Хари Рид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 29 Dec 2021 08:29:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Хари Рид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Хари Рид, поранешен лидер на демократите во американскиот Сенат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-hari-rid-poraneshen-lider-na-demokratite-vo-amerikanskiot-senat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-hari-rid-poraneshen-lider-na-demokratite-vo-amerikanskiot-senat/#respond Wed, 29 Dec 2021 08:29:30 +0000 https://kurir.mk/?p=614363

Хари Рид, поранешен лидер на демократското мнозинство во американскиот Сенат и член на Конгресот од Невада со најдолг стаж, почина на 83-годишна возраст, соопшти неговата сопруга Ландре Рид. „Тој почина во вторникот, опкружен со пријателите, дома во предградието на Хендерсон, по храбра, четиригодишна битка со ракот на панкреасот“, наведе Ландре Рид. Рид, поранешен боксер кој стана адвокат, беше лидер на мнозинството во Сенатот од 2007 до 2015 година, истакнат политичар на крајот на мандатот на Џорџ Буш и во два мандата на Барак Обама. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека во текот на двете децении што ги поминале заедно во Конгресот и осум години заедничка работа додека беше потпретседател, Рид отсекогаш бил човек од збор. „Ако Хари речеше дека ќе направи нешто, тој тоа го правеше. Ако дадеше збор, можевте да сметате на тоа. Така тој работеше за доброто на земјата со децении“, наведе Бајден во соопштение. Рид се пензионираше во 2016 година, откако го загуби видот на едното око, а во мај 2018 година му беше дијагностициран рак на панкреасот. Пред неполни две недели, меѓународниот аеродром во Лас Вегас е именуван по него, кој од 1948 година се викаше аеродром Мекаран, по поранешниот американски сенатор од Невада, Пит Мекаран. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-hari-rid-poraneshen-lider-na-demokratite-vo-amerikanskiot-senat/feed/ 0
Поранешен претставник на Сенатот: САД прикриваат податоци за НЛО-а https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poraneshen-pretstavnik-na-senatot-sad-prikrivaat-podatoci-za-nlo-a/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poraneshen-pretstavnik-na-senatot-sad-prikrivaat-podatoci-za-nlo-a/#respond Tue, 13 Oct 2020 09:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=415628

Хари Рид, поранешен официјален претставник на мнозинството во американскиот Сенат, тврди дека Владата на САД прикрива информации за НЛО-а со години. – Тоа е многу лошо за нашата земја… Повеќето (од случаите) не излегле во јавноста, изјави Рид. Во новиот документарец „Феномен“ на режисерот Џејмс Фокс, се говори за неколкуте случаи кога Морнарицата на САД забележала НЛО-а, коишто неодамна беа потврдени од американските власти. Се разгледува и еден новообјавен извештај на морнарицата од 1967 година, како и други случаи над и вон САД. – Ако сѐ зависеше од претседателот, овие податоци никогаш немаше да бидат објавени, вели Рид во документарниот филм. Според неговото кажување, тој учествувал во изготвувањето на законите околу таа строго доверлива американска владина Програма за НЛО-а. Вели и оти треба да се потрошат и повеќе пари за проучување на овие појави. НЛО-стручњакот Ли Шпигел, поранешен новинар на весникот „Хафпост“, смета дека вистината треба да се прикаже заради безбедноста на сите луѓе и нации на нашата планета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poraneshen-pretstavnik-na-senatot-sad-prikrivaat-podatoci-za-nlo-a/feed/ 0