хашим тачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Sep 2023 19:00:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png хашим тачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хашим Тачи излезе од затворот во Хаг и се врати во Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashim-tachi-izleze-od-zatvorot-vo-hag-i-se-vrati-vo-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashim-tachi-izleze-od-zatvorot-vo-hag-i-se-vrati-vo-kosovo/#respond Sat, 02 Sep 2023 19:00:40 +0000 https://kurir.mk/?p=873862

Специјалниот суд за Косово со седиште во Хаг привремено го пушти од притвор поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи за да го посети семејството, односно да го види неговиот татко, чија здравствена состојба е влошена последните денови. Според соопштението на судот во Хаг одлуката е донесена од хуманитарни причини. – Од хуманитарни причини Судскиот совет го упати секретаријатот да организира посета на притворениот Хашим Тачиу на Косово, заради средба со неговото семејство. Обвинетиот останува во притвор и под надзор на Специјалниот совет, се наведува во соопштението на Судот доставено до неколку приштински медиуми. За време на престојот во Косово, Тачи ќе биде под надзор на припадници на косовската и на полицијата на Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС. На Тачи и на уште неколкумина поранешни водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во Хаг им се суди за претпоставени злосторства врз цивили во периодот од почетокот на војната во Косово во 1998-ма до крајот на 2000 година ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashim-tachi-izleze-od-zatvorot-vo-hag-i-se-vrati-vo-kosovo/feed/ 0
Ахмети го посети семејството на Хашим Тачи: Гордо ќе го пречекаме како победник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-go-poseti-semejstvoto-na-hashim-tachi-gordo-ke-go-prechekame-kako-pobednik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-go-poseti-semejstvoto-na-hashim-tachi-gordo-ke-go-prechekame-kako-pobednik/#respond Fri, 02 Jun 2023 16:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=841564

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го посети семејството на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој е обвинет од хашкиот трибунал за воени злосторства за време на војната за независност на Косово. „Денес го посетив семејното огниште на мојот соговорник и поранешен претседател на Република Косово, Хашим Тачи, за да им дадам сила на неговите родители и роднини во битката за правдата, каде нивниот син со пријателите го брани достоинството на УЧК. Правдата одложува, но не заборава“, напиша Ахмети на фејсбук. Тој најави дека гордо ќе го пречекаат Тачи со пријателите кога ќе се врати, како што рече, како победник на правдата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-go-poseti-semejstvoto-na-hashim-tachi-gordo-ke-go-prechekame-kako-pobednik/feed/ 0
Тачи: Светот сега знае дека ОВК не тргувала со човечки органи и дека Жолтата куќа не постоела https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-svetot-sega-znae-deka-ovk-ne-trguvala-so-chovechki-organi-i-deka-zholtata-kuka-ne-postoela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-svetot-sega-znae-deka-ovk-ne-trguvala-so-chovechki-organi-i-deka-zholtata-kuka-ne-postoela/#respond Tue, 04 Apr 2023 13:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=820088

Поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за злосторства во Косово и Албанија, денеска пред судот во Хаг, негираше дека ОВК тргувала со човечки органи на затвореници во 1999 година и повтори дека не е виновен за делата во обвинението. - Светот сега знае, како резултат на овие процеси, дека немало трговија со органи и дека Жолтата куќа никогаш не постоела. Сега знаеме дека јас и ОВК, и народот на Косово и сите Албанци сме ослободени од тоа обвинение, рече Тачи алудирајќи на обвинението во кое не се споменува трговија со органи, пренесува Бета. Тачи го нарече „застрашувачко“ тврдењето од извештајот на Дик Марти, специјалниот известувач на Советот на Европа, објавен во 2011 година, дека ОВК и тој лично биле вклучени во трговијата со човечки органи. Обвинетиот рече дека „веднаш побарал меѓународната заедница да спроведе независна истрага“ за тие обвинувања. - Меѓународната заедница ми одговори дека е неопходен специјален суд за да се укине црниот облак од обвиненија за трговија со органи, кој висеше над Косово … Вистината сега е кажана и црниот облак се крена над Косово, рече Тачи. Тврдејќи дека неговото „жртвување“ затоа „било вредно“, Тачи нагласи дека очекува на крајот од судењето да биде ослободен од сите обвиненија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-svetot-sega-znae-deka-ovk-ne-trguvala-so-chovechki-organi-i-deka-zholtata-kuka-ne-postoela/feed/ 0
Тачи пред судот во Хаг се изјасни за невин за воени злосторства https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-pred-sudot-vo-hag-se-izjasni-za-nevin-za-voeni-zlostorstva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-pred-sudot-vo-hag-se-izjasni-za-nevin-za-voeni-zlostorstva/#respond Mon, 03 Apr 2023 14:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=819579

Поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, пред специјалниот суд во Хаг се изјасни за невин по обвинението за воени злосторства. Тој се соочува со 10 точки од обвинението поврзани со војната во 1998 и 1999 година. - Го разбирам обвинението и се изјаснувам за невин, им рече тој на судиите по почетокот на постапката. Во Хаг денеска почна судењето на поранешните лидери на ОВК обвинети за злосторства врз Срби, неалбанци и политички неистомисленици.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-pred-sudot-vo-hag-se-izjasni-za-nevin-za-voeni-zlostorstva/feed/ 0
Почнува хашкиот процес против поранешен претседател на Косово, Тачи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-hashkiot-protses-protiv-poraneshen-pretsedatel-na-kosovo-tachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-hashkiot-protses-protiv-poraneshen-pretsedatel-na-kosovo-tachi/#respond Mon, 03 Apr 2023 07:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=819317

Пред Специјалниот суд за извршени воени злосторства на припадниците на Ослободителната војска на Косово (ОВК) денеска почнува судењето на поранешниот командант на ОВК и поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и уште тројца соучесници. Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, со седиште во Хаг, го обвини Тачи во ноември 2020 година за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура, присилно исчезнување и други злосторства извршени. На првиот ден од судењето воведниот говор ќе го одржат обвинителите. Потоа, во текот на неделата, воведниот говор ќе го има правниот застапник на повеќе од 140 жртви, на кои судот им одобри да учествуваат во судењето. Тачи (54) поранешен претседател и поранешен лидер на ОВК поднесе оставка од функцијата шеф на државата веднаш по подигнувањето на обвинението и е во притворската единица на судот во Хаг. Тројца од неговите најблиски соработници, вклучително и двајца поранешни претседатели на Парламентот, се соочуваат со истото обвинение како и поранешните припадници на ОВК. Покрај Тачи, за извршени злосторства врз Албанци, Срби и Роми во Косово и во Албанија во 1998 – 99 година обвинети се и членови на Главниот штаб на ОВК, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими. Обвинението ги товари Тачи (54), Весељи (55), Селими (52) и Красниќи (72) за злосторства извршени во 42 нелегални притворени центри на ОВК во Косово и во Албанија против околу 407 притвореници, од кои најмалку 98 биле убиени во периодот од март 1998 до септември 1999 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochnuva-hashkiot-protses-protiv-poraneshen-pretsedatel-na-kosovo-tachi/feed/ 0
Судот во Хаг пресече: Хашим Тачи и Кадри Весели остануваат во притвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-hag-preseche-hashim-tachi-i-kadri-veseli-ostanuvaat-vo-pritvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-hag-preseche-hashim-tachi-i-kadri-veseli-ostanuvaat-vo-pritvor/#respond Thu, 09 Jun 2022 11:09:13 +0000 https://kurir.mk/?p=688845

Специјалниот суд во Хаг донел одлука за продолжување на притворот за поранешниот косовски претседател, Хашим Тачи, и поранешниот претседател на парламентот, Кадри Весели. Медиумите пренесуваат дека таквата одлука на Судот во Хаг била донесена на 26 мај, а објавена денеска. Одбраната на Тачи до судијата во претходна постапка трипати поднесе барање обвинетиот да биде пуштен во домашен притвор или во трета земја што понудила гаранции. Тачи и Весели се товарат за прогон, затвор, други нехумани дела, тортура, убиства и присилно исчезнување на лица, незаконско апсење и лишување од слобода и сурово постапување, дела извршени во периодот од март 1998 до септември 1999 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sudot-vo-hag-preseche-hashim-tachi-i-kadri-veseli-ostanuvaat-vo-pritvor/feed/ 0
Хашим Тачи се изјасни како невин за новите обвинувања https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashim-tachi-se-izjasni-kako-nevin-za-novite-obvinuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashim-tachi-se-izjasni-kako-nevin-za-novite-obvinuvanja/#respond Tue, 10 May 2022 10:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=674446

Поранешниот косовски претседател и еден од лидерите на ОВК, Хашим Тачи денеска пред Специјалниот суд се изјасни како невин, околу новите обвинувања од потврдениот дополнет обвинителен акт, објавено е на сајтот на Специјализираните совети. Пред судот денеска ќе се појават и Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, јави Коха. Специјалното обвинителство на 29 април 2022 година поднесе изменето обвинение против Тачи, Весељи, Селими, Красниќи. Новите обвиненија се однесуваат на воени злосторства и злосторства против човештвото во Гњилане, Будаково и во Семиниште. Како и во претходното, така и во новото обвинение, четворицата се теретат за убиство, мачење, нехуман третман и противзаконско апсење. Се теретат за низа злосторства извршени во неколку притворни центри во периодот од 1998 до 1999 година. Од ноември 2020 година, тие се во притвор на Специјалниот суд. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hashim-tachi-se-izjasni-kako-nevin-za-novite-obvinuvanja/feed/ 0
Судот во Хаг му го продолжи притворот на Тачи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudot-vo-hag-mu-go-prodolzi-pritvorot-na-tachi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudot-vo-hag-mu-go-prodolzi-pritvorot-na-tachi/#respond Fri, 28 Jan 2022 10:04:19 +0000 https://kurir.mk/?p=623852

Специјалниот суд во Хаг му го продолжи притворот на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, соопштија од тој суд. Ангела Грип, шефицата за односи со јавноста на Специјализираните комори на Косово, соопшти дека во случајот „Тачи и другите“, на 25 јануари била доставена јавна верзија на одлуката на судијата за претходната постапка, која наредила дополнителeн притвор за Тачи. На 4 февруари ќе се одржи статусна конференција за напредокот на постапките против Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, јавија приштинските Репортери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudot-vo-hag-mu-go-prodolzi-pritvorot-na-tachi/feed/ 0
ДРАМА ВО ХАГ: Адвокатот на Тачи се скара во судницата, судијата не издржа да не му возврати (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drama-vo-hag-advokatot-na-tachi-se-skara-vo-sudnicata-sudijata-ne-izdrza-da-ne-mu-vozvrati-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drama-vo-hag-advokatot-na-tachi-se-skara-vo-sudnicata-sudijata-ne-izdrza-da-ne-mu-vozvrati-video/#respond Tue, 10 Nov 2020 13:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=427381

Првото појавување на доскорешниот косовски претседател Хашим Тачи пред судот во Хаг, каде ќе одговара за воени злостoрства, вклучувајќи и десетина убиства помина во кавгаџиска атмосфера. Прво, Тачи се изјасни дека не е виновен за ѕверствата кои му се ставаат на товар, што и беше очекувано, а во еден момент неговиот адвокат, Британецот Џефри Хопер се најде во главна улога кога го потегна прашањето за косовското обележје. Имено, додека Тачи седеше на обвинителната клупа и се изјаснуваше по точките од обвинението за злосторствата како што се мачење, злосторства против човештвото, прогони и убиства, неговиот адвокат имаше една, навидум банална забелешка. – Зошто нема црн орел во судницата? – запраша адвокатот на Тачи, Хoпер, алудирајќи дека е ова таканаречен косовски суд, па треба тука да има соодветни обележја во судницата како што е црвено знаме со орел, кое патем не е косовско туку албанско државно обележје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drama-vo-hag-advokatot-na-tachi-se-skara-vo-sudnicata-sudijata-ne-izdrza-da-ne-mu-vozvrati-video/feed/ 0
Тачи, Весели, Сељими и Красниќи се во притвор во Хашкиот суд https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-veseli-seljimi-i-krasnikji-se-vo-pritvor-vo-hashkiot-sud/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-veseli-seljimi-i-krasnikji-se-vo-pritvor-vo-hashkiot-sud/#respond Fri, 06 Nov 2020 06:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=425629

Специјалното обвинителство на Косово синоќа соопшти дека во средата и вчера се уапсени Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи, кои од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг. Во соопштението на обвинителството се наведува дека судијата на претходна постапка на специјализираните совети на Косово на 26 октомври го потврдил обвиненијата против сите четворица актуелни или поранешни косовски функционери, а поранешни членови на ОВК. Во него се додава дека во согласност со Правилникот за постапување и доказите пред Специјализираните совети на Косово, во тој момент не било обелоденото обвинението, но дека сега се објавени сменетата верзија и налогот за апсење. Информациите за датумот и времето на првото појавување на Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи пред судијата на претходна постапка ќе бидат објавени многу брзо. Поранешните високи припадници на ОВК вчера попладне, доброволно, со авион допатуваа во седиштето на судот во Хаг. Тачи претходно, вчера, поднесе оставка од функцијата претседател на Косово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-veseli-seljimi-i-krasnikji-se-vo-pritvor-vo-hashkiot-sud/feed/ 0