хасан брацо салихамиџиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 07:31:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хасан брацо салихамиџиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Брацо и Кан – некогаш херои, денес лузери“ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bratso-i-kan-nekogash-heroi-denes-luzeri/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bratso-i-kan-nekogash-heroi-denes-luzeri/#respond Thu, 20 Apr 2023 07:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=825743

Хасан Брацо Салихамиџиќ и Оливер Кан се под силен напад од навивачите на Баерн. Легендите на најголемиот германски клуб, според мислењето на ултрасите и симпатизерите, воопшто не се снаоѓаат како спортски директор (Брацо) и извршен претседател (Кан). Тоа им го порачаа во текот на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Пред натпреварот да заврши 1:1 тие им испратија неколку пораки. На полувремето на јужната трибина се појави огромна парола со јасна порака за нив двајца. Навивачите ги обвинуваат Салихамиџиќ и Кан за отказот на тренерот Јулијан Нагелсман и за низата други одлуки со кои, според навивачите, ја изневериле традицијата на баварскиот гигант. „Може да се промашат голови, но вредностите на клубот не можат и не смеат! Испитајте ја политиката на клупското раководство“, е јасна порака од трибината на Баерн Арената. Тоа не беше единствената порака што им ја испратија навивачите на функционерите. Во првото полувреме, тие развија една која гласеше: „Брацо и Кан: херои од минатото и лузери на денешницата“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bratso-i-kan-nekogash-heroi-denes-luzeri/feed/ 0