хартиени ќеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Feb 2022 09:19:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хартиени ќеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Влијанието на хартиените ќеси врз животната средина може да е полошо од пластиката https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vlijanieto-na-hartienite-kjesi-vrz-zivotnata-sredina-moze-da-e-polosho-od-plastikata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vlijanieto-na-hartienite-kjesi-vrz-zivotnata-sredina-moze-da-e-polosho-od-plastikata/#respond Fri, 18 Feb 2022 09:19:22 +0000 https://kurir.mk/?p=633039

За хартиените ќеси се вели дека се добра алтернатива на пластиката, на пр. за пакување овошје и зеленчук во продавница. Се прават од рециклирана хартија, биоразградливи се… Сепак, некои стручњаци велат дека, освен поизразените својства за можност за рециклирање, нивното влијание врз животната средина може да биде и полошо од пластичните ќеси. Пред сѐ, потребни се повеќе материјали за да се произведе издржлива хартиена ќеса. Ова подразбира хемиски третирани влакна. Покрај тоа, за производството на целулоза треба повеќе енергија и вода. Поради овие причини, ќесата за еднократна употреба, од свежи хартиени влакна, треба да се користи најмалку трипати почесто од пластична ќеса за да се избалансира климатското влијание, пишува порталот „Глас Истре“. Покрај тоа, некои познавачи велат дека многу производители сè уште користат пластична или алуминиумска фолија залепена внатре за да спречи кинење на хартијата кога ќе дојде во допир со влага. Ваквата обработена хартија е проблем, бидејќи тешко да рециклира. Германското Федерално министерство за животна средина, исто така, ги оценува хартиените ќеси како „не многу подобри од пластичните ќеси за еднократна употреба“. Сè на сè, доколку се користат хартиени ќеси, задолжително е да се употребуваат неколкупати, советуваат од Министерството. Околу алтернативите, според наводите, полиестерските мрежи за овошје и зеленчук за повеќекратна употреба се на врвот на скалата на одржливост. Памучните мрежи се на второ место, под претпоставка дека ќе се користат повеќепати. Сепак, тие мора да се направени од органски памук, инаку процесот на производство може да биде многу штетен за животната средина поради големата употреба на вода. Пластичните ќеси направени од пченкарен или компир скроб, кои се прикажуваат како „биоразградливи“, според стручњаци, исто така, се спорни. Еден од заклучоците е и дека компостирањето по само една употреба е губење ресурси. Ако пак, после сè, разградливите ќеси сепак се чинат како најдобра алтернатива, треба да се продадат на индустриска постројка за компостирање на последователна разградба. Материјалот нема правилно да се распадне на било чие место за компост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vlijanieto-na-hartienite-kjesi-vrz-zivotnata-sredina-moze-da-e-polosho-od-plastikata/feed/ 0
На локациите на „Макпетрол“ од 1 декември пластичните ќеси нема да бидат достапни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-lokaciite-na-makpetrol-od-1-dekemvri-plastichnite-kjesi-nema-da-bidat-dostapni-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-lokaciite-na-makpetrol-od-1-dekemvri-plastichnite-kjesi-nema-da-bidat-dostapni-2/#respond Wed, 01 Dec 2021 10:56:57 +0000 https://kurir.mk/?p=602431

Следејќи ги светските текови, како и новите измени во законот за отпад во земјава, на бензинските станици и сите останати продажни локации на „Макпетрол“ од 1 декември веќе нема да бидат достапни пластични, туку само хартиени ќеси. Со цел заштита на животната средина и давање придонес во намалувањето на количеството отпад што секојдневно се создава, на купувачите ќе им биде овозможено да користат амбалажа што е значително поеколошка.
- Новите измени во законот за отпад овозможуваат пластичните ќеси по одредена цена и понатаму да бидат во употреба на продажните локации, но нашето уверување е дека тоа не е долгорочно одржливо решение. За таа цел, како општествено одговорна компанија одлучивме ваквата амбалажа целосно да ја укинеме на нашите локации, а купувачите на располагање ќе ги имаат хартиените ќеси, кои што за значително пократок период се разградуваат во природата. Како и досега, зачувувањето на околината преку еколошки издржани чекори и во иднина ќе биде значаен дел од компаниската стратегија - истакнуваат од „Макпетрол“.
Последните податоци од Заводот за статистика укажуваат дека во 2020 во земјава се произведени над пет илјади тони вреќи и пластични ќеси, што е за 65 отсто повеќе споредено со 2010 година. Според „Иницијативата за забрана на пластичните ќеси“ македонските граѓани користат од 120 до 150 милиони вакви пакувања на годишно ниво иако неофицијално се проценува оти тоа количество достигнува и половина милијарда. Просечно, секој жител на државата користи околу две пластични ќеси дневно. Капацитети за рециклирање во Македонија нема, но и на глобално ниво, само помеѓу пет и 15 проценти од пластичните ќеси се рециклираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-lokaciite-na-makpetrol-od-1-dekemvri-plastichnite-kjesi-nema-da-bidat-dostapni-2/feed/ 0