Хари Белафонте – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Apr 2023 06:36:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хари Белафонте – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Хари Белафонте, имаше 96 години https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-hari-belafonte-imashe-96-godini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-hari-belafonte-imashe-96-godini/#respond Wed, 26 Apr 2023 06:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=827641

Хари Белафонте, пејач, текстописец, глумец, забавувач и политички активист, почина на 96-годишна возраст, изјави неговиот гласноговорник Кен Саншајн. Американецот починал од срцева слабост, во својот дом во Менхетн, Њујорк, САД. Во 1950-тите Белафоноте глумеше во филмови со расистичка тематика, а во раните 60-ти соработуваше и со Мартин Лутер Кинг Помладиот во движењето за граѓански права. Тој беше движечката сила и зад песната „We Are The World“ против гладта ​​во Етиопија во 1980-тите. Песната беше првично изведена од Мајкл Џексон, Стиви Вондер, Брус Спрингстин, Боб Дилан, Реј Чарлс и Дајана Рос и собра милиони долари за донации. Белафонте истакнуваше дека е во постојан бунт поттикнат од гнев. - Мораме да бидеме дел од секој бунт што се обидува да го промени сѐ ова. Гневот е неопходното гориво. Бунтот е здрав!, изјави тој во една прилика. Бил, исто така, противник на Апартхејдот во Јужна Африка и ја координирал првата посета на Нелсон Мандела на САД. Во 2014 година, тој ја доби хуманитарната награда „Жан Хершолт“, а во 2022. беше примен во Рокенрол-куќата на славните.   (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/pochina-hari-belafonte-imashe-96-godini/feed/ 0