Хари Кејн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Oct 2023 16:34:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хари Кејн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Хари Кејн постигна гол од половина терен https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-hari-kejn-postigna-gol-od-polovina-teren/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-hari-kejn-postigna-gol-od-polovina-teren/#respond Sat, 28 Oct 2023 17:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=894041

Баерн Минхен го демолираше Дармштад со 8:0 во 9. коло од Бундеслигата во натпревар на кој имаше и три црвени картони. Баварците ги постигнаа сите голови во второто полувреме од кои три беа дело на Хари Кејн. Англискиот репрезентативец успеа да му донесе водство на Баерн од 5:0 во 69. минута постигнувајќи гол од сопствената половина и со ова ќе конкурира за гол на сезоната во Германија. Кејн со постигнатиот хет-трик се зацврсти на второто место на листата стрелци во Бундеслигата со 12 постигнати голови по девет рунди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-hari-kejn-postigna-gol-od-polovina-teren/feed/ 0
Кејн: Многу сум среќен што постигнав четири гола за Баерн досега, можам да играм уште подобро https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-mnogu-sum-sreken-shto-postignav-chetiri-gola-za-baern-dosega-mozham-da-igram-ushte-podobro/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-mnogu-sum-sreken-shto-postignav-chetiri-gola-za-baern-dosega-mozham-da-igram-ushte-podobro/#respond Wed, 20 Sep 2023 07:38:40 +0000 https://kurir.mk/?p=879732

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн е задоволен од неговите први изданија за германскиот тим. - Ова е добар почеток за мене. Секогаш по голем трансфер има притисок и очекување во првите неколку натпревари. Сите сакаат да ве видат како започнувате. Многу сум среќен што постигнав четири гола досега. Мислам дека можам да играм подобро и тоа ќе се случи како одминува времето. Имам уште многу простор за подобрување во однос на мојата игра, изјави Кејн. Англичанецот во летниот преоден рок дојде во Баерн од Тотенхем. Сумата на трансферот изнесуваше 100 милиони евра. Триесетгодишниот фудбалер има постигнато четири гола на четири натпревари за Баерн во Бундеслигата. Последен фудбалер на баварскиот клуб со ваков ефект беше Мирослав Клосе, кој играше за Баерн од 2007 до 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-mnogu-sum-sreken-shto-postignav-chetiri-gola-za-baern-dosega-mozham-da-igram-ushte-podobro/feed/ 0
Тотенхем може да го врати Кејн во Лондон https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-mozhe-da-go-vrati-kejn-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-mozhe-da-go-vrati-kejn-vo-london/#respond Wed, 20 Sep 2023 04:01:14 +0000 https://kurir.mk/?p=879647

Хари Кејн долго време го носеше дресот на Тотенхем, клуб на кој верно му служеше до ова лето во кое направи трансфер во редовите на Баерн Минхен. Англискиот репрезентативец одбиваше понуди низ години, клубот не сакаше да го пушти, поточно не се создадоа услови за реализација на една ваква операција се до ова лето кога Баерн притискаше, притискаша и за сума поголема од 100 милиони евра го доведе на „Алијанц Арена“. Меѓутоа „петлите“ не се откажале целосно од напаѓачот затоа што си обезбедиле опција за негово враќање во иднина. Претседателот на клубот, Даниел Леви обелодени дека Тотенхем се изборил за таква точка во преговорите со бунделсигашот. -Да, имаме откупна клаузула за Хари Кејн. Му се заблагодарувам на Хари за сè што направи за нас – тој е секогаш добредојден назад. Многу е сакан и ценет член на семејството Спарс и засекогаш во нашата историја, -истакнал Леви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-mozhe-da-go-vrati-kejn-vo-london/feed/ 0
Хари Кејн потпиша за Баерн Минхен во 2 часот по полноќ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hari-kejn-potpisha-za-baern-minhen-vo-2-chasot-po-polnok/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hari-kejn-potpisha-za-baern-minhen-vo-2-chasot-po-polnok/#respond Sat, 12 Aug 2023 06:19:22 +0000 https://kurir.mk/?p=866003

Најлудата приказна од преодниот рок заврши рано утринава со среќен крај за Баерн Минхен. Хари Кејн (30), најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем и на репрезентацијата на Англија, потпиша во 2 по полноќ за Баерн. Германските медиуми посочуваат дека сега Баерн се обидува да ја реши регистрацијата и документацијата, па Кејн денеска да дебитира за новиот клуб во Суперкупот на Германија против Лајпциг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/hari-kejn-potpisha-za-baern-minhen-vo-2-chasot-po-polnok/feed/ 0
Кејн веќе го избра бројот на дресот во Баерн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-veke-go-izbra-brojot-na-dresot-vo-baern/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-veke-go-izbra-brojot-na-dresot-vo-baern/#respond Fri, 11 Aug 2023 07:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=865740

Летната фудбалска сага околу Хари Кејн конечно заврши откако англискиот репрезентативец утринава одлучил да ја прифати понудата на Баерн Минхен и веќе се подготвува за пат кон Германија, каде што ќе ги изврши лекарските прегледи, по што ќе го потпише договорот. Тотенхем вчера ја прифати понудата на Баерн Минхен, по што се чекаше конечна одлука од Кејн, кој пак во последен момент се двоумеше дали да се пресели во Бундеслигата иако претходно договори сè со германскиот шампионат. Утринава тој донесе одлука да ја прифати понудата и по поминувањето на лекарските прегледи, Кејн ќе потпише четиригодишен договор кој ќе му носи 29 милиони евра по сезона, а веќе и го избра бројот на дресот. Кејн во Баерн одлучи да го носи дресот со бројот девет, на големо задоволство на навивачите на германскиот тим бидејќи сметаат дека конечно го добија вистинскиот наследник на Роберт Левандовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kejn-veke-go-izbra-brojot-na-dresot-vo-baern/feed/ 0
Баерн ја зголеми понудата за Кејн – состанокот траел до раните утрински часови https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-ja-zgolemi-ponudata-za-kejn-sostanokot-trael-do-ranite-utrinski-chasovi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-ja-zgolemi-ponudata-za-kejn-sostanokot-trael-do-ranite-utrinski-chasovi/#respond Wed, 09 Aug 2023 12:30:36 +0000 https://kurir.mk/?p=865064

Фудбалскиот клуб Баерн испрати нова, четврта понуда до Тотенхем за капитенот на лондонскиот клуб и англиската репрезентација, Хари Кејн. Откако Тотенхем ја одби претходната понуда од 100 милиони евра, Баерн ја зголеми сумата на 110 милиони. „Скај Спортс“, пренесува дека претставници на Баерн и Тотенхем во текот на ноќта преговарале за трансфер на англискиот фудбалер во редовите на шампионот во Бундеслигата. Средбата траела до раните утрински часови, а преговорите би требало да продолжат во текот на денот. Хари Кејн, наводно, им рекол на претставниците на двата клуба во вторникот дека сака да знае дали ќе биде постигнат договор до почетокот, односно до стартот на сезоната во Премиер лигата. Тој постојано одбиваше да го продолжи договорот со Тотенхем, кој истекува на 30 јуни следната година. Кејн сака да ја продолжи кариерата во Баерн, но изјави дека нема да го менува клубот доколку не се постигне договор за трансфер до крајот на неделата. Минатата сезона одигра 49 натпревари и постигна 32 гола со пет асистенции за Тотенхем во сите натпреварувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-ja-zgolemi-ponudata-za-kejn-sostanokot-trael-do-ranite-utrinski-chasovi/feed/ 0
Трансфер сагата околу Кејн продолжува https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/transfer-sagata-okolu-kejn-prodolzhuva/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/transfer-sagata-okolu-kejn-prodolzhuva/#respond Thu, 03 Aug 2023 03:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=862742

Амглискиот фудбалер Хари Кејн очекува дека ќе остане во Тотенхем, ако претседателот на клубот Даниел Леви, не попушти и го продаде на Баерн Минхен до стартот на новата сезона кој е закажан за 13 август. Кејн од респект кон клубот и новиот менаџер Постекоглу, смета дека не би бил коректно да си замине во текот на сезоната. Тотенхем новата сезона ќе ја започне на 13 август со мечот против Брентфорд. Кејн сепак би можел го напушти Тотенхем и да се преслеи во Баерн Минхен до крајот на летниот преоден рок кој трае до 1-ви септември. Првиот човек на Тотенхем кој се смета за најтежок преговарач во светот на фудбалот,  ја одби последната понуда на Баерн Минхен од 100 милиони евра и бара повеќе од 115 милиони за својот најдобар играч чиј договор истекува идното лето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/transfer-sagata-okolu-kejn-prodolzhuva/feed/ 0
Тотенхем не попушти, не го пушти Кејн ниту за 100 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-ne-popushti-ne-go-pushti-kejn-nitu-za-100-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-ne-popushti-ne-go-pushti-kejn-nitu-za-100-milioni-evra/#respond Wed, 02 Aug 2023 06:01:28 +0000 https://kurir.mk/?p=862487

Претставниците на Тотенхем и на Баерн Минхен не успеаја да се договорат за трансфер на Хари Кејн  на „Алијанц Арена“, пренесуваат медиумите на Островот. Британските медиуми објавија дека челниците на Баерн се подготвени да платат околу 100 милиони евра за Кејн, но до договор не дојде откако раководството на Тотенхем побара 115 милиони евра за англискиот репрезентативец. „Скај Спорт“ пренесува дека претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, повторно се покажал како тежок преговарач и упорно ги одбива понудите на Баерн, иако Кејн влезе во последната година од договорот. Напаѓачот има договор со Баварците и инсистира да се пресели во германскиот клуб, но Тотенхем не попушта.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/totenhem-ne-popushti-ne-go-pushti-kejn-nitu-za-100-milioni-evra/feed/ 0
Баерн ја зголеми понудата: Кејн на чекор од преселба во Минхен https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-ja-zgolemi-ponudata-kejn-na-chekor-od-preselba-vo-minhen/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-ja-zgolemi-ponudata-kejn-na-chekor-od-preselba-vo-minhen/#respond Mon, 31 Jul 2023 14:07:25 +0000 https://kurir.mk/?p=862060

Германскиот шампион Баерн Минхен продолжи да врши притисок врз Тотнем за да го добие потписот на англискиот репрезентативец Хари Кејн. Кејн сака нов предизвик во кариерата, а Баерн досега испрати две понуди кои беа одбиени од премиерлигашот. Сепак, гигантот од Минхен решил да испрати трета понуда вредна 80 милиони евра. Претседателот на Тотнем, Даниел Леви инсистира да добие 100 милиони евра за потписот на Кејн, но најверојатно ќе мора да попушти во преговорите затоа што би можел да го загуби Англичанецот целосно бесплатно следното лето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-ja-zgolemi-ponudata-kejn-na-chekor-od-preselba-vo-minhen/feed/ 0
Баерн Минхен не се откажува од Хари Кејн https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-minhen-ne-se-otkazhuva-od-hari-kejn/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-minhen-ne-se-otkazhuva-od-hari-kejn/#respond Mon, 31 Jul 2023 03:57:42 +0000 https://kurir.mk/?p=861833

Само неколку часа откако англиските медиуми објавија дека Кејн ќе биде фудбалер на Баерн Минхен, германскиот тим ја подготви понудата која очекува да биде доволна за претседателот на Тотенхем, Даниел Леви да даде зелено светло за трансферот. Откако претходно Леви ја откажа средбата која беше закажана за среда, а новинарот Руди Галети ја откри сумата која Баерн ќе ја понуда. Според новинарот, Баерн на маса ќе достави понуда тешка 105 милиони евра за Кејн. Се очекува оваа понуда да биде прифатена бидејќи најмалата сума која Леви ја бараше за својот капитен беше 100 милиони евра. Тотенхем ги одби првите две понуди на Баерн од 70 и 80 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/baern-minhen-ne-se-otkazhuva-od-hari-kejn/feed/ 0