Харис Теохарис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Jul 2021 09:40:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Харис Теохарис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Теохарис: Да се запре зголемувањето на нови случаи, да ја задржиме оваа позитивна слика за да дојдат туристите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teoharis-da-se-zapre-zgolemuvanjeto-na-novi-sluchai-da-ja-zadrzime-ovaa-pozitivna-slika-za-da-dojdat-turistite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teoharis-da-se-zapre-zgolemuvanjeto-na-novi-sluchai-da-ja-zadrzime-ovaa-pozitivna-slika-za-da-dojdat-turistite/#respond Mon, 12 Jul 2021 09:40:10 +0000 https://kurir.mk/?p=535397

Сликата на земјата е подобрена, но треба да се концентрираме на квалитетот, да ги запреме новите случаи, да ја задржиме оваа позитивна слика за да дојдат туристите, рече министерот за туризам на Грција, Харис Теохарис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. За зголемувањето на новозаразените, Теохарис истакна дека доколку е потребно, ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се избегне, другите земји, да воведат рестрикции и карантин по враќањето од Грција. -Во секој случај, зголемувањето на новите случаи е процес што треба одблиску да се следи. Оваа година е динамична, на секои два дена одржуваме состаноци за да ги следиме бројките и она што се случува. Ќе ги преземеме сите мерки што се потребни, треба да го кажеме тоа, бидејќи не сакаме земјите, една по друга да нè ставаат во карантини, во портокалови, црвени категории, објасни Теохарис. Во однос на процените за сезоната, министерот за туризам на Грција, избегна да излезе со конкретни предвидувања, но истакна дека засега, ситуацијата е добра и откри дека во првите десет дена од јули, авионскиот сообраќај на регионалните аеродроми бил 55 до 60 отсто во споредба со 2019 година, а на атинскиот достигнал до 65 проценти од оној пред две години. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teoharis-da-se-zapre-zgolemuvanjeto-na-novi-sluchai-da-ja-zadrzime-ovaa-pozitivna-slika-za-da-dojdat-turistite/feed/ 0
Теохарис: Пред крајот на месецов ќе ја соопштиме листата со земји кои на 15 јуни ќе може да патуваат во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teoharis-pred-krajot-na-mesecov-kje-ja-soopshtime-listata-so-zemji-koi-na-15-juni-kje-moze-da-patuvaat-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teoharis-pred-krajot-na-mesecov-kje-ja-soopshtime-listata-so-zemji-koi-na-15-juni-kje-moze-da-patuvaat-vo-grcija/#respond Thu, 28 May 2020 11:53:53 +0000 https://kurir.mk/?p=351046

Пред крајот на месецов, ќе ја имаме листа со земји чии државјани на 15 јуни ќе можат да патуваат во Грција без особени формалности, но по случаен избори ќе се проверуваат, вели министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. Објаснува дека дискусијата со надлежната комисија за здравствените критериуми и за тоа кои земји ќе бидат на листата е сѐ уште отворена, а последниот збор ќе го имаат лекарите, кои ги немаат донесено конечните одлуки. Теохарис истакна дека освен листата со земји, останатите две клучни точки за Грција се здравствените протоколи кои „ги заштитуваат вработените и туристите, бидејќи се строги“, како и „зајакнување на здравствените структури за цела држава“. – Цела Грција од најмалиот остров до најголемиот град, Атина ќе има капацитет да се справи со било која ситуација, со позитивен случај и слично, рече министерот за туризам на Грција. Теохарис објасни дека секој туристички објект со над 50 кревети потребно е да има соработка со доктор. Во случај некој од туристите да се пожали на здравствени проблеми, ќе стапи во контакт со докторот што може да биде или преку телефон или преку видео повик, за да добие совет. Ако, докторот препознае сомнителни симптоми ќе препорача правење тест. – Од моментот кога ќе каже дека треба да се направи тест, докторот стапува во контакт со надлежните, бидејќи е регистриран од туристичкиот објект, и го знаеме ние. Го знае и цивилната заштита и Министерството за туризам и Министерството за здравство, информира за да се направи тест во одредените здравствени центри, вели Теохарис и додава дека резултатите од тестот ќе бидат готови за неколку часа. Ако туристот е позитивен ќе се изолира во хотел карантин, ќе се дезинфицира собата во која што престојувал и нема да се затвора целиот хотел. Докторот ќе ја следи ситуација, а во случај да биде потребно хоспитализирање, туристот ќе биде префрлен в болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/teoharis-pred-krajot-na-mesecov-kje-ja-soopshtime-listata-so-zemji-koi-na-15-juni-kje-moze-da-patuvaat-vo-grcija/feed/ 0