. ср/ Фото: МИА

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haos-vo-atina-molotov-koktel-i-solzavec-pred-grchkiot-parlament-se-sluchija-incidenti-foto/feed/ 0
(ВИДЕО) ФФМ и МВР сега вие сте на потег: СРАМОТ на Чаир заслужува ЖЕСТОКА реакција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-ffm-i-mvr-sega-vie-ste-na-poteg-sramot-na-chair-zasluzuva-zestoka-reakcija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-ffm-i-mvr-sega-vie-ste-na-poteg-sramot-na-chair-zasluzuva-zestoka-reakcija/#respond Wed, 09 Nov 2022 13:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=757979

Мечот помеѓу Шкупи и Шкендија од Купот на Македонија не дочека да се одигра ни едно полувреме. Буквално фудбалерите од Тетово спасуваа жива глава од стадионот во Чаир. Специјалците на МВР со жив штит и крајни напори некако успеаа да ги изнесат од теренот. Мечот за среќа се снимаше и пренесуваше, па сведоци сме што се случи. Бројни навивачи на клубот од Чаир влетаа во терен и видно пред камери нападнаа фудбалери на тимот од Тетово. Се уште нема информации за повредени иако се очекува да има со оглед на нерeдите Епа господо од МВР и ФФМ сега вие сте на потег за овој СРАМ. Јавноста очекува жестоки и силни казни кои еднаш за секогаш треба да кажат стоп на ваквите појави. Очекуваме брзо да се огласат и да соопштат детали за приведени и уапсени лица (кои и тоа како треба да ги има, само од камерите кои ги уловија). А клубот Шкупи секако од ФФМ треба да си го добие тоа што го следува. Доста беше замижување и провлекување низ прсти. Ваква слаба организација на меч од висок ризик е НЕДОЗВОЛИВО. Волку пиротехника колку што влета на терен е НЕЗАМИСЛИВО. Дали сте свесни дека некој можеше недај боже да загине, или да остане траен инвалид. Дали сте свесни. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-ffm-i-mvr-sega-vie-ste-na-poteg-sramot-na-chair-zasluzuva-zestoka-reakcija/feed/ 0
Хаосот во Чаир од друг агол: Специјалци, бомби, боксови… (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haosot-vo-chair-od-drug-agol-specijalci-bombi-boksovi-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haosot-vo-chair-od-drug-agol-specijalci-bombi-boksovi-video/#respond Wed, 09 Nov 2022 13:12:23 +0000 https://kurir.mk/?p=757971

Фудбалерите на Шкендија гостуваат кај Шкупи во рамките на четвртфиналето на Купот на Македонија. Големото дерби на „Чаир“ тргна со гостинска предност, по една голема грешка на домашната одбрана. Тетовчани поведоа уште во деветтата минута од натпреварот, а тоа ги испровоцира домашните навивачи. Членовите на „Шверцери“ влетаа во терен, предизвикаа нереди и сакаа да се пресметаат со фудбалерите. Веднаш реагираше полициската екипа, по што натпреварот беше прекинат, па играчите и судиите се повлекоа. Вакви сцени имаше и на ланското првенствено дерби во Тетово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haosot-vo-chair-od-drug-agol-specijalci-bombi-boksovi-video/feed/ 0
Владее хаос: Продолжува колапсот на биткоинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladee-haos-prodolzuva-kolapsot-na-bitkoinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladee-haos-prodolzuva-kolapsot-na-bitkoinot/#respond Sat, 14 May 2022 14:16:21 +0000 https://kurir.mk/?p=676704

Хаосот на пазарот на криптовалути не стивнува. Вредноста на најпопуларната криптовалута, биткоинот, е на најниско ниво од крајот на 2020 година. Во моментов, еден биткоин вреди помалку од 30.000 долари, од 35.500 долари пред една недела, а на својот врв во ноември 2021 година, дури и до 68.000 долари. Цената стана многу нестабилна во последните денови, па во еден момент таа заврши на помалку од 27.000 долари. Едноставно, во минус се сите оние кои купувале биткоин од почетокот на 2021 година до денес, а во зависност од датумот и цената на купувањето, изгубиле повеќе од половина од влоговите. Проценките велат дека само во последните неколку дена, од криптоберзата е избришана вредност од илјада милијарди долари. Ситуацијата со повеќето други криптовалути е уште полоша. Втората најпопуларна, етереум, вредеше до 4.800 долари на својот врв, а моментално вреди околу 2.000 долари. Криптовалутата солана не вреди ниту една петтина од врвот на вредноста од минатиот ноември, ниту пак кардано. Некои криптовалути изгубија третина од својата вредност само во последните 24 часа. Колку е драматична ситуацијата покажува податокот дека многу мали инвеститори на социјалните мрежи како што е Twitter пишуваат дека ги губат животните заштеди. Ситуацијата можеби може да се игнорира бидејќи само дел од редовниот циклус доколку колапсот на стандардните криптовалути не беше придружен со колапс на наводно стабилна валута („stablecoin“), фиксирана по цена од еден долар. Колапсот дојде откако ФЕД, централната банка на САД, ги зголеми референтните каматни стапки и најави нови зголемувања до крајот на годината. Во таква ситуација, инвеститорите прво ги повлекуваат инвестициите од високо ризични средства, а криптовалутите технички се повеќе форма на високоризични средства отколку валута. „Cryptoproperty“ е подобро име. Целосен колапс на „стабилната“ криптовалута Но, убедливо најинтересниот феномен што се случува е целосниот колапс на terraUSD, кој е замислен како „stablecoin“, криптовалута со постабилна вредност, која е врзана за доларот. Stablecoin се криптовалути чија цена е поврзана со друга (како што е биткоинот), злато и други благородни метали, стоки со кои се тргува на пазарот или „нормална“ валута како што се доларот, еврото и швајцарскиот франк. Криптовалутата terraUSD беше врзана за доларот и одржуваше вредност од еден долар. Единаесетта по големина според пазарната капитализација, таа е алгоритамски стабилна и користи збир на т.н. „паметни договори“ за да се осигура дека вредноста ќе остане што е можно поблиску до еден долар. Успешно се спроведуваше една година, но вчера падна на 30 центи, а пазарната капитализација од повеќе од 45 милијарди долари падна на помалку од пет милијарди долари. Проблемите започнаа уште на 9 мај, кога следеше остар пад и губење на фиксацијата на еден долар. Оттогаш, воведени се механизми за обид да се врати фиксноста на terra за доларот во сооднос 1:1, така што цената варира и во еден момент изнесуваше повеќе од 80 центи, но повторно падна под половина долар. Фиксна вредност на terraUSD во долари од еден долар требаше да биде обезбедена од криптовалутата LUNA, која не е „стабилна“, но повеќе слична на другите криптовалути како биткоинот. Двете валути се „создадени“ од Terraform Labs од Јужна Кореја. Теоретски, инвеститорите можат да заменат една terraUSD за LUNA во вредност од еден долар и обратно. Кога цената на terraUSD е под еден долар, инвеститорите имаат поттик да ja купат и да ja заменат за LUNA во вредност од еден долар за да остварат профит. Како што се намалува износот на terraUSD додека купува LUNA, нејзината цена расте и се враќа на еден долар. Кога цената е над еден долар, LUNA се менува за terraUSD, неговата понуда се зголемува, а цената паѓа на еден долар. До пред некој ден работеше елегантно. Стабилната криптовалута terraUSD, која требаше да се поправи во однос на еден долар, веќе не е стабилна и вреди многу помалку од еден долар. Цената на LUNA, која требаше да обезбеди стабилност, падна од 95 долари на помалку од два центи (0,02 долари). Набрзо се појавија теории за намерна саботажа, но засега нема цврсти докази за такви. Системот Terra се сметаше за главен пример за „децентрализирано финансии“, финансиски систем одделен и нерегулиран од државата и централните банки, а неговиот колапс има долгорочни импликации. Ако најголемата платформа за тргување со криптовалути пропадне, сè исчезнува Цената на акциите на Coinbase Global Inc., компанијата која ја контролира најголемата платформа за тргување со криптовалути, падна од 120 долари на почетокот на мај на 53 долари по акција. Од почетокот на 2022 година загуби 75 отсто од својата вредност. Покрај сегашниот хаос на пазарот на криптовалути, за ова придонесоа и лошите финансиски резултати. Во првите три месеци од оваа година приходите се намалени за 27 отсто, со нето загуба од 430 милиони долари. Дополнително, во финансискиот извештај за првите три месеци од 2022 година, компанијата наведува дека во случај на нејзин колапс, сите криптовалути и пари што ги чуваат корисниците на неа би можеле да пропаднат. „Бидејќи криптовалутите во притвор може да се сметаат за дел од стечајниот имот, во случај на банкрот, криптовалутите што ги поседуваме во име на нашите клиенти би можеле да бидат предмет на банкрот и таквите клиенти би можеле да се третираат како наши необезбедени доверители“, се вели во извештајот на Coinbase за американските хартии од вредност и берзата. Брајан Армстронг, директор на Coinbase, на Twitter напиша дека нема ризик од банкрот и дека ги обновуваат условите за користење за да им обезбедат заштита на своите корисници во случај на „црн лебед“. Употребата на терминот го налути неговиот творец, статистичарот Насим Николас Талеб, кој на Twitter му одговори на Брајан дека со оглед на нестабилноста, падот на цената на биткоинот не е „црн лебед“ и дека треба да престане да го злоупотребува терминот. Тој додаде дека кога некој вели дека нема опасност од банкрот тоа всушност значи дека ризикот од банкрот е голем. Талеб е жесток критичар на криптовалутите и во една од неговите научни дела докажува дека биткоинот не е ниту валута, ниту складиште на вредност, ниту заштита од инфлација, ниту децентрализиран, ниту штити од „тиранија“. Тој истакна дека добил повеќе од 14.000 закани и навреди на Twitter и по електронска пошта од објавувањето на неговиот научен труд и дека биткоинот е „магнет за психопати“ (ги обединува теоретичарите на заговор, негирачите на Ковид, противниците на вакцинацијата, негирачите на климатските промени и, за жал, поддржувачите на Путин) Директорот на Coinbase не ни негираше дека сите криптовалути на нивните корисници на суд може да се сметаат за дел од стечајната маса, само рече дека тоа не е веројатно. Тој се извини што претходно не ги обновил условите за користење. Дали NFT е Понзиева измама, пирамидална измама или алатка за перење пари? Се верува дека колапсот на крипто-пазарот ќе влијае и на пазарот NFT (non-fungible token). NFT, како и криптовалутите, користи блокчејн технологија за следење и зачувување на податоците за сопственост, најчесто во фотографии, видеа и аудиоснимки. Снима и обезбедува дигитален доказ за сопственост на дигитален запис, но само користењето на тој дигитален запис не е законски забрането. Нема авторски права во класична смисла, ниту има авторски права. NFT често се користи како шпекулативно средство. Првиот NFT беше создаден во 2014 година, но дури во 2021 година оваа форма на инвестирање стана масовно популарна. Во 2020 година пазарот вредел 82 милиони долари, а во 2021 година дури 17 милијарди долари, астрономски раст од 21.000 отсто. Пазарот NFT е тесно поврзан со крипто пазарот, а криптовалутите најчесто се користат за нивно купување. Сега тоа е проблемот. Критичарите на NFT веруваат дека тоа е еден вид Понзиева измама и пирамидална измама, па дури и се користи за перење пари. Во втората половина на 2021 година, бројот на продадени NFT дневно се движеше помеѓу 100.000 и 225.000, а од почетокот на март 2022 година се намали на 20.000 до 50.000. Просечната цена на продадената NFT беше 6.800 долари во јануари 2022 година и падна на 2.000 долари во март. Еден од најпопуларните NFT е Bored Ape, колекција на дигитални цртежи. Но, тие губат и вредност. Бизнис магазинот Forbes наведува анализа на пазарот NFT, според која трговците кои купуваат нови NFT и потоа ги продаваат најчесто губат пари, а само 29 отсто од нив заработуваат. Од оние кои заработуваат, повеќето добиваат попуст при купувањето. Можеби сè ќе се сврти Невозможно е да се процени како ќе се движи цената на биткоинот и другите криптовалути, но најновите настани покажуваат сериозни „дупки во системот“. За нешто што требаше да биде независно од државата и централните банки, криптовалутите реагираат премногу силно на она што точно го прават централните банки и државите. Навистина, вестите за регулирање на криптовалутите се користат од страна на крипто-заедницата како аргумент за идниот раст на цените и долгорочната одржливост, што е сосема спротивно од првичната идеја. Крипто пазарот веќе се поврза со „традиционалните“ пазари и соодветно реагира на различни нарушувања. Се обидува да се поврзе со „нормални“ валути, кои треба да функционираат како сидро на вредноста, а во исто време нуди аргумент дека криптовалутите се заштита од инфлација. Врзувањето за фиат пари како доларот и аргументот за заштита од инфлација едноставно не одат заедно, тие се контрадикторни. Но, времето ќе покаже. Целата приказна за криптовалутите веќе придонесе за светот, во форма на промоција на блокчејн технологијата. Треба да се следи судбината на самите криптовалути и се што може да произлезе од нив. Впрочем, смртта на биткоинот и другите криптовалути досега беше објавена буквално неколку стотици пати, а тоа сè уште не се случило.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladee-haos-prodolzuva-kolapsot-na-bitkoinot/feed/ 0
Хаос во тунелот по мечот во Мадрид: Фрлање флаши и плукање по гостите од Манчестер (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haos-vo-tunelot-po-mechot-vo-madrid-frlanje-flashi-i-plukanje-po-gostite-od-manchester-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haos-vo-tunelot-po-mechot-vo-madrid-frlanje-flashi-i-plukanje-po-gostite-od-manchester-video/#respond Thu, 14 Apr 2022 07:09:21 +0000 https://kurir.mk/?p=662774

Манчестер сити се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампиони откако успеа да одигра 0:0 на гостувањето во Мадрид против Атлетико и благодарение на победата од 1:0 во првиот меч, англискиот тим се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампиони. Во финишот на мечот беше многу тензично, а Фелипе доби црвен картон, а беа доделени и шест жолти картони во судиското надополнување. По завршување на средбата, тензијата се зголеми, па додека влегуваа кон соблекувалните, се случи инцидент. Стефан Савиќ повторно беше во кавга со играчите на Манчестер, а потоа се вклучи и Шиме Врсаљкокој дури и плукаше кон членовите на Граѓаните, а „летна“ и едно шише. Целиот овој хаос мораше да го спречи полицијата, која за среќа не дозволи поголем инцидент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/haos-vo-tunelot-po-mechot-vo-madrid-frlanje-flashi-i-plukanje-po-gostite-od-manchester-video/feed/ 0
ХАОС во „Ѕвездите на Гранд“, ЦЕЦА повеќе не разговара со овој член на жирито https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/haos-vo-dzvezdite-na-grand-ceca-povekje-ne-razgovara-so-ovoj-chlen-na-zirito/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/haos-vo-dzvezdite-na-grand-ceca-povekje-ne-razgovara-so-ovoj-chlen-na-zirito/#respond Fri, 18 Feb 2022 17:00:37 +0000 https://kurir.mk/?p=633273

Светлана Цеца Ражнатовиќ веќе шест месеци е дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а сега ги сумираше впечатоците. -Гледачите немаат прилика да видат сè бидејќи зад саботната емисија има многу работа со кандидатите во студиото каде што работиме со нив. Мене многу ми помага Ивана Петерс. Што се однесува до емисиите, се трудам да бидам реална во коментарите, кандидатите да не си заминат бесни и тажни. Пред сè бидејќи се на почетокот на кариерата и не е поентата да бидат несреќни кога ќе им се покажат грешките, туку да ги корегираат. Што е најлесно, а што е најтешко во работата со кандидатите? -Понекогаш најтешко е да се одбере вистинската песна, а некогаш недостатокот на времето. Сакам да се посветам на кандидатите и да го дадам својот максимум. Што е потребно некој да биде ѕвезда? -Има многу фактори. Сведоци сме дека во последните години на нашите простори не се појави ниту една голема ѕвезда. За да бидете ѕвезда мора да се поклопат многу работи, да биде одличен пејач, изгледот, харизмата, ставот и многу други работи. Секако, потребно е да се вложи многу труд за да некој биде ѕвезда. Бог ќе ви ја даде талент, на вас е дали ќе ја развиете или не. На јавноста и се забавни вашите кавги со Босанац, но изгледа со Мили навистина имате конфликт. Во какви сте односи кога ќе се исклучат камерите и дали некогаш навистина се нервирате заради некој коментар на жирито? -Максимално се борам за моите кандидати. Не сакам кога нема да добијат глас, а посебно кога јасно не им се покаже и докаже каде погрешиле. Лесно е да се зборува дека ова или она не било добро, но покажи ни на нас кои наводно не знаеме, да те слушнеме тебе кој правилно работиш. Со Мили не комуницам кога ќе се исклучат камерите. Кога вашата ќерка Анастасија би се појавила на сцената како кандидат што ќе ја пофалите, а што ќе и забележите? -Мислам дека ќе бидам строга, како и во студио кога ги снема песните. Тогаш од неа барам да го извлече својот максимум. Инаку, оваа сезона Ражнатовиќ дојде во жирито на „Ѕвездите на Гранд“ на местото на Јелена Карлеуша.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/haos-vo-dzvezdite-na-grand-ceca-povekje-ne-razgovara-so-ovoj-chlen-na-zirito/feed/ 0
Маја Маринковиќ искрши пола студио, ХАОС на снимањето кај Сања Маринковиќ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/maja-marinkovikj-iskrshi-pola-studio-haos-na-snimanjeto-kaj-sanja-marinkovikj-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/maja-marinkovikj-iskrshi-pola-studio-haos-na-snimanjeto-kaj-sanja-marinkovikj-video/#respond Thu, 10 Feb 2022 19:48:11 +0000 https://kurir.mk/?p=629751

Маја Маринковиќ е познта по своето недолично однесување, таа додека беше во реалното шоу „Задруга“ ги навредуваше и тепаше своите момчиња, а поради иста таква причина беше дисквалификувана во последната сезона на ова шоу. Таа беше дисквалификувана поради тоа што за малце ќе му ги извадеше очите на Фили Цар. Маја се уште не се врати во „Задруга“, иако многу очекуваа дека тоа ќе се случи, а додека тоа не се случи таа е чест гостин по ТВ емисии. Пред извесен период, Маја беше гостинка во емисијата на Сања Маринковиќ, а во таа прилика не се воздржа и повторно направи хаос во студиото, но овој пат не беше намерно. Имено, Маја за време на паузата седеше на столот кој е дел ос сценографијата со познатиот јутубер Андрија ЈО, а кога ги повика организаторот да се вратат на своите места за да продолжи снимањето, Маја ги бутна двете столици, а една од нив заврши во водителката Ана Радуловиќ, која исто така беше гостин во емисијата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/maja-marinkovikj-iskrshi-pola-studio-haos-na-snimanjeto-kaj-sanja-marinkovikj-video/feed/ 0
Презентиран првиот грчки ултра автомобил- „Хаос“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/prezentiran-prviot-grchki-ultra-avtomobil-haos-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/prezentiran-prviot-grchki-ultra-avtomobil-haos-foto/#respond Tue, 02 Nov 2021 13:27:20 +0000 https://kurir.mk/?p=589739

„Хаос“ е името на првиот грчки т.н. ултра автомобил што ќе има две верзии и според медиумите во Грција ќе чинат 5,5 милиони, односно 12,5 милиони евра, а го презентираше компанијата „Спирос Панопулос Аутомотив“, јави дописничката на МИА од Атина. Предвидени се две верзии „Earth“ и „Zero gravity“, едната основна со 2.048, а другата со 3.064 коњски сили, поради што има и разлика во цената. Автомобилот ќе може да развие максимална брзина до 500 километри на час, а според компанијата за постигнување брзина до 100 километри на час, при основната верзија ќе бидат потребни 1,9 секунди, а „Zero gravity“ ќе ги постигне за само 1,55 секунди. Предниот дел на автомобилот е направен со елементи од Формула 1, а има две седишта. Од компанијата соопштија дека ќе има ограничен број автомобили, по 20 за секој континент. Фото: Спирос Панопулос Аутомотив]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/prezentiran-prviot-grchki-ultra-avtomobil-haos-foto/feed/ 0