хартии од вредност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Aug 2021 10:53:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хартии од вредност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Капитал Ассет Менаџмент – ново друштво за инвестиционо советување и управување со индивидуално портфолио на хартии од вредност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kapital-asset-menadzment-novo-drushtvo-za-investiciono-sovetuvanje-i-upravuvanje-so-individualno-portfolio-na-hartii-od-vrednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kapital-asset-menadzment-novo-drushtvo-za-investiciono-sovetuvanje-i-upravuvanje-so-individualno-portfolio-na-hartii-od-vrednost/#respond Tue, 31 Aug 2021 10:53:35 +0000 https://kurir.mk/?p=557249

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија даде дозвола за работа на ново Друштво за инвестиционо советување – Капитал Ассет Менаџмент ДООЕЛ Скопје. Друштвото Капитал Ассет Менаџмент, согласно Законот за хартии од вредност, самостојно ќе работи на инвестиционо советување a посредно ќе управува со портфолија на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент. Управувањето со портфолија ќе го врши преку брокерската куќа Инвестброкер АД Скопје која има најшироки овластувања согласно Законот за хартии од вредност и е единствена небанкарска институција од земјава со овластување за тргување на странски берзи. Капитал Ассет Менаџмент е единственото друштво за инвестиционо советување кое ќе биде учесник на пазарот на хартии од вредност во државата.
„На македонскиот пазар се појавува нов правен субјект за инвестиционо советување и управување со индивидуални портфолија на хартии од вредност, но со тим кој има долгогодишно работно искуство во овие области. На пазарот ќе понудиме одредено раздвижување и ќе внесеме  свежина во работењето. Како и досега, успешно ќе менаџираме со портфолијата на нашите клиенти и ќе ги советуваме за тоа како правилно да ги инвестираат своите пари“, вели Коста Костадиновски, основач на Капитал Ассет Менаџмент.
Костадиновски е лиценциран инвестициски советник од Комисијата за хартии од вредност со 17-годишно искуство во областа на финансиите и пазарот на капитал. Јавноста досега го знаеше како извршен директор на Илирика Фунд Менаџмент, а во својата професионална кариера работел и извршувал функции во финансиски институции како банки и пензиски фондови. Дозволата за работа на Капитал Ассет Менаџмент е донесена на 119-тата седница на Комисијата со која претседава Претседателот на КХВ, м-р Нора Алити.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/kapital-asset-menadzment-novo-drushtvo-za-investiciono-sovetuvanje-i-upravuvanje-so-individualno-portfolio-na-hartii-od-vrednost/feed/ 0
Успешна прва емисија на корпоративната обврзница на ТТК Банка АД Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/uspeshna-prva-emisija-na-korporativnata-obvrznica-na-ttk-banka-ad-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/uspeshna-prva-emisija-na-korporativnata-obvrznica-na-ttk-banka-ad-skopje/#respond Wed, 18 Sep 2019 10:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=242026

ТТК Банка АД Скопје успешно ја реализираше првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративни обврзници по пат на јавна понуда. За исклучително брзо време, во првите секунди од отворањето на јавната понуда, се запишаа и уплатија 100% од понудените 1.500 обврзници по номинална вредност од 1.000 евра, со рок на доспевање од пет години и три месеци, а во вкупна вредност од 1.500.000 евра. Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,5% годишно. Бројот на заинтересирани инвеститори трикратно ја надмина понудената количина.
„Oвој пионерски чекор за нашиот пазар - прва успешна продажба на корпоративна обврзница издадена од ТТК Банка АД Скопје по пат на јавна понуда на примарниот регулиран пазар на Македонската берза, покажа дека постои голем интерес од инвеститорите за вложување во корпоративни обврзници на стабилни и перспективни банки што е потврда за успехот и резултатите на ТТК Банка АД Скопје. Издавањето на оваа хартија од вредност значи поддршка на развојот како на примарниот така и на секундарниот пазар на капитал. На овој начин ТТК Банка АД Скопје ја потврдува својата определба да го истакне значењето на користењето на производите на пазарот на капитал и нивното комбинирање со депозитите како традиционални извори на финансирање“ - изјави Претседателот на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје проф. д-р Драгољуб Арсовски.
TTK Банка АД Скопје се одлучи на овој чекор со цел обезбедување долгорочни и стабилни извори на средства, зајакнување на капиталната сила и вкупниот финансиски капацитет на Банката, а во согласност со планираните бизнис цели утврдени во Деловната политика, развојниот и финансискиот план за наредниот период. Обврзниците во наредниот период ќе се котираат на регулираниот пазар на Македонската берза каде ќе бидат достапни за секундарно тргување за инвеститорите, правни и физички лица. Приходите од вложување во обврзница се стабилни и предвидливи, што ги прави популарни за инвеститорите кои сакаат да остварат редовни приходи. ТТК Банка во 2018 година ги оствари своите најдобри финансиски резултати, а и во 2019 година продолжува со активна поддршка на физичките и правни лица при остварување на нивните финансиски цели и потреби. ТТК Банка АД Скопје ќе ги искористи прибраните средства од емисијата за финансирање и понатамошен развој и унапредување на работењето со физичките и правни лица. Принципите на работење коишто подразбираат фокус кон континуирано подобрување на услугите на клиентите, константно унапредување на внатрешната организација и ефикасноста како и развивање на политиките за управување со ризиците ќе бидат основа за работење на Банката и во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/uspeshna-prva-emisija-na-korporativnata-obvrznica-na-ttk-banka-ad-skopje/feed/ 0
Издадени 93 милиони евра државни хартии од вредност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izdadeni-93-milioni-evra-drzavni-hartii-od-vrednost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izdadeni-93-milioni-evra-drzavni-hartii-od-vrednost/#respond Tue, 13 Mar 2018 16:37:10 +0000 http://kurir.mk/?p=29653

Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 5,724 милијарди денари (93,1 милиони евра), од кои утре ќе врати 4,727 милијарди денари (76,9 милиони евра), а на 26.03.2018 година една милијарда денари (16,3 милиони евра), по основ на стари долгови од порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност, односно вкупно достасуваат 5,727 милијарди денари (93,1 милиони евра). Со ова, нема нето задолжување со оваа аукција, велат од Министерствто. На аукцијата, нагласуваат, беа запишани 12-месечни државни записи без девизна клаузула (Ре-опенинг) во износ од 4,124 милијарди денари со камата од 1,20%, 2-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од 600 милиони денари со камата од 1,60 отсто и три-годишни државни обврзници без девизна клаузула (Re-opening) во износ од една милијарда денари со камата од 1,80 отсто. - Од друга страна, претходно издадените државни хартии од вредност кои утре се отплаќаат се 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 4,621 милијарди денари со камата од 1,85 отсто и пет-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 106 милиони денари, со каматна стапка 5,15 отсто. Дополнително, на 26.03.2018 година достасуваат три-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од една милијарда денари со камата од 2,65 отсто. Односно, каматните стапки на државните хартии од вредност кои се отплаќаат се двојно и тројно повисоки од сега издадените, потенцираат од Министерството за финасии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izdadeni-93-milioni-evra-drzavni-hartii-od-vrednost/feed/ 0